Многу е битно што работиш... Не е исто државна администрација, шнајдерка, високо стресна работа, доктор итн...
Бебе спие во транспортно креветче колевка што е до 10кг од една страна на спална,понекад сврзува цела ноќ. Пие млеко 20ч некад станува 7ч ,а понекад накај 4ч ама не плаче кенка и ја носам дневна пресоблекувам пие млеко ја оставам во креветче и сама заспива.Малиов е во креветче од другата страна на спална ако закенка вода пие и продолжува.Бебето е научено на галама не и смета батко дека галами цел ден , ама батко не буди насабајле околу 6:30 или 7ч.Пробај кога спие да играш со малата,или заспивај прво едно дете па друго. Двете заедно пробав и јас ама невосможна мисија.Кај мене поголемово заспива накај 20:30 или 21ч зависи како е уморен.кај мене со ММ само бебето заспива ако ја шета низ стан ,ама па не сакам да се научи во раце.
Каква и да е работата( освен ако не си во негователка или воспитувач), ги немаш работите на работа, како што имаш со дете по дома. Дал сум заменик министерка или шнајдерка или касиер, пак ќе кажам , никој не ме соблака, не ме гледа во очи додека мочам, не ме кубе, не бришам мочки и какани газиња и се она по ред.
Можи дека се осеќам никакво кога нема ручек ,или не е средено. Наутро станувам во 6 и накај 21 веќе немам сила да станам а и малово одма ме осеќа и плаче па нема чистење откако ќе заспие.. Шубо ми кажа И јас не знам веќе за шо го отворам форумот. И да. Сум имала разбирање за многу работи ете за ова немам. Јбг.
Никакво да се осеќаш за несредено? Абе уживај со децата и одмарај. Ако можеш со дете да пуштиш правосмукалка арно, ако не уште поарно.
Офф ,на жените околу мене аптека му е. Ама буквално аптека ,се под конец. Особено кај една со ќерка ми се во одд. Ко ќе ми рече не ми е смукано тоа трошче за лек нема
Епа по тоа што кажуваш и тебе дома ти е потешко, него на работа. На работа бар правам муабет и со возрасни... па тука мозокот ми е во релакс. Па како да ти кажам незнам? Да пишеше дека не го разбираш тоа, ок.. ама дека ти се гадело од тоа што читаш? Па не е во ред.. Еве фенирав коса пред малку, додека го испрашував син ми за хемиски и физички својства на супстанциите.. полесно амин
Куќа со деца и аптека, не ми иде. Тоа дете игра ли? Кај мене е аптека цели два саати хахах Порано се тресев , се да ми е под конец, средено. Будала сум била. Место време со бебе да поминам, јас како на норма. Санитарна дома не ми иде. А и пријателиве што дружиме секој ден, исто како мене се. Прееска 4 ри деца од две години, 6 возрасни и две бебиња. Несакаш да знаеш што беше и што е сега. Ама си средив дете, си ја гушнав и уживам.
Кога бев без дете не можев да ги разберам оние што одеа во канцеларија (работам на место кадешто не е задолжително одење на работа во канцеларија). Сега кога сум со дете сфаќам зошто доаѓале секој ден. Толку. Да, знам дека ако сум дома ќе завршам некоја работа плус на пауза или кога ќе имам некоја минута слободна, ама психички нема да имам раат дома како што имам на работа. Подобро нека ми стои за после, вечер, утре ама да одморам душа тие 8 саати.
исто, јас сама работам, можам кога сакам од дома, кога сакам во канцеларија да одам, ама дома некако се друга работа си наоѓам и не ми е тоа тоа, 100 пати сум попродуктивна во канцеларија кога ќе отидам, а уште кога ќе останам дома со бебе да работам, ништо не постигнувам
Уште некој пост ако прочитам девојки ќе ме натерате да тргнам на работа јас си дадов отказ бремена но успеав породилно да извлечам и сега се решив да си поседам уште два месеци дома неплатено, многу се мислев но не ми се почнува ич( додуша не сум врабитена, соецијализант сум). Не знам што е паметно уште не ми треба одмор од дома сма читајќи гледам дека на работа баш се одмара и малце станав носталгична по “ми бифор” ахахах
И јас сум преморена некогаш немам сила ни да си легнам ама па не се оптеретувам толку. Средено несредено тоа е. Ќе биде некогаш пак. Јас дека се мачев за бебе уживам во хаосот конечно имам кој да ми растура. За ручек за нас не се замарам ич ќе се снајдеме, гледам за неа да има. Некогаш кога ме мрзи и за неа купувам кашички. Има денови кога едноставен не можам и не мислам дека е тоа лошо.
Еве и јас сум една од тие мајки што едвај чека да почни со работа за да ,,одмори” . Си дадов отказ од работа која ја работев 8 години. Морав, немав избор. Во мојата околина деца во градинка не примаат пред 2 години. Бабите немаше опција да го чуваат. Препреблагодарна сум за времето што го имам со син ми секој ден. Од сабајле до вечер. Да не се разбереме грешка. Најсреќна мајка на свет сум што го гледам цело време како расте и како се претвара во едно едно мило детенце. Амаааа, луѓе. Како ќе ме разберете не знам. Се осеќам како во затвор на моменти. Да одев на работа 100 пати полесно ќе ми беше. Барем ќе мочав на раат еднаш. За нередот ич не се замарам. Сега дома цел ден со него немам време за се да ми е под конец, не па тогаш кога ќе тргнам на работа. Баш ми е гајле. Ќе ми биде уште потешко кога ќе тргнам на работа знам. Ама барем ќе сврзам со некој бош муабет. Ќе си кажам некоја заебанција. Вака мислам дека отупев цел ден. Пак ќе кажам, фала му на Бога што сум со него и го гледам по цел ден. Ама на жена и треба повеќе од тоа да е само мајка, мајка и мајка. Ајде уште малку ми остана.
