Да се приклучам на листата дете со џумка на главата Вчера се удри на ивица и баш има линија отечена на чело Плачеше ама не многу па си продолжи да игра Мене не ми помина баш така лесно До сега немав бели влакна на косата ама како пројде бременоста со неизвесност и ова со после породувањето неспиење и вакви моменти на стресови се повеќе си гледам бели влакна А дали ги мачкате со нешто така кај што ќе се удрат?
??? Никогаш не би ми текнало Ајде ќе пробам Само се надевам дека нема да ми треба Ама како тргнало...
Лепче џвакано Ја мислев сум единствена со ова. Останато ми е од мајка ми, редовно му лепеше на брат ми. Ама кога ќе бапнат на глава, дур истрчам во кујна, дур отворам лебот, па дур џвакнам малце, устата ми е сува од паника не се разџвакува, па дур најдам кај да залепам веќе џумка на големо се гледа. Сеа скоро баш барав низ интернет која е филозофијата позади ова пошто маж ми стално ме зеза за мојава научна метода за после удар на глава. И баш интересни факти има. Иначе арника гелче е супер за удари.
Јас да си се пожалам нешто, сите викаат дека многу сум изгледала истоштена. Пред бременост бев баш слаба, во бременоста изгледав идеално и сега пак ги вратив истите кг и нема кој не ми искоментира тоа. Ко јас да не си ги гледам подочњаците па ми треба потврда од сите околу мене. Сите викаат како расте дете полесно е, не знам мене не можам да кажам дека ми лесно ама не ми е ни тешко. Ама неспиењето, сонот на рати, преку ден немаш многу време за грижа за себе и тоа е тоа. Дали јас не знам да се организирам подобро, може и до мене е… ама баш се осеќам некако ко остарено и без глоу
Во тинејџ годините сум била +5кг и цел еден период од животот ми беше посветен на слабеење и диети. Е после години и години бев топ, па ме фати еден период ослабев, ненамерно. Е тој период нема да го заборавам, колку беа луѓето ужасни со коментарите. Се чувствував мн лошо, ко болна да сум ме гледаа! Тогаш се зареков, боље +5 неголи -5. Инаку...и мене ми фали слободното време за грижа за себе
Еве го синко 3 години има мене сеа ми викаат дека сум се вратила на себе си. А реално последнава пола година имам време некако за себе повеќе и да се одморам и да направам некој третман или било што.. А најмногу сум мразела кога ми збореле така, јас исушив од доењето и сите болна сум била, ваква сум била таква сум била. Најмногу ме погодувале коментари од жени кој што поминале низ истото и знаат како е. Па живот си створил на крајот од денот. Ке си дојде се на свое
Јас останав трудна со 50 кила се породив со 80, толку се напнав дека нема да ги вратам што не јадев ништо и сега гарант имам помалку од 50 зошто алиштата од пред бременоста ми се големи и ми паѓаат. Сите ми зборат како сум многу слаба сум личела на стап сум пропаднала во лицето јеби га тоа е, додека бев на породилно не можев да се поднесам некако многу лошо си личев, почнав на работа се препородив. Си изнакупував нова облека, за прв пат во боја, иначе носам само темни бои дека сум плава па демек не ми стојат и секој ден бал ми е на работа и поубаво ми е. Иначе дома пак сум си ко бездомник. Сакав да кажам и јас додека бев дома како да немав време за себе, цело време со бебе, па да зачистам, да испеглам и навечер кома, каква рутина каква нега. Сега не дека ми е полесно, потешко ми е ептен, особено кога ќе ја земам од градника наспана, а јас уморна од работа ама ваљда човек се навикнува па почнува да има време за се.
Majkicki, po kolku vreme od poroduvanje se vrativte na nekoja pocetna kilaza od bremenost? Jas pred 2 meseci se porodiv i osven tie 11kg so mi otidoa na poragjaj ne sum simnala uste nisto.
