Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    2.694
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам ептен. Нема да одиш и нема да примаш гости. Мене сите ми се лутеа и баш ми е гајле. Исто како ти се измачивме за бебе едвај го добивме и не правам компромис за нечии желби и глупави оправдувања. Пред вакцина 2 недели и после вакцина една недела не сум ја мешала со деца и луѓе. Повојница почнавме на 6 месеци зошто е родена во зима и хараше грип.
    На крајот од денот сите си тераат кефови, никој не се замара ти дали ќе се налутиш ама битно ти треба да се замараш дека они ќе се лутеле. Важи нема проблем!
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    2.694
    Пол:
    Женски
    После се што прочитав погоре на мојот коментар за мајките што пуштаат болни деца во градинка, дефинитивно излезе дека нешто не е во ред со мене, па така еве ќе се придржувам на едно добро старо правило "Ако не можеш да ги победиш придружи им се!"
     
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.511
    Допаѓања:
    27.877
    Пол:
    Женски
    Хани.
    Болно дете никој не би пуштил во градинка.
    Ама носе течење не е причина за дома да седи.
    Истото го правев и јас. Ќе и потече нос и дома. Два месеци цело време за само носе течење дома ја чував. Додека и педијатар и други не ми кажаа дека тоа не е заразна болест.
    Имала бактерија, дома била. Спуштено на гради дома. Афти цела уста во рок од два саати дома( за ова на крај и во болница бевме).
    Сега двајца родители пријавија варичела од група. И дома сите да ги чуваме, сите до едно се потенцијални заразени.
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.712
    Допаѓања:
    43.955
    Пол:
    Женски
    Јас не знам со кој мозок одиш кај мало бебе а имаш стомачен вирус. Нема што да се мислиш. Ќе им кажеш јасно за да сфатат кога ќе им поминат симптомите тогаш ќе се видите, бебето е уште мало и да не го разболат и него ќе дојдат кога ќе се здрави. Ние имавме ситуација кога буквално пола саат пред да дојдат гостите малата качи тт, им се јавивме за да не доаѓаат пошто ем и они се со дете. Кога станува збор за болест нема што да се правдаме
     
    На Трагедијаупмм, MeowMeow и hannybanny им се допаѓа ова.
  5. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    2.694
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е така како што зборите сите,ама прво дете, долго чекано... Верувам дека се е искуство и дека ќе се навикнам и јас да е болна и да не ме фаќа паника и нервоза. Само нека поминува лесно и брзо.
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.511
    Допаѓања:
    27.877
    Пол:
    Женски
    Долго или кратко чекано, дете е дете. И мојата е долго чекана. Го поминав истото што и ти, од типот на грижи, паники, затоа и ти давам ветер да не се потресуваш за се.
    Само стави си во глава дека тоа се нормални процеси , дека полека ќе стекне имунитет и да поминува се брзо и лесно.
     
    На Трагедијаупмм, Peperutce6 и hannybanny им се допаѓа ова.
  7. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    5.971
    Пол:
    Женски
    Еве мојата од секое течење нос, втор ден е затната скроз ,на брис додека стигне секогаш има бактерија, нема температура и за 4 дена макс спушта. Јас на втор ден не ја носам во градинка. Детето не диши, само преку уста. Она игра дома, супер е ама на 4 ден она има температура 37,2, бевме во козле не вратија и др ден више 39.5 имавме со осип со воспаление на зглобови. Дете еве после две недели уште неможе да се симне од кревет приплакува ја боли. Значи само мрсули беа. Во месец два пати на антибиотик и тоа само што преспива еден ден во градинка. Ама ете кај некого се влечат мрсули а кај некого завршува тешко. И ќе се снајдеш верувај и за боледувања и за све. Ако решил да ме брка еве изволте . Ќе најдам работа. Мајками самохран родител била , ја бркале затоа што останала дома сме биле болни со сестрами па наоѓала раб за два дена. Ова е период од година дена и две еве. Децата ќе се разболуваат , ама тоа дај парацетамол и пушти дете или конјуктивит заскриваат еден ден не иде др ден пушти. НЕ збориме за мрсулаво носе што трае ,збориме за мн др болести што со еден ден дома ги лечат или ги заскриваат и пренесуваат на други што не завршуваат исто. Неможе со антибиотик и парацетамол дете да се пушта во градинка затоа што е весело. Нека е весело дома.
     
    Последна измена: 7 ноември 2026 во 14:16
    На Miss_S, hannybanny и mama31 им се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.199
    Допаѓања:
    16.523
    Пол:
    Женски
    Муабетот за пишување во групи беше за превентивно да се знае за оние родители што имаат деца кои лесно спуштаат, завршуваат во болница и сл. Не е тоа никаква приватност, само ненормален може да помисли дека некој му нарушува приватност за тоа да сподели во градинка од што е болно детето.. ако друг родител може да спречи да лежи во Козле 10 дена, благодарение на неговото споделување. @hannybanny @ArabellaStarfall @Yowannty
    Деца ќе се разболуваат и треба да се разболат, само така и ќе стекнат имунитет, нормална појава, сите сме ја поминале.
     
