немам рачки ставено ама не е висока не знам точно, од тоа пи ки ми е нарачана…пробај win win ми е уштее за кратка пауза хаха. Инале финта од мм да му викамм ѕе ѕе у да се оддалечувам да мисли играме хахахахс
А сакав да прашав ова сепарациска анксиозност, фластер стајл до кога трае? Живеам на подлогата во дневна не смеам да мрднам. Едно време ќе се заиграше, сега ако не сум тука само плаче и мамка, ме влече за ногавици и крева раце да ја земам.
Еве мојата е 16ипол месеци, мм ми излезе пред пола саат на состанок, цело сабајле беше до неа буквално играа, се бркаа, јадеа, пееа, буквално се, додека јас работев во друг дел од домот затворена и сега пред да искочи си преплака 20мин најјако дека ќе одел на работа. По мене така не плаче, сепарациска со татко е кај нас што да кажам мене ме нервира превише кога гледам како се траска од земја, ама тоа е тоа… совладување емоции кај нас ќе оди тешко знам, премногу е импулсивна, на мајка и изгледа ја ден денес не знам да си совладам емоции а не они
Забиравив да пишам за игралната, и ја купив на 6месеци, цела дневна не ми постои реално пошто е огромна 2м x1.80 - една деугарка што вика она си има нејзина гарсоњера у вашата дневна ама нема нешто поискористено откако е родена. Најголемиот дел од играчките и се внатре и сама си бира што ќе игра… има и рандом расфрлани работи како топчиња, лажички, карти не знам ти што ама премногу игра внатре. И за навечер ми е раат само поминувам низ дневна собирам што извадила и фрлам внатре два пати неделно поминувам со дајсонот за трошки и прашина внатре и ја тресам подлогата и тоа е тоа да си купиш одма
Не знам која тема е најсоодветна зашто постов опфаќа доста работи па решив овде да си се пожалам. Бебе скоро месец дена оди во градинка од кои последнава недела останува повеќе зашто јас почнав со работа. Денес од градинка учителката пушти видео и слики, и на секоја слика е расплакан а на видеото буквално вришти. Толку ми дојде тешко на душата…а знам дека е нормално или може во таков момент се погодило ама мене срцето ме здоболе. Одма сакав да истрчам да си го земам. Второ не знам дали само моето е такво ама нема шанса да работам од него кога е дома. Го земам моментално некаде кај 14:30 и си викам ај ќе се заигра нешто ќе истуркаме така саат-саат ипол, ама не ме остава ни 5 минути. Се треска од земја плаче лази и доаѓа кајшто седам на стол ме тегне за нозе се качува по мене. Дури некогаш и на подлога да седам со него пак плаче се качува по мене да го земам, па не знае што сака ќе го земам се тегне да го спуштам. А темпераментен е не застанува никако а уште не оди и не е стабилен па морам да го пазам да не се тресне некаде зашто се качува по се што ќе стигне, тегне кабли од штекер, бута ствари. И уште одозгора на сето ова заби му растат и со спиењето сме катастрофа…на саат време станува ноќе, и кога ќе се разбуди плаче не можеме да го смириме никако, ни гелови ни Осанит ништо не помага. Само млекото му е утеха и цица по цела вечер некогаш па јас утредента неспиена со нула концентрација работам и тие неколку саати додека е тој во градинка. Денските дремки повторно се врати во раце ги спие, обавезно барем едната ако не двете, а и во градинка ми се жалат не спиел одвај по 20 минути и секое земање ми се жалат како само он не спиел сите деца спиеле, ги будел ако станел порано а лесен сон имал па ако некое друго дете плаче се будел. И дека малку спие во градинка дома се успива и касно ми ја прави последната дремка па после до 9 не можам да го легнам. И така… ми се собра се, не знам веќе што да направам се осеќам како да се вртам во круг и како да нема излез од ова…
Ке помине мајка. И јас имав такво видео кај што вришти моево и го повторува моето име нон стоп, еве го сега трча во градинка, жив весел радосен го земам еден од најредовните е таму. Спие јаде пие се со ред. Ке се научи ама и многу е важна поддршката од воспитивачките јас сто пати сум кажала да не беа они сигурно ке го отпишев. Ако ти е за утеха мојот на оставање рикаше од септември до март, буквално на секое оставање. Пробај некој друг да го носи да видиш како ке реагира.