Разбирам јас добро за што се збори. Се ставаат на тапет баби, па се разглаба дали работеле, дали биле во пензија, зошто не сакале. Проблемот е што се очекува од баба по дифолт да помогне. За мажите се има разбирање и оправдување. А за личност која е пред или во пензија, која патем свои деца изгледала, не. На крај испадна и дека ручек никој не им прави, 365 дена се тие задолжени за истиот. И тука е бабата крива што не прави? Или мажот можеби?
Никој не рече дека се задолжени. Во мое семејство правиме јас и мм ручек. Кажувам сигурно е топ да ти готви свекрвата ручек и да не се мислиш што ќе јадеш денес, да планираш одвечер да прајш да главиш до 11 ноќе наместо да легнеш или сабајче во 5 пред работа итн. Тоа по мене е најголема помош што може една мајка да ја добие. Имаш среќа искрено алал да ти е со таква свекрва. А сега извини не' ние со 0 помош да продолжиме да си се жалиме, тешко да моеш да разбереш како е
Дај жити се исклучи се од темава. Не сме тука за судење и оправање криви Дрини. Не не читај и нема да се нервираш.
Што се фати за мажот жити се. Кај прочита ти жена од маж да се жали сите помагаат колку можат. Твојот ако ескивира па си исфрустрирана жал ми е ама ние не можеме да ти помогнеме. А и што ти е па тебе гајле кој што и од кого очекува. Гледај тебе мажот да ти се најде, да не замараш баби ко што очигледно од пишувањата погоре ги замараш и тоа редовно, за нас другите не бери гајле, дали сами или со бабите и ние некако ќе преживееме, ќе најдеме начин да лежиме со 4 у вис да скроламе на телефон.
Не судиш ама заклучуваш дека не е преголем залак и дека имаме време да одмараме. Супер што ти се погодиле мажот, детето и свекрвата, ама ако нешто научив откако сум мајка е никогаш ама никогаш да не претпоставувам дали нешто за некоја друга мајка е лесно или тешко. Сите имаме различни деца, различни работни обврски, различни карактери. На некои им е полесно да се справат со предизвиците на некого му е потешко. Не ми е јасно зашто се расправаш со сите да докажеш дека си во право, кога никој ни тебе знае како ти било, ниту ти на некоја знаеш како и е. И да, може не треба да очекуваме помош од баби по дифолт, ама баба да не сака да си види внучиња да помине време со нив мене ми е просто несфатливо. Јас немам родители, нема ни маж ми. Ама имам цело село за помош во голем дел од времето, и целото село после поише од 3 саати е преморено од нив Веројатно не сме сите издржливи како тебе, и ок е. Ама не шетај по темиве само да се докажеш колку си најМајка
Целосно погрешно го тераш муабетот за мажите. Не прочитав некој да се пожали дека мажите ништо не прават. Едноставно поголем дел од денот мажот е отсутен. Помошта е потребна тогаш, не кога тој е дома. А и да е дома и да се добие помош, не е дека мажите се роботи и нив им треба оддишка ко на сите. Ти ја добиваш би требало да знаеш. Се ова мојот прави и пак не се постига и тоа научивме како да се организираме максимално. Како да ти кажам, немаш темпераментно дете за 3, немаш појма како е со 3 темпераментни деца, како што јас немам појма како е со 4. Помош не ми треба кога маж ми е дома, напротив ми треба кога не е. Иако научена сум сама и многу свесна дека немам друга опција, исто како што знам колку многу малку помош од страна некогаш би ми значела премногу. За другото се сложувам. Деца не се праат со очекување дека некој секогаш па и повремено треба и мора да налетува. Решаваш да имаш деца, стискаш заби и тераш сам. Ако се погодат бабите супер, ако не, тоа е тоа. Ама пак, секој има право да се испука макар тоа и да е неразумно некогаш, пошто да си осетила што значи престимулираност како што збориш ќе знаеш каква е потребата некогаш само да се истресеш и не секогаш има потреба од длабоки прозивки за истото.
Ни криви ни должни мажите наши го изедоа ) Нејсе, нека се стави крај на темава ние другиве тука си се разбравме и еве утре СВЕКРВА МИ ќе ја чува 2 саати за јас да се фарбам и депилирам, може требаше да закажам мм кога ќе се врати од работа, грешник сум )
@MilaSs12 може еден медал да добиеш од име на сите мајки што рековме дека ни е чудно баби да немаат желба и мерак да чуваат внучиња бар еднаш неделно, никој не очекува да трчаат 24/7 зошто неколку пати спомна стари се бабите. нит сум те сретнала по други теми ништо ама мислам дека не си кул и ако можеш се сам(не знам ни дали можеш, не сум те читала) ама може еден медал еве форумски да добиеш.
