Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.299
    Допаѓања:
    7.631
    не е до тебе, цела куќа ја носиме, шишиња, пелени, подлоги, влажни, млеко, тон сирупи, топломер, ќебенце, тетри, цел куфер алишта, играчки за по пат, кашички, шмукалчиња и за големата исто куп ствари. јас и маж ми се пакуваме во едно мало куферче и на крај не не собира во кола, а имаме баш голем ѓепек :D
     
    На Eho, Bibsss, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    1.751
    Јас знам дека многу ќе тагувам кога ќе дојде моментот за враќање на раб, не сме се одделиле повеќе од саат/два до сега, макс. Абер нема да намали со цицање плус, и покрај храната.
    Ама и се радувам на враќањето, мислам ќе биде тоа добро за мене и за неа.
    Испомешани чувства.
    Ерика ја прашав дали си ја сака работата, дека немало проблем кога детето одело градинка, а таа не работела. Проблемот почнал со работата. Така сфатив.

    Ок е да не сакаш да одиш на работи, а да си со детето дома.
    Сите веќе знаеме колку работа има и дома со дете, со домот, со све :)
     
  3. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    1.751
    Исто, цела куќа ја спакував и плус се искаравме пред тргнување околу спремањето :))))
     
    На Eho, Anie93, DELFINA81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    9.233
    Пол:
    Женски
    Не работев бидејќи имавме долга адаптација не остануваше со спиење. Кој би ме вработил така? И тешко ми одеше вработувањето бидејќи морав да барам работа што се усогласува со градинката.
    Сабајле немав кој да ја носи тоа многу ме кочеше или викенди и верски празници кога не работи градинката немше кој да ја чува.
     
  5. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    3.012
    Допаѓања:
    12.409
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секое второ македонско семејство пред тргнување на одмор прво се испокара,тоа за да крене одморот како што треба.8)8)8)
     
    На Eho, Carolin., Anastasia579 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    ЛЕЛЕ јас порано цел живот сум пакувала ЦЕЛ плакар... И на крај ќе окапам во 2 фустанчиња xD
    Ама сеееееега е друг муабет, гледам да сум оптимална и едноставна. Еден куфер носевме и јас и беба, од кој пола беа постелнини, тетри, пешкири, а другата половина мои и нејзини алишта. 4 дена на едно место па 6 дена кампување, со едно пуштање машина на 4тиот ден таман ни дојдоа. Освен куферот носев и една торба, пола торба несесер со Аптека, пола торба занимации за беба. Најубаво и наједноставно е со листа :) ....Ама џабе и листа и све по список си имав пишано тип топ, јас пак анкс до даска и крв од нос ми течеше xD Тоа чуство само да го победам понатака, ако имате хинтс споделете ^^
     
    На Carolin. и Harper им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.059
    Допаѓања:
    11.394
    Со едно дете сме. Багажникот од 530 Л до горе е полн, плус имаме туле на кров - и тулето е фул. Совозачко дека не седи никој, и таму е начукано ствари. :D Во моментов си одиме накај дома и не знам како ќе се распакуваме. :D
     
    На Carolin., Anaroz1 и Harper им се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    2.388
    Пол:
    Женски
    На темата пакување значиии не е до мене ме утешивте. Џабе ми трубеше мм дека сум претерала кога во еден голем куфер и два мали ранци не спакував за одмор од 10 дена тројцата :?:
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.059
    Допаѓања:
    11.394
    За ова те молам следен пат сними видео how to pack. Јас стварно не знам каде грешам. :D Од што сакам да ми е се' организирано, да имам сѐ што може да ми треба - не можеме саат време да ги стокмиме работиве во кола да ги собере. Да треба со авион да одиме на одмор, не знам што би правеле. :D
     
    На Eho, Harper, Anaroz1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    2.388
    Пол:
    Женски
    Хах искрено сфатив дека стварно сум трупала беапотребни ствари претходните патувања а и летниве алишта не фаќаат премногу. Зимоска бевме со кола и плус земавме туле и мислам на раб на развод бевме со мм ради се што испоспакував хахахах. Саат време го редеше тулето кутриот. Сега дека со авион бевме намерно однапред букирав само еден голем куфер (плус двата ранци што следуваат со WizzAir и едната торба за бебе што заборавив да ја спомнам) и знаев дека тоа ми е просторот па фино лепо си враќав пола купови алишта назад во плакар на сред пакување кога сфатив дека нема место. За секој имав по третина куфер, плус ранец со играчки и ранец со некои од алиштата што може да се напикаат во ранец (чорапи, веш, купачи…) и тоа беше тоа.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    дали ми следи торбата со бебе да ја качам горе? Јас месецов ќе патувам со авион исто намерно букирав еден 10кг куфер и два ранци ама сега за торбата ме просветли дека и таму можам да набуткам работи :)
     
  12. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    2.388
    Пол:
    Женски
    даа торбата ти следува во визер и во неа можеш и течности да носиш без проблем и грицки. Јас пример носев чај, шмукалчиња, смоки, бисквити, вода во шише за ништо не ми направија проблем
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја качиш горе и најчесто не те проверуваат детално кога си со бебе во однос на димензија/тежина. Ние кога патувавме јас за бебе имав куферче мало точно по димензиите за визер и во него имавме облеки и други реквизити а храната и водата ни беа во друг ранец со напукани ствари од мене и од мм ама беше доста поголем од дозволената димензија. Си го туркав долу во количката кога поминував на гејт и не ми го ни погледнаа. Уствари двата ранци за нас беа доста поголеми од дозволената димензија. Не тврдам дека секогаш функционира ама со бебе кога си не гледаат толку.
     
