Малку е и моево, градинкиве сакаат 2-3 месеци да тераш. Со толку мали им пречат затоа што не се навикнати да спијат од 12 до 14ч не им издржуваат. А плаче многу или што е работа?
Речи им дека треба да почнуваш на работа, не се расправај. Прашај зошто адаптацијата трае толку. Мојов прв ден пола саат, после по саат, неколку саати накачија од 2-3 ден. За недела ипол остана да спие. Со првото поише имав мака со месеци се тегневме, за ова не ми се веруваше дека толку лесно може. Ваљда највеќе е до децата.. Ама во секој случај, ако ги навикнеш дека го земаш, повеќе им одговара така. Сепак со смирен разговор прашај што е работата..
Сум била во двете ситуации и ништо не е лесно, мора нешто да трпи.. Со големата ќерка кога се роди се уште бев вработена кај друг, морав да ја пуштам на неполни 9 месеци во градинка, претешко ми беше, среќа она брзо се адаптираше, ама многу се разболуваше, тој период го памтам како најтежок, немаше кој да ја чува, отварав боледување секој месец, се комбиниравме некако по 5 души во ден по 2 саати, па звони, па моли, помина некако и тоа, стекна имунитет заиде во градинка, стана полесно. За второво веќе бев почната сама, во мај ми заврши породилното, не ја примаа дека летен период и се фати да почне, а и нас жал ни беше, останав дома со неа цело лето да направи годинка, септември тргна, мн тешко се адаптира, таман почна по некој саат да седи, се исфрли цела, правевме пауза една недела тргна, пак се разболе еве сега пак сме дома, преблагодарна сум шо сум дома со неа и што можам да ја чувам и без да ја форсирам лечена недолечена да ја пуштам во градинка како што правевме со првата, ама сега работата ми трпи, врзана сум со неа цело време, од дома тешко нешто сработувам додека сме сами, ми се јавува странка бебе се дере во позадина, а породипното ми е завршено од мај, морам плата да пуштам, морам кирија да платам, сметки, работела или не работела никој не те прашува. Од друга страна се осеќам и мене дека ми доаѓа подобро кога ќе отидам на работа, ќе се средам ќе се облечам, шо вика @mariz ќе направам муабет со големи луѓе , знам дека еднаш е бебе, а работата е за цел живот ама некако си има убавина и тоа кога бебе ќе заиде во градинка и ти ќе си го фатиш редот и полека ќе се вратиш во нормала, колку и да ни е тешко нормален дел од животот е да се одделиме, е сега некои имаат можност и да седат дома со години да ги чуваат децата, ама и тоа не е лесно, се си има свои добри и не толку добри страни, секако не е лесно да си мајка
А тој период бебе бебе до 12м, ми бил најлесен и сум уживала.. особено што тече пара на сметка, дома колку толку средено. После тоа доаѓа веселото, јас за после тоа зборувам
Некои денови ич не плаче, некои денови плаче кога ќе го оставам. Ама во суштина и други деца плачат, дури и повеќе. Не дека моево нешто поразлично е. Денес ми рекоа дојди за еден саат. Намерно не отидов реков ќе појдам за саат ипол и тие не дочекаа сами ми се јавија после еден саат @Cherry333 денес баш им кажав дека брзо се враќам на работа и прашав како планираат да го зголемиме времето и ми вика епа ќе седи плачел не плачел тоа е. Мислам дека е подобро постепено отколку одеднаш од саат време на 6 да го оставам ама тоа е. Неќам да се расправам зашто може само полошо да направам.
Сите деца плачат на оставање. Мојата веќе останува на спиење, ова и е втор месец и уште плаче кога ќе ја остави мм. И он ја носи зошто по мене плачењето е пострашно. Исто ми правеа пола саат, саат, исто не идев и ми ѕвонеа и им реков да не ми ѕвонат непотребно зошто одам на работа и ќе ми дадат отказ. Фала богу имаа разбирање и детево брзо се адаптираше, ама плачењето од сабајле си остана. Иначе почна на точно 9 месеци и сите стравови што ги имав ми беа неосновани, излезе се спротивно од тоа што си мислев.
