Само сакам да ти кажам дека ова што го чувствуваш сега не значи дека вака ќе остане. И јас мислев дека никогаш нема да ми биде подобро, а со време, со помош и со работа на себе работите почнаа да си доаѓаат на место. Биди понежна кон себе. Не мора се одеднаш да постигнеш. Малку по малку. Еден ден извежбај, друг ден пази малку повеќе на исхраната. Не се одеднаш. Така се проптеретуваш и ќе ти биде полошо. Сабајле остави ги децата во градинка и прошетај малку пред работа(пример) Закажи си на психолог, ќе ти помогне. Се ќе биде океј, со време и труд. И зборувај си на оваа тема слободно, многу полошо е ако не кажеш на никој што те мачи.
Над тебе имам пишано баш дека таа возраст ми беа најтешки.. Не знаев кај терам, запоставена, депресивна... пренапорно и тешко ми беше. Спасот ми беше работа. Како почнав да работам, почнав подобро да се чувствувам. Работиш? Почни и да вежбаш ако, ти треба да се мешаш меѓу луѓе (без децата). Си ги сакаме највеќе на цел свет, ама ни треба и време за себе... Јас месецов збеснав и периодов ме дрмка депре некое. Ама хаотично додека фатиме ред со све. Деца школо, дома се после часови и домашна дома двајцата пишуваат, а најмалото ми е качено на глава. Учење со нив (6то и 4то се). Се сведов периодов на работа, дома, учење, возење на активности, тон обврски дома со 3 деца. И готово, Бардовци не ми бегаше. Почнав да вежбам, саат време дома не сум.. и да ти кажам одма поубаво се осеќам. Ќе бидеш подобро , ако треба посети и психолог..
Психолог дефинитивно треба да ни е редовна станица барем еднаш месечно на сите во денешново лудо време...
Јас сум со бебе/тодлер од година и скоро два месеца и новороденче од две недели Големово уште не оди а јас сум царски породена со второто. Ако не беше свекрвата дома со нас немаше шанси да успеам со двете. Не смеа ни да ја кревам големата ни ништо а мора да ја кренеш нели за во хранилка за да ја пресоблечеш да ја успиеш итн... плус пробува да оди па мора да ја пратиш да не падне негде.. бебе на цицка цело време, немам ни толку време да и посветам убаво на големата.. така да супер ќе ти биде породена пошто детето ти е големко и оди и се... кај мене е смешки
За трудна неможам да ти кажам зашто од 13 недела бев бед рест со серклаж за големото го чуваше ММ и моите родители со мене само се гушкаше.Ама сега одкако се породив само трпение .Разлика се 1 год и 2 месеци .Големиот е турбо активен е 24ч на почетокот љубоморен беше сега ја закача само.Ама барем денот нема да го осетиш брзо поминува активен си цел ден ,кога ќе заспијат домашни обврски.Искрено најубаво е сама да си го чуваш ако си го ватиш редот понатака е песна.
Не очекував дека толку многу плачат децата, ај бебе не знае што му е, ама тодлер па и понатаму многу боли да го слушаш за се нешто како се корни од плачење, а не можеш да му помогнеш. Нерегулација на емоции до бесвест. Не можеш ни со добро, ни со лошо. И така те боли, пече одвнатре како да си најлошиот родител на свет, а буквално секој ден ти е за нив и на нив посветен.
Прашав и во темата за прв роденден ама никој не чита па да прашам и тука Дали некаде сте виделе од маскотите да има gingerbread cookie маскота и дали знаете колку им се отприлика цените за изнајмување.
Не сум сигурна ,ама прашај happy kids-среќни деца од radishani изнајмуваат и од оние скокалните а има и избор на маскоти.
Јас за тоа плачење на мм му давам рака он си има такво некое сваќање што, ако не го боли ништо нека плаче до сабајле ич не му смета. Јас 5 минути не можам да додржам да плаче а да не пробам да го смирам, ама дека плачат за се и сешто плачааааат, тестираат граници на макс. Типичен пример: На одмор кога бевме ја мислам цел грас не разбра, сака детево да оди само, не дава рака. Поминуваат коли и сеа се убедуваме јас и он, јас објаснувам он тера инает. Го зема мм у раце овој плаче рика, мм гајле нема нека плаче до сабајле оди уво не го боли. И мотото му е "поарно он да плаче за ништо одоколку јас по него". И реално гледано у право е.
