Ние одиме на одмор за една недела, коски ми се тресат што ќе правиме бебе по пат ако не спие, плаче, кенка, се нервира и се мачи. Не е далеку возење, околу 3 часа ама ако не спие ќе бидат 6 . Не сака да се вози во седиштето, сака враце. Дајте мајки некој типс, кога тргнувате, занимација за во кола?
Ние имаме цел арсенал од тропки, глодалки и шушкави играчки, а кога и се спие, а е кенкава, помага звук од фен на Јутјуб или апаратче со бел шум и други звуци од Тему.
Јас зимав перница за доење за позади, ја ставав во скут на цице да се смири, да дремне итн. Не препорачувам ради безбедносни причини ама нај-сејф ми беше ова од сите не-сејф опции. Инаку, пробај кога ќе тргнете да е тазе добро најадена, ама ептен тазе. Така можда ќе се смири во седиште па ако имаш среќа и да заспие.
Мојата сега почна на 8 месеци да се вози во седиште претходно беше невозможна мисија. За натака поминавме супер си спиеше е за враќање пошто беше дење малку се измачивме. Прво од седиштето се потеше и беше топло иако имаме клима за тоа кенкаше па имав купнено лепеза па ја ладев, па ми ја земаше, носев едно чудо играчки сите ги извадивмез шмукалчиња, цуцли и на крај и дадов да гледа песни на телефон, не сум за тоа, ама не знаев веќе што.
Прв одмор со бебе не знам што да кажам. Идење и враќање беше ок, за враќање малку се измачивме. Нејќеше да влезе во вода, не знам дали се плашеше од брановите ама само што ќе ја приближевме до водата почнуваше да плаче. Само со нозе влезе годинава во море. Песок обожава, се изнаигра среќа не го проба. И како цреша на тортата закачи стомачен вирус толку страшен што завршивме во грчка болница на инфузија, крв и земаа од вена и ја боцкаа во рачето додека не ја погодија мислам дека остарев за 10 години. За инфузија среќа ја погодија од прва. Ќе се онесвестев. Колку жално ме гледаше уште срце ме боли. Среќа нема да памти. Еден ден место на море си поминавме во болничка соба. Фала му на Бога добра е, одморот заврши, дома сме, од вторник ни почнува нов предизвик, градника.
Ее баш ми е жал. Ние тука каде што сме, вилата си има сопствена плажа и лежалки. И сите сме со деца мали, околу 10тина апартмани. И секој ден сме истите луѓе. Скоро сите сме од Македонија и Србија, да сме се договарале и бирале, така немало да излезе. Едно 5-6 пара сме како едно, а сите прв пат се гледаме. Нити лопатки знам каде ми се, кај нас има играчки што не се наши. Ама утре од сабајле пак ќе се на купче сите. Сите деца заедно играат. Кој земе од соба јадење, пиво и сл - носи за сите. Деновите се намалуваат веќе и баш ќе ми е жал што ќе прекине дружбата. Ама дефинитивно одмор со деца е замор повеќе. Вака групно бар се тешиме едни со други хаха.
ние идевме пат од 3 саати - 7 саати, застануваме на секои 10 мин., ама наша грешка беше шо само шо стана наспана тргнавме, тоа беше првиот пат кога бевме на одмор. е од тогаш каде и да одиме ја темпираме околу дремка да тргнеме, ќе отспие два саати и после кога ќе стане пак е малтретажа, не престанува да вришти, сега од Охрид викендов се враќавме спиеше до стража, ама од стража до Скопје не уништи психички мој совет ти е да си тргнете навечер кога спие. јас носам секогаш две кеси играчки, не знам колкаво е бебето, јас на мојата и носам смоки, бисквити, леб нешто тоа одреден период помага, додека не почне да џитка се шо и даваш, вторник одиме пак на одмор, па планирам да тргнеме навечер околу 3, не е далеку, ама стварно не се трпи.
