Дали е ова паметна одлука ? Само да си кажам главата не знам каде ми е Дарија трча на една страна, кутрето на друга , и обратно. Дарија спие и навикната јас на мирно и ова ќе залае ја се штрекам од памет ме вади.
Мало бебе и мало куче не знам колку ти е паметна одлука ама тоа детето да ти расте со куче е нешто преубаво дефинитивно. Ќерка ми е од раѓање со куче, ама моето куче е веќе со навики и рутини 9 години има. Со лесно привикнување
Мојава со три растеше и расте уште. Е напорно ќе ти е, додека куче стекне хигиенски навики, ама ќе влезете во шема.
Има некоја мајка чие што бебе од 11месеци или поголемо уште се успива само во раце? Не ми треба совет, само утеха дека не сум сама
Ние живееме со мачор од раѓање. Сите ми викаа леле што ќе правите дадете го некаде, мачка е, непредвидлива е, бла бла... Најдобри другари се, заедно спијат и дење и ноќе, се бркаат низ цел стан, се закачаат, скоро година ќе полни бебе никогаш не и пуштил нокти, а не знаеш што му прави, го брца у око, го кубе само викам по неа. Супер одлука си донела, супер ќе се согласуваат и многу ќе си играат заедно.
јас сум скарана со кичмава буквално хронично ме боли. Дури некогаш се запрашувам дали е нормално волку болк Јас 50кила сум одамна а бебе моментално скоро 11ипол
На 16м прв пат заспа без нишкање на спална и од таа ноќ веќе само така заспива јас бев малце во шок хахаха после толку нишкање во раце ми порасна буквално по цели ноќи нишкавме ама ете дојде и тој ден
13 ипол месеци, заспива и презаспива само во раце. Спиење на мама му е омилено. А и на мама и стана . Само јас од мал го научив без шетање во раце, си лежам на кревет потпрена и така се нишкаме гушкаме . А во градинка заспива сам..
Тоа заборавив да кажам дека во градинка магично заспива со тапкање по газето. Не знам јас како е тоа возможно ама ете е. Мене дома не ми успева сум пробала милион пати.
јас го успивам седејќи со нишкање, маж ми стоејќи и ако зареди он неколку вечери после и од мене очекува да шетам изгледа така му е поубаво
Со нишање или со цицање, кога го оставам на спална мора да е барем полузаспано и тогаш ми успева со шепотење песничка на увце