Моево исто така неќе вода од шише, уште цица ама му давам и адаптирано навечер и мислам дека шишето го асоцира само на млеко, кога и да проба вода од шише се мршти го фрла. Сум пробала и чајче исто го неќе. А со лажичка му давам така пие. Пред некој ден му земав чаша со клунче зашто за отворена чаша уште е мал, се тепа да ја земе во рака и сам да пие и му се истура цела. И од чашава со клунче пие вода сам. Пробајте со таква чаша може ќе ја прифати. Знам дека на долг рок не е добро да се употребува ама поарно нека се научи да пие вода па после ќе менуваме чаши и шишиња.
Тек од кога ја одбив од доење на 15 месеци почна по малку со вода, мислам да прифаќа иначе константно нудев, ништо не прифаќаше од течност освен моето мајчино млеко. И еве на 21,5 месец се дупнува од вода пиење. Наднаш сама посака и интересно и е од шише или од чаша, па од цевка и сл. Иначе се утепав од нудење, не сакаше по ниедна цена.
Млекото нема да се намали, туку ќе се приспособи на потребите на бебето. Мораш веќе полека да внесуваш оброци ако го праќаш во градинка, таму оброк ќе јаде. Плус, не ги држи веќе мајчиното млеко толку веќе, затоа и заменуваш подои со оброк. Колку јаде, јаде. Ќе си зголеми сам понатака грамажа, и ние не јадеме цело време исто, не па бебе.
Сакам само да ги поздравам неколкуте мајки што се дрзнаа да ми судат зошто детето го држам во раце кога се возиме со кола, нејќеше да се вози во седиште. Епа еве мајки не ја оставав на сила во седиште, да се дере и плаче, ја оставав колку она што сакаше и погодете што? Сега се вози сама и на подолги релации. Форсирање и сила не се секогаш најдобар метод ( ќе плаче ќе плаче ќе се научи). Не, еве се научи со трпение. Можеби 8 месеци е многу време ама барем не го трауматизирав детето. И ептен сум среќна што неделава живеам слобода
Не сте единствени и моево неќе да се вози во седиште, скоро цело време е во раце. Ептен треба се да му е погодено за да поседи во седиште (читај неколку минути). Значи сепак има надеж дека ќе се смени тоа Инаку за ништо не сум форсирала на сила. За спиењето во креветче скоро сите (особено повозрасни жени) ми судеа дека ќе сум го навикнела на мене или до нас на спална ама ете сам си се тргна и сам спие во креветче ама кога тој реши дека е време за тоа. Порано за дремка кога ќе го легнев и кога ќе се разбудеше плачеше силно дури не влезам во соба да го земам. Сега ќе се разбуди и ќе пушти глас колку да го слушнеме и си лежи мирен, чека некој да дојде да го земе, не плаче затоа што знае дека секогаш ќе дојдеме. Утрово шетавме низ маало и му досади на бебе во количка почна да плаче, нормално го земав во раце и една повозрасна комшивка случајно што се најде тука се дрзна да ми каже дека ќе сум го научела цело време во раце од што сум го земала така. Останав присебна и не и одговорив со иста мера ама паметњаковци има насекаде околу нас. Жално е што повеќето се жени, а од жена најмногу разбирање очекуваш.
Слична приказна, второво од почеток е на ад. После хоророт со првото реков ако имам некогша второ шанса нема да го дојам и воопшто не се каам. Доволно ми е напорно и без тоа, бар кај мене не одеше лесно никако.
Што се објаснуваш, они се репер за правичност секогаш. Јас првото дете за ништо апсолутно не сум го форсирала ако видам отпор, се што требало биднало без никакви проблеми, кога му дошло време.
а како успевате во раце? Нашево еднаш многу вриштеше го земав у раце мислев ќе летнеме и двајцата и од тогаш кога и да плаче го оставаме или застануваме. Реално многу е небезбедно во раце мене ми е страв.