Ја ќе ти кажам дека цело лето сме грчка и сфстив дека србите се најопуштени и деца и мајки и татковци за дружење. Ќерка ми кај и да е ќе почне српски да сврзува се изнаигра со Дуња, Миливоје, Неша и Милица, нашиве не станаа од телефони, демек децава сами знаат да играат
5ипол месеци сме. Пат од 1 час душата ни ја вади, ниедна играчка не не интересира, вришти плаче со се цуцлата лажачка во уста. Ја земам да цица да заспие, се буди секундата ко ќе пробаме да продолжи во седиште, и не се наспива и уште толку се фрустрира . Зборевме со мажот ми да тргнеме ноќе, па ако треба таму пред хотел вкола ќе чекаме дур не примат
Топло и тесно им е во седиштата. Мојава барем е нескротлива и кога спие се врти ко вртелешка. Плус не трпи топло. А седиштата се забарикадирани џабе е се. Јас и ставав и чаршав демек помалку да ја поти, џабе. 10 пати мислам ја препоблеков жива вода беше.
Исто мислам дека србите највеќе му се радуваат на одморот и највеќе уживаат. Ова нашиве или надркани, или повлечени
Тргај ноќе од мајка што оди со бебе сегде еве го 3 години дечко е сега. Јас покасно од 4 сабајле нигде не тргам. Од бебе тргаме 3 по полноќ знам дека до 7 спие и сум раат, после додека се освести јаде игра малку, налку плаче стасани сме. Колку пати у 8 сабајле на плажа сме биле ама поарно у 8 на плажа одколку во кола да ми плаче.
иста е и мојата, само мојата е годинка веќе, ние ќе тргнеме накај 3 па ќе пиеме кафе на плажа, здравје така е планот, иначе не се издржува толку вришти и големата пробува да спие, ама малово ја буди
Јас па немам таков впечаток, малце нешто ќе заплаче некое одма шамарите и по газ. Еден татко баш сега на одмор малата 3год плаче нејќе под туш кога ја фати пред сите што чекавме ред ја изнаплеска по газ затоа што плаче. Ми се згади. Не е прв пар, имам впечаток дека србите уште по старо ју со ќотек тераат. И за телефоните сите што беа од 9-10 год нагоре беа на тел, што ми е нормално веќе и не треба да го гледаме како ненормално. Реално на плажа нема да чита книга на таа возраст, а ниту да копа во песок. Или ќе игра игри ако нема со кој карти пример... Инаку за тргање ние па попладне тргнабме кога беше време за дремка. И нир одморени и децата. Топ се погоди. Во кола жешко не се осеќа, тргнавме накај 12-1 граница се' на се 30мин чекавме. Бебево преспа цел пат. Да требаше да стојам 3 саати на граница ќе с емрднев, така да и тоа глејте си како опција, тој период нема гужви
Не очекував дека првиов одмор на децата ќе ме направи толку среќна ама ептен срце ми се полни кога гледам како се смеат и радуваат на сѐ Напорно е, до нашиов апартман има еден брачен пар со детенце и ги земале и двете баби. Рекоа дека сме или многу храбри или многу луди што сме дошле сами со две бебиња напорно е стварно, посебно што нашиве деца сакаат во раце поголем дел од времето ама не знам, осеќам дека ќе ми биде еден од најубавите одмори ова
Не сум видела нешто такво, иначе за телефоните мислев за родителите. Легнати на лежалка со телефончето и кафенцето и очекуваат сами децава од година ипол да играат, мн незаинтересирани родители видов летово кој ќе им покаже како ако не ние родителите, замоци, торти, сладоледи, форми, сами не се прават треба да ги заиграш
Машала сте ме испотагирале. Како за мајки без помош од баби, доста сте активни. Да не ве цитирам секоја посебно, мојот став е ист: семејство се маж, жена и децата. Разбирање се очекува од маж, делење обврски со маж. Ако готвите 365 дена годишно, фрустрацијата треба да е кон мажот. Не кон бабата на детето. Очекување помош и оговарање по форуми, а патем вие си знаете колку сте анонимни меѓу себе, се ваш стил. Во некој идеален свет, свекрвата, па и мајката, не се мешаат, не кажуваат ставови, туку само земаат деца по потреба. А истата таа жена, да побара помош од вас, ке биде кхм... Премеривте кој колку е одморен или уморен, како треба да го поминува времето и се околу. Во една друга тема, лом ме направивте што свекрвата ми готви, не сум смеела така. Треба да пребарам дали истите членки смениле став. И целата лавина на цитирања без никоја од вас да тагнам, исто говори за вас.
Мила, а оти маж ти не готви ручек ами ја мачите свекрвата, жена во години место серии да си гледа.. Сепак ти, тој и детето сте семејство.