1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Јас само да ти дадам совет и на сите мами тука, заштитете си ги сликите на клауд оти мојот телефон влезе во рекавери режим, се пошто сум немарна го игнорирав фактот дека немам меморија на клауд и сликите не ми се заштитени, ми отидоа сите слики и видеа, среќа на сопругот му испраќав цело време во пораки па и на стори ставав често, плус извадив некои слики омилени на сликар.
    Внимавајте, да не се попарите како мене
     
    На Germanka7, Трагедијаупмм, Joanna28 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Женски
    И мене ме преплавија емоции сега додека те читав :l: Еве сега со второ, првото потпораснало и уште појасно ми станува тоа дека некои работи за последен пат ги правиме. Синот до пред некое време спиеше во креветче до спалната и кога ќе се разбудеше се префрлаше кај мене да си доспие, а сега си спие во неговата соба. Исто и он како бебе кога не спиеше и јас дознав дека комшијата го шета кучето рано во зори :D Па последен пат кога кажал некои зборчиња на негов начин, кога сме откривале нови места додека сме шетале со количката...
    И мене ми е преполна меморијата на телефонот, па гледам се да префрлам на компјутер и надворешен хард диск, проблемот е само кога треба да ги избришам од мобилен и си викам еј ова да го оставам и ова, ќе сакам да си ги видам пак :D
     
    На Germanka7 и Eho им се допаѓа ова.
  3. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Хахаха исто :D Јас имам страв дека ако избришам од телефон ќе заборавам на сликите, вака одвреме навреме ги вртам :inlove:
    Секоја фаза дефинитивно си носи нешто свое и убаво, ама човек кога гледа наназад сфаќа дека некои работи поминале, и осеќа некоја тага и радост истовремено :l:
     
    На Трагедијаупмм, Feniksgirl, Merten и 2 други им се допаѓа ова.
  4. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Неколку дена го мислам постов и си враќам слики во глава. Не ми се верува како лета времето дури мислам дека не уживам доволно. Ми текна на денот кога ги слушнав зборовите "не можеш да имаш твои деца, размисли за опцијата донор". Уште го памтам чувството и паниката која ме облеа. Плачев со денови. Пострашно беше што и покрај разговорите со мојот ивф доктор дека ништо не е невозможно и дека ќе пробаме со мои јајце клетки барем еднаш, два пати, ме удри нов шок, добив ваучер за ивф со донорски материјал, поднесов и жалба но истата ми беше одбиена. Додека го пишувам ова, пак ми се превртува стомакот како тогаш. Не бев спремна да прифатам таков пораз и реков ќе пробаме со мои јк и ќе платиме приватно тоа е. Се испозаглавивме финансиски, но ниту за еден денар не жалам. Прво ивф, прв неуспех, паднав психички. Престанав да се дружам со луѓе што имаат деца, беше посилно од мене, се затворив дома и не знаев што понатаму. 9 месеци подоцна сосема неспремна отидов демек на консултација, докторката ми рече почнуваме од утре со протокол. Не бев ни свесна што правиме, дојде ден за пункција извадија само една јк, верувале или не, се оплоди и после 2 недели добив позитивен тест. Не можев да поверувам што ми кажаа. Не бев сигурна што ми кажаа и дали добро слушнав. Среќа, солзи, трепет, моето НЕ МОЖЕ, стана МОЖЕ. Поминаа 9 месеци, 7 месеци ги прележав, едвај се породив ама ја добив Бубу. Бубу моја со најубавите очи на целиот свет (цела бременост викав дека само сакам да има плави очи и така и излезе).
    Бубу многу плачеше и исто и јас како тебе висев по цели ноќи на прозор, знам кој сосед во колку саат излегува и кога се враќа, ги гледав сите како китат за нова година, знам колку коли поминуваат по нашата улица од полноќ до зори, знам кој кога шета куче, кој кога се враќа од надвор и знам комшиите од карши што гледаат на ТВ. Едните цела ноќ спијат со вклучен тв, другите по цела ноќ до наутро седат со сите светла вклучени, па си правев филмови што прават, дали е фирма па работат цела ноќ, дали се плашат од темно па седат во светло. Бубу многу брзо порасна, мама се ова заборави и поим нема дали е уште така. Искрено се што на почетокот ми личеше тешко сега ми фали, ми фали да станам да си направам кафе, овошна салата, да си ја земам во раце, да си ја успијам, да седнам со неа и така во тој раат, да пијам кафе и да гледам серија. Сега веќе лази и сама си брка работа, се помалку сака во раце и се помалку ќе сака и многу ќе ми фали да си ја држам во раце. Се уште ја нишкам за спиење иако е веќе тешка ама не сум спремна и тоа да ми заврши. Ништо не е тешко, се брзо минува, а јас сум му преблагодарна на Господ што од само два обида ивф имам бебе, што ми ја исполни најголемата желба и што секое сабајле ме будат најубавите очи на овој свет.
    Не ми се верува дека поминаа 8 месеци и дека за многу кратко ќе правиме роденден (уште сега порачувам од тему, иако темата е зима):D
    Нема ништо поубаво од ова, колку и да е тешко, убавината е поголема.
     
