Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.417
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    4 месеца беше, без никаков проблем. Двете во исто време ги дупнаа, заплака 2-3 секунди само.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.334
    Допаѓања:
    5.681
    Веќе втор пат ми се случува да ме изпцуе непознато дете на улица. Навидум нормални деца, морам да нагласам дека не се од тие што бараат пари по улица па да не се изненадам многу, макар што тие таквите никогаш не ми рекле погрден збор.
    Прва случка од пред некој ден: Поминуваат две жени пешаци на велосипедска патека пошто тротоарот е блокиран со градежни работи пред мене, а јас зад нив 3 чекори. Наеднаш со преголема брзина на точак се појавува дете од 10-11 години и не пцуе, не гласно ама јас сепак слушнав тие мислам не. Толку брзаше што не успеав ликот да му го видам.
    Втора случка од денес:
    излегувам со син ми со количката на која имаше балон врзан, беше гужва и тесен пролаз па застанувам да се разминеме. Дувна ветар и балонот забега, а во моментот поминува дете на тротинет исто со ненормална брзина за да се пика во гужва. Балонот го чукна и го слушнав како пцуе. Не сум конфликтна па и овој пат останав воздржана, сега се нервирам зошто не му се вратив на ТАТКОТО со иста мера како синот мене!
    Кој ги воспитува и зошто никој?
     
    На NikoNiko, azelea, fragaria и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Најдов време тро да избегам со мислите и да си олеснам тука. Во хаос сме моментално со преселба, документи и еден тон други работи ама се средивме конечно.
    Го зедовме станот и од темел треба да го полниме оти овдека ни една лажица немаме наша шо се вика. :)
    Госпожата моја свекрва иако знае во каква ситуација сме моментално не само што не праша како ќе го вратиме станот, туку си зеде баш сега да си реновира дома, од темел, тоа ламинати нови се корнеа, тоа спални нови се фрлаа, како демек за нас било тоа, а ние преселени скоро две години Германија и немаме намера да се враќаме за скоро.
    Не барам помош парична, ама бе како можиш да се понашаш либерте а знаеш дека синот си замина од домовина за подобро утре, барем да го прашаше како ќе се снајдиме со една плата во странство.
    Не да го понуди пари, туку да го праша доволно ќе беше. Па и уште ми звони секој втор ден да ми се фали каква кујна нарачала, какви плочки во купатило, мене глата ми чади не знам кој пат да го фатам таа ме замара со нејзините работи.
    Не знам, можи бетер ќе сум и јас и знам дека родителите не се должни да ни го мијат газот вечно ама нема да дозволам јас да се луксузирам а детето да ми се мачи во туѓина, башка тоа дете беше
    жртва за нив дури бевме долу, помагал финансиски секогаш.

    Нејсе, се ближи роденденот на синко, кој би рекол дека ќе го славиме сами тројцата во непозната држава :) Ама добро, тоа го сакавме тоа и го добивме, малце се нажалив ама ајде мал е не знае ништо од веселби, си направивме роденден и Македонија дури бевме за нас возрасните па поминавме на редот:)
    Планираме тој ден да го носиме прв пат во ЗОО , па од таму во парк на летен фестивал па се надевам ќе се израдува смешкото. Битно мама нарача балони, декорации, купив два комплети за дотерување за него за другото да сме здрави и живи :)

    Каша попара постот ама тоа е, простете
     
    На Joanna28, Anastasia579, poker_face и 8 други им се допаѓа ова.
  4. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Извини вака, не беше ти членката што не сакаше да оди кај свекрва ѝ зошто имало влага на ѕидовите? Сега реновира жената и пак не чини…
     
  5. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Влагата уште си стои, неа за културолошко наследство ја чува. Тоа е и иронијата, наместо да среди тоа што е неопходно таа нови спални откорна кои претходно ние ги купивме.
    Абе нека си реновира никој нема против ама малце себично од нејзина страна баш од кога се иселивме да реновира се од корен се знај во каква ситуација сме моментално. Звони секој втор ден на телефон да се фали што купила а ниту да го праша син и ние што купивме и до кај сме со станот, ама и го обелив вчера кога е јави, арно реков вие ќе се наместите туку ние кога ќе се средиме е прашањето, и толку ја секов.
    Вистински родител ќе го праша детето дали му треба некаква помош, нема да прифати сопругот во никој случај ама сепак зборот е битен.
    Не за мене, мене нека ме батали, туку синот нејзин да го праша, тој е жртвата моментално, не јас.
    Брат ми кога реновираа дома мајка ми пензионерка со минимална пензија од старт му рече јас финансиски не сум моќна да помогнам, колку можам толку, ама му помогна во реновирањето со физичка работа, му ги чуваше децата итн.

    И најмногу се нервирам кога ќе кажува пред луѓе како реновирала ЗА НАС, да не подновела, мислам алоо на шо личи то, ние две години сме преселени за кој за нас, Бог да чува.
     
    Последна измена: 27 јули 2026
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Најдобронамерен совет што би ти го дала е да не се замараш и напнуваш толку.
    Се гледа дека ти смета ама мора да сфатиш дека никогаш не може се да е како што треба, и не може да сме сите исти. Ете мајка ти е една, свекрва ти е друга личност.
    Фокусирај се на други работи, зашто не можеш никого да смениш, а за неправди селкогаш и секаде ќе има.
    Пробај да мислиш на други работи освен на тоа што денес те изнервирало кај свекрва ти, некогаш само батали..
     
