Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.461
    Допаѓања:
    79.020
    Пол:
    Женски
    Абе дека ќе почне да спие поубаво после прекин на доењето, ќе спие навистина... Сите во текот на спиењето ја имаме таа фаза на лесен сон кога се вртиме, "будиме" ама сами презаспиваме. А малишаниве го врзуваат тоа дека сами не можат да презаспијат, дека мора цицето да ги успие. Кога ќе се одвикнат од тоа, не дека не се вртат и будат во текот на ноќта... се будат, ама сами презаспиваат. Ама не слушај другарки и сама ќе си одлучиш кога да ја одбиеш. Нека цица до кога ти мислиш, за час ќе летне и овој период и како на мене сега.. дури и ќе ти фали :l:
     
    На merriel0, strelec231992 и Vegegirl им се допаѓа ова.
  2. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.275
    Пол:
    Женски
    Моево е седум месеци и засега заспива и презаспива со цицање што мене многу ми олеснува, бидејќи со брат и раце ни отпаднаа од нишање, а и колкот ми страдаше, така да додека тера вака мене ми е супер.
     
    На merriel0 и Vegegirl им се допаѓа ова.
  3. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Женски
    QUOTE="MeowMeow, post: 7773537, member: 134832"]Моево е седум месеци и засега заспива и презаспива со цицање што мене многу ми олеснува, бидејќи со брат и раце ни отпаднаа од нишање, а и колкот ми страдаше, така да додека тера вака мене ми е супер.[/QUOTE]

    ❤️❤️❤️
    На колку дремки e и како ви е распоред во ден?
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.275
    Пол:
    Женски
    ❤️❤️❤️
    На колку дремки e и како ви е распоред во ден?[/QUOTE]
    Три средни има отприлика, станува околу седум, гледам да ги следам прозорците на будност, траат околу два до три часа максимум, заспива накај 20ч
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    4.553
    Пол:
    Женски
    Доењето е проблем, но ти правиш нешто најдобро за своето дете. Нека си го јадат газот со коментарот.

    27м и моментално 5ти ден не давам дневни подои и за дремката ја заспивам во количка или како год. Да нагласам дека е зависна од цице, чим седнам маф ми е работа. Одма доаѓа. ,,Што сата? А што сата? Мама боли цици? Сакам види." И секако ме бацува по цици.
     
    Последна измена: 5 октомври 2026
    На Vegegirl, MeowMeow, Liza38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.638
    Допаѓања:
    69.827
    Пол:
    Женски
    И јас така мислев, ќе ја одбијам и ќе спие ноќта. Зашто сите така викаат, од навика се буделе, бла бла. Ама, не, немаше презаспивање никако, па ми паднаа рацете и да, сакав да се упукам.
    Една поинаква перспектива.
     
    На Simon4e0507, happygirl, Vegegirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.285
    Допаѓања:
    19.248
    Пол:
    Женски
    Син ми цицаше до 3 години. Заспиваше исклучиво со цицање.
    Не се будеше ноќе некаде после 1 година, можеби 18 месеци.
    Во скокови, при растење на заби знаеше да бара и ви тек на ноќ да цица, ама ретко.

    На другарка бебето на адаптирано млеко беше и се будеше многу често.
    После 2 година се смени.

    Едноставно некои бебиња се будат.
     
    На Simon4e0507, happygirl, Vegegirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    Терај како тебе ти одговара мајка ама еве од мое искуство неописливо многу ми олесно откако ја одбив. Твојата е помала не знам до кога планираш да доиш јас на 13.5м ја одбив и почна да спие асално конечно. Има ноќи да се разбуди по еднаш и да се нишкаме, клацкаме и слично ама тоа е неспоредливо со станувањата што ги имаше дур цицаше кога не ни броев колку пати беа. Поголем дел од времето стварно се научи сама да презаспива, некогаш и пред да си легнам дур ја гледам на камера знае да стане и да си легне пак сама да се намести, некогаш ме бара да ја гушкам, некогаш млеко да пие, некогаш да ја клацкам... Ама сепак далеку полесно ми е мене лично сега него ли додека цицаше ноќе за презаспивање
     
