Многу е тешко сами и елајте да ве гушнам. Ама кога ми викаа дека карактер се гради, низ солзи викав не мора. Кој еднаш ја научил дисциплината на организирање, планирање, ручек и домаќинствување за навек ќе ја има. Утре ќе знае како и со внуци, и со покомплексни фамилијарни работи. Ќе го фати мерак и за домашни зимници и за поправка на ствари околу домот. Домаќинлукот и здрава фамилија е света вештина, која не се ни купува, ни продава, со солзи се гради. Во моето скромно искуство на родител, видов деца пораснати кај баби и турски серии, кои биле презаштитени па не оформиле другарства, чиј развој не се следел оти ако не си го гледаш секој ден, не му ги ни знаеш потребите, без здрава близина со родителите и одмор на ексклузивни дестинации не го надокнадува истото. Видов деца пораснати со дадилки, спремен ручек домашен од истата или купен од кујна, иако без присутни баби и дедовци, финансиски најдена заменска помош. Родителите секако не по друго туку вежбање и сопствени хобиња, патувања и маратони, па љубовни триаголници, афери и некоја прелоша фамилијарна динамика во која децата го јадат стапот. Најтешко е ама и најдобро сами чување. Да ви даде Господ сила и утеха, ќе ги видите резултатите покасно. Верувајте и ценете ја жртвата што ја давате.
Од ваквите како тебе жени паѓаат во депресија дека не можат сами да се носат со мајчинството и чувствуваат грижа дали да побараат помош. Те нема стресено постпородилна депресија затоа тука солиш памет. Прекини да се правиш паметна, не си. Да те прашам пак, што ти е тебе гајле кој како живее? Како тоа тебе ти менува нешто во животот? Не се замарај со другите луѓе и не се мешај во туѓи животи, гледај си во дворот. Терај како мислиш не стварај нереални притисоци. Еве јас како стара немајка да ти кажам дека обожавам секогаш кога мајка ми, што е стара жена пензионерка, ќе дојде кај мене и ќе ми прави друштво, мајка ми која ме сака најмногу на целиот свет, доаѓа на 70 години и со задоволство ми помага, јас не ја барам, она сама сака да доаѓа и да ми помогне, безброј пати не ми ни кажал, дошла, знаеш зошто? Затоа што многу добро знае како е да чуваш деца сам. Исто така, сонце ме огрева кога ќе ја видам свекрва ми на врата со тенџерето, денес не треба да мислам што ќе јадеме, мислела она, исто така не сум барала од неа, сама доаѓа знаеш зошто? Затоа што го сака син и. Ти можеш овде да глуматаш колку сакаш. Реална не си. Фејкерица невидена. Лошо е човек да има очекувања, да, затоа што ако не добие што очекувал ќе се разочара. Ама нема ништо лошо во тоа ако имаш потреба да си побараш помош. Порано деца се растеле почесно ама биле 3 фамилии во 2 соби. Лесно е со безброј раце, една жена ручек, една жена чисти, една жена чува деца. Не нормализирај работи што реално не се нормални. Гледај тебе да ти е добро, ние другите исто, дали со или без помош, дали со или без очекувања, наш проблем. И да, имам време да ти вратам, мама е тука, чува дете, а јас? Јас лежам и скролам телефон
Причувување и помош не значи дека некој друг ги расте децата. Луѓе, Балкан е ова Не можеме ние преку ноќ да станеме Америка, па бабите да ги гледаат внуците само на Крисмас и Тенксгивинг. До вчера сме живееле во заедници. Не знам кој нè убедил дека одеднаш треба, или дека е добро, да тераме амерички теркови! Баба ми растела со снаи, золви, јатрви, баби, во една куќа сите на куп. Мачен селски живот, ама заедно полесно било. 8 жени заедно готвеле, чувале деца, чистеле, работеле земја. Нели, домаќински. Е сега, не живееме сите на куп, живееме сами, така ни е подобро. Ама не можеме преку ноќ да се отуѓиме и речеме, ние сме мн јаки домаќини, никој не ни треба! Зашто да не ни треба никој? Што е добро во тоа да не ти треба никој? И како може на Балканов тоа да успее? Ние сме во моментов на одмор, сами, без баби. Полесно/потешко, битно, можеме сами. И дома сме сами преку недела. Ама, 90% од времето кога баба сервис е тука за нас, ние го користиме за да си одиме на дејт! Едноставно, ни треба малку момент сами. Да се видиме еден со друг. Не можеме да се организираме инаку, со бебето тука, не можеме внимание да си дадеме. Мајка ми знае да ми каже, донесете ми го бебето, дотерајте се и искочете! Ние задоволни. Бебе среќно. Баба дедо среќни. Јас лично не планирам да живеам амерички. Да се гледаме само на Крисмас, док се живи и здрави, и док сакаат да бидат дел од животот на внуците и док ги исполнува тоа? Па богатство е да растеш покрај баба и дедо. Не да те пораснат. Да растеш ПОКРАЈ нив. Дедо да те носи на излети. Да те научи да рибариш. Баба да те научи да месиш и да плетеш. Тоа не ли е....домаќинлук?