Мене искрено само заради бебе ми е. Да можам би зела неплатено до 1 година да не го мачам со јасли од толку мало зашто еве само што почна и се разболе. И сега се прашувам како ќе тераме кога ќе почнам со работа а он ќе биде болен. Како што кажа @Anaroz1 дома не се работи со дете, а ќе морам да го чувам зашто немам опција за баба/дедо, ни на пола саат ни на 5 минути. Некоја мајка во слична ситуација што е да сподели? Знам дека можам да земам боледување, ама цело време ли така ќе тераме? Башка луѓето со кои работам имаат тенденција да почнуваат покасно и да работат до покасно, а ние не можеме да се навикнеме до 2 да седи во градинка, тек за подолго не знам кога ќе биде тоа…
Еве ви две страни: Јас седев дома со синко дома до 2години, бев бремена кога се затвори фирмата кај што работев, никој секако немаше да ме прими трудна на работа. Па повуци потегни со мм се договоривме до 2години јас да го чувам и после да тргне он во градинка, а јас да барам работа. Колку и да сум благодарна за тие две ипол години со него дома, да го гледам како расте, први зборови, чекори.. луѓе јас да застанев дома уште некој месец во депресија ке паднев жими се. Кога одев на интервјуа се чудев што ќе кажам. А реално не сум била дома затворена ама сепак дете и обврски околу детр, се осеќав ко тупа за надворешниов свет. Еве сега одам на работа, синко во градинка втора година. Од 8 до 4 е таму. Јас на работа одмарам психички од обврски за дома и иљада зошто и затоа. Приметувам дека и времето што го поминуваме заедно е поквалитетно. Повеќе му се посветувам во тие 5часа што сме заедно дома одколку кога сме биле 24/7 заедно. Е сеа трчаш се да стигнеш, во глобала не ни стигаш во трка си со времето легнувам жива уморна станувам дупло поуморна ама барем денов ми е исполнет и мене и него. На крајот на денот ова е најважно:
Точно така. Да не не сфати некој погрешно. Уживам и јас со децата, свашта заедно правиме и имам моменти и од работа кога ќе прегреам и си викам... ех да бев дома, да си се посветев на децата повеќе. Арно амаааа не е баш така... Бев и јас дома, добри 4 години со првите две деца (немаше кој да ми ги чува, а синко беше на разни диети и не можеше асално да посетува градинка). Многу тешко ми беше, отупев.. пречесто дома плачев. Кога почнав да работам, како падната од Марс бев Башка кога не си дома, неред не гледаш.. а кога ќе си дојдеш време немаш да раскренеш и си се соочуваш со судбината да е хаос додека не пораснат Башка што ќе си се дотераш, правиш муабет со големи луѓе..
Како е синчето? Се сеќавам колку беше загрижена, ама не знам дали дојдовте до решение на крајот и причина. Се надевам се најде лекот.
Еве јас на неполни 9м ќе го пуштам. Со првото поминавме мачни 2 години голгота со разболување, ама затоа после тоа раатот се гледа. Не дека нема да се болни, ама друго е. Плус едвај ќе чека да оди, учи работи што дома колку сака родителот нека е достапен едносѕавно колективот ги учи поинаку. Камоли да можев бар јасли да ги скокнам да тргне на 2г, ама тоа е. И мене ми е срам многу од зимање боледувања. Со првото поминавме некако со мм се менувавме и тоа многу значи он 2-3 дена, па јас и се' така. Некако се истерува да не е товарот само едниот. Претежно денови од одмор користевме пошто и кратењето од плата не е најфино баш, уште па да чекаш од фонд исплати.. така да 2 години е жртвата со градинка. А за адаптација не знам, испланиран ми е месец ипол, после тоа ќе мора да се снаоѓаат во градинката. Ќе почне мојот од ноември.
До пред некоја година имаше проблем... Направивме конечно колоноскопија и гастроскопија каде увидоа воспаление на тенкото црево, а дебелото беше со спазми (плус внатрешни високо хемороиди неактивни, ваљда претходно од таму и доаѓало крварењето). Пак некоја дијагноза не добивме.. ама го ставија на Омепразол и полека после тоа симптомите скроз стивнаа. Сумљаа дека е некој проблем со желудечната киселина... неправилно варење на храната. Сега веќе не пие ни тоа, а фала богу не се жали воопшто на стомакот.. нормални столици има. Одличен е, батко од скоро 170цм на 11г Фала што не помисли
Ептен ми се за греота толку мали ама тоа е. А на него колку му е тешко, на мене уште потешко. И знам дека секоја мајка кога пуштала дете во градинка поминала низ истото. Инаку убаво си испланирала повеќе време за адаптација. Јас искрено барем по коментарите на форумов и искуствата што ги споделуваат тука очекував до сега да се навикне барем неколку саати да седи. Не знам дали е до учителките ама ние сме на максимум 2 саати и тоа само еднаш останато, инаку цело време ми викаат дојди за пола или за еден саат. Од 1ви почнав да го носам и пола месец они го задржуваат пола саат до саат. Им кажав дека тргам на работа и дека нема кој да го чува, не знам што планираат и како мислат дека за една недела ќе го адаптираат да седи 6-7 саати кога цело време седел по еден саат. Не знам ни како да се понашам дали да им кажам или некаде да реагирам или да ќутам уште некое време, ама гледам не се замараат.