    На Трагедијаупмм и hannybanny им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.039
    Допаѓања:
    9.493
    Пол:
    Женски
    Јас барем не пуштам болно дете во градинка, а не верувам и дека некоја мајка при здрав разум би пуштила активно болно дете, од проста причина што на тие деца им треба пазење константно, што и да им е, мора да се прати ситуацијата за да не ескалира, било да е температура, повракање итн. Колку сака работа нека ми виси на конец, дете што може да качи 40 температура во секое време и да има којзнае какви компликации, не пуштам во градинка. Е сега тука е прашање кој што смета за болно. Дете со мрсули и кашлица без температура, не е болно. Бебево беше засипнато, ларингит имаше со недели, докторот ми рече може да оди во градинка. Мене големиот со стрептокока ми го заразува 3 пати до сега бебе, а е комплетно здрав. Шарлах разви бебево последно. Да пишам тоа во група, ќе паднат во несвест мајките што им е прво дете како што паѓав јас кога ќе прочитав или слушнев нешто слично со првото. Може и ќе ме осудат од паника. Отсуствуваше од градинка, си почна со потврда и тоа е тоа. Ама сега излечен не знам дали е ризик за другите деца, а и што би помогнало да се знае тоа. Мислам дека ни пред ни по него ниедно бебе не разви шарлах во групата. Еве големиов мене ми е секојдневна закана за бебето, тотално здрав, па не знам што би можела да направам иако го знам тоа. Акутно болно дете не верувам дека некој со здрав разум пушта во градинка, ама нијансите се тие што отвараат секакви дискусии.
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.316
    Допаѓања:
    193.514
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не оспорив споделување информации. Напротив, и мене таа информација ми користи како насока што да очекувам, исто како што го разбирам и твојот став дека на некој родител тоа му дава мир. Поентата ми е дека вирусите најмногу се шират во фаза на инкубација, кога детето нема никакви симптоми. Додека родителот да дознае и да извести, вирусот веќе со денови циркулирал во групата. Не можеш со порака на Вибер да превенираш нешто што веќе се раширило. Ако некој има услови превентивно да го повлекува детето на секоја дојава за вирус и ако детето по некоја среќа веќе не го закачило во деновите пред тоа, тоа е супер и јас немам ништо против. Но, реалноста е дека вирусите во градинка се неизбежни, а превентивното повлекување деца за повеќето родители едноставно е невозможно.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.199
    Допаѓања:
    16.523
    Пол:
    Женски
    Точно, неизбежни се. Муабетот ми беше дека не е нарушување на приватност. Затоа почна дискусијата. Според мене и треба да се разболат, колку и да ни е мачно и тешко, само така ќе изградат имунитет.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    9.924
    Пол:
    Женски
    За мене дете со мрсули, кашлање не е здраво дете. Посебно не со зелени мрсули. Имам блиска што баш така вика за нејзиното дете, Х е со мрсули и кашла ама јаде, пие, не е болна.
    Некое може да е 2 месеци со мрсули без ништо. Моево 3 дена мрсули, 4тиот кашла, додека трепнам може и со бронхит да е.
    И реално кога некој ќе ми рече абе не му е ништо, само мрсули има, за мене т.е за моево дете, тоа "ништото" не е баш ништо.

    И да, оди во градинка. Веќе издржува и месеци од едно до друго разболување. И во останатото време нема ни растечен нос, ни баш ништо. Ама додека да стасаме до овој момент, низ сито и решето што се вика поминавме.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.316
    Допаѓања:
    193.514
    Пол:
    Женски
    Апсолутно е нарушување на приватност. Медицинската состојба на секој од нас, во случајов дете е строго заштитен податок и нејзиното ширење е директно нарушување на приватноста. Градинката нема законско право, ниту обврска да споделува кое конкретно дете е болно, туку е должна само да извести кој вирус циркулира во моментот. Баш погоре видовме како едно сосема совесно пријавување до градинкара може да биде извртено и ставено пре суд на родителите.
    Тоа што во вашата група постои договор за меѓусебно информирање е многу убава работа и е знак на солидарност, јас немам апсолутно ништо против се додека постои взаемна согласност. Ама ако некој родител не сака да ја сподели дијагнозата на своето дете со цела група е апсолутно негово право, и потоа ако некој трет зема за право да шири информации за туѓо дете, тоа е грубо кршење на приватноста. Законската и моралната должност на родителот завршува со пријавување во градинката, а вибер групите се чин на лична волја, а не обврска.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Пожелно е да споделиш со воспитувачките доколку детето има алергии, дијабет и слични состојби кои директно можат да влијаат врз сопственото дете, но имам целосно право ако е дозволено во градинката да го праќам своето дете и болно без да полагам на никој рачун што му е и како му е. Приватност е тоа, не знам како не е сфатливо. Сме носеле и парацетамоли и антибиотици. Потпишуваш согласност и тоа е тоа. Ако чекам целосно да оздрави ќе треба 3 недели дома да седам. Сме седеле кога навистина било потребно, или ни се јавувале дека не е добро и сме си го земале детето. Но, со мрсули, кашлици никогаш не сме седеле дома, дури и со блага температура. Барем кај мене никој не се припотресува, сите се болни и си одат без проблем. Некогаш кога има некоја доста заразна болест, воспитувачките споделуваат, но не кажуваат кое дете. И тоа е во ред. Што помалку знаеш за брисеви, анализи, похрабро постапуваш. Две крвни слики до сега ни направиле, за нешто тотално неповрзано со инфекции. Брис никогаш. А да земам сега брис којзнае што ќе не се појави. Ми беше чудно и алармантно на почетокот, но се навикнав.

    А инаку ако сподели некоја мајка и го прати детето, верувам колку ќе ја оговарате, каква била, не си го сакала детето пошто можда не и е прво или полесно го добила:). Нема везе, ако така функционирате и другите родители се океј со споделување информации, топ. Но, има и како мене што немаат обврска на никој да полагаат рачун, ако градинката тоа го дозволува.