Успеа да се потапшаш по рамо со генерализации запад-исток. Ако причувувањето е за вие на дејт да отидете еднаш привремено супер значи се разбираме, истиот став е. Ама за да ми контрираш толку погодено ми личи дека ти е за ти на нокти, он во биртија и ти е крива некоја од фамилија оти ручекот бил малку посолен оти нели ова е БаЛкАн и ние сме ФаМиЛија па цело маало треба да го пази детето за да пиеме кафе. Доволно е што немам ни еден позитивен пример за убава фамилијарна поставеност од сите со помош. Како да ти кажам… со ниту едни не би си заменила место… со ниту едни не ми парира муабетот на тема деца, џабе ќе си реплицираме кога различни животи живееме, и ако кажам дека се живее и без дејт со мажот и пак сме среќни тебе ти е?!? Особено се познава неспособноста (ќе бидам брутална) на двајца со мали деца кога не дај боже некој од бабиве/дедовциве кој трчал по нив ќе се разболи, почине, не може да ги слугува. А-у преку ноќ се разведуваат, кај имаат тие видено таква мака, па да знаат да се справат со нормални обврски. Не продолжувам, секој си знае за себе што сака од животецов.
Најдоброто мислење на темава.Да не се лажеме , секоја помош е добредојдена. И јас имам златна мајка и свекрва , што секогаш за се ни излегуваат во пресрет. Мајка ми ради мене, мајка му ради него. Исто и за дедовците, баш сите ни помагаат кога и како можат. Ама истото го враќаме и ние. Плус не можам да опишам колку се среќни и задоволни кога малиша е кај нив или јаде таму. Да сме здрави, еден ден би сакала и јас да помагам така за син ми ( и здравје ако имаме уште едно).
Бебе само што наполни 8 месеци а веќе почнаа прашања: “ уште го доиш?”, “до кога сакаш да доиш?” Изгледа тек је почело
Ние летово завршивме со одмори но еве сега викендов од Охрид на полс пат почна да плаче премногу, еееесвај довозев од Тетово до Скопје, прв пат беше во раце. На 7ипол месеци дечково одлучи дека не дека не сака да е во количк или транспортер а беше наспан пола пат спиеше, нацицан се подмирено негоо, ме имтересира како тргате во3/4? Од кревет во транспортер ги ставате и не се будат ли? Моево нема шанси од кревет транспортер и обратно да заспие….има ли трик некој?
Јас заспан го ставав во транспортер, или ке цицаше и ке го ставев. Сега голем е го земам у раце малку ке се подразбуди, ама продолжува одма штом тргне колата. Ке го поржам во раце додека излеземе од град ставам во седиштето и нема гајле. Кај нас и предност што седиштето се поднавалува па не спие исправен како седнат туку подлегнат.
Се сеќавам еднаш пишав дека свекрва ми ни поминува пред врата секој ден и не застанува да ја види внука и, дали истиов провокатор или друга членка беше незнам, ама ме срози од земја. Срамота. Лечење комплекси на нивоУ.
