Многу е зезнато, од кога имам дете посакав да живеам во куќа. И овде во Германија и во Македонија живееме во стан. Тука после 22ч. не смееш галама и проблемот е брзо решен. Во Мк кога одиме на одмор е лудило и нема што да се прави. 5 месечно бебе ми го разбудија од сон во 22ч. навечер поради бушење. И јас и бебе плачевме. Барав да слушнам кој е и од каде доаѓа звукот не најдов, така да не можев ни да замолам да не бушат.
Кај нас детето на комшиите вози колички до 2 по полноќ. Кога и реков дека претеруваат ми рече па што да му правам дете е многу сака да вози. Разбирам јас дека е дете, ама во 2 по полноќ дете од 4 години треба да спие. Се е до родителите. Децата се такви какви што родителите ќе ги направат. Се смирија малку сега. Ама за викенди пак по старо тераат. Ќе се навикнеш. Јас сум дете од куќа ужасно ме нервира се во зграда ама тоа е. Луѓето немаат осет. Тука и се пуши низ зграда и во лифт. Се зборува цело време џабе, со проста маса никој на крај не излегол.
Сакав да го доловам моментот на тоа колку се слуша , тропањето е неподносливо. Под кирија сме и не можам јас да уложувам во туѓ стан .
Сите нови станови се од ист материјал правени, ред бисквити, ред мармалад. Се се слуша. Јас знам комшијата колку пати иде во веце и што прави, која песна ја слуша кога се бања, детето дека не сака да им се бања, жена му дека го остава аспираторот зошто им смрди од канализацијата. Така да ќе мора да се навикнеш. Сестра ми ставија звучна изолација џабе пак се слуша, не како претходно ама не е тој тој ефект.
Мајки тешко ми е уште мслце на работа ќе ми заврши породилнпто. Колку што е тешко и напорно, толку е и убаво од друга страна секој момент е посебен. Тешка ќе биде таа разделба, жал ќе ми биде да го оставам.
Денес детево ми го скрати животот . Јас не знам кога ќе се навикнам на ова паѓање, ќе биде мирен период па ќе тресне на главче. Многу ми е жал, седам до него и пак успева да ми клизне Плус плаче со зајдување на секое
правевме така, од раѓање е ваков ….помагаше ама последниов месец дена не помага мислам за два дена е 9месеци
И јас се плашам од паѓање премногу ама тек сега ти следува кога ќе прооди. Летово ќерка ми цела недела се шеташе со модрица под око на образот, двајца беа до неа кога се бапна во лежалка метална … не се допазуваат а не е оставена ни секунд сама. Мене најмногу ми е страв кога се фрла наназад со главата кога дава отпор за нешто… пред некој ден така ми бегаше за да и сменам пелена и да ја земам стоеше до парното за да ми избега со главата замавна наназад, срцето ми застана, плачеше ама не се појави јишто на главчето и заборави за 2мин. Дневната ми е цела раскрената немаме клуб масичка веќе цела година кога ќе дојде некој кафето во рака го држи зошто на масичка ако се остави нешто одма ќе почне да фаќа и да плаче ако и го земам драми во светско сценарио
Ние на 3 години на снимање на глава бевме од што падна лошо дома. Што да ти кажам... не те утешив знам
Еее колку ќе паѓа. Двајцата со мм ја држевме и акна главата, се поду како јајце. Пред месец ја дупна главата, па снимање, трчање по болници. Не е утеха, ама деца…
и јас планирам да ја тргнам, нашата стаклена е ја пикам сабајлечки во ќош, баш на ананас следам да си купам нова некоја побезбедна ахахах
Јас во дневна имам пластична детска масичка со 2 столчиња место клуб маса и можам да кажам дека е С П А С. Ем знае дека е нејзина па цело време активности си реди а знае да седне да си де занимава, а се наоѓа и за гости.
Дома ни е во дневната само каучоти трпезариската маса турната до цид.Не седнува мирен е само кога јаде и спие.Сите врати се затворени накај кујна ограда заштитна,детската соба е магацин со клуб маса,надкасни од спална и други работи.Сестра му е сместена во игрална преку ден каде што секојдневно и врла шише,играчки и понекад лебче.
Лепче да не остане гладничка хахааххах тебе ти е врв со две толку мала разлика, ти се поклонувам стварно
Тешко е активен си цело време кај се и домашни обврски.Моментално сме јас и ММ,мајка ми по потреба жената е во години.Ама се заборава тешкото и денот поминува брзо.Кога ќе ги видиш заедно како се смешкаат и нешто и збори батко, мило ми е дека нема да е сам ќе си има сестричка,другарка за цел живот.
Над мене има ќираџии во зграда. Сега што се овие се со две деца, 4 год и 1 год. Луѓево се најпрости на свет. Детето поголемо не оди во градинка, спие преку ден. После 9 ч навечер се активира, и до 3-4 сабајле трча, вришти, играат фудбал со татко му, мава работи. Лудница е над нас, се будиме од сон сите. Бебево од 1 год што е, на тераса го вадат 11-12 навечер по саат време да стои и плаче на цел глас. Милион пати пишувам во група, им пишувам директно на нив, се јавував на газдата на станот, на куќен совет - џабе се'. Мајкава ми вика дека така спиел, што била таа крива, требало да разберам дека е дете, еднаш ми рече дека детето имал проблеми (не знам на какви проблеми мисли, детето ментални проблеми нема 100% сум сигурна). Јас треба да разберам дете што игра во 3 сабајле фудбал со таткото дома и урлаат, и моето кое има ред за спиење се буди навечер заради нив. Проблем имаат родителите, и децава се никакви од нив. Мајката и таткото се караат, тепаат. Веќе не знам што останува освен на полиција да се јавам. Кој знае и дали легално се потстанари со договор и се' што треба.