1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.294
    Допаѓања:
    27.593
    Пол:
    Женски
    Не се справувам. Чекам да помине или налго правам нешто да и одвлечам внимание. Пример вчера 15 мин вриштеше зошто сум и го соблекла фустанот , што и е нов за на свадба ( и го пробував). Се тресеше од вриштење и чекав чекав и само на сец и бутнав цуцла и дојде во мене се смири. 2 години е за месец, си ги има секој ден скоро.
    И да. И мм ми вика зошто сум подвикувала. Ама ако пробуваш во тој момент да смируваш, бетееееер е.
     
    На Baby warrior и arwen93 им се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.323
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека само јас така правам дека и подвикнувам понекогаш, не од лутина туку да и скренам внимание, си викам Боже луда да не сум, хахах ама кога ве читам гледам не сум единствена, полесно ми е. :D
     
    На Baby warrior, Cvetce_ и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    5.253
    Пол:
    Женски
    Јас џабе викам. Мојава го научи зборот не. Знае дека викам не кога прави бељи. Па така, иде кај штекерите и вика нее, отвара врати од кујна и вика нее.. Аухх што карактер е уште од сега, а читајќи ве, тек почнува 8)
     
    На Anastasia579, Kjara2025, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Хахаха леле исто, мојот само не вика за се, ама буквално за се, и кога сака нешто да добие вика не не не, дека ние по цел ден не ваму, не таму, и тој кутриот само тоа повторува :rofl:
    А за подвикнувањето и јас имам грижа на совест некогаш кога ќе повишам тон, ретко ми се случува а во принцип многу викам и гласна сум ама еве за чудо некако се контролирам, повеќе кон маж ми привикнувам :lol:
    Мирен е мојот, не можам да се пожалам и кога ќе му речам не, онака се сецнува и се трга, освен за цицка, е таму зборот НЕ не поминува :)

    Е сега имам јас друга мака, пошто маж ми е на работа доста време од денот а јас сум по цел ден со него абе одвај го чека да дојди, му се џитка во раце и не сака ништо живо да го земам, се тоа супер за мене ама има еден проблем, само што ќе го земи мм сака да го патка, кефој е кога патка, се треска од смеа, не сака ништо живо во количка да седи кога сме заедно тројцата, кога сум сама со него немам никаков проблем, и така не можиме нигде да одиме оти господинот мал сака само да патка и во раце кај тато, се тато капнат од работа :)
    Друго, не сака да спие кога е татко му дома, ништо живо, го асоцира на игра и сака само да игра со него и да патка тоа го кажавме :)
    Многу е разгален со него и тогаш почнува да кемка, да се буни, сака по негово да е, кога сме сами скроз друго дете
     
    На Anastasia579, Peperutce6 и sani99 им се допаѓа ова.
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    1.579
    Како знаеш дека не прашала?
    Не знаеш што муабет си има со синот на само. Можда мажот не ти пренесува све.
     
  6. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Оти цело време се слушаат пред мене на телефон кога е дома, немаме ние тајни со сопругот, не функционираме така
     
  7. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.222
    Пол:
    Женски
    Не треба да имаш очекувања за ништо. Ниту за чување дете, ниту за помош, ниту за пари. Секој свесно и сам влегува во брак и свесно и сам одлучува да има деца.
    Ако помагаат добро фала им, ако не помагаат пак добро. Колку помали очекувања имаш толку посреќен живот ќе живееш. Не сте веќе заедно, па и да сте, никој нема обврска за апсолутно ништо освен ако сам сака. Не може да се омажиш да родиш дете и да очекуваш дека родителите и понатаму ќе се замараат со нас. На запад на 18 години им викаат чао и родителите живеат втора младост.
    Остави ја свекрва ти, нејзин живот, нејзини пари што сака нека прави. Гледај вие да сте среќни, да се сакате, да имате почит и разбирање и сами да си печалите. Очекувањата само создаваат непотребни разочарувања и нервози.
     
    На WhiteCat33, Germanka7, baby-star и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Така е, ама на запад имаат услови затоа и така живеат. Ние се трудиме тој живот да го оствариме, да не мора од никој да зависиме и после да ме влече некој за јазик. Никакви очекувања немам јас ама постапките ме чудат. Не можи да ми звониш секој викенд и да ми ја полниш главата со тоа што си изнакупила за реновирање а тука ни ја знаеш ситуацијата, тоа е себичност и никој не можи во спротивно да ме убеди.
     
