Има истражувања кои го тврдат баш спротивното, читни ако сакаш повеќе за Hygiene Hypothesis. Слично нели и за бебињата кои растат со миленици (особено важи за кучиња) се вели дека имаат посилен имунитет од тие кои не. На крајот од денот сепак мислам е индивидуално од дете до дете, има деца кои што ќе тргнат во градинка на 9м и помалку ќе се разболат од деца што ќе тргнат на 3години. Верувам влијаат повеќе фактори на тоа. Ќерка ми конкретно тргна на 1 година точно (во април) и вкупно дали 3 недели има паузирано. Постојано е со мрсули (баш прашував и педијатри и тука) но речиси се што фаќа и проаѓа брзо. Ќе видиме сега оваа есен/зима сезона како ќе биде, јас искрено се надевам дека ете од цела пролет и лето што одеше барем има некаков имунитет да не се разболува до толку.... Патем со куче сме и од прв ден се заедно.
Па и да има, ако мораш да одиш на работа за да имате за живот, на сите обврски со бебе и работа, уште со ова да си го мачиш мозокот. Нема правило за ова, а и да има, од секое правило има исклучок, така да ќе се истера се.
ако ти прави грижа на совест отследи ја. Јас ја следам од онака повеќе за нешто ми се наоѓа, неколку пати и имав пишано за медицински работи и се и е од слушнав видов ми кажаа, малце ме нервираат вакви ликови кои знаат се на сите теми. Нејсе, немај вина она од ова сигурно ќе почне или веќе прави пари може ова и е или ќе и е работа, никогаш не ја знаеш позадината така да не се замарај.
Дали некаде сте виделе да се продаваат вакви коцки како тепих? Ги има он лајн ама сакам да ги видам во живо па да ги земам.
Девојки, имам отворен сируп за алергија Аериус од ден Велигден годинава. Бевме во Македонија тоа време, син ми разви алергија и прв пат воопшто имав потреба од нешто за алергија и потоа си го земав назад со нас. Има рок до 8.2027 ме интересира оние што го користите дали да го чувам до краен датум или не? Го немам кутивчето зачувано и исто така, не го чувам во фрижидер туку во ладна просторија. Дали е уште безбеден за користење или не?
Од Велигден поминале 6 месеци тоа е максимум за отворен сируп значи не е безбеден. До датумот се чува неотворен. Ставај ги во фрижидер отворените. На кои активности ги носите предшколски деца и како сте задоволни (по можност препорака за школи)? Како увидовте што ги интересира и дали имаат додатна активност во градинка, ако да, колку е ефективна или бизнис е повеќе?
Јас прашав во аптека ми рекоа дека рокот е до датумот кој е на кутијата, безразлика кога е отворен. И во упатството така пишува, не е прецизирано дали и колку има рок отворен така да претпоставувам чим нема таков податок дека навистина е до крајниот рок.
Знам дека за сирупи е 6 месеци во просек по отварање, ама во корона кога имаше дефицит, излезе дека можело и подолго. Ама за алергија немам никогаш претходно користено па стварно немам никаква престава. А каде го чуваш? Да не е можеби погрешно што го немам чувано во фрижидер?
Јас го чувам во фрижидер, но сите лекови ги чувам така. Сега отворив да го видам упатството и не е наведено за начин и температура на чување, истото упатство е што го пратила и членката погоре. Можеби најдобро е да се консултираш во аптека за секој случај..
Ќе пишам и во групата градинка но да прашам и тука. Некоја мајка што пуштила бебе прв пат во градинка Јануари/Февруари? Како поминавте? Имам можност и од Март да тргне, но дали нешто менува во однос на настинки? Сакам убаво да се адаптира, за да можам да се вратам на спец многу долго правам пауза секако и без градинка …
Крај на јануари почна мојата. Три недели беше супер и после почна хаосот со тргни застани. Негде јуни мислам се стабилизира се.
Во пракса последните две години, ќерка ми е повеќе болна во март до мај, отколку декември до февруари пример.
Мојот тргна во март, 3 дена издржа пред да се разболи...па од јуни до септември правеше пауза и се префрли во прва мала, таму кога тргна веќе 3 години, многу помалку се разболува него во јасли...
Син ми тргна пред три месеци супер се адаптираше за две недели, да не го подречам ниеднаш не се разболел. Секое дете различно, јас очекував се најлошо и пријатно се изненадив
Во градинка 2 години одеше на балет, 1 на англиски. Чист бизнис. Од Балет ни Б не знае, Англиски повеќе научи од мене шо ме слуша на работа. Годинава ја пуштив на хип хоп, во Еурека. Пресреќна е, презадоволна. Имавме "пробна недела" и тие таму рекоа дека е заинтересирана, соработува и дека ќе ни дадат уписен лист. На другарка ми од истово место лани ја вратија затоа што детето не беше воопшто заинтересирано. Мислам дека и е доста една активност, 5 години е скоро.