И јас да се надоврзам. Не си сама. На сите под ред им реков, што не кажавте дека не е зафрканција бебе? Јас премногу наивно влегов во улогата мајка. Ме стигна реалноста уште од првата вечер дома, јас мислам бебе ќе спие во креветче, оно уопште не сакаше да спие, па така цели 4 месеци врз мене, па во марама дење ноќе, до вц не можев да одам. Коментари од почеток до ден денес колку сакаш, ама од едно уво влегува од другото излегува, не слушам никој. Мајчината интуиција не греши, плус имаме сите право да грешиме и учиме и растеме и ние во улогата мајка со нашите деца. Како и кај тебе, така и кај мене бебече е многу захтевно од раѓање и активно. Затоа сега на скоро 8 месеци ми застанува здивот секој ден, дека нз каде ќе се лупне попрво. Ама нека е живо и здраво, ќе порасне. Дали станува полесно или потешко нз, знам дека ќе се навикнеш. Како што ти пишале погоре прошетки, прошетки, прошетки дури и кога немаш сила. Кафе во рака, што и да ти помага да те држи будна и цепај. Кога спие, а ти не можеш да спиеш, серии, скролање по интернет и мозок одмарај колку што можеш. Опседната бев и јас првиот месец со грижи за доење, па пошто не можев веќе психички да издржам, го одбив и пие од тогаш ад. Јас и немав време ни опција кога да јадам и да се хранам здраво. И децата на адаптирано растат нормално како и доените деца, тоа да не ти биде грижа ( ако ја размислуваш таа опција). Плачи кога ти се плаче, хормоните се уште ти се хаос, се е нормално како се чувствуваш, ќе си дојде се на свое место со тек на време. Се друго е кажано и од другите членки, те гушкам виртуелно. Мајките се чудо и се можат да издржат.
Ќе бидам дрска, ама тури им Х на сите такви. Секое дете е различно, секоја бременост и пораѓај се различни, секоја динамика во домот е различна од фамилија до фамилија. Има тешки и потешки денови, има денови ти доаѓа да полеташ. Ама најбитно е дека се' поминува и искрено тешкото дур е бебе се заборава. После некој период ќе се потсетиш со насмевка на сите овие мигови. Уживај си со бебето, гледајте да сте здрави и живи - тоа е најбитно. Кој ти ја цица енергијата едноставно не заслужува твое внимание. И јас после пораѓај не добив ни едно како си од личности кои мислев дека и физички ќе ми помагаат. А добив помош од некој за кој не се ни надевав. Ама дефинитивно ми стана јасно дека кога си добар и се е океј - сите те сакаат. Кога ти е тешко и ти треба помош макар и да те сослуша некој - на прсти се бројат тие кои ќе останат тука за тебе. Ич да не се разочаруваш, гушкај си бебе и уживкај си. Најкраток период се бебиња, времето летнува дури трепнеш и затоа полни се со позитивна енергија и искористи ја секоја секунда со бебе.
И мене првите месеци ми беа хорор. Бебе со подврзан јазик, го измачив и него а и себеси. И дефинитивно треба да се слуша мајчиниот инстинкт. Откако еден педијатар потврди дека бебето има подврзан јазик ме советуваше дека нема потреба одма да се сече френулумот, друг педијатар ми рече после годината ќе не прател на максилофасцијална хирургија. На страна што бев "бомбардирана" со обвинувања дека не се трудам доволно за да цица бебето, едноставно знаев дека нешто не е во ред. Бебе изгледаше како да знае да цица, но поради јазичето тоа не беше успешно. Сама пресеков, престанав да се обидувам да дојам и почнав да барам доктор за да го средиме јазичето. На 5 месеци бевме на контрола кај орл доктор кој кога го прегледа рече дека одамна нема видено бебе со целосно подврзан јазик и дека ова бебе со таков јазик нема шанса да може да цица. И сега кога ги враќам сеќавањата се чудам како не паднав психички затоа што постојано од сите најблиски слушав обвинувања во врска со цицањето тие ми набиваа притисок дека мора да цица бебе по секоја цена. И затоа првите два месеци за мене беа измачување, бебе гладно, нервозно и постојано плаче а јас уморна и нервозна. Но откако престанав да се обидувам да дојам, се препородивме и јас и бебето. Можеби доколку од старт се решеше проблемот со јазичето ќе имавме успешна доечка приказна, не знам, но не ни важно, најважно е бебе да е нахрането без разлика дали е мајчино или АД. Сега бебе е 9 и пол месеци, лази, се исправува а јас трчам по него и сé ми е полесно од првите месеци.