    На mariz, happygirl и Vegegirl им се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    Некоја мајка да ме утеши, дали е поголем уморот трудна плус тодлер или новороденче плус тодлер. 9та недела сум, се распаѓам. Претешко ми е немам сила да станам од кревет, малава бара внимание, јадење пелени ауу душа немам. Како ќе издржам не знам
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Колкаво ти е малото? И без дете да си сега, првото и третото семестар се тешки, првите недели таква потреба од спиење имав, што дури на себе не личев. И искрено да ти кажам само најосновните потреби ги извршував, се друго беше во втор план. Моите се 2ипол разлика и првите 6 месеци бебето беше каде ќе го оставиш таму ќе го најдеш, потешко ми беше од 6 до кај година и некој месец, а сега веќе на годината ипол кога е малото и сами се заиграваат, и имам време и за низ дома да пофатам нешто и за мене (да јадам и избајнам како човек)
    Јас давав на почетокот и повеќе шише, најчесто мајчино, се молзев и го давав, некогаш и ад кога требаше да ја држи повеќе време сита. Во најголем дел од денот бев сама, скоро цел ден, а некогаш мм и со денови не си идеше дома ( таква му е работата). Па го немав тој луксус за да си го дозволам бебето да ми дреме на града по цел саат, и по цел ден. Кога си со едно дете да, но со две или повеќе верувај и да сакаш неможеш. И другото дете има потреба од тебе.
     
    Последна измена: 5 октомври 2026
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    2ипол години ќе се разлика. Ќерка ми е година и 10 месеци скоро, оди во градинка, па јас би била најголем дел од денот со бебето..
     
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Плус и на пролет би требало да се породиш, тогаш веќе и топло ќе е, бебе во количка и со дада на најблиските лулашки. Кафе во термос и некоја ужинка. Јас така правев на почетокот повеќе дома бев, едно да фатиш, па друго и цел ден во работа. Е после тоа друга песна. И дете среќно истрчано и јас порелаксирана. Е сега некој ќе каже кога ручек, вечера. Тоа на прва дремка, и најчесто во експрес лонец а вечера нешто што не бара многу спремање. За низ дома ептен брзински пофаќав преку неделата, подетално за викенд кога мм беше дома. Друго да те утешам веќе на 3год колку толку можеш да се разбереш со дадата. Бебе ќе почне да лазе, на земја и со играчките. Кај мене двете се заиграваа заедно така.
     
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    7.655
    мене потешко ми беше трудна со тодлер, општо бременостите ми беа мачни, со повраќање со лошење, сега не е лесно ама барем не сум трудна :rofl:
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    4.047
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Ми текнува иога на почеток ми беше ептен тешко ме тешеше дека поминува се кога ќе потпораснат и навистина е така :inlove: баш сум среќна што си одлучила за второ така брзо зошто знам дека и трбе ти беше ептен тешко на почетокот. Не знам да ти кажам што е потешко за ситуацијава ама биди јака доаѓа полесно кога ќе потпораснат дефинитивно (highfive):l: честитки!
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    260
    Мајки со две деца, има ли крај ова лудило на тантруми? 3г дома се тресе, не де трпи. Плаче некогаш и со саати (пример не дозволив сладолед зошто не си ја изеде сармата) плачеше 2 саати хистетично. Сака само со мене, татко му почна да го отфрла откако дојде бебе. Колку повеќе се трудам со него, толку повеќе зима. Душа немам со бебе сум 24/7, сопругот е беспомошен кога станува збор за него зошто вика како бебе мало. Некогаш попуштам, најчесто не. Никогаш вака не се однесувал плаче за најмала ситница, мислам дека сега почнува да сфаќа дека бебе е тука да остане … преуморна сум максимално, скроз сами тераме сѐ, некои денови ми иде у фрижидер да се пикнам и да се скријам од сите :(
     
    На Germanka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    7.655
    нема крај на лудилото со две деца :drunk: јас сум полудена, а мојата е поголема 5 ќе прави, а и малото е големо веќе има годинка, не знам нека кажат мајкиве со поголеми деца кога може да очекуваме затишје :D
    денес животот ми го скратија, ги зимав од градинка и ги вадам од кола и викам на поголемата гледај ја сестра ти, да извадам ранци јакни, една секунда се свртев, зема ја бутна на земја малово со главата позади на бетон падна, не знам како се исконтролирав пошо ми идеше да ја истепам, среќа ништо не и беше на малата, ама кога ќе ми текне колку малце треба за лош удар на глава ми се стемни, дома исто, малата е проодена, ама нормално не е стабилна, цело време ја бутка, не и дава ништо да пипне, ова малово се треска од земја плаче, па ќе земе ќе и искине нешто што цртала, па она почнува да се треска, абе луда куќа сме дома:drunk::drunk::drunk:
     
    На Germanka7, Marsi*, Thinkerbell. и 2 други им се допаѓа ова.
  17. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    260
    Ние сега за сега имаме само љубовно, толерантно и убаво однесување меѓу нив. Бебе е уште статично, може затоа. Ама психички сум тоооолку изморена што од старт се обесхрабрувам зошто знам што ме чека. Јас сум човек од акција, организирана, весела, успевам секогаш да ја видам позитивната страна во сите работи. Ама изминатиов месец ипол мислам дека и тоа ќе искочи од мене. Не ми е фрка ни хаос ни обврски ни деца ништо значи ништо не ни смета, не ни е тешко, пресреќни сме ама ова урлањево на поголемиов мислам дека ми притиска некои такви нерви што сама себе не се препознавам. Плаче бебе и оп сите скокаме, сите сме нежни. Плаче он, ама она лигавото, бонус вриштење ако се гледа негде пред огледало е тогаш почнува и со плунка да му тече со екстра драма ефекти… прееска му реков иди си во детска и кога ќе завршиш со дерење искочи. Стварно дојде смирен а јас се туфкам од прееска дека сум го избркала и наместо да го регулирам … и така
     