Ви ѕвонат зошто знаат дека сте дома и уште не сте почнати со работа или знаат дека работите од дома. Малку воспитувачки се на голема бројка деца и што повеќе деца испратат дома, тоа полесно.
Моите 9 м породилно: Среќна сум што си го доев бебето (и продолжувам), што напраивме ред со дневно/ноќно функционирање, што јаде, се смееме, се закачаме, си играме, дремнувавме заедно, лази, одлична е. Среќно бебе. Можевме повеќе да шетаме додека бевме сами дома. Прво ми беше страв да ја возам сама во кола, после бегав од жешкото....Затвореноста ме измачи, социјализација за мама-мала. И тешко се справувам(в) со кенкачките денови. Не знам за другите, ама тоа кенкањето таман си фатил нешто да напраиш дома...ме полудуваше. Тоа си го замерувам. Оваа мама е среќна што се врати на работа. Убаво ми е.
Не мора да имаш. Живееш поинаква реалност од другите, доживуваш се поинаку од другите, чувствуваш поинаку. Еве ти и моја перспектива. Работа никогаш не може да ми ги замени децата и да направи да се чувствувам подобро полесно по-во било која позитивна смисла него како што се чувствувам исполнето дома, најголемата среќа во животот ми е дома. Нема потреба да се чувствуваш лошо што преферираш различно од другите. Дали ми доаѓа да избегам од дома некогаш, да апсолутно. Ама знам дека никаде нема да ми е поубаво без нив. Со деца имам сфатено дека првите години кога ќе им се посветам целосно, многу други работи ќе трпат додека се создадат услови за нив и кога ќе го сфатиш тоа станува полесно кога ќе ставиш на пауза одредени очекувања. Немав време за шминкање и не ми ни беше битно пошто сакам цело време да ги шлапам и гњавам. Ама секако, сабота не пропуштивме да не сме излезени или на утро на појадок или кафе на пладне или попладне на сладолед. Само за на кафе кога одевме планиравме да е во период на дремка за седнеме раат. Остатокот од денот во паркови каде сите трчаат. Работам од дома и ноќе, со странци, поише ме уморуваат. Со моите деца дома полесно ќе договорам се, отколку со странец. Ниту сакам смал токс. Ни кога одев физички на работа не сакав муабети само колку да се муабети страшно ми црпат енергија. Кога и да се договорев со некоја мајка, едното ќе почне да кашла, по некој ден другото, па по него третото, дур се опраат моите нејзините тек почињаат. Сфаќаш дека таа социјализација ќе почека и е сосем во ред кога приоритетите се други. Еве пркнаа, почнав и да се шминкам си обновив доста козметика, почнав да вежбам и сама да излагам кога треба. Имаш бебе плус одиш на работа, не се толчи уште толку самата себе, кога се даваш себе си на толку страни нормално е да пукаш по шавови, сите сме го искусиле тоа. Ама застани, диши длабоко, распореди си ги приоритетите во главата и пробај да не се стресираш за се и сешто зошто не се вреди исто за енергијата што ја вложуваш. Ако работата е од значење за семејството, сфатија така. Одиш, работиш, земаш плата. Толку, без дополнително трошење енергија. Ако не ти е секогаш расчистено низ дома, супер. Луѓе живеат таму и дома да си цело време нема да постигаш и не ни треба да е средено, на деца им треба хаос, бои, забава, активности. Играта за нив е живот, воздух. Гледам по моиве уште не станати, од кревет се договараат и преговараат што да играат, кога се враќаме во кола дома договараат што ќе играат, чак и надвор кога сме седнати негде мислат што ќе прават дома, нив тоа им е најбитно сега. Сега е време да е хаос. Намали ги очекувањата во аспекти каде навистина немаш потреба од стрес! Цело лето собата им беше хаос, еве сега е средена поголем дел од времето пошто едниот во градинка, другиот во школо, кога ќе се вратат брзо минува преостанатото време до спиење. Сега додуша се на есенски распуст па пак е хаос. Кога си вака престимулирана само диши - издиши длабоко неколку пати. Ќе стане полесно. Гушкај си ги само децата, на работа и секаде на друго место си заменлива, само кај нив не си.
