И да пишеш и да не пишеш, исто ти се фаќа. Пак така ќе ги носат. Јас се нервирав на почеток, сега се помирив веќе. Воспитувачките треба да ги враќаат тие деца и да не ги примаат..Мојата зелени мрсули ако има во текот на денот одма ми реагираат, или ако се раскашлала. За проѕирен секрет не реагираат, јас ја носам мојата кога не и е обоен секретот
Дали родителите имаат обврска кога ќе пријават болно дете да кажат од што е болно? Не сакам да ја носам по амбуланти сега кога има вируси морбили (уште и е рано за вакцината) да знам да барам упат за брисеви на пример ако е бактерија. Или да барам секако да се снаоѓам. Очигледно е второто ама ајде да прашам.
Ако прашуваш за градинка, не, немаат обврска да кажат од што е болно детето, зашто тоа е сензитивна информација. Ама, ако се работи за косаки, варичела, стрептокока пиогенис или слични би сакала да споделуваат. Варичела е задолжително да се запише во картон и се пријавува во ијз и веројатно од таму или матичниот треба да извести во градинка без потенцирање на имиња. Не сум стручна на темата, ама вака знам
Да ти кажам што народ сме чуден и припрост очекувам и тоа да не се пријави. Пошто нели срамота е, што ќе кажат комшиите, ништо страшно не е морбили и слични глупости.
Кај нас во група досега за варичела и Коксаки имаат известено дека има. За бактерии ни родителите меѓусебно во групата само за родители, ни во таа со се воспитувачките во пакет што е.