И кај мене беше така, и јас почнав да ја викам за да завршам работа, да исчистам по дома, да ми испегла алишта. Видов дека не и текнува, и така почнав. Додуша мојата е во пензија веќе и е послободна. Ама кога не и текнува неа, реков ќе си ја викам. Знам да и кажам уште претходниот ден за да си знае да планира сепак.
Мојата е слободна, доаѓа на покана, еднаш во две недели. Повеќе сака да го однесам бебети кај нив дома да ја почува, и тоа е обично во недела. На 2 саати, не на цел ден. Летово бев на 2/3 дена 3-4пати исто. Али, ако ги прашам нејзините пријателки, ќе речат дека секој ден ми доаѓа колку се фали/жали колку била зафатена со внучето.
Мојава е во пензија слободно време има, а откако е роден за овие 7 месеци еднаш има дојдено неколку дена и тоа што ја викнав јас кога мм беше на службен пат. Инаку 2-3 пати сама има дојдено и седела по саат-два ама ништо не ми помогнала, повеќе само како да го види и да го подржи 10тина мин и да испие кафе, и тоа само ако има нешто работа до Скопје инаку специјално за бебе не. А богами и ретко и текнува да рече дојдете вие или пак недај боже да го почува кога сме таму да олабавиме ние малку без него.
Мојата е пензионерка до 40 дена доаѓаше секој ден, после тоа два пати неделно, сега ние почнавме да идеме натака (нели кажав дете сака да се вози во кола ) па сега она не иде ама па и жал ми е по жешково да се ака по автобусите
Јас гледам по сестра ми, како пораснаа децата после 2 год и станаа баш баш активни така интересот за помош од баби се намали )) Е сега нешто што не ми се свиѓа ич на другарка едното дете е 9год а др 5, од пон до петок се кај баби сабота и пола недела само дома. Не сакам да коментирам зашто не знам мене како ке ми биде ама некако ту мач ми е да имаш само викенд деца 3 месеци шо знам
Ако не ја викнам не доаѓа. Додека бев на трудничко ако мм работи одев сама со децата еден ден од викенд, а најчесто работеше. А ако беше дома мм се дешаваше да не ни одам по 2 недели.
Фалаа на споделеното на сите, мене ми беше мојата мајка за чудење сма гледам кај сите има по нешто хаха. Јас си замислував прво внуче ќе биде секој ден да доаѓа, нормално сега и она зафатена е има обврски, плус на татко ми додека бев бремена му открија карцином и првите месеци не сакав да зборам да им правам уште потешко не им досаѓав ништо не барав…. Ама некако се осеќам ко да не и е тоа нешто прво хахаха иско така цело време вика на баба љубовта бла бла баба ова, баба она. А баба го гледа еднаш неделно и кога ќе ми рече дојди ти кај нас и ќе и кажам не можам мн често(јас идам еднаш неделно ама искрено повеќе да се дружам со татко ми) ми се расипува ред се лути и вика па вие доаѓате еднаш неделно зошто јас често да доаѓам…
Си ја сакаат они комоцијата и слободата Ани, тоа се новите баби. Ко што сме ние различни мајки од нив, така се и они различни баби. Мојата баба ме израсна. Ден денес во 3 сабајле да и кажам дека сакам крофни, ќе стане да меси. Ама мајка ми, не. Сака да си се одмара, иако на муабет и она е "на баба љубовта". Ми помага, не велам не....ама не толку колку што нејзе и се помагало.
Твојата и добра е Со првово дека корона нели секако не може да доаѓаат. Ама со второво цело лето 2пати дојде откако ја намолив кафе да дојде да испие. Големиот го зимаат на гости, ама не е помош за мене кога ќе го земеш за викенд. Еднаш ручек не донесе... што да кажам разочарана сум скроз. Не знам што си мисли, дека утре кога ќе и требам на неа ќе и трчам. Родители се и завршиле работа? Па ни ко мала не ме чувала, нити сега па ми се нашла. Се надевам за мојте си тргаат пари за домови и жени за испомош тоа е пошто ја сигурно нема да имам вишок сила и енергија за нив кога сум утепана. Едвај чекам да порасне и второво на 4-5 години и да издишам конечно
И мене не ми се иде ич, не само кај моите туку и кај другите баба и дедо, плус свекрва ми кога ќе чуе дека сум била кај мајка ми мора следен ден да идам кај неа, почнав да се радувам дека почнувам на работа барем нема да ме масираат. Иначе ај редот што се руши се руши, ама јас за кај нив, пошто на цел ден седење ме викаат, треба пола стан да го спакувам и стварно не можам, многу ми е мачно. Некогаш му викам на мм дај денес да идеме и ваму и таму за неделава сме завршиле. Многу ми е полесно да дојдат.