    Последна измена: 3 август 2026
    На Germanka7, Трагедијаупмм, happygirl и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Преубава приказна :l: Те знам од што те читам на форумов, ама не го знаев патот кој што си го поминала :l:
    Јас во тие моментите кога ми беше тешко, кога бебе многу плачеше, кога сакаше само нишкање и во раце среде ноќ, а јас умирав за спиење, очи ми паѓаа, ми се чини на моменти и одејќи заспивав :rofl: си повторував само - и ова ќе помине, ќе биде подобро. Бебево многу позитивно ми влијаеше уште во бременоста, а и откако се роди, ме направи посмирена и потрпелива личност. И ете, помина, сега гледам наназад се чудам колку брзо пројде сè. И моево бебе сега почна понекогаш да заспива само, денес баш дремлив беше готов да заспие, ама си реков абе ајде уште малце да поуживам во раце да го успијам. И го кренав, си се погушкавме (со рачето сега ме фаќа за образ дур го нишкам :inlove:) и заспа за 2 минути. А пред некој месец баш памтам прашував во очај до кога се успиваат во раце бебињата :rofl::rofl:

    Дај Боже секој што сака да си добие ваква среќа во животот :inlove:
     
    На Germanka7, fragaria, Anastasia579 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Ме наежи со приказнава ❤️
    Многу ми е интересно како истите ние кукаме од бебињава две страни наназад а истовремено не сакаме да помине периодот на држење во раце,нишкање, галење....
    Мене ме направи бебка многу посмирена и поприсутна, преку ден не сакам да дремнам додека е она будна за не дај боже да не пропуштам нешто
     
    На Трагедијаупмм, fragaria, Eho и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    ИФВ е тешко, претешко, но во исто време е доказ за храброста!
    Кога едни преубави моменти поминуваат, доаѓаат уште поубави. А, хормоните чуда прават.
     
    На Germanka7, Eho, hannybanny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.508
    Здраво мајки,
    Одамна не сум пишала но би сакала да слушнам искуства бидејќи навистина сум загрижена.

    Ќерка ми има скоро 21 месец и од март годинава оди во градинка. Дома е сосема поинакво дете – трча, се смее, многу е палава, сака да си игра со нас, кажува доста зборови и постојано нè вклучува во играта.

    Но, кога сме меѓу луѓе што не ги гледа често или кога е во градинка, како да се менува. Пред 2–3 месеци воспитувачките ми кажаа дека често барала да седи во креветчето и дека кога ќе ја извадат, ако ѝ се приближи друго дете, почнувала да плаче. Не сака другите деца да ја допираат и се бутка во воспитувачките.

    И надвор, кога сме со неа, почна да реагира слично. Ако ѝ пријде непознато дете, прво се повлекува кај нас. Ако останеме до неа, ѝ зборуваме и ја охрабриме, по некое време се опушта. Не започнува директно да си игра со другото дете, но барем веќе не плаче и не бега, туку го набљудува и стои во негова близина.

    Ме интересира дали некоја од вас имала дете со слично однесување на оваа возраст? Дали со текот на времето се опушти во градинка и со другите деца? Што најмногу помогна?
     
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.587
    Допаѓања:
    43.477
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 5,5 години и иста беше. Дури на 5г почна да си игра со други деца и тоа ако се поголеми од неа. Гледам дека најмногу сака сама да си играе. Никогаш не сум ја форсирала да игра со други деца
     
  10. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    8.349
    Мајки колачиња за проодување во Скопје кај може да порачам ?
     