За работењево и децата. Еве и јас ќе пишам зошто премногу ме промени ќерка ми и ставот за тоа што ми е битно во животот. Пред да ја имам нејзе работев премногу ем заработував доста ем трчав доста ем сопствен бизнис дополнително водев и се така беше тоа убаво ускладено да јас живеам 24h со мисла за работа. Па да биде уште посупер си имам одбрано и маж што е нон стоп со бизнис идеи, работа и се му е врзано со клиенти и состаноци па така нас комплетно ни се ускладуваа животите и си теравме така добри 6 години - е кога ни текна дека е време за бебе ни се искомплицира патот, додека добивме бебе поминавме тага, болка, нервоза, непроспиени ноќи па малце закочив со активности ама не пресранав да ги водам сите работи. На породилно отидов расплакана, 3недели пред термин затворив лаптоп се поздравив со тимот што го градев толку мн години се гушнавме и им реков дека одам да родам бебе и се враќам хаха, е после се роди ќерка ми, првите 5-6месеци ужасно ми фалеше работата и старата јас зошто останав дома сама, маж ми си продолжи со истото темпо кај него бизнисот не застанува ама мојот живот тотално се стиши и јас полудував во некои моменти зошто ми требаше целата таа бука во мојот свет што си ја имав претходно. 4месеци по пороѓајот продолжив со мојот бизнис со скратено работно време некоклу денови во неделата попладне, зголемував постепено и до 8миот месец постпартум веќе бев целосно вратена. 9месеци по пороѓајот требаше да се вратам во канцекарија, на моето основно работно место, за кое толку мн ми беше жал и тажев што не сум таму додека ќерка ми беше бебе. Арно ама, последниот месец дома почнав да разбирам дека е невозможно да ја терам мојата позиција+ да градам мој бизнис и да ја гледам ќерка ми. Премала ми беше за градинка, плус кенкаво поврзано бебе од прв ден и заедно со маж ми решивме дека е најпаметно да ставам пауза на тој брз живот додека не осетам дека можеби ќе можам пак. За доброто на моето семејство, се откажав од едниот мој кариерен сон кој го живев долго, барем засега а вториот си продолжив да си го градам полека и како што си замислувам. Сосема сум изменета во однос на приоритети во иднос на лајфстсјл ама па што е животот ако не се менуваме Ќерка ми сега на 16м почна во градинка и знам дека ќе станува полесно .. после толку мн време си го добив назад првиот дел од денот ама па одвај чекам да си ја земам од градинка за играње и гушкање. Мајчинството не менува многу, сите гледаме различно на работите ама секогаш треба да правиме место само за она што е неопходно во првите години од животот на нашите деца, после имаме време и за другите работи, ќе пораснст, ќе се одвојат од нашите раце и повтирно ќе можеме многу работи на само … само трпение Мојата работна позиција беше мн захтевнс и не можев ни да помислам да се вратам со пола капацитет на тоа столче … од друга страна, добив повеќе време за сопствениот бизнис, мн нови клиенти и проекти и се си оди по некоја убава патека. Се во животот си има свое зошто и свое затоа …. Мене барем кога затворам храбро едно, ми се отвара уште поубаво ново… тие што се враќаат преморени од работа итно да бараат нова мн е краток животот да сме уморни и нерасположени , а опции и можности во 2026та година има мнооооогу @Трагедијаупмм