Првите месеци се пакував ко за преселба. После како што врвеше време почнав смарт. Оставав кај мајка пример 1 пар пижами, 10тина памперси, 1-2 боди, 1-2 горни алишта. Плус шампонче за бањање. Ако искористевме нешто од ова, надополнував само следно одење. И кутија со Ад млеко и едно шише резерва. Што би се рекло покриени сите полиња . Кога почна со каши, повторно или тие ќе имаа купено по 1-2 овошни/зеленчукови, за секој случај. Да не испадне изненадно да треба да земат дете или да оставам. За играње имаат играчки што наши останати, што нешто купиле. Многу не се замарав на оваа тема. За спиење не ми сметало ни да легне на гарнитура/спална од мајка ми. Стававме или чаршавче нејзино или тетра и тие кај мајка ми си стојат.
Јас се скарав со свекрва ми, не зборам со неа и поради тоа не доаѓа ни мајка ми. Да не мислела свекрва ми дека намерно нешто она провоцирала... па сеа мајка ми да доаѓа и да го гледала внучето, а свекрвава не, па и пна не доаѓа... Ако излезам може да се видиме, или јас ако отидам до кај нив.
Извини знам дека не ти е лесно ама не можев да не се изнасмеам. Премислување што ако дојдам, да не провоцирам, да не се налути некој. Абе речи ѝ ако сака таа да дојде да го види внучето и да си ја види ќерка ѝ, да дојде. Од какви небитни работи проблеми си правиме сами, да не можеш да се изначудиш.
Психологијата на мајка vs свекрва е тешка тема и дебата. Не дека нема и такви "лабави" ќе пишам што гледаат на децата да им помогнат, а не кој што ќе речи. Ама во принцип во мојава околина е Ако помага мајката повеќе ( не лични примери) - ете само од мајка и бара помош - ете во свекрва нема доверба - ете свекрвата е поблиску, треба прво кај неа - што бара мајката цело време да доаѓа (тек пак ако е иста куќа со свекорите) И истото во обратен правец де.
Па нека си зборуваат де, шо ако. Несфатливо ми е мајка да нејќе да помогне со мисла што ќе рече свекрвата. А ќеркава ја вика, има потреба.
Штознам не секогаш тежнееме накај своето. Еве мене свекрва ми ниту ми префрлила нешто ниту некогаш рекла било што за да ме испровоцира или изнервира. Не можам да речам лош збор, напротив ја почитувам и ја сакам. Реално гледам на работите, повеќе ми се има најдено од мајка ми и со бебе и со се, а подалеку живее од мајка ми. Плус речиси се што имаме дома му има купено и за таму. Од креветче, постелнина, хранилка, играчки, облека, пелени, подлоги, козметика се се за да не мора да правиме преселба кога и да појдеме таму. И стално кога ќе појдеме таму се што е потрошено има надополнето. Плус ако извалка облека му ја пере, пегла. Буквално го зима и вика одете шетајте излезете олабавете сами без него. Мајка ми на пример нема појма какви пелени/влажни користам за детево. Играчка уште му нема купено. Финансиски не се загрозени ама ете таква е, не можам да ја сменам ама па и не го кријам задоволството од неа кога ќе појдеме кај родителите на мм на гости. Некогаш знаеме и цела недела да останеме таму и тогаш единствено реално се одмарам. Дома сме сами, а кај мајка ми кога сме не можам да се потпрам на тоа дека ќе го чува зашто кога и да и го оставам после 10 мин ми го враќа со изговор дека нешто ја боли така што максимум ден два седиме повеќе заради почит и не одиме многу често.
