Мислев од лично искуство да не имате за игротеки како за таа возраст гледам по инста ми искачаа сега ко за беља не има само широк простор со подлоги и нешто за пентарење и се де бебиња си лазат
Ние често одиме во Форест во Ѓорче, многу ми е убава игротеката за чисто чисто е. За безбедно подобро да си ти околу бебче пошто деца ко деца не знаат да пазат. Мојата прв пат беше кога имаше 11 и бешее преесреќна само лазеше и фаќаше све.
даа им пишав баш на савана, ќе појдам некој ден обавезно ми рекоа од сабајле е полабаво фала @Milkiway
Поддршка од партнерот и поширокото семејство е убаво да имаш, за да не се осеќаш крива што имаш амбиција и љубов за работата, сега кога си мајка.
Не знам дали ја следите @elena.djebr на инста ,психотерапевт е Сега има вебинар.. Иако го гледам на рати и не сум стигнала ни до пола мислам дека е одличен ,вреди да се погледне .
Дали некаде Карпош - Ѓорче има спортски активности за мајки и деца заедно? Пилатес, јога, било што. Видов некое во Кисела вода ама далеку ми е
Комшии мои вежбаат во АТГ и синчето го носат со нив цело време. 4 години е детето. Знам дека таму тој си оди на лента, вежба со нив некои вежби кои ги може и тој.
Јас барав нешто како тоа погоре што го пратив деца поголеми што вежбаат со мајки заедно. Еднаш пробавме во студио но мајките и децата во посебни сали вежбаа и не и се допаѓаше, сакаше кај мајките Вака си замислував ем ќе вежбаме ем заедно ќе поминеме некое време
Ние сеа земавме од Тополино, предобро ми изгледа, нашава се прави и како лизгалка. Сега и е роденден па тогаш ќе и ја дадеме, иначе предобро ми изгледа, баш има се на нејзе. Мојава ептен сака и да се пентари. Беше на попуст од 10000 на 5000.
Јас зедов од Rustic MM Wood на инста се потпишани. Супер изработка, и се прави како клупа со столче. Искрено, повеќе време е како клупа со столче, на него си седи цело време и си игра, реди играчки, црта, со пластелини игра. А ја купив првенствено за како кула за учење да е, и во кујна заедно да сме. Ама повеќе живци кинам така. Сѐ сака да фати, да мати цело време. Пази ја од ножот, од тавчето, да не истури по земја, да не дофати зачин. Не можам, можеби и мала е уште - не знам. Две ќе прави за еден месец некаде. Немам толку слободно време за готвењето да трае со часови и да чистам после тоа темелно.
Каков learning tower буквално се качва од стол на маса и се сака да дофати, в хранилка сам влегува и заглавува со нозете, бара помош ... Ќе излегува и од неа ќе се отепа на место. Сакам да земам од тие Монтесори дрвени лизгалки, да се пентери ама ми е страв да не се сокрши кутрото, ептен е пргав
Нас па преискористена работа ни е. Ептен сака да си се качува дур се моткаме во кујна. Дали кога сецкаме нешто, она гледа и си грицка како сечеме, или кога се меси и даваме парче тесто па и она си прави нешто…сака да учествува во се што правиме ние и ова е одличен начин да биде на исто ниво со работната површина, да гледа што се прави и да “помага”
Да отворам една тема ме интересираат мислења и искуства - затворени игрални за дома. знам дека се мн безбедни, нема кај да се чукне/ удри, ама јас сум мн против цел ден детето да ми седи во тој ограничен простор. Да ако треба да завршам нешто по дома или едноставно сакам да одморам 20 мин, но цел буден прозорец да е таму според мене мислам дека не е ок, зошто да не го пуштам да лази, истражува низ дома