1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.644
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Знам дека секое бебе е различно но да ве прашам, вие што имате бебиња околу 8 месеци а се само на доење, по колку пати стануваат навечер? :D
     
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    5-6 пати сигурно стануваше тогаш, па се до скоро. Рандом вечери, заби или скок и на 40 минути се будеше.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.896
    Допаѓања:
    16.281
    Пол:
    Женски
    Мојата не стануваше, зашто ги скративме нокните подои, со цуцла ги заменивме.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    4.802
    Пол:
    Женски
    Кога не му давав воопшто адаптирано се будеше и по 5-6 пати. Сега почна откако ќе заспие прво будење во 1 и малку ќе цицне одма заспива. Следно околу 4 ама тогаш е гладен и гледам дека не му доволно зашто продолжува да бара и после 4 на секои 45 мин станува па некако со сила ќе стигнеме до 6 саат и толку е од спиењето. Пробав еднаш му дадов адаптирано откако се нацица и спиеше до 7. Од тогаш му давам адаптирано во 4 кога ќе стане и си спие до 7-7 и нешто така што сме на 2 будења најчесто а јас сум каде каде понаспиена вака.
     
    На Anie93 и Anastasia579 им се допаѓа ова.
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.743
    Обично 2 пати.
    Сега ја фати неколку дена плаче вришти во сон на секој пола саат и само цице ја смирува. Заби нема, дали нешто сонува, не знам. Ќе видиме како ќе тераме :)
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    3.395
    Пол:
    Женски
    Мојата на таа возраст стануваше на секои 40 минути. Од 9ипол како ќе заспиеше до 6ипол сабајле (тоа и беше макс)
     
    На naturally и Anie93 им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    2.714
    Пол:
    Женски
    Пред да наполни 8 месеци знаеше да спие цела вечер без да се разбуди. Во 8 месец кога е и 6ти скок знаеше да се буди на 3-4 саати, али не му давав да цица на секое само еднаш во текот на ноќта. После скокот пак си врзува цела ноќ.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Женски
    Како успеваше во тоа? Како го презаспиваш?
    Јас мислам дека ако не дадам да цица ќе треба пола вечер будна да седам.... станува мн често од малечка сега е 6.5 месеци
     
    На Mrs.Cuper, EarthFire и Bibsss им се допаѓа ова.
  9. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Не се активни темите за подароци за роденден па тука да прашам. Да ми дадете некоја идеја за корисен подарок за девојче и за машко за 4 години. Не сакам алишта да купувам ќе добијат едно чудо. Нешто што ќе им треба и ќе се користи.
     
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.912
    Допаѓања:
    2.714
    Пол:
    Женски
    Едноставно го земам во раце го гушкам да се смири ако плаче или кенка. Спие со цуцла, без нејзе неможе да заспие, му паѓа од уста кога цврсто ќе заспие. Ако му е падната, а се подразбуди му ја ставам во уста и се смирува, или сам си ја наоѓа и ја става во уста. Има три четири цуцли во креветче со него. Или го легнувам до мене го држам за раче, јас мижам божем спијам ме гледа и така заспива. Се е до детето, моево е спанко уште од новороденче.
     
    На Anastasia579 и Anie93 им се допаѓа ова.
  11. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Велосипед, тротинет, инструмент, ако ти е за поголем подарок.
    А за нешто помало, сложувалки многу редат во тој период.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    241
    Мајкички мојава девојка денес си напраи неколку чекори сама накај татко и, а ја гледам и од гарнитурата како што оди на неа сака да се пушти сама ама уште се плаши, мислам декаа за брзо ќе прооди па сакав да прашам што се прави како се прави вака колачиња блага погача не знам упатете ме :D
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.009
    Допаѓања:
    9.451
    Пол:
    Женски
    И мојот така се пушта по малце ама не го сметам за прооден. Кога ќе почне да оди повеќе сам без да не бара нас за раче, тогаш ќе речам оди. И не мора да значи дека ќе биде за многу брзо тоа, индивидуално е.
     