Леле како поминуваа првите денови? И моите се толку разлика ама големата не оди уште, сама нема шанси сеа за сеа Бебе бара да цица и на мене да спие и ако сум сама со двете како ќе одам по големата кога малото ќе сака да цица и слично?
Малиов прооде август кај нас и стабилен е веќе На почетокот мајка ми доаѓаше кога ММ беше 2 смена.Дома само каучот и трпезариска маса имаме во дневна,накај кујна ограда.За во тоалет големото е во игрална на една страна,а малово и купив транспортно креветче на друга страна од дневна .За надвор кога ги шетам имаме количка за близнаци ама поголемиот е напред,малото е позади .Сега веќе малово не сака количка толку па она во кенгур ,а батко оди или во тротинет.Кај мене е полесно малава е на адаптирано веќе е 5 месеци и купив рачки за шишето и сама пие млеко малце и помагам.Ама релахатор нема шанси од бато.Кога спие пна со бато играме,или прво нејзе ја успивам па бато и така.Подруго е кога цица позафатена си со бебето.
Конче прочитам ,,одам на работа да одморам" ми се згадува. 1. Се чудам каква е таа работа кај шо може да се одмори. 2. Дали додека се на работа куќата дома магично им се средува или сепак како мене шо ме чека се расфрлано и садови ако не сум средила и играчки ги чека и нив ? 3. Ручекот сам ли им се прави додека се на работа и ,,одмараат" Исто ,,сите ги имаме истите 24 ч." Не ,дома со мм ги немам истите 24 ч ,не па со едикојси.
Зависи од работата, ама ете мене ми е “одмор” што можам да јадам и одам во тоалет на работа на раат .
Епа веројатно дека јас работам со странки па и за тоалет брзам да не ме чекаат. Јадење на пауза ама огладнувам пак накај 14 ч паа...
А за спиење како е? Јад пробав со малата во спална ама кога ќе почне да плаче се буди и големата... и јас и малово спиеме во дневна а мм со големата во спална Се осеќам како да не и посветувам доволно внимание нс големата пошо веќе не ја успивам не си играм толку често со неа и ептен ми е криво
Со оглед на тоа што бебе веќе пробува да оди и цело време мора да ја пазам и кревам и преместувам не да ми се одмор тие 8 саати ехеее. Куќа средувам штом ќе легне она ама под средување мислам на собирам играчки и мијам шишиња и цуцли, чистење за викенд. Ручек секој ден нема некогаш нарачуваме ама па тоа е што е.
Па на работа, не држам никој во раце. Мочам во тишина. Никој не ми соблака панталони. Никој не ме тегне за коса, за фризури да си прави. Не бришам мочки по колеги. Одмор е 8 саати. Куќа површински средувам кога ќе заспие. Собирам играчки, а некогаш лево десно со ногата си правам пат да поминам. Зошто утре пак после градинка ќе биде се исто. Асално чистење викенд. Ручек или мајка или од вечер за нареден ден.
Не читај тогаш да не ти се згадува. Бог да чува што не ќе прочитам од мајки. Бар ние за све треба да си имаме разбирање. Да и јас сум од тие што одмараат на работа. Движам и таму, работам со деца со попреченост и пак работата ме одмара. Зошто? Зошто дома имам 3 деца. Едно пред пубертет кое на секое ја закача средната и се караат секој ден, средната плачка од раѓање и на секое си плаче и тодлер во акција. На ова боље да не почнувам да пишувам што све имам обврски. Секојдневни стандард да направам тон храна, да исчистам кујна, алишта 5 тона (секој ден перам по 2,3 машини), 2,3 машини пеглам. Чистење секој ден. Пишувам дома извештаи од работа, се припремам за на работа. Учам со 6то одделенец за тестови и испрашување секој ден, ај ова од 4то па уште не е во екстремна фаза на домашна и учење и со неа е полабаво. Одат на активности: хип-хоп, ватерполо, англиски и од пон до четврток турбо се возиме навака натака Јас како си дојдам од работа, до 11 саат (буквално) не седнувам. Да не зборам и за вонредни работи кои ќе ме извадат од колосек (како родендени кај другари х3 од секое мое дете, разболување...). И да, одмарам на работа! И да баш дека не чекаат тие ТОН обврски дома, на работа ни е полесно. И не, магично не ни се средува куќата. Куќата наопаку ми е понекогаш и не ми се враќа од работа кога ќе ми текне што ме чека. А тоа обично ми текнува кога треба веќе да си одам дома