Па не знам др рече дека е смирено скроз грлото да не го давам да видам ако качи тт да продолжам да давам. И не качи веќе па не давам... се надевам нема да повтори.
Без разлика дали качува или не, дозата на антибиотик се пие целосно. Прв пат слушам вака да прекинат антибиотик каде имало причина да се даде. Нормално е да дејствува антибиотикот, и да се средува грлото, од антибиотикот е тоа. За да не биде лечено-недолечено се пие до крај антибиотикот.
Кога сум била дете сум имала исип од амоксиклав и ми го прекинале Алергична сум на пеницилин се не смеело амоксиклав да пијам Но ми дале друг антибиотик оти не смее да се прекине со терапија, се повторува пак воспаление ко лечено недолечено Прашај си убаво пак за секој случај
Па не знам и јас бев прашалници никогаш до сега не ми прекинале антибиотик за големата ама нели доктори се веројатно знаат шо прават.. Далу утре да направам к.с па по тоа може да знам како е?
Па очигледно не знаат. Иначе и да правиш џабе, 4 дози антибиотик веќе делувал малку на крвната слика.
Епа како да знам дали е долечено ? Не сакаат антибиотик да даваат баш до сеа била 3-4 пати болна со инхалации сме решавале. Ама сеа не знам. Дали отпосле мислела дека немало потреба а дале. И осипов не знам да чекам сосема да го снема па да носам во градинка ?
Осипот обично значи дека поминува. Ама дале антибиотик па после прекинале во сред доза, педијатаров не знае кај тера изгледа. Не знае што му е на детето. Направи крвна слика, секако ќе биде изместена.
Ми личи на вирусна инфекција. Не знам зашто антибиотик. Мислам дека веќе поминува, направи нова крвна слика ако сакаш, па ќе споредиш.
Не знам кога ми го дадоа ант имаа к.с... Утре ќе видиме. Осипов на топло се влошува се вцрвенуваат брумчињата.
Мене според ккс ми личи на бактерија, при вирус се качуваат лимфоцити а гранулоцити се намалуваат, тоа е прв показател за вирус а кај вас е обратно. И леукоцитите се намалени, а црп височко иако не е најстрашно. Дади цела доза антибиотик мин 7 дена, не се прекинува никогаш антибиотик зошто секако го намалува имунитетот ама барем да направи доволна “залиха” во телото да се избори со што и да има. Пробиотик исто обавезно со антибиотик. Дури и да е за џабе даден ако веќе си почнала нека го прими до крај.
Прекинат и е веќе 4 дена. Не би и го враќала сега сигурно ,добра е денес во градинка јас на работа ќе си тераме тековност. Се надевам нема да ја повтори ,глупо ми е боледување да зимам.
Мајки, кога им ги дупнавте ушите на вашите ќерки? Не сум религиозна воопшто, па празници и слични адети не ме интересираат баш. Најмногу прашувам за кога би било најбезболно, ем да не ги чепка после ставање обетките а да сепак биде поголемо бебе. Фала ви
Ги ставивме неколку дена после прв роденден, плачеше само моментот на ставање после тоа не. И не ги фаќаше воопшто.
13-14 месеци беше. Во моментот на ставање и после тоа плачеше многу. Некои 2-3 часа после тоа. После тоа ни ги фаќала, ни ништо.
Нешто после 4тиот роденден. Не ги чепкаше, се разбираше со збор дека не треба Плус знаеше шо значи дека ќе ја заболи малку, искрено и кажав дека е ко штипкање и си седеше мирна, очекуваше и знаеше шо ќе се деси и не заплака ич.