    На angelce23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    241
    Нене и јас не ја сметам за проодена она душичка денес само така повеќе се пушти неколку чекорчиња сама, ама го сметам како напредок пошо до сега не сакаше да ни ги пушти воопшто рацете не се осеќаше ич сигурна у себе.. за месец дена мислам ќе биде проодена
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    2.369
    Пол:
    Женски
    Ќе си прооди не ја мисли. ќерка ми до 16месеци не сакаше ни за раче да оди и одеднаш почна да сака. една недела одеше за раче и одма почна сама да се пушта и да трча како мува без глава :rofl:
     
    На Трагедијаупмм и merriel0 им се допаѓа ова.
  16. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    241
    Ме интересира вие што имате деца мала разлика (пример 14-15 месеци разлика ) како спиеле ? Најмалото бебе со вас на спална, а големото во креветче или?
    Тррба да се породам следниов месец и се мислам дали да земам уште едно креветче и да го ставам од страната на мм кај што спие, или малово со нас на спална а големово да си продолжи во креветчето кај што веќе си спие... не знсм стварно што е најпаметно
    Жал ми е за големово да не се осети запоставено (година и два месеци ќе биде кога ќе се породам здравје, може и ништо нема да разбира ама јас такс се осеќам со грижа на совест ако малово го ставам со нас на спална)
     
  17. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Моите разлика се 1 год и 2месеци.Поголемово е 1год 6 месеци.Големото е од кај ММ страната во дрвено креветче,а малата е од моја страна во лулка оние платнените од chico што се до 10кг.Сега зависи која големина ти е спалната кај нас имаше место за така .За понатака и купив транспортно платнено креветче со душек за сега го користам во дневна за преку ден дека батко се е околу нејзе ,а ако ја ставам транспортер батко ќе ја реши.
     
  18. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да пишам тука со надеж дека малку ќе ми олесни.
    Имам пишувано и претходно дека едната ќерка е многу нежно бебче, работев со бебиња претходно, јас вакво бебенце до сега немав сретнато. Едноставно карактерот и е таков и сестра и е подоминантна, она уште од сега ја следи за сѐ што ќе направи ама се повлекува често кога има други луѓе околу нив.
    И кога бевме на одмор, едната го крадеше вниманието на сите и ако некој не ја гледа, знае да вика "еее, еее" како да се кара додека не и посветат внимание, а другово и да сака внимание од некого само гледа насмеано и чека да се свртат накај неа.

    Денес бевме кај моите на ручек и пред да си одиме ги пресоблеков па сакав јас да одам да се средам во тоалет.
    Маж ми остана со децата и со моите во дневна да ме почека. И мајка ми си играла со едното бебе, другово само насмеано чекало и накај неа да се сврти и да добие внимание ама ништо.
    Маж ми го видел тоа, му паднало криво и дури дома ми кажа. Му реков одма, што не си и кажал, јас пример кога ги шетам и поголеми дечиња кога ќе ни се приближат автоматски одат кај едново бебе, секогаш им викам ајде сега малку и кај другото. Него му било глупо да и кажува, ако сама не и текнува, немало што он ама му било криво.
    Мајка ми секако тоа не го направила со намера ама точно знам како изгледала таа ситуација и мене ми е тешко, си седам сега до неа заспана и си плачам.
    А и последниов период сестра и само со мене сака да заспива и она оди секогаш во втор план и имам ужасна грижа на совест заради тоа.

    Пред некое време пишував и на форумот, знам дека сега се бебиња и за среќа ништо од ова нема да памтат ама психички ме оптеретува за понатака. Најмалку што сакам е било која од нив да се осеќа запоставено од наша страна или дека другата добива повеќе внимание :(
     
    На MeowMeow, Harper, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  19. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    241
    Епа така планирав и јас, едното креветче од страната на мм кај што ќе спие големата а малово од моја страна нели
    Ќе видиме како ќе биде првите денови нека е со мене на спална малово па ќе наместиме креветче... проблем е што големата знае да ме побара во текот на вечерта раче да и дадам или да ја погалам..
     
  20. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Да така.Да ти кажам искрено малава е 4 месеци спие цела ноќ од 21 до 7часот.Големово се буди повеќе од малово е што викаш раче,да го погалиш,шише со вода,како он да е бебе.Планирај и за преку ден нема да ја остави на мира кај нас на почетокот беше љубоморен ,а сега само ја гали и гушка и бацува.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.