Јас 2 недели после пораѓај имав +2кг од тоа пред да забременам, а досега качив уште 3 (6 месеци по породување). Период на доење не е време за слабеење. Јади здраво и толку колку што ти бара телото, има време за враќање килажа
Истооооо, јас сум била човек што постојано си купувал алишта, чевли, ташни, козметика постојано некоја нова интересна комбинација, од кога останав трудна и еве сега 7,5 месеци пп ако веруваш во едно исто живеам. Кога излегувам гардеробата ја бирам по тоа колку ќе ми е лесно да дојам во тоа Не е дека немам време за скинкаре да направам него немам желба, беба заспива накај 7-7ипол и дали дека знам дека ноќта ќе ми стане 10000 пати јас легнувам во 8ипол и толку е од мојот ден, некогаш нема ни да се истуширам во денот Јас имам уште +5 кг од почетните ама сите ми кажуваат колку "испиено" сум изгледала на фаца и ми доаѓа да ги заколам, а во право се се гледам самата како личам, огрденка Периодов почнав прва дремка кога и е да пешачам со неа и успеавм во ден да направам 6-7км секако во тренерка и маица ама барем после подобро се осеќам во денот Јас велам ќе дојде се во свое време и пак ќе си посветуваме моменти на себе Иначе мојава стрикно заспива и презаспива со цицање. Јас за ова се изнаслушав многу коментари дури една другарка сакаше кај де гуднајт да ме праќа зошто не било добро на бебе цицање да му е асоцијација за спиење... екстра тешко ми е, кај станувам навечер мал милион пати таму и мислам дека нешто погрешно правам и дека никогаш нема да ја одвикнам од вакво презаспивање Нејќе да јаде едвај неколку лажички од оброкот така да сеуште е на ексклузивно цицање, премногу грижа имам за тоа... Последнава недела сама си смени на две дремки, првата и е 40тина мин и таа може да е и во количка , а втората и е 2-2.5 часа, ама ако сакам да трае толку морам и јас до неа да лежам со извадена града ) на 30-40та мин се буди и нема да презаспие ако не цицне, после знае до крај уште еднаш да се подразбуди И место да ги имам за себе тие 2часа за да се релаксирам или направам ручек, кренам алишта или било што јас седам до неа
Моето јаде и доручек и ручек, и тоа убаво јаде, ама цицањето си остана скоро исто. Едвај минимална разлика, ако порано цицала на 2 часа, сега на 3. За дремките, исто таа големата беше со лежење до неа со извадена цицка за презаспивање, ама готово, прекинав да ја презаспивам така. Почна страшно да ме боли една точка на половината од доење со лежење (некој нерв ваљда) и ми стана напорно, и решив, и само пола саат ако спие, нека. Не ја презаспивам, сем ако не научи сама да продужи со спиење. Готово со породилното, немам избор, мораме да се пренавикнуваме. П.С. Сакав да ти кажам, да не ти е рано 7 за успивање. Можда е идеално тоа, по книга, ама ако се буди често, можда и' е рано за ноќно спиење. Моево заспива во 9 до 7. Во просек, +/-, иако има и луди ноќи секако, ама ова е просекот.
Мојот додека го одбив на 16 месеци ноќе презаспиваше со цицање. Арно, лошо нас арно ни се виде. Денски му тргнав подои, за дремка му тргнав, за ноќно успивање му тргнав, ноќните на крај пошо ме изнервира само на цицка висеше по цели ноќи, тоа не беше за млеко јас му бев ко цуцла лажливка. Наеднаш прекинав, 3 ноќи 6555 пати ја прераскажав волкот и трите прасиња ама така заспиваше после 3тата вечер престана да се буди ноќе и до ден денес преспива ноќ.