eee, јас минатиот месец си ја носев и на фарбање со мене, си ја држев во раце едно два саати таму, се утепа од вриштење
Фарбање не е неопходно, можете бели да шетате. Исто и без депилирање се преживува. Нокти да не коментирам ич . Ај доста е веќе стварно јас прекинувам хахаха
Интересно е што, бабата да побараше од вас, поточно да очекуваше, да и помогнете со чистење, јако ке удревте со конентари. Пак ке кажам, жена пред пензија, која работи, исто така има обврски дома, плус има години. Жена во пензија е во пензија, и ако вие сте преморени од децата, нив сигурно не им е полесно. Се согласувам. Секоја помош е добредојдена. Ама никоја од нас не треба да ја очекува по дифолт. Нема да се исклучам од темата. Јас од маж ми не сум исфрустрирана. Ниту од бабите. Но, да бев престимулирана од ручеци, немаше да гу оговарам бабите по форуми, туку маж ми. Овде некои членки се жалат јер бабите не помагаат. Значи, мајката која е многу помлада од бабата е уморна, мажот исто преморен, а на крај, бабата е таа која треба да помогне. Логика тука нема. Можеби за таа баба, поминување време со внуци не вклучува правење ручек, не вклучува екстра активност. Некои членки велат секој ден ручек правеле. Каков заклучок може да се извлече, освен дека само тие се задолжени за истиот? На тема број на деца, како би можела да знаеш дали моето едно дете е навистина темпераментно за 3? Не можам се сама. Затоа имам маж, па се снаоѓаме. Имам јас баби како поддршка, но немам очекувања кога е во прашање помош.
Не може сама со 1 големо дете и зготвен ручек од свекрва. О боже. Немаш очекувања зашто они секако ти помагаат. Приповраќа ми се од вакви мајки што од сите страни имаат помош, ама по други маваат ако сакаат барем малку помош
Не знам еве, мене психата ме уби после двете породувања, посебно по второто. Не можев да се извлечам да се истуширам, ама буквално. По цел ден плачев со две деца залепени за мене. Дење плачев, ноќе плачев, не знам ни сама како истуркав. И да се јавам на мајка ми да ѝ речам дојди, ми треба помош и да не дојде? Шо ви е бе луѓе, не можам да замислам такво нешто. Не ми треба ни ручек, ни деца да ми чува, ништо. Само да е тука за мене. Секој ден доаѓаа со татко ми, само да ме видат, да поиграат со децата пола сат и толку. Мене ми значеше премногу, светла точка ми беше во денот. Сега е сама, еве денес ѝ се јавив зашто имам премногу работа, ако може да дојде на еден сат да поигра со децата. Одма фати такси. И не зашто јас нешто очекувам од неа или пребарувам. Туку затоа што и јас сум нејзино дете. И јас сум тука за неа подеднакво, не затоа што таа има преголеми очекувања туку затоа што јас ја гледам како мајка. @MilaSs12 ај објасни ми те молам, ти го гледаш син ти прекрасно, се грижиш за него. Кога тоа ќе престане? Кога доаѓа моментот кога ќе му речеш сега не барај ме и немај никакви очекувања од мене, сам соочувај се со сѐ? Ќе порасне и ќе му речеш ете те изгледав, сега ќе се гледаме повремено?
Луѓе се' би дала да имам помош околу децата ручек... Со мм сме сами со трите деца ( мали).Изборот е наш точно, никој не ни е крив што ни е напорно,тешко,голем предизвик е да се чува деца без никаква помош. Мајка ми е во друг град помага,ама не ми е на лагер кога сакам. Ручек правам одвечер ,зошто после 15ч не може ,им се јаде Мм не готви ама затоа средува др.работи низ домот. За да одиме некаде секогаш имаме план А ,В ,па и Ц... И не ,не е исто е 1, 2, 3 деца..плус и ручек направен и пак да се жали некој дека неможе се сам. Ама да сме живи здрави..ќе пораснат ,се надевам полесно ќе е. Ајде да си пивнам кафенце...
@MilaSs12 колку сака нека е темпераментно, едно дете е едно дете, три деца се три деца. @LivingGlam гушка за подршка, иста сум и јас, навечер плачам, кога ќе се погоди маж ми да е продолжени викенди на работа, или по две смени цела недела и никој нема да дојде барем муабет да си поправиме значи не можам да издржам посилно од мене е, ќе земам ќе си се изнаплачам.