А што е проблем толку на нокти да се оди . Јас имам "време за себе" еднаш месечно, тоа е на нокти кога одам. Пробав и бебево да го тегнам со мене еднаш, ама не ми тргна. Се друго правам со него. Големото фала богу на школо тргна, инаку запоставен беше цело лето сами дома, бебе залепено за мене, дури и кога спие. И да одбивам помош? Не, ако има супер, ама најчесто нема. И не е за баналните работи што ги набројувате, кафиња искачања, туку за да можам на раат да се избањам, ручек да направам, да исчистам дома, да испазарам за дома, детето големо да го видам асално. Ама не, штом успевам да најдам време нокти да направам еднаш месечно, немам зашто да се жалам, ако ми е се, нели .
Денес бебе ми тргна во градинка, она плаче јас плачам Кога ја земавме премногу премногу плачеше душа моја, ама наводно не била таква цело време туку декс се заиграла и ја земале и затоа ама не верувам како ли ќе помине адаптацијата еве не знам... успат да се надоврзам на мусбетов горе за помош од мама или свекрва, еве зашо е лошо да немаш помош, детето научено само со мене БУКВАЛНО ела па навикни го на друг. Повеќе од 2 саати не била одделена од мене а и кога била тие 2 саати била со татко и, ззначи пак со родител.. свекрва не се замара многу да доаѓа на помош, ние ако одиме кај нив на гости немам збор ја чува ја игра јас тој саат два да одморам ама пак сум присутна и јас, мајка ми не може да доаѓа со сестра ми е 24/7 пошо она е повредена од пожарот во кочани и по дифолт јас немам никаква помош од никој, сама си ја пораснав да ми е жива и здрава. Не очекувам помош од никој освен нели од мажот што е нормално, ама секско дека убаво би ми дошло некој да се сети дека и мене ми треба време за МЕНЕ ТЕШКО е многу поготово со вскво дете живо и темпераментно како моето, ама тоа е. Господ дава сила секогаш Да имав помош од сам старт да се научеше и со други личности ќе беше супер и за мене и за неа ама јбг
ние ноќеска тргнавме, заспана ја ставив во транспортер, се разбуди, ама и дадов шише со млеко и само шо тргнавме презаспа, ова ни беше најуспешно патување до сега освен шо она е сега наспана, а ние здробени
Ауу, добро што ја одбегнувам темава, Не знам зашто сакаме да бидеме запад, Америка и остали срања, ама искрено јас сум пресреќна што сум родена на Балканов. И баш ми е жал што некои луѓе мислат дека е лошо ако очекуваш помош од сопствен родител. Ако не ти помогне тој, кој? Јас знам дека не треба да ги удавам мајка ми и свекрва ми, ама зашто да не ги викнам да помогнат ако ми треба помош. Свекрва ми кутрата 10 јадење готви коа ќе и дојдеме од што и е мерак. Ако не ја види малата неколку дена одма ни пишува да дошла и фалела. Мајка ми па секој ден иде купува пченка зашто ќере и се јави еднаш да и побара...не знам што е тука лошо, тоа е здрав однос. Утре исто не чека и нас, дај боже да доживееме старост во ова лудо време. Јас се би дала татко ми да е жив и 100 пати да ме викне да му помогнам нешто, колку сака да ми е тешко ќе прелетам. Користете го времето со родителите додека го има, после ќе ни биде многу жал.