  14. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    како ти помина летот со бебе? Мојава ќе биде 7 кога ќе одиме, претпоставувам на полетување и слетување да давам да цица и да ја облечам со плус еден слој поради клима во авион? Краток ќе е летот 1.5h
     
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Кога летавме беше 5 месеци и супер поминавме на 2ипол часовен лет. Цицаше на полетување и слетување. Му имавме земено и антифони ама не ги искористивме и немаше ни потреба. На враќање така така дека подоцна беше летот и малце изморен повеќе негодуваше ама не беше нешто особено немирен. За облека да, земи нешто за над облеката што лесно можеш да го соблечеш ако има потреба и за тебе маичка резерва ако те поврати и сега дека е поголема и нешто за јадење плус :D и играчки стандард. Исто ако прифаќа цуцла можеш и цуцла да дадеш на полетување и слетување ако не сака да цица.
    Ние за скоро на речиси 8 месеци ќе треба пак да летаме искрено се плашам повеќе од првиот пат, детево не застанува многу е пргаво не знам како ќе го додржиме.
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    8.413
    Пол:
    Женски
    Маж ми само едниот куфер го поткрена и се скаравме оти тежок е ко олово, камења дали сум носела :D
    А тек ко ќе дознае дека имам уште 3 ранци, торба за бебе и најлони. :rofl:
    Плус тој што ќе си спреми за него е башка.
     
    На Anastasia579, Eho и Anie93 им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.867
    Допаѓања:
    9.893
    Пол:
    Женски
    Првиот одмор за 5 дена наполнивме ѓепек од кола, покрај и околу седишта внатре додека имаше празен простор.
    Следно веќе почнав да намалувам.
    Тек пак кога сме ограничени со простор, знам и во ранци да се соберам за сите.
     
    На Anastasia579, LadyR, dummy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    7.500
    Пол:
    Женски
    Од 20ти мај до сега 7пати се спакував и се распакував, до крај на септември седам сега и кога ќе се вратам не знам како ќе се испереме :whew: ај напорно одење-враќање цело лето ама ова пакувањево на живци ми иде па да препереш да да испеглаш на жешково ајјјј си отворив маки што не знаев дека ми постоеле во животов. Прекрасно ми е летово ама за пакување и ја сум тапа :( ај за ќерка ми што ќе земам све ама и ја со 3 несесери сум да ме земе човек да ме утепа (facepalm)
     
    На Anastasia579, Vegegirl и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    2.388
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе ти треба плус еден слој пошто рачунај во раце ќе ти е цел пат и ние бар си се потевме двете дур ја држев на секој од летовите до сега. Сега кога се враќавме ќерка ми и чорапите си ги соблече и беше боса и така си спиеше. Ти имај нешто за одзгора ако затреба ама не облакај од старт. Ама резервни алишта и за тебе и бебе обавезно, убав совет ти даде другата членка. И да обавезно цицање/течност во шише на полетување и ако е будно и на слетување, ако спие нека си спие
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Ние утре си одиме и сега треба да ги пакувам работите, искрено не знам од каде да почнам па си направив кафе и си го пијам на тараса :D нема да ми ги здипли алиштата ова ама барем психички ќе ме спреми.
    И сфатив дека за навака кога се пакував сум била под возбуда, само тоа ми е логично оправдување за сѐ што имаме земено. Алишта на децава ставив во еден огромен куфер, маж ми во една торбица ги спакува неговите, а јас моите во торбата за на плажа :tmi:

    Сигурно нема потреба да пишувам дека децата пола од работите не облекоа, само ги прошетавме, ја земавме подлогата за играње со нас, базенче, четири гуми од кои две не се на надувување и баш место ни зафаќаат.
    Колата беше преполнета, игла немаше кај да се фрли ама буквално. Па со цел памет земав рачен блендер, нивното ѓезве и тенџерче. Погодувате, ниеднаш искористени вториве :x
    Ама тоа е, да имаме за секој случај и трупаме сѐ, после ќе се чудиме за враќање.

    Инаку одморот ни заврши, колку и да ни беше без застанување цело време, не ни сѐ враќа. Децата сменија средина и мислам дека баш добро им дојде.
    Во вода првите денови сакаа само, после не, најверојатно им беше поладно. И гумите само ги прошетавме, не ги сакаа воопшто. Од трева и песок креваа ноџиња ама за брзо се опуштаа.
    На плажа го крадеа целото внимание, сите доаѓаа да им направат муабет, они па се смеат, прават браво со рачиња, мавтаат. Знам дека ништо од ова нема да памтат ама се надевам дека им беше убаво и на нив. Враќам филм дали можеби нешто требаше да направиме поинаку и ич не сакам кога се осеќам вака.


    Очекувано ми беше да не им се смени рутината тука, си заспиваат во стандардното време па само два пати успеавме да се организираме со вечерни прошетки. Мислев дека ќе спијат на плажа и знаеа да дремнат ама ептен пократко од колку во смештај пример, си сакаат комоција на кревет испружени и потивка средина додека спијат.

    Кафе допив додека пишував ова, сакам да ми остане тука мислењево, сега одам стварно да пакувам работи :o:
     
    На fragaria, Dohrnii, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.