1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    4.732
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе и истото чувство го имам - дека неќам моето бебе да му биде на товар на никој. Но од друга страна родителите ми се најблиски. Ако од нив не очекувам, од кого тогаш? Кај мене на пример мајка ми секогаш имала очекувања од мене - за се. Од лични достигнувања, образование, приватен живот итн. И ден денеска очекува некои работи од мене на пример ме замара за небитни работи за ХУ луѓе да одам да ги бркам низ град и смета дека е нормално во секој момент да и бидам на располагање. Во 39 недела ме малтретираше да возам низ цело Скопје за на некоја нејзина далечна роднина да однесам некој документ и јас се налутив и реков ме замараш за небитни работи а можам секој момент да се породам и така излезе дента кога таа ми “нареди” да завршам нешто јас се породив. Никогаш не ми кажа извини туку сеуште има такви барања до мене - знаејќи дека немам помош околу бебето. Уште кога ниту еднаш не рекла дојдете, туку кога јас ќе кажам дека ќе идеме никогаш од душа не се израдувала. Недај боже да треба да го чува како што баби чуваат деца по цели денови…
    Арно кажа @Milkiway се надевам си собираат пари за домови оти со деца и без никаква помош тешко дека ние ќе имаме време. Во нивно време децата се грижеле за родителите ама и родителите се грижеле за нивните деца.
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.