На точно 9 месеци почна. Оваа и е трета недела. Првиот ден пошто ни рекоа пола саат седевме пред градинката и ја слушавме дека плаче ми идеше да ја земам одма. Вториот ден почна мм да ја носи и да си оди па да ја зима. Секој ден седеше по плус пола саат и секој ден ми кажуваат дека е се подобра. Од вчера останува на спиење, вчера спиела пола саат, денес врзала саат. Немој да се секираш мојава им спие по 2 пати околу 9 почнува да им плаче и тогаш ја нишкаат им спие пола саат и станува. Околу 12 пак сака да спие е тогаш ја легнуваат во креветче и ја нишкаат за газето. Иначе имаше обид и во петокот да остане на спиење ама не успеале и ми се јавија да ја земам. Од утре ќе седи до 2. Искрено се е навика и за бебе и за мајка. Првата недела не можев да се концентрирам на работата ја мислев како поминува. Сега веќе ми е нормално да седи и искрено се преморив, излегувам од работа да ја земам и ја носам на мајка ми, се враќам на работа, па пак одам да ја земам па си одиме дома, пукнав. Ќе се навикне и бебе и ти не се секирај.
Личоски ? Последните прегледи да ти кажам не ми беше тој тој ,се мислам и јас кај да одам на друго мислење пошо тоа што ми го кажа не ми е логично ич. Не треба ни тоа ну тоа ама сите скорор наплаќаат и тоа е.
Не што не знае да заспива сама, и од ко ќе ја заспијам не поспива ако не е на мене. Ми одговара мене ама се паничев за во градинка. Фала
Фала ти за одговорот, малце ме утеши ова зашто моево е баш како што го опишуваш ти твоето. На прсти се брои колку пати има заспано сам без да биде држан во раце. Јас немам кај да го оставам па затоа ќе појде малку порано скоро еден месец пред да тргнам на работа за да се навикне зашто немам друга опција. Едино позитивно е што и двајцата можеме од дома да работиме, па ќе се комбинираме колку толку ако треба да го чуваме. Ама пак не би се потпрела само на тоа зашто со бебе дома не се работи. Некој ми имаше кажано да не им спомнувам на воспитувачките дека работиме од дома зашто ќе ми се јавуваат за секоја ситница да го земам.
Мајка да те утешам во врска со заспивањето дека можеби нема да има врска дома како заспива. Ќерка ми оди скоро 6 месеци во градинка и иако таму заспива сама во креветче дома никогаш не е така. Дома кога е за викенди за дремката или се шетаме со количка или читаме книги, пееме, се нишкаме и слично. Во градинка само првите денови ја нишкаа во релаксатор па потоа набрзо ја научија сама да си заспива во креветче и нема никаков проблем таму но дома кога и да пробам сама во креветче вришти. Баш ги прашував негователките неколку пати да ми објаснат како да ја научам и дома така ама џабе. Бевме и на одмор 10 дена не одеше во градинка и на одмор си теравме по наше за заспивање и се врати во градинка без проблем пак сама си заспиваше.
Не, не. Мене ме знаат и знаат дека сум блиску и ми ѕвонат мајка стана бебе дојди земи го. Првата недела трчав, ама вчера им кажав дека пред 3 нема шанси да ја земам и ми рекоа добро и еве денес не ми ѕвонеа чекаа да дојдам.
Мајки дали знаете каде може да се купи плетенка за во креветче? Ама баш само тоа, не сакам други делови/страничници
Три недели бевме на одмор и не пишував тука, ни читав. Минатата недела исчитав доста жестока дискусија се родила за помошта . Тргнав да си коментирам, викам на пола пат, ќе пројде и без тебе . Туку еве да си кажам дека сме во скок и пуштени на најјако. Аман еднаш да поминат тие скокови, не ги можам ноќното спиење е лудилооо. Башка преку ден што е интензивно.
Денес и подвикнав на ќерка ми појако. Цел ден мислам на тоа и многу ми е тешко. Не знам некогаш не можам да се исконтролирам, и се извинив сто пати и се гушкавме и бацувавме. Се надевам дека сеуште ме сака....
Ми се дешава и мене да изгубам трпение и да се издерам. А што е криво детето за било што, па и оно не знае како треба. После ми е исто тешко, ама и ние сме живи суштества нормално е да изреагираме така понекогаш. Не сакаат бидејќи љубовта што им ја даваме не се ни мери со тие ретки моменти на нетрпение.
Како се справувате со живеење во зграда? Дали ви се имаат качено комшиите од доле ? Свесна сум за се дека се мали деца и се тоа стои , немам проблем со тоа бидејќи нели и јас имам дете, но жени ова над мене е неподносливо Комшиите живеат на најако, како сами да се на светов и во зградава , викање , тропање нема време дали е 1 по полнок дали е попладне . Таман сум ја заспала Дарија , ете тропање, па оваа зградава како се слуша како во соба да ни се . Не знам во иднина што би не чекало , но верувам во тоа дека би ја носела Дарија надвор да се издува, игротека, нешто слично , би ја воспитувала да не тропа вика и слично поради комшии. Како би реагирале или како сте реагирале вие на вакви ситуации ? Што преземате кога почнуваат да скокаат , лупаат , вриштат децата?
Сум се качила кога играа баскет во 11 ноќе. Преку ден свашта имало, сум имала мало дете што спиело и преку ден, и го буделе со бушење или музика, ама тоа е животот во зграда. Се што е преку ден се толерира зошто зграда е заедница, мора сите да живееме, не може да седиме и ќутиме. Ама после 22ч немам толеранција. Претпоставувам имате куќен ред, си пишува до кога смее да има бучава од било каков вид.
Во претходниот стан кога живеевме имаше над нас фамилија со две машки деца. Нон стоп играа фудбал приквечер а ние бевме со мало бебе, мм два три пати се качи пошо неподносливо беше и од тогаш прекинаа. Ок нормално е деца се ќе тропаат викаат ама у граници на нормала се толерира и докај 21ч.
Детето на комшиите и ќерка ми се 17 години разлика. Многу се сакаат, ама кога беше бебе мојава баткото беше во најјакото пуштен со музики, игрици до 4 сабајле, трескање по тастатура. Еднаш само им кажав и земаа го преместија со се компјутер у дневна зашо спалните ни се една под друга и му кажаа додека не потпорасне ќерка ми дека нема седење у спална Сега веќе е и тој возрасен де, си прави журки од време на време ама не ни смета. Затоа е обратно сега - ќерка ми кога вришти како да ја колиме комшивката ми пишува "Да ја земам малку да ти одморат ушите пошо до горе ја слушам?"
Не почитуваат никаков куќен ред , преку ден реновираа навечер детето или децата продолжуваа. Сега веќе не реновираат ама бучавата е неподнослива , верувам дека нивната спална е над нашата , па кога хрчи мажот од горе како до мене да спие се слуша Ја носам мојава надвор додека им трае лудилото преку ден , ама не можам секогаш бидејќи и ние уморни работиме дома со неа . Во незгодна ситуација сум затоа што и мојава расте .
Епа сега за хрчење не можеш да се буниш. Прво не може да го контролира, второ ненормално тенки ѕидови се во прашање ако тоа се слуша. Ама реновирање навечер нема смисла. Денот за што е па ноќе да се тропа? Се си има граница. Јас лично би си ставила дополнителна изолација ако толку све ви се слуша. Не сте криви ни вие ни комшиите ако имате гипс картон меѓу становите, и тоа е најсоодветно решение.