  9. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.222
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека не е себична, само ти кажувам дека треба да не се замараш. Не можеш ти да ја смениш. Таква е. Помири се. Како и да е мајка му е на маж ти, ќе се јавува, ќе си зборат, ќе кажува и ќе сака да го гледа детето. Не вреди секое јавување да си оптеретена што ќе каже. Добро, купила што и било кеиф, среќна е, супер. Не мисли дека треба да ви даде и не ви дава. Тоа е. Ако веќе сте толку во лоша ситуација па речете и ако може да ви помогне. Побарајте. Може ќе ви даде. Не чекај да се понуди, на некои луѓе едноставно не им текнува.
     
    На Germanka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Frankenwander

    Frankenwander Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Цигара додека рика? Па да не е мајка некоја со самиот крик ќе притрча да смири..
     
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.927
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Влеговме во тешкото ниее мајки. Кратко пред да направи 10 месеци, почна да се исправа по мебел, а пошто за да стане стои на коленца, му текна како се лази, па и пролазе нормално. Војничкото му е уште џокер за ако сака побрз да биде. Пред некоја недела се жалев дека сака само во раце, епа сега сака само доле да се исправа и да оди по мебел. И да патка сака, дааа, почнав и да го паткам детето, пресреќен е кога патка. Ама надзор бара 24/7, многу е блесав, се пушта да стои самиот, главата ќе си ја искрши ако го оставам така. Многу е поразличен од првото дете дефинитивно. Тој на сигурица си одеше, оваааа камиказа реков веќе еднаш. Наапан е на "одење" дечкото, ако не е доле на нозе вришти. Се надевам фазава нема да трае долго, зошто ојде кичма, живци и све по ред :devil:. И нормално, моите совети за непаткање и правилен моторички развој отидоа низ вода. Затоа се вторите деца, да ти докажат дека се што било погодено со првото не е поради нас, туку поради самите деца.
     
    На Germanka7, Anastasia579, Eho и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Ние некни со паткање еден километар изодивме, ама ништо живо да не сака ни во раце ни во количка, патка и се паѓа од смеа.
    А да тргни сам не ми изгледа ич спремен, се фаќа за мебел ама не оди, се држи само
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.927
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Кој беше херојот што остана без кичма? :rofl:
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    609
    Те читам и се пронајдов и премногу те сваќам. Во момент кога ви се случува толкав пресврт во животот гледаш дека немаш помош од нај блиските. И да... не се должни ама доколку имаат зошто да не помогнат. Да, изборот е нивни ама сепак за нивно дете даваат. Јас моето дете 10 години го чекам и дај боже да дочекам внуци и нема сила што ке направи утре да не помогнам колку можам или да не ги чувам. Тие луѓе се со посебна дијагноза. Да немаат финансиски или да не се во состојба физички никој нема да бара ама кога се гледа дека можат а не сакаат е многу тешко. Само не дозволувај да почне да влијае на односот меѓу тебе и сопругот. Вие држете си се и ке успеете. :l:
     
    На Anastasia579 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  15. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    5.253
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички:))))

    Влегов во темава да се пожалам, да се пофалам, да си кажам што ми лежи на душава :)
    Уште малку па година како сум мајка.
    Не знам за вас, но јас од како станав мајка многу се сменив, мислам на подобро. Станав многу посмирена, многу повеќе ги разбирам луѓето околу себе, размислувам многу повеќе пред да кажам и да направам нешто.
    Како да пораснав од еднаш 10 години:$:$

    Правам планови за роденден, ќе биде во дворче со најблиски ама пак сакам да е убаво да се сликнеме за спомен. На море одиме после роденденот и тоа подолга релација па ќе видиме како ќе биде. Битно женската си доби сто пара купаќи и секој ден се брчка во базенче и си ужива8)8)

    Фазава со проодувањее некако баш доста трае, ама страв и е не е сигурна. Мојава, за разлика од бебчето на Чери што пиша погоре, е страшно претпазлива. Нема шанси да се пушти ако не е сигурна. Затоа, и многу ретко паѓа иако ми беше страв дека ќе паѓа многу. Некогаш знае да се заборави ако фати две играчки во раце ама брзо и текнува и се враќа во комфор зоната:emo:

    Од како станав мајка, па до сега, а тоа не е толку долго време сфатив една работа. Дека мајчинството не е лесно.
    Неспиење, болно дете, доење, па не јаде, па не кака.
    Ама исто така, е нешто најубаво што ми се случило во животов и секогаш ќе бидам најблагодарна што ја имам мојата бушавка да ме баци(излиже) и да ме изгушка.Па кога ќе каже мама:inlove:

    Постов е малце хаотичен, ама многу сум емотивна. Деновиве и ги гледам сликите и видеата кога била новороденче и не можам да си ги контролирам емоциите8-| Па како големо девојче да имам:rofl: Се надевам не сум единствена генерацијо(fingers)