Само што ќе ја тргнеш од цице понатаму, за 2 дена ќе спие цела ноќ. Еве од тие сме со такво искуство. Цуцла не фати, цуцла и станав јас. Од 7м до 18м (тогаш ја одбив од цицање), душа ми извади со милион пати станување ноќе. Заборавив тогаш што е нормален сон, на секој саат знаеше да станува... со 3ч сон, јас бев пресреќна. Ама се поминува, ќе дојде и твојот ден Луда сум може, ама ми фалат ете и тие денови А минатата година ова време, најлудо ми беше и којзнае како сум преживеала. 6 аларм, да спремам 3 деца и да се спремам јас за на работа.. а неспиена цела ноќ. Којзнае каква сум била во однесувањето на работа... никој не се пожали, ама сигурно имало видливи последици од неспиењето Сега е 2г, спие без да претне по 9-12 часа. За истоштена, јас па сега полошо изгледам од тогаш, а убаво спијам... Ама турбо сум со обврски. Имам 6то одделенец (прв пат во предметна настава), 4то одд (од годинава нема продолжен престој, доаѓа дома одма после часови) и тодлер на адаптација во градинка Чат-пат ве читкам, ама шанса немам да пишам...
јас си купувам свашта не можам да се пожалам ахахах ама онака мислев чилл време, инаку за храната мислам дрка не треба да се секираш од се што сум слушала и читала искуства ќе си научи да јаде и повеќе количински. Се во свое време. А, тоа со градата мислам дека е навикнато бебе така и моето си има некои навики. Не ме сфаќај погрешно ама можеби треба да пробуваш со други начини, може ќе се одвикне од тоа…. Ние имавме така мака со креветче никако не сакаше да легне сега се убедуваме пробуваме па некогаш ќе упали, некогаш се буди за з5-10минути и пропаѓа дремката ама мислам дека со труд може д се смени навика
Дали памтиш кога и како ги тргна подоите за дремка? За ноќниов подој чим си раскажувала значи поголем бил, така? @EarthFire ја презаспива без цицање дремката? и да не ви враќам на другите поединечно, знам дека бебињата се creature of habit ама како што пишаа некои членки погоре арно или лошо во овој момент за мене функционира посебно за ноќното спиење, кај сум мртва уморна уште да земам сега да думкам за да ја презаспијам во 3 сабалје и да се упукам За месец и пол почнувам на работа и тогаш за дремката нема да заспива со мене па како сака така нека биде ама до тогаш ќе терам на овој принцип Сакав само да си се пожалам и да си извадам од мене зашто на другарки кога кажувам сите ми викаат дека доењето е проблемот и сама сум си го носела проблемот со тоа што ја дојам
После година, август наполни годинка а памтам ко сеа ми одбиваше цицање сам не сакаше јас го нудев со сила Со овој памет тогаш би го одбила. Септември бевме на одмор и после одморот почнав прво да не му давам за дремката на пладне, а навечер раскажувавме приказни, 3 дена беше маката и почна да си заспива за дремка без доење. После недела дена сам не сакаше ни за ноќно. И декември некаде на средина скорз го одбив. Ова што ти го кажувам рачунај некаде на 9-10месеци јас му ги скратив дневните подои пошо си јадеше се, цицаше само за заспивање и ноќе. И можеш да пробаш ја успиваш покасно барем 8ипол да видиш дали ке ти се буди пак толку често ноќе. Не знам колку дремки имате ама сигурно на 2 сте, пробај малку помести ги. Кај нас уште функционира ноќното спиење како кога беше бебе, во лето заспиваше во 9 некогаш и 9ипол, сеа веќе кај 8и15 идеме на туширање пижами до кај 8ипол е заспан како што рано се стемнува ама јас имам дете што станува со првите петли во 6. Одкога тргнав на работа има денови кога се комирам со него заедно
Ретко. Најчесто толку е од спиењето, пола саат само, за сега. Битно не ја цицам за да презаспие веќе денски. Ноќе се уште.
Многу важна дилема: дали да оставам ад млеко да се даде на бебе кога ќе се вратам на работа? Научено е да цица пред дремка. Не знам дали ќе успеат да ја успијат без млекце. А кравјо немам дадено уште.