    На Anastasia579, fragaria, Cherry333 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Така и правам, на телефон скоро и да не се слушаме, само ќе се јави во викенд детето да го види да не слушни, тогаш препуштам телефон на сопругот и си фаќам нешто низ дома само за да не се нервирам од муабетите
     
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Најверојатно за кога ќе одите во Мк да не седите во изнајмена куќа на сто метри од неа туку кај неа.
    Општо кажано не мора во секоја ситуација да се бара проблем. Снаа-свекрва не значи под дифолт дека мора да има тензија и нетрпеливост. Не знам дали имаш многу време за размислување па придаваш значење на небитни работи ама мене не ми изгледа ова на реален проблем да се нервирам за вакво нешто.
     
    На naturally, BellaBibi и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.559
    Допаѓања:
    43.393
    Пол:
    Женски
    А каква помош она од тука може да ви понуди? Вие сте се нафатиле да одите во странство за повише пари, стварно не знам што очекувате од тука, пари ли да ви праќат?
     
    На joy1, angel4444, BellaBibi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Оти да не понуди, додека сме во грч ситуација ? Демек во странство парите на гранки растат ? Демек заминаа овие едно гајле помалку, ниту праша дали имаме финансии и како ќе се снајдиме на почеток со оглед на моменталната ситуација.
    Еве јас лично никогаш нема да дозволам прво детето да дојди во таква ситуација да мора да се сели за подобра иднина, ќе се трудам да му овозможам достоен живот
    Пак ќе повторам ниту побарав помош ниту очекувам, ама како мајка можи барем да го праша, ако не нешто повеќе
     
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Аха, одма ќе седам кај неа нема грешка, еднаш таква грешка направив сега кога бевме долу за визите, после една недела ми требаше дете да враќам во колосек, не сполајти, ако треба не се враќам воопшто додека се средиме и не седам во заедница поќе никогаш, ако сака и златни шољи нека намести
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.559
    Допаѓања:
    43.393
    Пол:
    Женски
    А свеки што работи, плата зима, пензија?
     
  13. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Ако сте се преселиле во друг град имате привилегија сега во Кита да го запишете детето како Умцугскинд нема да чекате долго. Како совет за ти ако сакаш работа да си бараш миниџоб или тајлцајт.
     
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Ептен ретко сум активна ама еве да пишнам нешто тука, ќерка е на најјако со тантрумите … се караме со маж ми зошто сум и викала, зошто сум кажала не/не може зошто сум повишувала тон — мн се караме изминатиот месец околу ова. Како се справувате со тие трескања од земја за се што не е по нивно? Преееемногу стана своеглава и што ќе науми да направи или фати да е тоа последно. Најстрашно од се ми е дека замавнува со главата наназад и неколку пати се удира во момент кога е во лутина (facepalm) 13 ипол месеци драги мои - лудила
     
    На SanelaS, fragaria и arwen93 им се допаѓа ова.
  15. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Тоа е и планот, најдена ми е работата само се чека за детенцето за градинката
     
  16. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Welcome to the club :rofl:
    Јас сум со неа од јутра до сутра мм оди на работа и ние се караме за истото зошто он ќе ја начека у добрите кога ќе се врати од работа наспана, дремната, најадена, прошетана и ми вика “па детево бубалче, што се жалиш ваква била, таква била?” Ама за викенд се соочува со реалноста :D
    И јас знам да и свикам некогаш, баш пишував во другата тема за деца дека многу вриска ама да ти кажам отрпнав веќе и само ја игнорирам. Ја оставам со тантрумите сама да се смири да се олесни ако гледам ептен не бива ја зимам ќе ја гушнам па си играме или се шетаме. Ако вриска сега и викам “шшш” пошто научи тоа што значи и со прстот пред уста вика “шшш” од Дарко Биберко го научи тоа хахахха :D Иначе исто почна многу да гребе и само ќе и речам “Нее, ајде да се галиме оооо” и ме гали и тоа научи пошто имаме мачиња. :D Такаа даа good luck следниве 2-3 години :D
     
    Последна измена: 27 јули 2026
    На Baby warrior и fragaria им се допаѓа ова.
  17. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Нагласете дека се работи за умцуг, ѕвонете, пишувајте дур не ви одговорат така треба тука притисок малце да вршиш за да го фатите терминот август/септември зошто ако не ќе треба подолго да чекате.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Сега се вработи на старост (facepalm)
    Абе нека си зема нека си реновира супер е сето тоа ама постапките и се малце чудни, пример тоа што секојпат кога звони се фали што купила како купила а не не прашува нас ние до каде сме, тоа е муабетот сфаќаш.

    И тоа што се фали по луѓе дека за нас реновира, уствари за неа си реновира, нема лошо тоа ама така го вели муабетот да си ја плакне устата :)

    Спална купи демек нова, ја слезе во подрум нашата, месец дена не помина се скрше спалната нова :)
    Што и фалеше на предходната ? Нова, нова јога зедовме плус, башка што спалната што ја зеде е метар и кусур висока, глава ќе скрши некој ако падне од неа не бебе, фрлени пари од старт ама тоа е нашла кучката маст и гз ќе си мачка со неа како велат, така и свеки, на се ќе дај пари само на тоа што треба послабо.
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Тек смо почели… леле навечер сум препотена и преморена од трчање и викање не 8) а вака скроз искулирана се трудам да изгледам хаххахаха
     
    На Peperutce6 и arwen93 им се допаѓа ова.
  20. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја мама тука во Кисела Вода околу општината што живее ?
    Се преселивме и ми фали друштво , па ако сака некоја мама да ми пише за на љуљашки за друштво за едно кафе :hai: