Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.650
    Допаѓања:
    43.743
    Пол:
    Женски
    А замислите на свекрва и на Мила како и е, жена во години да праве ручек за снаата и синот, да трга пари од пензијата и секој ден да мисле што да и зготви. Мислам, секако не е нејзина одговорност тоа, јас стварно не разбирам како може да си земе таква обврска од нејзиното ценето време, а и здравје и да готве секој ден. Стварно нема потреба да се малтретира жената на постари години, место да си ужива во слободното време. Па и не разбирам младите како очекуваат секој ден јадење од возрасна жена. Толку ли се без срам
     
    На strelec231992, happygirl, Amore.Mio и 9 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    10.997
    Пол:
    Женски
    Чекајте малце, свекрвата и готви, ама сега летоска сами си готвеле и заклучила дека е и е напорно.

    Сама со едно дете да не знаеш, не сакаш, да направиш ручек, или маж ти, не знам како да кажам, ама срамота е. Чекај сине, ќере, баба да видиме што ни зготвила:D.

    Читајќи меѓу редови, членката користи all inclusive свекрва услуги, ама тука ни проповеда како било вчудоневидувачки да имаме некакви очекувања.

    Па жалопојки како они биле стари, не можеле. Голем дел можат. Затоа што кога оставаш дете, не го оставаш цел ден и сигурно не го создава истиот умор, како е кога е по дома, со постојано барање за внимание од сабајле до вечер. Башка децата доста се различни со други, за разлика од кога се со своите родители, па така најчесто дома ги вадат роговите.

    Никој од никого не треба да има очекувања, нели?! И на старите им треба финансиска помош, развозување, друштво итн. Епа не може помагањето да биде еднострано. А факт е дека обострано треба.

    Многу ми е дегутантно да се буниш од својот комфорт, за лица кои ни трошка помош немаат од баби и свекрви.

    Мажите, па мажите. Па не спијат мажите пред врата на черга. Конкретно за мене ќе пишувам. Кој на кого попрво да помогне?

    ,,Не очекувам да ми помага никој, ама си имам секој ден топло манџиче":D:D:D. Комедии.
     
    На merriel0, LadyD, strelec231992 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    874
    Пол:
    Женски
    Ние сме генерација на родители кои многу потешко го поминуваат родителството од многу аспекти.Да имаме можеби интернет,болници лекови,релаксатори ,пелени и чуда не викам не но психичкиот товар е многу голем.Секаде низ светот се збори за тоа колку е важно цело ''село'' на луѓе да имаш околу тебе но не само кај нас е срамота и товар ако очекуваш дека треба помош,притоа сме генерација каде кариера не смее да трпи и си принуден на фактот дека дете мора да ти се навикне на градинка па уште кога вадиш извод за новороденче идеш на упис во градинка зошто така едино можеби ќе ти го примат детето.Од кога стана толку модерно да е срамота да кажеш дека сверква или мајка ти чува дете или дека ти треба помош?Пред некој ден гледам една познаничка на инстаграм со новиот тренд wtf is leaving your children at grandparents for the weekend,а лично знам дека 24/7 луѓево се покрај нејзе и и ги чуваат децата.И што е срамота од тоа што и ги чуваат ,па да мора да лаже и некоја друга реална мајка да прочита и да се чуствува лошо?Што е лошо во растење деца со баба и дедо ?Читаме се и сешто по интернет ,од состави на креми до состав на храна,бараме органско даваме тешки пари за најдоброто ,во исто време сакаме да оддржиме кариера како би можеле најдоброто да го дадеме па и уште на интернет да ти додадат вина за тоа колку малце време поминуваш со детето иако општеството ти наметнало такви стандарди.
    Абе радувајте се да има фамилија до вас.Растењето на дете не треба да е мерилка за тоа дали си подобра мајка ако сами сте ги растеле со мажот или си имала цело село позади тебе,растењето е битно во тоа какви луѓе ќе станат тие деца утре ден и како ќе ги воспитате.
     
    На mKdevojce, fragaria, strelec231992 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.241
    Допаѓања:
    19.195
    Пол:
    Женски
    Леле ама се попаливте на темава.

    Ајде да се навратиме од почеток: јас не тагнав ниту една од вас. Споделив мислење и мој став.

    На толкаво лелекање само вие готвите и гледате деца, не можам да донесам поинаков заклучок. Дури и спомна некоја дека маж и помага, па имам добра идеја со каков тип на луѓе дискутирам.

    Нејсе, моето дете вака да ме растега по форуми, ке знам дека дебело сум погрешила во воспитувањето.
    Плус оговарате свекрви, та во пензија биле а не помагале, та до 4 работеле и можеле ако сакаат да помогнат.
    Знааачи вие за другите знаете, ама некој од страна ви каже дека не е ок да очекуваш од трето лице, и дека не е ок да дробиш по форуми, е тогаш не ја бива. Океј!

    Жал ми е што си била во таква ситуација. И мило ми е што си имала кој да те утеши дека ке помине.
    Ако се вратиш во темава, ке прочиташ многу поразлични муабети од твојот. Да не речам злобни, како тоа може постара жена да го живее животот а да не гледа внуци и готви.

    Супер штом се разбравме и сме на ист став околу децата.
    Проблемот тука е јавното оговарање и очекување.
    Проблемот е ставот дека млада жена има поголема потреба од помош, од жена во години.
    Ако бабата работи, значи оди на работа, плус има обврски околу домот, алиштата, чистењето, ручекот, пазарењето, малтене се како и младата жена. Која од двете има повеќе енергија?
    Лесно е да очекуваш без да земеш во обзир дека и таа баба, од која се очекува нешто, исто така има дом, маж, работа и секојдневни активности.

    Поинаку ке беше, да ќерката/ снаата помага за икс работи, па очекува помош за возврат. Или да ќерката/ снаата готви и праќа јадење секој ден, а за возврат бабата не сака да го причува внучето.
    Исто како што на мајката и е жал за детето, нормално е и детето да има жал за мајката. Особено на наши простори, кај што на 50+ години сите се со некакви дијагнози.
    Мене, да речеме, ми е жал, па им помагам за чистење. Не се заморуваме исто јас и мајка ми/ свекрва ми кога поминуваме со правосмукалка.

    Да се разбереме прво за парите - гратис не ми готви никој.
    Второ, јас не очекував помош за ручек. Понудени бевме и прифативме.
    Добиваме јадење ама помагаме на други начини, должни не сме.

    И кога во еден момент нема да може да ни готви, нема да дробам по форум дека може да готви а не сака. Или како вие кажувате: еден ручек не сака да ми подаде.
     
  5. Mama_na_Darija

    Mama_na_Darija Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2026
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ние сме сами со бебе , обврските се поделени јас кога сум прва смена тој е со неа дома , доаѓам дома он заминува на работа и обратно.
    Детево спие пола саат , не можам во вц да одам од неа , ако се тргнам од соба со друга соба вришти корне.
    Баба ,,сервис" немаме , има денови дома ми е хаос , има денови кога ми е чисто . Денес ќе готвам утре нема да готвам, можеби денес ќе се избањам или пак 3 дена нема и така во круг .
    Овој месец бебето ми сврзува скоро 7 саати спиење преку ноќ, сеуште се буди , 11 месеци има.
    Знаеш како убаво би ми дошло било која баба да дојде и да ми каже Бокаче денес излези јас ќе бидам со Дарија , или седи со Дарија јас ќе средам по дома ќе ти зготвам било што ќе направам .
    Двајцата работиме , Дарија не ми ја примија во градинка.
    Породилно немав бидејќи две недели пред да се породам дојдов од друга држава во Скопје и бев приморана бебе од 2 кила да оставам со татко и за да заработувам и придонесувам за домот .
    Инаку да јас осудувам , поради однос , различни размислување , контрадикторност и многу други фактори кој имаат удел да не сакаш внуче да си причуваш и израдуваш.
     
    На SummerGirl, fragaria, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    2.420
    Пол:
    Женски
    Завршете ја темата со баби не треба да се очекува да помагаат, не и давајте храна, гледате дека денот и го правите.
    Седнува и една по една не цитира од што нема време дека е сама. Нека оди и нека си бара храна на друга тема.
    На кој му се плаче ќе си плаче, боли ме брига кој што ќе каже, посебно па вакви препаметни семајки.
     
    На strelec231992, Anastasia579, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.899
    Допаѓања:
    7.449
    Пол:
    Женски
    На темава, мајка ми пред некој ден ми рече - да дојдеме ама да не сметаме :rofl: па си викам да бе сметате … реално кога никој не се секираше кога ми беше најтешко сега кога е најинтересна и кога прави бисери и ме смее секој ден па и не ми требаат ;) секој своето темпо нека си го гледа ама мајки што спијат и што имаат баби од прв ден вклучени скроз имаат друго мајчинство од моето :emo: друго, не подобро или полошо и тоа е тоа :makeup:
     
    На Mumoftwo30, naturally, strelec231992 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    192.745
    Пол:
    Женски
    Единствен проблем е тоа што некако токму тебе ти е проблем што други луѓе на форум се жалеле од мајки и свекрви. Не знам како туѓите очекувања толку многу ти менуваат тебе во секојдневниот живот во кој се ти е наредено. :?:

    Можда затоа што живееме заедно на светов и сме потребни едни на други да опстанеме? Можда зошто токму затоа и сме опстанале толку долго? Никој не збори бабата да го стави нејзиниот живот на стенд бај и да се посвети комплетно на внуците. Имам јас братучетки, тетки мои им ги изгледаа децата, секој викенд и преку недела, де кај едната де кај другата, душа им излезе. Не збориме за тоа. Збориме за 2-3 часа одвреме навреме кога навистина се има потреба. Кои се жити се тие секојдневни обврски побитни од некој што ти е најблизок? Ете вчера ја чистев кујната, сестра, другарка, комшивка да имаше потреба од помош ќе ускочев, пошто замисли… кујната може да почека некој саат кога веќе чекала толку. Кафето може да почека. Секојдневни обврски може да почекаат и не се побитни од добробитието на друг човек. Ако можеш да замислиш секако. Ако чистење на шпоретот е побитно отколку да помогнеш на сопственото дете кога ментално паѓа, онда ок, твое си е.

    И да, сериозно си потфрлила ако детето утре те растега вака по форуми оти ти било тешко да отидеш еднаш на сина месечина да усисаш кај она што си го родила, пошто ставаш на кантар кој поише се заморува дур усиса. |( Ако дојдам утре до тоа дереџе да и кажам на ќерка ми по постпартум и целиот тој ментален товар по новороденче да си усиса сама оти јас сум постара и побрзо се заморувам и не можам да одвојам 3 саати 2 пати месечно од моето “пребогато пензионерско секојдневие и обврски”, нека ме плукне во фаца. Ма сите тројца да ме плукнат.

    Вака може да збори само некој што не видел како е да немаш ич помош. Еднаш месечно ми треба само да дојде некој да преземе деца и ја да не праам апсолутно ништо. Само да си седиме гушнати со маж ми и да не мислиме на ништо, децата да се намирени. Мозоков да не ми е со милион отворени табови и на кратко да одмори. Толку ми треба да соберам енергија. Ама немам и замисли еве се тера пак. Затоа нема што ти да им береш гајле што се жалеле другите. Ќе си ги изгледаат сите децата вака или онака, остај бар на раат да си се испукаат, иако ти тоа не мораш ниту можеш да го разбереш од твоето удобно катче кај што помош никогаш не недостига.
     