Да и? Зошто коментираш кога апсолутно немаш појма како е да смислуваш план за цела недела унапред што ќе се јаде, па да се испазари, па да се организирате кога да се готви, оти не е само ручекот, треба и други обврски да се завршат, значи со помош и подаден ручек појма немаш колку енергија и време се троши на истото кога е на тебе и каква помош е кога некој ќе те одмени бар еднаш. Види, не можеш со мене да ги дискутираш очекувањата, прва сум за тоа дека деца се гледаат од родителите и родителите само, а не остави на бабите и терај живот ко пред деца, ама апсурдно е и да не очекуваш сопствената мајка па и свекрва која е исто така мајка, да не ти се најдат кога навистина ти треба. Тоа не е нереално очекување. И да, знам, оти имав едно темпераментно дете, сега имам 3 темпераментни деца и не постои таква мерка дека едно е колку 3. Еве сум. Оваа година ми е исклучително тешка психички, никогаш потешко не ми било. И ја преплакав. Врвот на умор, неспиење, престимулираност, фрустрираност, па уште и се фатив со еден проект, испукав по шавови. Денеска, разбудив деца, спремив појадок, спакував, разнесов едниот во школо, другиот во градинка. За назад поминав педијатар да однесам урина од средното оти вчера не сакаше таму да мочка, до аптека, па до супер маркет. Дојдов дома пуштив машина и почнав да ја чистам кујната оти да може да збори ќе почне да ме пцуе. Извадив се што можеше да се извади измив и пребришав со бебе што на секое ми виси на нога или ме тегне или нешто сака и само кенка и ништо никогаш не му е погодено… и пред да почнам да враќам назад се по висачи решив да пијам кафе набрзина. Го видов бебули заигран во детска а знам дека ако седнам одма ќе ми се обеси и таква залетана да претрчам во дневна да не ме види.. не видов дека пред кујната ми наредил количиња. Како се сопнав и се залепив долу.. кафето отиде пола на под пола на ѕид, мобилниот ми летна дури вдневна ама фала богу не се скрши, не знаев зошто попрво плачам, што коленото ме болеше ко некој да ме боде со нож, што ја скршив омилената чаша, што си отворив уште работа. Липтав 5 минути ко мало дете. Се собрав станав, немам кому да се јавам и дете да оставам и ручек да нарачам ко Мила. Ми помина. Имам еден куп обврски немам време за тоа. И одговорно тврдам дека нема мајка што не може сама да изгледа и 5 деца. Ама има ситуации кога помош е навистина потребна. И не, не е нереално да се очекува од најблиските да ускочат во такви ситуации. Сеа бебули заспа, ја имам алишта за префрлање во сушара, да ја завршам кујната, па да одам по децата. Ако се прашува Мила кај е маж ми, на работа е. Ќе дојде дома, тој готви денеска, па ќе усиса, па вц-ата се негова одговорност, па ќе ги преземе децата. Па јас конечно да земам оддишка, можеби. И толку од мојот “одмор”. Стигна достава и ѕвончето го разбуди бебули. Сега морам да сум до него и тоа автоматски значи дека сите планови ќе се издолжат. Бар во мојов реален живот така бива.
Ooo колку пати сум плачела..преплакала...ама кога ги погледнам како сите 3 си спијат мирно,безгрижно...а се боревме за ова со години...соберам сила за утре јово на ново се од почеток. Една виртуелна гушка до сите.
Мајките кои имаат помош од баби дедовци макар и на пола саат во ден, благословени се. Не знам дали на секој му е јасно, ама да се во обратна ситуација ќе видат колку уствари значи тоа. Камо да беше мајка ми во ист град со мене. Скоро две години има како имаме дете. Мајка ми е точно 1 вечер спиена кај нас, утре дента беше многу рано на контрола. Свекрва ми дојде еднаш на три дена кога ќерка ми беше 2-3 месеци, и ич да не доаѓа. Седеше со прекрстени нозе, само нарачуваше да и се прави кафе. Не зеде едно боди да здипли. Ние гледаме скоро секој викенд да си одиме кај нашите. Само тогаш раатот си го гледам, ќерка е 100% на мама препуштена кога си одиме. Хранење, пресоблекување, готвење, заспивање, шетање - сѐ е на мама кога си одиме. Свекрва ми ја чува, не и верувам ич за оставање на ќерка ми. Ама искрено многу често би сакала да е во Скопје, и таа помош да ја имам преку неделата кога сме турбо и јас и маж ми. Некои денови ми е толку тешко. Ама една плачка ќе удрам, и олеснува.
Госпожата имала поддршка од баби, ама немала очекувања Јеботе Амиџе Ова ти е као, имам пари, ама не ми требаат. Епа, браво за тебе! Би ја замолила госпожата да ги остаи нашите мажи на раат. Ако некој некогаш треба да ги мрчи, ние сме тие, не друг. Исто и за бабите. Бабите/дедовците е нормално и убаво да се дел од животот на внуците! И да причувуваат и да им месат кифли, и да ги носат на излети, све! Нема поубаво од тоа да растеш со баба и дедо, викенди кај нив и све! На нашиов Балкан, шо ќе праат баба и дедо во пензија, ако некад не причуваат внуци? Ќе одат на крстарење по еден месец? Ај важи. Турски серии и Лила Сител. Ај ве молам. Испадна муабетов, сакаме да ги мачиме баба и дедо. Па пола стари луѓе плачат што децата им живеат во странство, живеат осамено тука. Ајт.