Абе ајде гони ги и двете. Па што ако идам на нокти? Еве да паднат во несвест идам и на фризер, и на депилација и сега почнав и на третмани за лицето, сакам бе да сум средена, а не на 40 години да личам ко да сум со мајка ми генерација. Едноставно таква никаква веќе не можам да се гледам. Па ако родив не значи дека треба на партал да личам и да не излезам од дома. Осуди од големите мајки. Сами чувале деца, помош не очекувале, помош не барале. Слободно нека бидат робови на домот и детето, сигурно нивните деца ќе бидат подобри од нашите
Не ми се верува дека една тема се разглаба на 5 страни и пробуваме со една личност да си објасниме ставови женска, само не заборавај дека тука не живееме исто мајчинство, воопшто не ти е на место да кажеш дека ќе си завршиме обврски дур бебе спие, па јас да се преиспитувам зошто не можам секој ден да станам и завршам нешто во 25минутната дремка на ќерка ми, којашто сум ја нишкала 40 мин за да заспие И да 90% од тука сами ( читај со сопругот, зошто гледам многу ти е битно тоа) завршуваме се и доаѓаме на форумот некогаш да се испукаме, а и да не се лажеме во ниеден дом товарот не е 50-50 нон стоп, некогаш повеќе носи мајката некогаш таткото. Гледам тебе ти се фатија за ручекот, јас не ти викам за тоа зашто тоа ви бил ваш семеен интерен договор, ама те молам размисли пошироко, ти или сопругот да требало на сите обврски уште да мислите што зс ручек денес и кога да се зготви? Е тек тогаш ќе сакаш некој не мора да е баба, сестра брат тетка да дојде и да поседи пола саат со дете на подлога а ти да можеш да направиш нешто на раат И да заслужено е да направам нокти, да се депилирам и фарбам без бебе како приколка до мене и заслужено е да излеземе двајцата на дејт. Нека си го живее секој животот како сака, и ако тука сме се нашле 5 жени да си се пожалиме од ист проблем остави не јеботе. @hannybanny каков третман правеше? Затоа тебе те цитирав Јас сакам нешто за освежување на лице , а за тело го меркам она rollershape, да не има некој искуство?
За почеток правев хидродермоабразија малку да го освежам и исчистам лицево, следно се договоривме да почнам да правам анти ејџ третмани, имам една брчка на челото страшно ме нервира а мразам игли да се боцкам, па за сега да терам вака. Пред да останам трудна ептен си водев грижа за тело и лице, како ми рекоа дека треба да лежам а и после пораѓај престанав да одам, сега 18 месеци потоа време е за пролепшавање
Немав намера да испровоцирам вака огорчен одговор, па и малку обид за навреда (?), мојот коментар не ни беше контрирање во права смисла. Уживај си, и јас веќе немам што да додадам
Нова сум на форумов, и дојдов главно за споделување совети и искуства со мајки што биле или се во слична ситуација како мојата. Несомнено е дека ќе имаме различни мислења на теми. Имаме и различни искуства, затоа што сечија ситуација и бебе се различни. Кое спиело, не спиело, јадело, цицало, фрлало тантруми во кола… Ама она што верувам дека е слично, е фактот колкав предизвик е мајчинството (родителството, ама дека фемина е форумов, па пишувам мзјчинство). Во свет каде што сме преплавени со информации како треба или не треба, и целиот интернет ти суди како го растеш детето, овие форуми сметам дека се баш спротивно, за поддршка, па и за вентил кога немаш каде да се испукаш. Често ќе прочитам нешто што е дијаметрално спротивно на мојот став, и ми доаѓа инстинктивно да кажам јас што мислам. Бројам до 10 и ми проаѓа . Си викам, дали реално ќе помогне тоа што ќе го напишеш или ќе изреволтира мајка што е секако при крај со нерви. Најчесто е второто. Поздрав до сите и особено длабок поклон до мајки на две или повеќе деца, независно дали имаат или немаат село позади нив. И уште нешто ми текна да кажам. Досега си погазив барем два-три цврсти ставови што ги имав пред да станам мајка, или пред да ми дојде одреден предизвик на ред.
Маж ми готви летово. Свекрва ми готви затоа што сака. Ако во некој момент каже дека не сака, нема да ја оговарам по форуми. Прво, јас никаде немам кажано дека е лошо да се побара и прифати помош. Напротив, велам дека е убаво. И треба да се прифати. Но, не треба да очекуваш дека по дифолт мајка ти или свекрва ти ке сакаат да готват. Ако ти си преморена од готвење, кривецот е мажот. Кога маж и жена делат обврски, се е полесно и поприфатливо. Не знам дали вие не умеете да разберете или не сакате. Оставам на вас.