Охххх да хорор! Зошто да биде погрешно? Градинката отворено кажува дека нуди таква услуга и свесно ги згрижува тие деца, значи родителите се информирани и согласни. Не рече Арабела дека ги лаже учителките, па скришум им го увалува детето со блага температура. Ако институцијата го дозволува и го овозможува тоа, сериозно мислите имате право на суд? Лесно е да се збори кога имате баби, сестри, комшивки на кои можете да им го оставите детето со антибиотик и блага тт. Ние што сме сами во странство, на кого да го оставиме? Отказ да не треба да се дава за секоја блага температура? Прв пат слушам за ваков тип на градинка и го имам луксузот да си го чувам детето дома, па не би го пуштила во таква средина. Ама тие учителки се обучени професионалци и е максимум една на 6 деца, а скоро секогаш се помалку, никако не е една на 30 и сигурно точно знаат што праат. Треба да престанеме да судиме уште повеќе да се потсмеваме од сопствената удобна позиција, бидејќи реалноста на секое семејство е различна.