Само така престануваше да плаче. Ако не ја земев буквално мислев дека ќе и пукне фацата од што се тегнеше да стане. Се вцрвенуваше од напон да стане мислев очите ќе и излезат. Многу страшно. Неделава почна се помалку да плаче, да се тегне, почна да разгледува надвор и некако магично не знам ни јас како престана скрос да плаче.
Исто беше и кај нас, овде имам прашувано за совети како да истераме вожња со транспортер. Немаше некој еурека совет, стандардни трикови кои сите сме ги пробале и кои на некои бебиња делуваат, на некои (моето) ич. До Охрид сме возеле 90% од патот во раце, врз перницата за доење на која цицаше/спиеше. Не се гордеам со тоа, не го препорачувам, не најдов подобар начин за да патуваме. После тоа, научи да фаќа подобро, да се заигрува, па бевме до Грција по сите прописи. Тоа е, моето дете се прави во свое време и мојата одлука е да не форсирам.
Подржувам мајки што не подлегнуваат на осуди и туѓи мислења. Се докажало дека на сила ем не бива, ем не е здраво за развој на детето и упорно, значи упорно секој си збори што си научил и знае. Браво значи што си нашла начин. Точно, можеби небезбеден, ама дете да зајде од плачење или воопшто да не се оди никаде? И тоа ми е крајност искрено. За спиење врз нас, секое гледање на камера со бабите/ дедовците коментарот беше: Еве го научивте врз вас да спие. Сакам да спие сега врз мене, да си го гушнам, да се стоплиме, не сака. Е да не е луд па да сака додека да стане тинејџер да лежи врз мама/тато? А јас пак се објаснував, како е по ново време, дека се истражувало и се дошло до тој заклучок, ма не бре будала, кој те рецка. Развој, се е поинтересно, многу се љубопитни. Кујзнае како кога се помали го доживуваат, може од страв, од лошење така да прават. И нашиот не е воодушевен од возење, кратки релации само. Ама сигурно за скоро ќе смени.
Дојдов да се пожалам тука син ми скоро како почна со градинката. Еден период е океј брзо се смирува, дури и остана со спиење и заспал без да плаче или прави проблем ама денес одвај го оставив..срцето ми се скрши, како беше собран во мене и неќеше да го дадам на тетката, се скапа плачење се осетив како да го изневервам.. маж ми вели можеби денес требаше да го оставиме дома. Ама од септември тоа нема да биде возможно, зошто почнувам со обврски и ќе бидам скоро цел ден отсутна. Погрешно ли нешто правам? Кога плачат многу, ги оставате ли во градинка? Тетката што работи таму ми рече ќе бидел добро.. секогаш плачел и одма се смирувал ама денес
Мојата така прави од кога се споени групите. И внатре одма си се смирува, па после цел ден супер поминала. Моментално е тоа, немај гајле. Искрено и повеќе плаче јас кога ја оставам отколку маж ми.
На оставање плаче, за 5 минути од тоа, не ја препознавам каква е. Весела, расположена, иста како дома.
Нормално е на разделба и нормално е да е тажно.. треба време ќе биде. Штом ти вика дека се смирува внатре тоа е супер
Женски да ве прашам нешто вие што живеете сами, колку често ви доаѓаат вашите мајки на гости? Ме интересира онака додека сум на трудничко, некако ми се чини како мојата многу малку да доаѓа. Работи до 16ч не е во пензија ама пак некако ко ретко доаѓа…
Mojata zivee vo drug grad, prvi 4m doagase 2xnedelno i na dva pati dojde i sedese po 5-7 dena, a periodov ednas nedelno, zavisi Moze i deka e leto pa site so svoi planovi
мислам не дека сакам споредби се е различно… ама мајка ми првите три месеци доаѓаше еднаш два пати неделно… сега многу ретко на 10тина дена еднаш. На почетокот некако не ми ни требаше помош, сега баш би ми значело да дојде да зготви, да го почува бебето малце да дремнам… некако не знам кога ќе имам нешто неодложно доаѓа одма , ми пазари прави ручек кога ќе дојде но се д со викање, со покана. Ретко и текнува сама да се најави