    На Anaroz1 и SanelaS им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    7.655
    мене ми беше искрено многу полесно кога беше бебето статично :rofl: се функционираше супер, бебе легнато, големата си игра во соба, си бои нешто ...раат :D
    иначе и кај нас големата ја сака, туку работата е шо нема капацитет и таа е мала за да разбере, она во суштина несакајќи ја бутка затоа што игра со неа како и она да има 5 години тоа е проблемот:drunk: не разбира дека е мало бебе.
    иначе кога беше бебето ептен мало супер ни беше нас, дремки, јади, пресоблечи тоа е тоа, ама сега и тоа е станато терминатор, почнува се повеќе да разбира бара нешто се треска од земја, се качува по се пробува да се убие, скрати веќе на една дремка е само, двете во комбинација не можеш очи да тргнеш од нив, мора цело време да ги гледаш:drunk:

    иначе и јас цело време имам грижа на совест дека се по поголемата викаме, пошо ова е мало не може да разбере, ама некои денови како денес неам грижа на совест, пошо секој ден разговараме дека може несакајќи да ја повреди, ај твојот е помал 3 години уште се премали и нормално е да има тантруми и без бебе, ама мојата е голема веќе до толку да не разбира, а плус и она уште си има тантруми, научена е се да добива со плачење и трескање шо може е и наша вина, а најмногу на бабите искрено :drunk:
     
    На SanelaS и 1001Ana1001 им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.461
    Допаѓања:
    79.020
    Пол:
    Женски
    Нема правило искрено. Ни трудна со тодлер, ни породена со 2г и 5м тодлер и бебче не ми беше толку тешко.. како што ми беше кога беа веќе и двајцата пркнати. Најтешки ми беа кога беа така 1ипол и 4г, за во Бардовци бев тогаш :D Ама беше баш оној период Корона во најјакото, па све сама дома со нив.. може затоа и ми беше така тешко :?: Со лесно бременоста :l:
     
    На Germanka7, 1001Ana1001, Dodo1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    1.179
    Се извинувам однапред на депресвниот пост, кој не сака да чита нека ме прескокне…

    Дојдов да си кажам дека последниве 5 месеци многу лошо се осеќам, мислам пропаѓам…
    Како се вративме во Мк ништо не ми оди.
    Малото е 2 години, а големото ќе полни 5.
    Периодов се турбо, мислам најтежок до сега.
    Кога се сакаат, кога се закачаат.
    Куќата ја демолираат!
    Едвај стигнувам се да постигнам со нив.
    Ама тешко ги добив и ги сакам најмногу на светот!:l::l:
    Муабетот ми е дека со здравјето си ја закасав баеги.
    Летото ми се слоши со притисок 220-150 и од тогаш се чувствувам многу лошо.
    Мислам дека развив анксиозност и паничи напади.
    Лошо ми е, ми се врти во глава, кај градите имам болка, чувствувам слабост не сум способна за ништо.
    Направив 300 испитувања, килажата ми е огромна.
    Скоро дознав дека имам и скриен шеќер.
    Кашлам од Јануари кога изнастинавме сагламски со децата, завршив со нив во болница со бронхопневмонија едвај се опоравија.
    За тоа време јас цело време кашлам и сама себе не се замарив воопшто.
    Денес открив дека сум алергична на многу работи.
    Пијам преку 10 вида на апчиња.
    За притисок, за срце, за шеќер, за скриени маснотии, за нерви бидејќи ми трнеа цел месец малиот и домалиот прст, за нокти сум имала габички.
    Од денес и за алергија и пумпица за астма, па накнадно и тоа ќе проверам дали имам со сигурност.
    Како се чувствувам?
    Како г*омно да ми извинете.
    Незнам кај терам, пола ден со симптоми го поминувам.
    Дефинитивно треба што поскоро на психијатар да закажам!
    Времето што се менува секогаш ми прави проблем, метеопат сум голем.
    Скоро секој ден главата ме боли и го мразам тоа чувство што станувам од спиење со главоболка и како воз да ме има прегазено…
    Морам да се натерам да почнам да вежбам и да внимавам на храната, може ќе се осеќам подобро?
    Плачев додека го пишував постот, стои грутка голема во мене.
    Сакам да се чувствувам како претходно…