    :hai:
     
    На Germanka7, Joanna28, naturally и 13 други им се допаѓа ова.
  16. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.980
    Допаѓања:
    12.215
    Пол:
    Женски
    Хелоооо (fingers)
    Дојдов да се пожалам јас..(facepalm)
    Сите викаат ќе ги бараме оние денови кога се мали, ама јас мислам,yствари сигурна сум дека нема да ги барам.:?:
    Со двете близначиња од две години и другото од пет и пол..многу ни е напорано со мм.Дома немаме помош од никој ни 10 мин.сами си тераме како знаеме и умееме.:D
    На крај на ден веќе со резервите функционирам:sweat:.
    Така да,едвај чекам да пораснат се надевам дека полесно ќе биде.
    Е така си се пожалив и јас.
    Знам не сум единствена што ми е напорно.Една гушка до сите:hug::hug::hug:
     
    На WhiteCat33, Germanka7, Joanna28 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Тато нормално:)
    За раце го патка додуша не се наведнува многу ама сепак :)
     
    На Puffy2019 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Јас со едно на крај не можам да излезам со три пак, плус близнаци :) алал вера жено, наклон до земја :handshake:
     
    На Germanka7 и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    6.793
    :nod: +1
     
    На Germanka7, LadyD, naturally и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Пред малку се расплакав на сред скролање, дека ми излезе текст поврзан со бебе и мама, што викаше нешто во смисла, сè што некогаш сме направиле за прв пат со бебе, еден ден ќе го направиме и за последен последен пат. И доста примери со коишто соживеав, и така почнаа да ми течат солзи :)
    Спиеше врз мене на почеток, па еден ден престана да спие. Плачеше многу, го шетав од спална во дневна, кругови низ цел стан во 3, во 4, во 5 наутро. Седевме по 2-3 часа будни, цело време во раце. Да не беше тоа немаше да знам дека во далечината се гледа возот кога поминува... и немаше да знам дека комшијата секое сабајле во 5 го шета кучето. Немаше да знам колку магични бои носи изгрејсонцето, дека реално преретко сум била будна толку рано, а кога сум била било ради обврски и не сум имала баш време да гледам во небото :) Се сеќавам една приквечер дур го нишкав видов како паѓа магла и 'иде' кон нас. Колку безвеза звучи вака кога ќе го напишеш, ама дур гледав си викав wow колку јако :rofl:
    Омилените алишта му се смалуваат, со тешко срце ги паковам секоја големина, викам здравје, да се најдат за следно бебе, ама никогаш веќе тебе нема да му чинат него. И баш и во текстот тоа пишуваше - никогаш веќе нема да си ТИ.
    Цело време го сликам и го снимам, се плашам да не испуштам нешто, да не заборавам како било, да не ги заборавам малите детали, звукот што го прави дури се кикоти, дури брбори по негово, дури се влече по земја дур се труди да почне да лазе... еден куп моменти, дури заборавам што сум снимала, пред некое време гледав некои видеа од почеток и си викав леле сум заборавила скроз на ова, сум го заборавила дека сум го снимала. Телефонот нема одамна меморија, се трудам одвреме навреме да направам мала чистка, бекапирано ми е сè, ама пак душа не ми дава да избришам слики и снимки од него.
    Времево ми лета... се чудам кога поминаа 9 месеци.
    Не знаев дека е вака да имаш бебе, љубов и емоции незамисливи. Му викам на мм да знаев дека е вака многу порано ќе сакав бебе ^_^ ама па така немаше да биде ова бебе, туку некое друго, ова бебе било за сега да ни дојде:inlove::inlove::inlove:
    Кога гледаме какво беше на почеток, се смееме. Беше, што викаме ние, згужвано како старо човече првите дена. Веројатно ви излегла една фраза што вика, има причина што бебињата кога ќе се родат се збрчкани и личат на стари луѓе, а тоа е дека ние нема да сме покрај нив за да ги видиме кога толку ќе остарат, па тоа е 'начин' да видиме како ќе изгледаат :)
    Па после се смееме со мм беше како глувче :D И колку успорени движења правел на почеток, а ние па памтам како едвај го држевме од страв, кога си го подававме како стаклена топка да си подававме. Сега прета, скока, се врти, се превртува. Која разлика :D

    Изнапишав, ама ме преплавија собрани емоции, и баш нека ми остане вака за некогаш да си се потсетам кога ќе читам :inlove:
     
    На MiLady, WhiteCat33, Germanka7 и 22 други им се допаѓа ова.