    На merriel0, fragaria, strelec231992 и 20 други им се допаѓа ова.
  9. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Немаш очекувања веројатно затоа што веќе имаш баби како поддршка. И јас немам очекувања за работи што веќе ги добивам.
    Ете јас не велам дека некој ти готви гратис. Ама, зошто ја прифати понудата некој да ти готви?
     
    На forumce, Tasha masha и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.336
    Допаѓања:
    14.533
    Зашто и одговара. За готвење многу значи некој друг да ти мисли.
     
    На forumce и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  11. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Апсолутно млада жена има потреба од помош, особена жена којашто родила, доела, неспиела со години, била постојано болна од вирусите од градинка, паралелно оди на работа, се грижи за дом, готви, чисти и постојано е со дете или повеќе деца дома, и се обидува барем малку да тера нормален живот и повремено да си посвети време на себе и мажот ако остане време.
    Мажите исто го тераат слично овој пат, чистат, готват, учествуваат во домот кој колку може и според договор во семејството, освен делот којшто очигледно не може да го направат дур е детето мало, одат на работа и да и тие се скапани и преморени.

    Не си очекувала помош ама си прифатила. Би ти рекла да замислиш како е воошто некој да не ти понуди никаква помош ама џабе ќе дискутираме, кога имаш нешто лесно е да се земе здраво за готово.

    Обично мајки кои имаат многу помош на моите муабети за тоа колку ми е тешко и напорно ме гледаат и се чудат како е можно. Само мајка што нема помош може да сфати за што зборуваме. Одлично е ако имате помош и така и треба да биде, ама да бидеме на чисто, не ни е исто искуството и затоа коментарите не држат вода.
     
    На LadyD, fragaria, strelec231992 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.740
    Бабата има повеќе енергија!
    Бабата и дедото ги оствариле главните животни задачи: деца, дом, работа.
    Они се во мир.
    Единствена мука може да им е здравјето, и за тоа редовно треба да си одат на лекар (а децата често ги носат!), и евентуално ако некое од децата му е тешко, па и на бабата и е тешко.
    Во таа животна доба, нема секирации. Пензија или некоја год до пензија, уживанција. Има време за плетење, за комшивки, за пазар, за конктактни емисии, за све.

    Стресот е многу поголем кај нивните деца, 30ти, 40ти години.
    Они допрва треба да изнесат деца на пат, да менаџираат брак, да истераат кариери пошто со една плата не се стига (животот е станат скап), да средат дом, или да соберат пари да си овозможат дом, да изгледаат добро, да се видат со пријатели, да помогнат за родителите кога треба, да им искречат, да ги однесат на лекар, итн.

    Аргументите ти се само за инает.
     
    Последна измена: 28 август 2026
    На merriel0, LadyD, fragaria и 7 други им се допаѓа ова.
  13. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    4.801
    Пол:
    Женски
    Не бе, не треба децата да имаат очекувања од родителите, ама затоа пак родителите можат да очекуваат сеʼ од децата - само затоа што ги створиле (не по нивна волја) и ги изгледале. Може Мила има среќа па нивните родители не очекуваат утре да им помагаат за возврат кога ќе остарат. Ама јас знам и такви коишто никогаш на децата не им помогнале а сепак очекуваат дека децата ќе трчаат за нив кога ќе остарат. Скопје може е поинаку, ќе појдат со автобус на лекар итн. ама еве од перспектива на некој што не потекнува од Скопје, безброј пати имам појдено со моите по доктори, контроли и имам дремено пред шалтери и амбуланти за нив. Имам земано и слободни денови од одмор да можам да ги носам на прегледи и ете може кој сака да фрла со дрва и камења на форумов по мене ама да, ОЧЕКУВАМ да ми се најдат и тие кога ќе имам најголема потреба од тоа. И ќе продолжам да ги “оговарам” и за лошо и за арно секојпат кога ќе ми е тешко на душата. Ако некој сака да суди нека суди.
     