Во врска со доењето, леле кога ќе ми текне колку се мачев, колку сите гледаа дека се мачам и пак упорно и упорно ми збореа дека јас сум крива, дека не јадам и не пијам доволно, а немаше врска имав во градите млеко на почетокот, бебе нејќеше да фати цице и крај. Се мачев, се потурав од пиење течности, бози, апчиња, чаеви се што ми кажаа, џабе не фати и не фати цице. Ја фаќаше нервоза дека е гладна или не знам што беше проблемот и нејќеше да цица. Кога ќе ми текне како ја фаќавме сите за главата да ја наместите на цице за да ја натераме да цица, сериозно сега мислам дека како народ ни фали нешто, кажал некој дека е многу битно доењето и ние на сила крвнички се мачиме и мајки и деца. Тоа е, мојата доеничка приказна престана после 40 дена, бебе нејќе да цица, снема млеко. И еве си враќам филм и не ми се верува каков притисок ми се правеше дека мора да дојам. И каков притисок и сега ми се прави со зборовите, да ја доеше до сега ќе проодеше, да ја доеше немаше да ти фаќа вирус секој месец. Разбирање имам само и исклучиво од мајки кои не доеле. Мене ми е жал што не ја доев, од толку што ми збореа до денес мислам дека можеби не направив доволно за да ја дојам. Ама Боже мој, ни прва ни последна. Навистина нема потреба да се прави таков страшен притисок не само за доење, туку општо за се поврзано со бебе и мајчинство.
Како што ти пишале и другите ХОРОР првите 2-3 месеци Општ хорор Полесно е дефинитивно за многу работи Но барем кај моето бебе спиење односно неспиење се уште трае и се помирив одамна дека ќе си бидам неспиена и тоа е
Lele se ezam od vakvi muabeti, da sigurno ke proodela ako cicala boze me sacuvaj Si dala se od sebe spored mene i mnogu dolg period 6 nedeli si se macela, kaj opsto e tesko togas uste pa i ova so doenjeto ti falelo. Nisto ne e pogresno dete i na formula da raste, a toa so virusite nema blage veze, del od procesot na rastenje e site ke go pomineme, i tie sto doime zamisli ))))
Само да ти кажам јас дојам па детево исто ми е болно цело време и прооде тек на 15 месеци, така да доста големи глупости ти изнакажале.
@hannybanny се согласувам со КаринаТ бајаги ти изнакажале глупости. И јас доев до 13.5 месеци па ќерка ми еве на 16м полни тек сега проодува. За болести не дека којзнае колку била болна ама не дека не фати низа вируси и бактерии од градинка, дури и во првиот месец ипол кога се уште цицаше
@CherryBerry Па ве молам, ако некој имал хипер активно новороденче со колики, кажете ми барем дека не станува потешко... - За мене искрено после наполнета годинка стана полесно дефинитивно. До тогаш ми беше предизвик. Првите месеци можеби не до толку бидејќи ќерка ми немаше премногу грчеви (давав капки ваљда влијаеа) и го прифатив фактот дека ќе спие до/на мене. Скролав по тел, гледав серии, нарачував алишта онлајн или играчки. Ми фали сега тој период искрено. Сега место да си ја имам до мене јас треба да работам и да се расправам со клиенти а неа да ја чува некој друг во градинка. Пробај да го прифатиш овој период како таков и да искористиш максимум од него, верувај ќе ти фали после. Е сега ќерка ми е веќе 16м, ептен е лепенка за мене кога е дома и за се е мамамама (како и секое дете мислам во овој период) но спие далеку подобро (иако секако не ја преспива секоја вечер цела без будење), не зависи од мене за сите оброци( јаде се и сешто дури и по ресторани), можам да мрднам од дома не сум врзана на 2ипол саати да сум тука и да ја дојам, можам да ја оставам некој друг да ја чува итн итн. Во врска со другарки, со кој и да сум зборела сите ги имаат изгубено другарките што се без деца. Еве и јас сум во некој квази другарски однос со најдобрата другарка пошто она е таа што не наоѓа време да се видиме иако јас сум со дете и работа а она нема екстра обврски освен работа... Кога и да се слушнеме разговорот ни трае цели 5 минути и она е таа што се брза. Но јас прифатив дека едноставно се менува кругот на луѓе, па така многу повеќе почнав да комуницирам со мајки кои сега ги запознав во оваа година него ли со другарките што ги знам цел живот. Тоа е тоа, кога имаме различни интереси, се разминуваат патиштата а кога имаме слични, се спојуваат.
