Ама јас не оспорив ништо, само велам дека од тие рекла казала муабети, прочитав, видов, ми рече комшиката на тетка и на внуката, не ми се верни никако. Прва рака муабет, човек кој лично го познавам ајде де, ама и тој човек треба да знам дека не му е летната чавката. А за нус појави, побогу жено па јас лично напишав за нус појави, ако јас не верувам кој ќе верува. И за крај, јас ти викам, не сум на чисто и крај. Не верувам дека доаѓа до аутизам од нигде никаде после мрп, туку дека ген е ген, може да се активира од мрп, од аспирин, од анестезија, од вирус, од бактерија...
И јас не сум на чисто со вакцините, ама верувам дека штетата од вакцината е помала од штетата доколку детето ја фати болеста. Затоа и ги вакцинирам редовно моите деца. Големиот ја прими МРП на 21м, а тргна во градинка на 2год и 3м. Откако тргна беше болен нон стоп, не можеш да го начекаш здрав за да му ставиш вакцина. Малава сега ми е 18м, уште МРП ја нема примено. Здравје, и таа ќе трга во градинка на 2год, ама се мислам сега да и ја ставам и да не ја мислам со овие епидемиите. Ако може да се заштити со вакцина, зошто свесно да ја изложувам на ризик да фати морбили не дај Боже?
Мене ми се верни. Ти верувам и тебе, иако ниту знам како се викаш, ниту како изгледаш. Им верувам и на другите членки кои имаат пишувано за тоа какви проблеми имале. Дали чавките некому се на број или не, јас и ти како лаици не можеме да знаеме. Секако знам и ситуации од прва рака, ама не можам да зборам за нив бидејќи не се објавени јавно. Прашање е, кое ни доктори не се осмелуваат да го одговорат, што ако генот се активира од мрп? Што ако вирус не го активира? На крај, не можеш да избереш да фатиш вирус. Но, вакцина и те како можеш да избереш да не ја примиш. По вакцина, кога веќе доаѓа до нуспојава, никој не може да го врати детето назад. А за да докторите добијат кредибилитет повторно, ке треба уште многу, многу време.
Јас сум за секој да си бира за своето дете дали да го вакцинира или не. Меѓутоа, не треба да се дозволи присуство во колектив градинки, школи...затоа што зборуваме за вакцинирање за заштита на колективното здравје и за оние кои од х причини не смеат да се вакцинираат да ги заштитиме. По мене уште денес треба градинките да почнат да ги враќаат децата.