  11. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Побарај ги на Instagram cookiemania. Многу се добри и во мај кога нарачував беа 45 денари едно
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Ако збориме за истите, сега им е 70денари едно и минимум за нарачка се десет колачиња.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Е не знам. Последно во мај нарачував за крштевка. Со фондан ги прави не со кралска глазура. Од Аеродром кај Лиса може да се земат. Дури и да се 70 пак се поевтини по 120 се на други страни што прашував. Има една на FB dekorativni kolaci кај неа беа 50 последно кога и пишав она ги прави со кралска глазура од Маџари може да се земат праќа и по карго. И од таму сум зимала не се лоши нека отвори нека види.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Моево е 2г7м
    Месеци уназад паничи на лулашки. Се тоа е резултат на 4 5 пати што го имаат превртено преку и по лулашка други деца. Тоа му наби страв кој не поминува. Вака е премил многу сака да си игра со други дечиња (најчесто трча и копира поголемки) но му треба време да се опушти и да се приклучи. Но кога е горе на лулашките ако се утрча некое дете викајќи кон него или се укочува или почнува да трча и 2 пати ќе ми паднеше од високо. Зборам подучувам како да постапи но не секогаш умее да се справи. Од пролет сакам да го пуштам во градинка ама ќе видиме таму како ќе се снајде. Не се закача не мава му грабаат од раце негови играчки и не се брани, често е удиран и буткан онака без причина од негови врсници кои општо гледам дека само туркаат некој по лулашките. А за зборување исто, не сака да зборува со непознати или малку познати. А вака со нас си зборува многу.


    Можеби ба твоето му доаѓа премногу целиот хаос и си се чувствува безбедна таму, да не ја закачнало некое дете па сега од страв си бара ?
     
  15. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    238
    Дали некоја доела и користела филипс лумеа? Додека бев трудна 5 влакна имав 9 месеци сега мислам од секаде растат а од глава паѓаат
     
  16. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.508
    Многу веројатно дека некој тригер плус имало во целава ситуација меѓутоа никој не споделува. Само знам дека 80% се машки во група и се доста бесни. Имаше ситуација каде еден родител пиша детето му било претепано од некое друго дете. Веројатно креветчето си го перципира како своја сигурна зона и дека таму е сигурна. Она е дете кое од бебе е порезервирано, доста набљудува, потешко се опушта, не сакала хаос и гужви меѓутоа ваков очигледен страв немало до сега. Ја набљудувам надвор со деца што прави, ако и се непознати а и е нешто интересно се приближува, ги набљудува, ако се лизгаат сака и она заедно на двете лизгалки со нив да се пушта или пак да се љуља на лулашки до тоа дете. Ќути ама битно учествува на нејзин начин. Со деца со кои се знае а се питоми да кажам и не нападни во играта, ќе пружи и раче да се држат, да одат заедно и сл., додека со деца кои и се затрчуваат, гласни се и нападни буквално одма почнува да вика не не не и трча накај мене и ми вика зеде да ја земам во раце. Не знам како да постапам, вечно нема ни да е во занимална со креветче, они ја вадат ја ставаат демек балансираат според нејзиното однесување ама јас не сум таму за да работам со неа на ова и некако сум навистина загрижена.
    Од друга страна со нас и блиски е доста опуштена, палава, игра трча, се закача, игра демек криенка и слични игри. Кажува доста зборови, разбира команди однеси тоа, донеси тоа. Многу ќе ми беше полесно да може да ми кажува цели реченици за да можам преку разговор да разберам што е тоа што ја мачи но уште не сме до тоа стигнати…
     
  17. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што поминувате низ овој стрес. Како за моето да раскажуваш.
    Јас многу разговарам со него, како со голем човек. Му објаснувам дека има различни дечиња и некои се гласни некои се посилни, понападни итн. Му зборувам како да се справува, ако се почувствува загрозен да се повлече на страна за да помине другото дете а ако го нападне да се заштити со раце. Ако некој го турка или го допира иако не сака да му ја турне раката и да рече "Тргни се батко/дада."

    Гледам дека веќе полека вроди плод, прееска во игротека се исплаши на скали од дете што се стрча но се сети и застана на страна да се разминат па продолжи. Доле го слушам на едно дете што фрлаше топки му вика неее така баткооо :D

    Ќе си најде слично карактерче и ќе ти дојдат тебе солзи на очи како ќе кликнат без збор. :hug:
    До тогаш многу зборување охрабрување, многу луѓе велат абе мали се ништо не разбираат, не е вистина. Само треба време и нерви да објаснуваш трпеливо.
     
    На Kala22 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    19.745
    Пол:
    Женски
    Има листи на примени деца во градинка? Ми кажаа дека моево било примено ама никој не ми се јавил….:?:
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    15.750
    Пол:
    Женски
    Лани кога го запишував малиот одев таму лично им досаѓав да ми кажат со време зошто крај на август одевме на одмор, да знам дали е примен. Некаде околу 15ти ми кажаа дека сигурно е примен, а список имало на 25 август за тие што почнуваат од септември. Мислам дека ако ги прашаш ќе знаат да ти кажат, дури и да нема список.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    5.683
    Од тоа што читав, зраците немаат штетно влијание на млекото ама сепак не се препорачува заради хормонскиот дисбаланс. Дури сега после неколку месеци од одбивање се вратив на Лумеата.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.