А како помима во болница кога се пораѓаше со второто? 3-4 дена без мене не знам како ќе и биде стварно...
3-4 пати сигурно. Почесто се буди во втора половина, т.е прво врзува 3-4 саати, а после на 1.5-2h. Инаку, бебе спие 11-12h, веќе неколку месеци е од 21h до 9h, од 22h до 10h, се изнаспав и јас со него. Наскоро ќе почнам со работа и се прашувам дали ќе го задржи овој ритам Како се менува спиењето кај бебињата, како што растат, што да очекувам?
Јас дека лежев цела бременост и се преселивме кај моите и навикнат беше на нив,а и мм го чуваше тој период повеќе дека не ми беше дозволено да го кревам.Сестра ми дојде со децата дека ги обожава .И како ќе ме спомне ама немаше плачки,со мм или со мајка ми заспиваше .Ама сега е лепенка само со мене заспива разбира повеќе.м
Премногу се оптеретуваш и си набиваш вина непотребно. Тоа се деца со различни карактери и споредбата меѓу нив секогаш ќе ти прави да се чувствуваш виновно за едното или другото бебе. Иста бев, моите се еднојајчани па јас бев убедена дека треба да се исти и кога не беа се грижев, мислев премислував. Исто, едниот близнак беше подоминантен, посоцијален а другиот посебно кога беше во некој скок беше повлечен, послабо интеракција имаше и некако сите гравитираа кон другиот што пак правеше јас повеќе да гравитирам кон помирниот. Па имав грижа дека едниот го запоставувам. Лонг стори шорт, како растеа почнаа да се менуваат, па на периоди другиот беше подоминантен другиот поприврзан со мене. И така до ден денешен се менуваат на периоди и добиваат различен третман што сами си го диктираат Сакам да кажам да не се секираш и да не се чувствуваш вина, едно што веројатно ќе се менуваат, второ што мораш да сфатиш дека се различни индивидуи и тоа е во ред. Како растат ќе почнат да се копираат и ќе учат една од друга и тие разлики што ги гледаш сега нема да бидат толку изразени или едноставно ти ќе престанеш да анализираш толку во детали и ќе стане полесно.
Дали е некоја фаза да почне бебето да се витка наназад , да се стега да вика ? Како да реагира кога нешто не и е по ќејф , не знам како да објаснам. Дали некоја мама поминува слично со 9,10 месечно бебе, има ли крај или тек почнува интересното да е ?
Сега почнува. И моево така накај 10 месеци почна да се фрла наназад ако нешто не му е по ќеф. Писка, се пренамага. Припреми за тантруми прават .
Од сабајле 3 саати маста ми ја извади Сака во раце ја кревам се витка писка , па плаче па се смее. Седната на под па вика се стега поцрвенува. Заспа и сега како друго бебе да е Тргнав на педијатар да ја носам се извадив од памет мислев хипертонусот и се вратил , па една другарка ми се смее ми вика чекај да видиш, кога нема да можеш во количка да ја ставиш од пискот и тегнење наназад
Леле малиот е 9м, почна од пред некој ден - мислам ме побудале! Се витка, се стега, се тегне, сака во раце- неќе в раце, сака да патка а не знае, седнат сака да станува , лазе - сака да се качува секаде - само вика, и кемка. Скок ли е, што ли е, ќе побудалам. Денес во кола пробува да станува, едвај довозав.
Тоа е коа неш не и е по кеиф Пробај ко е така стегната у хранилка да ја ставиш немогуча мисија Не се плаши скроз нормално
Моево почна пред 3 дена вака да прави . Во автобус никогаш не плачела додека сме се возеле , леле пред 3 дена збесна , се тегне, се витка. Плаче и во врв очи ме гледа за да ја земам , ја земав се смее . Ако видите по автобускиве жена со во една рака бебе во друга рака количка да знаете дека сум јас Веќе секој ден менува не можеме редот да и го фатиме , секој ден различно спие, јаде. Ќе да е некој скок.
Мојата е исто 9 месеци и така прави ако ја легнеш за пресоблекување. Кога ќе се стегне ем мислам ќе пукне и ќе се скрши, ем очите дека ќе и излезат од напон. Плус сака во раце, ама сака и доле на земја во исто време. Секој обид да ја заспијам во лежечка позиција е невозможен, се исправа како прачка и се стега, страв ми е некој ден од раце дека ќе ми падне, сака да ја нишкам исправена така заспива, па после се чудам како да ја легнам, а да не се разбуди, плус секое будење без разлика дали спиела пола саат или два саати и е со плачење со крокодилски солзи. Навечер во сон станува, на креветчето се исправа, па седнува, па си легнува и почнува да плаче. Хаос
22.30, 8ми месец. Дома имаме перформанс на бебуш веќе 2 и пол саати. Бебуш е на некаква непозната бебе дрога. Бањата, во пижами, пее, гуга, вика на цел глас и се смее....нанање...not interested!
Јас исто имав перформанс од два саати, конечно заспа! На глас се смееше, скокаше на мене, се качуваше по спалната! Јас веќе сила изгубив
Дали плачевте ден пред роденденот? Ми се враќа денес се што поминавме со Дарија . Истата емоција , измешани чувства Моето храбро девојче утре полни една годинка , плавото црвче од 1105 грама утре полни годинка. Зборовите цел живот ќе ги памтам, мајка многу е критична , 54 дена одење по тој ходник од 10 чекори мене како вечност, само да ја видам , да слушнам нова информација. Тој звук таму, тоа мало тело како лежи . Страв неизвесност , броење грама како качува , радоста кога ја преместуваат од критични па стабилни па пост интензивна нега. Првиот допир. Никогаш нема да ги заборавам. Година полна со предизвици , убави моменти но и многу солзи. Тоа црвче денес лази по мене и ме вика ма-ма. Дарија ќерко само небото ние граница. Те сака мама
Мене ме расплака. Здрави и живи да сте двете ,се да си е ок. И ќе порасне ќе биде прваче а ти ќе глумиш нешто ти влегло во око
Колку време после породување(дојам и сѐ уште немам циклус), сте отишле на ПАП и брисеви? Јас секоја година внимавам за гинеколошки прегледи и ехо на гради ама од кога останав бремена ништо немам направено