Првиот преглед на 2 месеци, планирав на 6 недели ама добив циклус (не доев). За ПАП ми рече дека е рано. Да дојдам по 6 месеци. Така и направив. Значи отприлика некаде пред да ми заврши породилното сите тие прегледи ги правев. Ехо на гради после 1 година од пораѓај бев. Останато ми е дека после завршувањето на доење дали 6 месеци беше или година да помине, за ехо на гради. Нешто така.
После 6 треба. Јас бев после 8 некако така испадна. И на крај за ПАП не беа поминато 3 г од претходниот ми наплати приватно 1 м покасно да сум отидела ќе биле поминати 3 г додуше ме праша ама не ми се идеше пак да зема примерок одвратно ми е.
Да да после 6недели бев и јас, ама ќе си закажам и испланирам. Мене докторката ми рече тек кога ќе добијам циклус да дојдам ама некако не ми се чека до тогаш, како тргнало којзнае кога ќе добијам. Фала женски
Јас не знам дали сум единствена, дали нешто не е во ред со мене или што ми се случува.. Последниот месец ипол, или сум нервозна, или сум емотивна. На почетокот мислев дека е пмс, ми дојде, ми заврши, но ова чувство си остана сеуште. Некогаш во моментот станувам нервозна, ќерка ми бара некоја конкретна играчка, поточно би рекла не знае каде сака да ја однесе и јас ќе и се развикам, после ми е криво. Има 17 месеци, уште не зборува има некои зборови како мама, баба, бум, ам ам- и слично.. и цело време иди по мене и вика а а а за нешто. Многу ми е криво што имам ваков период, се тешам дека е период, вака кога ќе размислам живи, здрави немаме никакви проблеми фала му на Бога, а јас се нервирам буквално за глупост некоја, значи не е ни за глупост, не знам ниту од каде во моментот ми се ствара таква нервоза. Или пак може да бидам емотивна да видам слика, видео, да направи нешто ќерка ми, пример доаѓа додека работам нешто ме гушка за нога и ме бакнува и почнуваат солзи. Не знам што е ова, дали на некоја од вас и се случува нешто слично, не знам дали да одам на лекар, не знам што да правам навистина, само сакам да се вратам во нормала.
Мене докторот ми рече откако ќе добијам да ми поминат еден два циклуси и да идам за ехо, пап и брисеви. Ехо на гради правам еднаш годишно ист период, најдобро неколку месеци по завршување со доењето
Отварам на мој термин гледам има некој кабинет за третман за жени во бременост и после породување на психијатрија. Дали има некоја да била и искуство да каже ,може и во пп.
Ви се случува ли бебе да ве игнорира кога му зборувате, вчера шетавме 1h со количката и го викам, го задевам, не ме рецка, си разгледува, а кога зедов да ѕвонам на баба му на вибер тогаш го позна звукот на ѕвонење и фати да се смешка под мустак... т.е присутно беше цело време ама мене реши да ме игнорира Ова не се дешава постојано, не сум загрижена од аспект на развој, ама интересно ми стана, зар намерно вака, мало е, 8м.
Јас сеуште немам добиено ама бев на преглед сега скоро и само ехо ми направија. Ми рече матичната прво да добијам циклус барем 2-3 пати па после дојдам за ПАП.
Јас секоја година правам и никогаш не ми наплатиле повеќе од 500 денари. Матичната секогаш исто ми наплаќа. Нормално е, поинтересно му е сѐ надвор од тебе
Ехото на гради не е врзано со доење, ако некоја мајка треба да прави почеста контрола (јас на пример требаше) докторот ми рече дека не е важно дали дојам или не. Чисто споделувам доколку некоја мајка чита а оди почесто на контроли.
Кај истиов сме. Затоа јас годинава во Промедика на промоција ехо и пап 2500 приватно си платив, не знам што вреди матичен. Со пластичен спекулум, не осетив ништо кога ми земаа примерок. И ехото толку нежно, а овој нашиов коа ќе ти го збрца тоа железото, ужас.
Кога вашите бебиња почнаа да преспиваат самостојно преку ден? Јас не можам ниту да ја спуштам вкреветче само што ќе ја одлепам од мене се буди. 6 месеци има, може рано е ама се плашам што ќе прави во градинка..
За во градинка ич не му ја мисли. Ќе се прилагоди на се , многу побрзо, отколку што ние се мислиме како родители.
9 месеци има, не знае сама да заспива, иде во градинка и верувала или не ја занишкуваат легната за газето и она заспива. Дома тоа нема шанси, така да не се секирај магија прават во градинка
Кога веќе почнавме со муабетот градинка, кажете некое ефикасно средство за вадење флеки, секој ден ја зимам преоблечена, а алиштата што и ги соблекле лом. Ќе немам што да и облечам кај и да е. Не се вадат флеките од кашичките и манџите.
Smacchio tutto , во Рамстор го има. Мене тој на Фрош бебешкиот не ми е ефикасен. Некогаш земам и од Dr.Beckmann ама Смачо вади се . Е неговите алишта ако има средство против флеки ги пуштам на 5 пати да се исплакнат (имам таква опција на машината).
За колку време се адаптиравте во градинка и од кога ја пушти? Моево е малку помало од твоето ама стравувам од тоа како ќе се снајде во градинка толку мало. Плус иста ситуација сме, сам не заспива.