    На merriel0, LadyD, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  14. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.740
    Се слагам и само ќе кажам, апсолутно не го доживувам форумот како оговарање, бидејќи сме анонимни тука и ја чуваме приватноста на блиските. Во светот постојат разноразни групи за поддршка, каде што се зборува за односите со блиските. Ние ете го имаме форумов :)

    Јас исто така трчам и сум трчала по лекари за родители, за свекрва, за баби. И за мн други работи за кои они не се снаоѓале во денешницата. Не сакам фала, ништо не ми дужат. А сакам да ми помогнат кога ми треба, многу го ценам тоа и ќе го ценам. Нема поубаво од срце да направиш за твоите, од срце да направат за тебе.
     
    Последна измена: 28 август 2026
    На merriel0, Anie93, fragaria и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    8.373
    Пол:
    Женски
    Не готвел никој гратис :D. Нема проблем, нека ми готви некој ручек пошто ми е може и најголем товар од домашните обврски, јас ќе купувам намирници без проблем :D.

    Жени што имаат помош и жени кои немаат, не искусуваат исто родителство или како да се изразам поарно, but u get the point.
     
    На Anie93, strelec231992, happygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  16. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, за тоа сте/сме фамилија.
    Не можам да замислам да не му се најдам на син ми утре кога ќе треба, само да сме здрави.
    А плус баба и дедо се дел од едно убаво детство, да преспие кај нив или нешто да зготват.
    Со бабата која бев блиска т.е. Ме чувала почина додека бев мала, а оваа што е жива никогаш не ме чувала и ден денес немам никаква конекција со неа.
    Искрено нашите помагаат секогаш кога треба и можат , кога се тука сите работи ми се поедноставни.
    Ама дека не живееме во ист град, огромна уствари неспоредлива е тежината во одгледување деца без една рака плус па макар еднаш неделно.
     
    На EarthFire и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  17. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.740
    На плажа пуна бебиња, родителиве не праиме ич муабет едни со други, еве веќе 5ти ден.
    Дали се погодија дифтари луѓе :Dили едноставно толку ни треба одмор на сите шо не ни е до дружба....не знам, ама смешно е :D
     
    На Harper, LiquidLuna, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    5.322
    Пол:
    Женски
    Јас тука турски научив8) :D
    Машала џаним бебето ти е баш слатко ајде сега пуштај на транслејт да се жалиме како не сме спиени цела ноќ:l:(highfive)
    Со сите деца се игра, сите ги закача им праќа бакнежи, се гушка со сите:emo:

    Прв одмор со бебе, хаос, па убаво, па ужасно, па пренајубаво и така во круг.
    Не чека долг пат со многу попатни паузи до дома, и ептен ми е жал што се решивме за подалечна дестинација се осеќам како многу да ја измачивме.
     
    На fragaria, Eho, Puffy2019 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Јас како будала само ја праќам ќерка (уствари одиме и двете зашто она е срамежлива) за да направам два реда муабет со луѓе :D А во камп сме, се гледаме со месеци, ама не знам зашто на никој не му се почнува муабет (facepalm)
     
    На Anie93, fragaria, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.740
    @Peperutce6 со лесно враќање(fingers) @MariaBouli тука сите баби гркињи ја закачаат, ама нашиве со бебиња шо се, ептен се на "ми нисмо одавде" :D:D:D
    А смешно е пошто скоро цел ресорт е бебиња, една до друга соба, башка све се слуша. Па моево ја заспива татко и' со "Ш Ш Ш Ш Ш", и таман заспало, таткото од другата соба го заспива со "О О О О О",па моево ококорува очи, не му е јасно што се случува :D
     
    На Mimmi39, fragaria, MariaBouli и 6 други им се допаѓа ова.