Боже ме сачувај! Гледам дека не само овде, туку и по однос и на многу теми на форумов имаш многу тврдокорен став и крути размислување така што овде јас ќе ја завршам мојата дискусија со тебе зашто сметам дека е залудно да ти објаснувам зошто не си во право.
Не знам дали моите ставови се крути или вашите очекувања преголеми. Нема многу што да се објаснува, очекувате помош од баби, а го оправдувате мажот. Тоа кажува многу за вашите ставови и гледишта на светот.
Леле ова последново што го пиша.. Значи убаво те процениле погоре. Никој не очекува дека бабите на кои што им поминало времето треба фул тајм да го чуваат бебето, тоа е реално премногу и треба да се има осет дека стварно е премногу да се бара од нив тоа. Ама да дојде еднаш неделно на некој саат, ако не и е мерак, или да не прифати прифати да го земе детето на 1 час неделно макар и мајката само скролала на телефон не ми е сфатливо. Мајката е твое дете, бебето е твое внуче. Ако не ти е мерак да помогнеш на твоето дете и да го видиш внучето барем на кратко, за мене не е нормално. Не дека немаат право да го прават тоа ако сакаат, ама едноставно е ладно и чудно. А со мажот секако сме тим, не се иззема тој од обврските дома и со бебето, никој не ги правда нив, се подразбира дека сме заедно во се.
Ако се навратиш на мислењата ке видиш дека никаде не се спомна дека е ладно и чудно. Се врти муабетот дека мајките се уморни а бабите ни на видик со помош. Нејсе, не знам колкави деца имате, ама како и да ја свртите, не сте во право. Мали деца имаат денски дремки - имате кога да одморите, пиете кафе, скролате на телефон. Големи деца се самостојни и пак имате време за се. Освен ако немате некој вилает од 500 кв за одржување, просечен стан, едно или две деца, па уште и ако не одите на работа, не треба да се преголем залак.
Да, твоите ставови се крути, и многу кажуваат за твоите гледишта кон себеси. Животот се смени, нашиот живот на млади мајки и жени/татковци и мажи е неспоредлив со почетоците на нашите родители. Се обидуваме чекор да фатиме, да се снајдеме во новиве времиња. Најтешка е осаменоста на парот во сите предизвици, која никад порано не постоела. За работите за кои ти сметаш дека се ту мач, ја мислам дека се нормални да се побара помош од "селото". И не мислам дека е тоа страшно.
Има и такви што сакаме со мажите да "одмориме" заедно Секако ќе чекаш да заспие ама стресно станува како стануваат поголеми
Мене ми е чудно и ладно, тоа е мое мислење. Како судиш кој кога како може да направи, ко божем за себе збориш. Куќава сама се средува, да. И ручекот сам се прави, за јас да лабавам кога спие бебево (што не ни спие без мене до него). Дај те молам. А на работа сега дека одам, све ова дома магично се средува додека сум тука. Дали ти имаш 0 помош? И дали при тоа никогаш не си (била) престимулирана? Само така ќе ти ги разберам ставовиве до некаде. Моето прво дете е врсник со твоето, може и имаш заборавено како е кога се помали.
Точно е дека свекрва ми ни готви. Летово сме во друг град заради работа и правиме се сами - вклучително и готвењето е наша обврска. Ако мислиш на мене, ке додадам дека работиме и јас и маж ми - поради тоа сме и во добра финансиска состојба. Детето поминува време по баби, но секогаш со мене. Откако почна на школо, помеѓу училиште и активности, два пати неделно имаме време за баби - еднаш таму, еднаш таму. Целата логистика и на мене и маж ми. Сам е со нив ако сме ние на свадба.
Многу е лесно да зборуваш и судиш за другите кога секој ден имаш зготвен ручек на масата - за мене тоа е најголема помош, не ми треба друго ни од мајка ни од свекрва. И има разлика од едно дете и две деца, кој како сака нека каже, не е исто ни времето ни обврските. Жени кои имаат помош од мајка/свекрва најлесно знаат да кажат како другите жени треба сами со мажите да се грижат за децата и домот, најгласни се тие
Мајка ми и свекрва ми исто вака функционирање, без помош од селото. Ни јас не мислам дека е страшно да се побара помош. Ни дека не смее или не треба да се бара и користи помош. Но не смее да се очекува помош по дифолт. Вие ги судите бабите кои не сакаат/ не можат да помогнат. Во ваши очи, се криви за преморот освен мажот, вашиот маж и татко на детето. Знам колку и како е стресно. Јас не кажав дека е лесно, ниту ке кажам. Затоа што не е лесно. Моево е 7 години и веруј знам како е. Откако заврши со школо сме во друг град. Целосно, ама целосно сами. И ручекот, кој редовно го имавме, сега е на нас. Престимулирана сум, барем еднаш неделно. Работам од дома, и тоа е еден нов левел на престимулираност. Одиш на работа, оди и маж ти. Затоа обврските се делат на пола. Затоа што семејство се жена, маж и децата. Обврски, одлуки, логистика, тие сме. Не ги судете бабите, тие се најмалку виновни за вашиот премор. Не разбирам, како и да завртам. Океј ви е на јавен форум да растегате бабата што и како правела, не помагала. Ама не ви е океј ако некоја рандом феминка ви долови дека не е бабата крива. Е тогаш јас ве судам.