Значи луѓево нема што нема да кажат само ако некој не ги послушал... Првото дете го доев точно до 2 години, тргна во градинка на година и пол. Откако тргна постојано се разболуваше и покрај тоа што цицаше, едноставно треба да стекне имунитет. Иако беше многу жилав, тешко се опушти и прооде на 14 месеци. Да не е трагично би било смешно тоа што го измислуваат од инает. За кругот на пријатели, исто е кај сите. Блиски ниту еднаш не пишаа порака уште во бременост да прашаат како сум, исто и за по породувањето. За после да се лутат затоа што не биле повикани на крштевката. Е па, толку заслужиле. Пред некое време имаше отворено тема дека многу млади се возат со лифтови по трговските, и не кочат нас мајките со колички. Знаете што е полошо од тоа? Пред некој ден чекаме лифт, пред нас чекаат уште една мајка со бебе и уште една жена со неа. Лифтот доаѓа, се качуваме сите затоа што имаше место. Ние стигнуваме први на спратот кај што треба, но мораше другата мајка да излезе за да ни направи место да излеземе. Знаете дека се испокара со нас што сме барале да влегуваме со неа за потоа да ја вадиме од лифт? Мајка со бебе малку помало од моето. Не можев да се изначудам што се случи. После зошто децата биле себични, вакви онакви. Сето тоа се гледа од дома, од најблиските. Јас полека се подготвувам за роденден. Прво е мојот, потоа следува големиот прв роденден на моето слатко девојче Најдовме игротека, подготвувам список за гости, наскоро ќе подготвам покана, барам убава посна торта и посни пици. За посна торта гледав во Здрава Станица, но сакам прво да ја пробам. По составот ме радува што и славеничката ќе може да ја јаде Ќе има две торти, една посна и една мрсна. Таков е денот строг пост, некој пости, некој мрси, ќе има за секој За мрсна торта, највкусни ми се чоколадните од Романса и Канела Прима. Ако некој има искуство за декорација со нив ве молам кажете, затоа што сакам да изработат фигура на Мини Маус. Вчера шетавме низ Ист Гејт, си ја буткаше количката цел спрат, па застануваше им мафташе на тие што ја гледаа, а јас се топев гледајќи ја среќата во нејзините очи Затоа ноќеска спиеше цела ноќ, после не знам колку време Чекам уште три запчиња да и излезат наеднаш, па да бидат шест. Релативно доцна почна да ги вади, но некако сега брзо оди процесов. Со големиот час се караме, час сме супер. Ко некој пубертет да го фаќа, страшно ме нервира што не можам преку ден да го пуштам надвор да се истрча, или е прежешко, или смрди на чад Уште малку ќе тргне во училиште во второ, и ќе ми фали премногу Мисливе на триста страни, така е кога веќе не пишувам редовно
@CherryBerry, ќе биде полесно и подобро! Јас мислев ќе полудам првите 2 месеци. Ама, малишите си растат, се смируваат, учат....тешка е средбата со светот за нив, све им е ново и вознемирувачко, откако поминале 9 месеци во сигурно, топло и темно место. Прифати ја тежината за да ти олесни. Додека трепнеш, ќе порасне. Тогаш ќе ти е жал за новороденечките моменти, ќе си ги бараш спомените во себе.....тоа е, најубавиот период ни е и најисцрпувачки. Тоа е заебаното. Луѓето....нема да имаат сите волја да се адаптираат на твојата ситуација сега, ни па да се заинтересираат. Не ти го разбираат животот сега едноставно. Затоа, кој е тука, цени го! Многу нови луѓе ќе ти влезат во животот со бебето. ПАМЕТЊАКОВИЧИ се најбројни за мајка. За ништо нема толку паметњаковичи наоколу, како за нова мајка. Од другари кои имаат/немаат деца, до роднини, до баби/дедовци кои лично ја сфаќаат одлуката на родителот, на пр, да не се облечат чорапчиња. Као, каква врска има со тебе коа си имала бебе, тоа што ја не сакам сеа да му облечам чорапчиња???Ич да не ти е гајле за нив, само повтори што си решила ти! Во врска со доење, на сите што чекаат бебе им препорачувам да земат часови за доење со консултант. Многу помага тоа, да се биде спремен и полесен да е тој процес! Е сега, ако не бива, нема потреба мајката да пати. Тешки се првите месеци, па уште и да се пати ако нешто не оди како сме замислиле.