Да си пишам и јас на темава работа и деца. Каша попара ќе е постов ама веќе некое време си размислувам на темава. Работам стресна и динамична работа, рокови, клиенти, новини постојано, сертифицирање... Работев и со тим како менаџер и плус со клиенти на големи и тешки проекти. Бев преамбициозен кариерист, се вложував до максимум и напредував многу брзо без престан. Е откако останав бремена се сменија работите. Ми се смени и мајндсетот и можноста да сум толку исполнителна. Терав некако до 36та недела од бременоста а потоа почнав веќе да осеќав дека го пренесувам стресот на бебето. Земав денови одмор и се породив одморена без претходен стрес. На почетокот на мајчинството ми беше тешко, но сепак уживав неспоредливо повеќе од времето поминато на работа. И полека почнав да сфаќам колку сум се оптеретувала за небитни ствари на работа и колку тоа мене ме обземало. Дојде време да се враќам назад по 9 месеци но беше зима и ми беше страв да ја пуштам ќерка ми во градинка на 9м со сите вируси, бактерии и слично. Дополнително, беше бебе што не сакаше да седи со никој освен со мене и мм па во тој момент ми изгледаше невозможно да се адаптира на некој непознат да ја чува цел ден. Баби немам на располагање а и да имав не би сакала да ја чуваат. Одлучивме со мм да земам неплатено отсуство за да ја чувам јас и да ја истераме зимата, а она таман да наполни годинка и да порасне. Најдобрата одлука што ја донесовме дефинитивно. Помина година и дојде официјално времето да се вратам на работа. Од работа мислеа дека нема ни да се вратам и тоа ме навреди малку. Ако сум зела 3 месеци неплатено отсуство тоа не значи дека никогаш повеќе нема да сакам да работам. Глупости... Се вратив после година, а ќерка ми тргна во градинка. Веќе беше поголема и повеќе разбираше и многу лесно се адаптираше на градинката. Ама јас не се адаптирав на работата назад како што очекував. Прво ми беше стресно и тешко, жива ненаспана немав ич фокус. Можеби и потешко ми беше тогаш него ли првиот месец со новороденче. Потоа се одбивме од цицање, она почна да спие асално но иако наспана јас останав без волја за работа. Не знам на што се должи тоа ама еве пола година подоцна се осеќам безвезно во врска со работата и воопшто немам желба да работам. Си ја сработувам работата да, но ништо повеќе од тоа. Можеби се должи на тоа што не ми дадоа дел од одговорностите назад и што некако постојано се осеќам дека сум во заден план за одлуки, мислење, проекти... Додека бев на породилно цел ден ми беше исполнет со неа и цел ден имав некој кој зависи од мене и на кој му требам за се. Сега на работа не е така, сега сум заменлива. Е за ќерка ми не сум заменлива и сфатив дека она е таа за која треба да си ја чувам енергијата. И така ете работам безволно, си течат деновите а јас само чекам да ја земам од градинка и да си поминам време со неа.
Размислував на темата и едно време дури се решив но се премислив. Ќе видиме... Не ми треба екстра стрес и промена баш сега кога конечно се стабилизирав.
Затоа што веќе доживуваш стрес со тоа што со сила одиш на работа, колку и да него осеќаш така. Знам дека не е лесно да се смени, но битна си и ти. Те молам никогаш не го заборавај тоа.