Можеби ке прочиташ во друго мислење, можеби и не: летово сме во друг град заради работа и сме 100 % сами. На тема број на деца, секој одлучува за себе, колку може, дали може, сака, има трпение итн. Не може друг да е крив за мојата или твојата одлука за едно или две деца. Одлуката едно дете има повеќе нивоа.
Исто и ние не разбираме како и да завртиш зашто си вртиш накај своето, но овде жениве зборуваат за ПОВРЕМЕНА помош, неколку саати, некогаш. Не СЕКОЈДНЕВНА обврска за гледање од - до часот. Има разлика многу!
Пак си ја вртиш водата на твојата воденица Ти си летово само со обврска да готвиш секој ден, некои од жените што пишуваат овде рекоа еден ручек никој им нема подадено, значи има разлика И што има врска одлуката за едно или две деца со (не) помагањето од бабите? Еве ти едно имаш, па пак имаш помош.
Најдовте со кој да дискутирате. Колку сте чудни значи. Многу е лесно секој ден да ти носат готвено јадење, свекрви, мајки и тетки да ви ги чуваат децата додека паламудете тука дека сами сте ги чувале. Абе не сме од вчера овде, со години ве читаме веќе. Не знам кого лажете само
Моето спиеше во раце до 8 месеци, не дека не пробав да го спуштам на кревет ама секогаш завршуваше безуспешно. Подобро ми беше да спие некако одколку никако, признавам дека беше ужасно тешко да си врзан. Е тогаш, јас не можев да направам апсолутно ништо. Гледам вашето е поголемо, па верувам дека некои потешкотии сте ги заборавиле или едноставно имавте бебе што спие добро и не е толку захтевно. Супер е да судиме, а не знаеме кој низ што поминува.
Леле на 20 жени(мајки во случајов) што дошле на темава да се испразнат, па макар и да им(ни) се очекувањата големи од баби и дедовци , ќе се најде една да оди контра . Факт е дека на сите ни треба time off, ама да не е од партнерот. Друг е проблемот каде што мажот не е доволно вклучен во обврските околу домот и децата. Ама нели и родителите наши имаат очекувања од нас, така и ние од нив. Никој не збори за тие да ни бидат слуги.
сега искочи дека сами сме си криви шо имаме две деца се погоди тебе да те цитирам затоа што и јас тоа сакав да кажам, дека има огромна разлика од едно до две деца, на тие со три капа ви симнувам, јас не очекував ваков умор мислам дека нон стоп нешто правам и нема крај
Охооо па тоа да имам на коњ сум друго нема да ми треба јас ручек добивам кога ќе ме викнат еднаш у 2 месеци замисли дете игра, бебе спие јас место на шпорет на +50степени нозете у вис
На крај испаѓа дека сум во право ама вие не сакате да признаете. Престимулирани сте од икс работи, и верувам дека сте. Ама фрустрациите ги лечите на погрешно место. Ни јас сум ви крива, ни бабите. Бабите ли се криви што не им подале ручек или мажот кој не сака да зготви едно јадење? Ти напомена дека две деца се потешки за чување од едно. Јас тоа никаде не го оспорив. Ама не знам ни јас како е поврзано со помош од бабите. Имам дете кое е темпераментно за 3. Добар период дневната дремка беше кај мене во раце. Дневна дремка воопшто нема од 2 и пол години. Значи од 9-9 е активен. Плус нејадач добри 3 години. Ако нешто беше лесно, тоа е доењето. Јас не судам, како не разбирате. Јас вам ви велам да не ги судите бабите ако не помагаат. Зошто не помагаат е нивно. Ако некого судите, тоа треба да е мажот кој не готви, не чисти дома, не средува алишта, не чува дете.