јас сакам за првиот дел да прашам, кога велите доев бебе идеше во градинка се разболуваше пак ме интересира колку сте доеле? Колку пати во денот кога почнале во градинка? Моето ќе прави 8месеци за една недела, уште сме на еден оброк јаде во ден отрпилика 70-100гр не му давам повеќе затоа што не сакам да ми се намали млекото. Па сега сум на таа мисла дали воопшто дете кога трга во градинка треба да е на немлечна храна плус да сее дои или да е на доење главно а немлечната да е како дохрана. може и други ако не ви е проблем да ми одговорите Секако планирам да му дадам се што јадат во градинка пред градинка ама чисто да проба ради алергии инаку.
Мојата ќеркичка тргна во градинка на 1 година, тогаш веќе ги имаше сите оброци, цицаше понекогаш кога ќе се вратев од работа и еднаш пред спиење. Мн брзо откако тргна префрливме на цицање исклучиво и само пред спиење и тоа траеше месец дена и потоа заврши нашата доенечка приказна (на 13ипол месеци).
Јас мислам дека ако планираш во градинка да тргне, треба да му воведеш повеќе оброци. Моето е 8+ па имаме и трет оброк од неделава. По препорака на педијатар се разбира. Според мене е малку еден оброк само на 8 месеци, и бебе што се спрема за во градинка. Потешко ќе е и за тебе и за него. Ама сепак е тоа мое мислење.
Тој тргна во градинка на година и пол, така што подоите беа значително намалени. Наутро му давав пред да оди, кога ќе го земев попладне и вечерта пред спиење, значи три пати во денот најмалку, и ако се случеше навечер да стане си цицаше. Да напоменам, кога мислам постојано се разболуваше тоа беа вируси и бактерии, кои ги поминуваше полесно да кажам, со очекувани симптоми од типот на покачена температура, секрет премногу, кашлици, ларингит и сл. Фала му на Бог никогаш нема спуштено на гради, или нешто сл. за кое би завршиле во болница. Е сега, дали доењето имало некаква улога во ова или не, не знам. Млекото нема да снемаш, тоа ти гарантирам. На таа возраст исто како и другите членки кои ти пишале мислам, малку му е еден оброк. Мојава сега има 11 месеци и цицањето (млекото) и доаѓа како ужинка која кратко ја заситува. Ако го пуштиш во градинка, таму сигурно ќе му даваат млеко, освен ако не е алергично. Но, затоа кога е со тебе можеш да му даваш да цица и тоа е тоа... Јас млечни производи и давам, освен кравјо, козјо и сл. млеко не и давам, затоа и ја дојам, и така ќе терам се додека не тргне во градинка, затоа што таму за жал знаеме какви се менијата. Немам идеја каде да се жалам, не знам дали ќе има ефект да се споиме родители со барање до Министерството за Труд и Социјална Политика да се сменат менијата кои се изготвуваат од таканаречени нутриционисти кои даваат Цевитана и леден чај за ужина, млеко и бисквити за оброк и сл.
Моево за скоро ќе полни 7 месеци а кога ќе наполни 8 треба да тргне во градинка. На еден оброк сме а понекогаш му давам уште еден (ако првиот му е порано) и веќе приметувам дека ми е намалено млекото. Страв ми е да не се намали скроз зашто и така мислам дека малку има напреднато. Денес го меревме за два ипол месеци вкупно има качено околу 1100 грама. Дали е нормално на оваа возраст по толку малку да качува? Се роди околу 3400 а сега е 7700.
кВо кои месеци има толку качено? Епа и јас од истото се плашам… сите бркаат гледам околу мене што повеќе оброци да внесат, јас се плашам од дохрана немлечна затоа што млекото да не се намали….
во градинка планирам на 12месеци отрпилика да тргне. Инаку на 6почнавме со храна, 6и 7ми сакам со еден оброк да е. Од 8ми до кај 9-10м сакам два оброци и после до година да се три оброци без ужинка. А за килажа не знам точно ама многу напредуваше околу 11кила е веќе
Од 4 месеци и 1 недела до 6 месеци и 3 недели. Читам дека прогресот е помал во овие месеци ама пак некако малку ми се чини. Во фамилија имаме уште едно бебе што е помало од моето за 2 ипол месеци и веќе го има стигнато во тежина.
нема врска тоа… нашево на 6месеци тежи како на година денаама сега почна да се издолжува и на крај пак сите ќе го стигнат секако