претходниот пат беше малце под 38темп јас пукнав се надевам урее ќе нема ништо. И да направиме едно мало одморче до Охрид сакам Леле истото мислев сега разбира, посилен е се тегне влече ќе биде забавно
И јас иста како тебе бев, се спремав психички за после реакции, па дали ќе плаче кога ќе го боцнат, па да не се удави од ротата. И на крај за најлесно да поминеме. Не плачеше многу, само што го боцнаа почна да плаче, го кренав се смири одма. Ротата си ја пиеше полека убава му дојде. После никакви реакции немаше, немаше ни грчеви од ротата ниту пак тт. Без гајле смирено само
Јас така под стрес на секоја вакцина и оти првите два пати плачеше и тоа првиот пат едвај го смиривме за чудо третиот пат ниту ја осети боцката, и тоа брат ми ми рече нема да плачи овој пат и стварно најлесно ја поминавме. Реакции нема никогаш мојот од вакцините.
Леле срцеее, се надевам и меово ќе научи зошто деновиве главата и носето ги искрши. Колкаво е твоето?
На 4 август година прави еве денес од седење се акна на глава, секунда го оставив да направам за јадење и бум, арно не се удри мн и не е голем плачко се смирува одма во раце. Така растат, не се секирај, ехеее уште колку ќе паѓаат, само без зијан да е што вика мајка ми
Мајки дали некој се соочил со ваква ситуација. Имено бебчето е скоро два месеца, единствено на почеток(кога имаше жолтица) си лежеше и разгледуваше. После тоа стана се хаос. Не сака никако да лежи и да си разгледува може да биде смирема 10 ина минути и тоа кога правиме вежби, ако и зборувам .. ама кратко трае. Остаток од денот е во раце. Кога испаѓам со количка мора да спие, во спротивно пак ке плаче. Ве молам за совет, нависѕина е многу тешко цел ден во раце.
Такво ти е бебето. 10 минути мирно ако е сега, моево на 9 месеци 10 секунди седи така и се дере после. И во раце сака исто, 10 кила бабачко. Не знам кога ќе помине, првото не ми беше вакво, со него помина после 5 месеци, сам се занимаваше на земја, спортист бебе беше. Овој доаѓа до мене и плаче да го земам. Зависи од бебе се.
Одлично, ме утеши . Првото до година дена ми беше малку потешко и со спиење и со се, ама си прооде на година и помина се. Со ова назад ни е уште се, нема веќе интерес за лазење, сака исправено ама јас да го кренам, сака да патка. Ќе биде до година ипол држ не дај изгледа .
Јас незнам кај погрешив ама само сака паткање и додека да прооди ќе попуштам. Требаше во градинка да го пуштам таму побрзо ќе се пуштеше.
Оооо утеха хахах... Мене ми е чудно зошто бебе сака да разгледува одоколу , се чудам како ке испаѓаме почесто. Невозможно е
Здраво и добредојде во мојот свет Ќе почнам со утреха дека ќе смени ама до тогаш треба да поминат месеци. Колку време плачев во другата тема ехеее. До 5 месеци само во раце. Во раце да седи, во раце да спие, во раце надвор. Во кола возење никако Цели 6 месеци пукнав од дома седење. Количка почнавме да користиме кога наполни 6 месеци и уште не ја сака не знам колку. Купив слинг марама пред да наполни 2 месеци и така ја држев по цел ден. Кичмата мислам ми откажа. Раце немав. Едвај чекав да дојде мм да му ја предадам. Легнував во 19 часот до неа од што бев преморена од цел ден во раце и на нога. Од 4 месеци почнав полека да ја ставам на подлога. Среќа сака па сега таму живее Откако наполни 6 месеци имам друго бебе. Сакам да кажам дека е тешко ама времето многу бргу проаѓа и ќе стане полесно. Секако ќе има скокови кога пак ќе биде страшно, ама барем нема да треба цел ден бебе во раце да држиш.
Ќе земеш кенгур. Од 3 месеци во кенгур ја шетаме. До денес татко и уште ја шета во кенгур има 7 месеци и 9кила. Јас не можам, мене ми е претешка. Пробувам во количка некогаш сака цело шетање си гледа си седи, некогаш вришти плаче.
На 9 тргна во градинка, тек на 14,5 прооди. Освен што научи таму по решетки, по креветчето да се качува, ништо друго паметно.
Еве да ве утешам и мојата е 13месеци прооди тука на одмор низ хотел е сега количка нејке да чуе, нити па раце. Трајте си гушкајте си ги во раце сега тука ми е трчанка - да не лупне во некој стуб, да не падне во базен, да не јаде цвеќиња итн хахахаха. Растат брзо брзо, преинтересни се кога ќе добијат ноџиња ама па и бараат повеќе внимателност зошто се како пијани а мислат знаат и можат се сами
Честитки за проодувањето. Моја ва е со тт, освен на цицка или залепена на мене друго ништо неќе. За тт морам чепче да ставам пошо сирупот ми го плука антибиотик се напи сабајле за поручек не знам како ќе го испиеме. На поголемата и ветив дека ќе и наполнам базен денес да се бања ај пто не ме остава да мрднам малото па и сум заспала со неа добри 3ч ги отспав куќа хаос ,ни јадење ни кафе денес Среќа на работа имаат разбирање за овие работи инаку не ми следувало баш боледување.