Ме интересира мајки што сте на 2 деца, второто дали се родило порано у смисла 36-37 недела или нема врска што е второ дете Пошо сум трудна со второ и ептен нешо ми се навртело у глава дека пошо е второ дете може порано да искочи
Мислам нема врска, не од лично искуство оти едно имам само и тоа предвремено родено. Ама имам блиска со прво предвремено, второ 39+ недела. Верувам на форумов има најразлични случаи.
Јас првото го родив во 41 недела со совршена бременост. Второто требаше да лежам цела бременост заради серклаж, и на крај ни на тоа не му се излагаше. На мое барање ме породија со царски во 38+6 дена пошо пукнав од што не можев веќе да бидам трудна. Така да не значи апсолутно дека побрзо ќе излезе вториот пат.