Знам дека секое бебе е различно, само и други знаци како да ми кажуваат дека не му е доволно. Навечер кога го заспивам само со цицање се тегнеме и по саат време и повеќе, нелогаш ќе го оставам на мм ако не сум дома и ќе му даде адаптирано зашто немам доволно за да се измолзувам и одма заспива штом го испие млекцето, ако цица само тешко заспива. Не знам може грешам ама и ноќе мислам повеќе ми се буди ако не пиел адаптирано…
оф не знам, а педијатарот што вика за ова? Однос на млекце/немлечна како да напредува повеќе а да не се намалува млекцето?…
Кога почна баш оброк оброк да јаде, тие 70-100 гр? мојава веќе две недели пробува вкусови ама пола лажиче јаде 30 ги плука па прашањето ми е дали со тек на време апетит ќе и се зголеми за храна или не? Не планирам ништо да форсирам само сакам да знам отприлика другите бебиња како се движат Она е 6м, се роди 3700 а сега е 9300
На одмор е, ова ми го измерија во вакциналниот пункт па и таму немаше педијатар за да се консултирам. Закажавме преглед кога ќе се врати од одмор па ќе видам. Инаку на последен преглед немавме почнато со немлечна исхрана и само ми кажа од пет ипол до пред седум месеци да има еден оброк и пред да наполни седум да воведеме два, вклучително и месо. Гледам и различни педијатри различно кажуваат. Вас што ви кажаа пд кога да почнете со два?
Моево е родено 3700, сега е7м и 3недели 10.600 Инаку па не знам птрпилика после месец дена прво јадеше 30-40гр па 70гр. Ретко јаде 100гр. Во просек 70грама ама толку и му правам најчесто 100тина грама и сега почнав понекогаш и втор пат у денот по 30-40гр чисто да се навикне дека следат два оброци а грамажата варира. Моево ретко плука ама некогаш го приметувам нема концентрација за јадење не дека не му се јаде ама се пентари по хранилка се влече тегне, сака да стане, се што ќе тропне шушне сака да види што еее и итн итн.
Па искрено немам прашано од кога само и кажав дека цел месец сме на овошје и зеленчук(6ти месец) што да правиме во 7ми и ми рече може да се очне со мевце, јогурт, кисело , а од 8ми месец ми рече мешунки. Ама јас во 7ми му додадов само плус житарки во менито(овес, ориз, просо, палента) и денес проба јогурт обичен. Па за недела дена планирам мевце а деновиве сакам и грчки јогурт, пченка….си го следам бебето затоа што сите различно кажуваат…
Јас не дојам па сега на 8 месеци и воведов 2 оброка, трет оброк планирам после септември. За ужинка не ми ни текнало. Не се ни брзамз не дека адаптирано млеко е добро ама сигурно е подобро од обично кравјо млеко. Така да дој си и не се замарај. Ќе јаде.
Мојата на 5 месеци кога почнавме плачеше за уште после секој пробан вкус, на 6 месеци не сакаше да јаде ни 50 грама, на 7 месеци јадеше колку што има во тањирот, сега на 8 месеци не сака адаптирано повеќе сака немлечна храна, само се бориме за течности, не сака да пие ништо. Менуваат.
Ќе и се зголеми апетитот ич да не се секираш, и моево бебе беше такво, едвај уста отвараше, а сега на 9 месеци а го виде тањирчето негово дека нешто спремам за јадење додека не му дадам не се смирува со муцкање. На 6 месеци почна да јаде еден оброк, на 7 два, на 8 три. Постепено му зголемував оброци, не мерев али количински од око гледав и некаде од 7 месец почна да јаде по 200 грама од оброк, а денес веќе за доручек посебно знае и 300 грама да изеде. Вода сега почна повеќе да пие, му давам повеќе пати во текот на денот. Инаку бебе има 8 заби, многу почна да ме гризе кога го дојам, влече ли влече, го фаќам за носе да прекине, му викам не со прстот, правам пауза колку да се смири, а тој не ме разбира и ми се смее.
Можда не му е доволно, ама па можда и си се тегне на цице повеќе време. И моето да земам да ја нишкам со цуцла ќе заспие побрзо отколку со цицање, и тоа и е ново, од 6 месеца отприлика и текна така. Инаку, ако ја дуплира родилната тежина до 6 месеци, мислам дека све си е ок.
Инаку, за млечните делови - урда, јогурт, кисело....кои брендови ги преферирате? Да земам и за тоа план да направам....
Jas nekako ne se panicam ama babite okolu mene mi stavaat misli vo glava za zal Ic nejke da otvara usta ili ako uspeam da i piknam odma pluka, nesto ovosno uspeva malku da vnese preku onie smukalcinja kako cucla so dupcinja sto se ama sepak toa e premalce
Мајки, можеби некоја тука знае..што ми треба да поминам граница со син ми? Дали треба маж ми да ми даде дозвола од МВР? Исто презиме сме сите, ама јас сум на различна адреса од нив. Познаник ми кажа не требало ништо, ама малце ми е шубе дека сме на различни адреси.
Ако поминуваш со сопругот не ти треба ништо, ако минеш сама со бебе ти треба на нотар заверена дозвола од сопругот. Адресата не ти менува ништо сите заедно ако минете оти си пишува во систем и име на мајка и име на татко со матичен број кај детето
Урда од кам на бела фарм, јогурт и кисело млеко на бучен козјак. Земи нека проба и сирење несолено котиџ на олимпус во кам го има. Грчки јогурт исто на олимпус 10% масти што е.
И јас се борам за течности. Со шише вода неќе да чуе, со лажиче сака ама па колку ќе испие така. А со чаша сака ама се потера, игра му е Адаптирано намали многу, ептен пред спиење и ноќта ако се разбуди - и тогаш едвај 60-90мл пие.
Јас почнав со шприц. Нејќе никако вода. Купив и сок со надеж дека ќе сака барем тоа дека е благо нејќе. Само сок од лубеница со лажиче сака.
Моево на шише од раѓање и нејќе, мислам дека 10 шишиња и различни цуцли сменив џабе, мајка ми викаше да не и мирисаат некако неубаво, не мирисаат, од шишето за млекце и дадов нејќе, вода со чај нејќе, вода и малку млекце колку да и мириса нејќе, сок со вода нејќе и затоа земав шприц, веќе и на пелена и се осеќа ми е страв топло е да не дехидрира, сепак јаде два оброка дневно.