Да, еве во мојов случај се се става на кантар. Колку пати била мајка ми. Која повеќе го држела, која повеќе помагала... Која повеќе ја знаел, на која пичовеќе се смеел. И ако ја земам мајка ми да ми прави друштво пример до мол а и да го припази детето додека јас бркам работа, зошто мајка ми а зошто не свекрва ми. Ако нешто страшно ме нервира е некој да дојде ненајавен, и да ми поремети се, они дека се блиску немаат што да прават па во било кое време од денот тупни се. А јас сум сакала да излезам. Или дете да спие. Или некој да дојде и сл. ..Ако излезам зошто бегам, кријам дете и сл. Или ќе дојде па ќе средува без јас да знам...И попара се направивме зошто беше притисок. Не сакам ниту една ниту друга да ми се меша за дома, за средување или околу дете . Која сака нека дојде да го види и поигра ама тоа стана како натпревр, а јас и мм како неспособни да се грижиме за домот и семејството. И пресеков. Паднаа страшни навреди, и тешки муабети од страна на свекрва ми. Верувам дека секој возрасен може да згреши еднаш два пати ама кога тоа се повторува пак и пак и пак и станува терор, значи дека го мислела тоа иии морав да пресечам. Сега не збориме и искрено раат сум. Не мислев дека некогаш ќе биде вака, ама и јас заслужувам убав и мирен живот. Му се ближи роденденот и ќе дојде, не планирам да се смирам зошто не е прв пат и знам дека ќе е се по старо. Па следно би било да се разведам, не планирам да се разболам од нервози. Не викам дека нема свекрви што се и повеќе и од мајки, ама мојата не испадна таква. Колку сам човек може да направи да биде одбивен на некој, тоа е страшна работа...без разлика кој е и колку е близок. Мн напорна жена е мојава. Секаде да шефува. Кај мене не и успева од почеток на брак и не чинам. Извинете се изнапишав. Ама ако тука не ме разбере некоја, не знам каде. Да не беше форумов јас ќе полудев во целиот процес ивф и бременост и бебе...поблиски од блиски сте @fragaria @Dijana DM и @сите
Јас немам свекрва, свекор ми живее со нас ама он е жива катастрофа ништо никако не помогнал ниту се понудил ама од сам старт е така и не очекувам и не ни сакам. Здраво-чао ни се муабетите и некогаш со бебе две минути ако прозбори обично над глава му застанува додека нешто правиме. Моите се златни во се ако ги споредам со него и не дека се мои ама стварно… и на одмор си истеравме топ со моите ама само ме чудеше мајка ми зашто не се нуди да доаѓа често јас си замислував дека секој ден ќе сака да доаѓа за спиење немаме преспано кај моите мм не сака без бебето да е. Ама со него во организација сме топ тоа бар ми е океј. И сами одиме да шетнеме да испазариме(тоа ни е најчесто разонодата) и сами одиме да го шетнеме бебето, другиот да среди дома, да поспие. Се случува и сами со своето друштво да искочиме или и бебето си го носиме со свое друштво поединечно.
Ве читам сите нагоре и некогаш помислувам дали претеруваме, и јас се вклучувам во ова Па наши деца се и ние треба да ги чуваме 100% од времето и да немаме некои нереални очекувања. На пример јас на почетокот многу и се лутев длабоко во мене на свекрва ми кога ниеднаш не изјави желба да ја успе беба дур спиеше во раце кај секој за јас да можам да здивнам. После некој месец сметам дека лутењето воопшто не ми било во право. Ако некој сака да помогне бујрум нека каже. А исто јас сум и во друг екстрем отидена, не сакам јас и моето дете да сме на товар на некој или да му го реметиме раатот, пример за тоа беше еден ручек во ресторан каде што среде јадење мораше малку да се побутка количка за да заспие и мајка ми зема, цело време осеќав грижа на совест како јас си седам и си јадам а она бутка количка по ресторан и 10 пати станав за да и понудам да се смениме. Ние живееме во иста куќа, различен влез и сум и препреблагодарна што секој ден готви ( тоа нејзе и е желба за да има што да прави во денот ) и го пегла мм зашто жена му не верува во пеглање алишта ))) ама за детето не сакам да го оставам таму на пр на 2-3 часа а јас да седам дома сама и да скролам телефон, треба да сум само многу ненаспана за тоа да го направам Не знам дали сум премн строга кон сама себе или едноставно тоа сум јас и такви принципи имам