Реков нема да вреќам т.е реков нема ни да отворам форум ама денес нешто друго отворав и ми останал во табс и ги видов известувањата. @Yowannty ти благодарам многу на разбирањето и поддршката. Во право си навистина сум преплавена. Ни јас немам време за шминкање ,облека пристојно да изгледам не е тоа дотерување,можеби е до мајндсетот не знам. Морам да одам ,работам со странки. Какви се небулози се наслушав последно време... и шефови се понашаат како јас да сум крива. Ми се смачи се па можеби и тоа добеде до овој коментар за кој се покајав бидејќи... ај многу не мора да објаснувам секако не сум разбрана ,со исклучок еве на тебе. Ти благодарам и за советите ќе се обидам да ги послушам. Во исто време се чувствувам како да пропуштам ,први чекори.. први зборови. Имав проблем и со јадење среќа пројаде ама и тоа ме јадеше мене - чувство дека ја оставам гладна. Ама да само нив не им сум заменлива и тоа ме држи. @Baby warrior ти благодарам и тебе за поддршката Реално ме држи тука што сум само прва смена. Можеби и страв од промени...
Немој да се плашиш, почни да бараш промена ќе видиш дека штом одлучиш сами ќе се наредат работите. Твојата среќа и расплложеност се најбитни на свет и децата осеќаат кога сме нервозни, замисли колку ќе биде се подобро кога ќе работиш нешто што нема да ти биде терет, што ќе те исполнува повеќе и ќе се враќаш дома полна со елан да си ги гушнеш децата верувај ми нема цена и ниедни пари и комфор не го мењаат тоа. Отвори огласи, пушти абер по познаници и ќе се отвори нова шанса, со сигурност
Знаеш дека не си сама и дека не си единствена , со такви чувства. Сите повеќе или помалце, го доживуваат истото. На крајот , почни барај друга работа. Убаво кажа. Само за децата си незаменлива.
Мн често во нашава државичка кога ќе се вратиш од породилно те гледаат како помалку битен дел од тимот и тоа е мн жално. Не за тебе него за фирмите кои се декларираат како европски а обични женски права немаат поминато, имав вакви ситуации гледано низ фирми блиски до мене во фазон абе сега е вратена од породилно, мало и детето ќе оди по боледувања цело време не ја ставаме на важен проект, што ќе очекуваме посветеност од жена со мало дете таа гледа што побрзо дома да си оди, детето и е на адаптација порано ќе бара да излегува и милион други глупости што се косат со природното очекување и свесност за тоа што значи да се биде мајка и вработен човек во исто време. Било која позиција од хигиеничар до директор за мене мајките секогаш имаат предност и во се ги гледам како помоќни, поискусни, попричагодливи и тоа е огромна грешка што ја прават фирмите денес. Ако не се осеќаш лагодно повеќе на твоето работно место промени го, не се плаши од промени, немој да седиш негде каде е само статус кво … на денешницава сите мора да мислиме на плус а не на стандард
Скроз си во право и за жал стварно е така... Еве конкретно за мене дури и знам дека очекуваат да одам на второ дете (уз муабет еднаш нешто ми спомна менаџерот). Реалноста е дека јас далеку од спремна сум за второ и стварно не би се осудила во наредниве 2-3 години али тоа е тоа. А патем иако ми оди малава во градинка 6м јас само 2 дена боледување земав за себе кога бев со стомачен вирус и ништо повеќе од тоа... Сепак на крајот од денот не можеш да го смениш ставот на македонскиве шефови и менаџери иако се и тие татковци и имаат жени и деца дома
Се осеќаш дека пропушташ пошто сме окупирани од сите страни со инфлуенсери и инстаграм. Не знаеме да бидеме среќни, само се' повеќе си создаваме притисок и грижа на совест дека еве не сум дома за први чекори?? Па детето нема да стане и да тргне наеднаш. Денес ќе стане со чекор па ќе седне на газ, утре 2 чекора итн... сакам да кажам секој ден го гледаш не си со месеци на печалба. Само што притисокот сами си го прајме. И со првото дете одев на работа па немам такво чувство дека ете пошо работев не го видов. Напротив, се' што требаше видов. Ретко кој може да остане дома и да е финансиски стабилен. А и домаќинството е работа, не е дека 24/7 си со детето. Не си ставај грижи без потреба и ти треба да живееш