Многу е просто, кога има повеќе невакцинирани луѓе вирусот се шири повеќе и мутира почесто. Мутацијата може да влијае и на вакцинираните, и вакцината мора да се усовршува спрема мутацијата. Кога поголем дел од групата е вакцинирана вирусот може да замре бидејќи нема каде да се шири и мутира. Се согласувам дека не треба ништо да е принудно.
Вакцинацијата е тест за општествена одговорност, емпатија и самосвест. Разбирливо е зошто овие карактеристики исчезнуваат полека. Секоја чест на тие што ги задржале и покрај условите на денешнинава.
@lala15 да на 10 месеци е прва доза на 12 до 13м е втора доза. Двете девојчиња ми се вакцинирани тогаш без никакви симптоми. Ова за Австрија, имаме книшка и на неа си стои многу убаво од 9 месеци до 12 треба да се стави прва доза ( тука зависи дали е детето бидено здраво или не па се одредува кога) и втора доза ако е пред прв роденден тогаш до 3 месеци разлика, ако е после 1 роденден до 4 недели разлика.