Леле иста приказна... иста е и свекрва ми, ме интересира дали сте од помали градови или од скопје Мојава е од помал град и одма се гледа тој менталитет да кажам... по маливе места е многу затуцано. Мажот единствената "обврска" во животот негов е да напраи деца и да работи пари да носи дома. А грижа за семејството нема потреба за тоа е жената тука нели она треба куќата да си ја гледа и децата и мажот да си ги гледа. Каква е таа логика божее госпооде не сме заглавени во 15 век
Веројатно повеќето свекрви од мали места како да се правени по ист шаблон. Исто и јас ужасно го поминав раниот постпартум. Баш поради притисок од баба и дедо. Помош никаква, само желби и критики спакувани како добронамерни совети. И нема разбирачка за ништо, се како што нив им е по ќеиф. Сета среќа не отидов кај нив да живеам. Не фала, подобро мир и под кирија.
Еве јас да дадам друга перспектива. Мојата свекрва е сосема спротивното од погоре напишаното. Не само што неповикана никогаш не дава совети и критики, туку цело време на мм му кажува како треба да биде целосно вклучен во домашните обврски и обврските околу чување на дете и како фамилијата треба да му е на прво место, пред родителите. Не е од скопје но размислувањата и се баш современи. И секогаш кога ќе појдеме таму ни вика: одете шетајте колку сакате јас ќе го чувам детето. А фала богу и свекор ми е доста вклучен во чувањето иако знае таа да каже дека кога таа ги чувала децата тој скоро и да не и помагал, но сега за внучето очигледно се сменил. И искрено многу сум среќна што ете барем тоа ми се погодило зашто знам какви се свекрви постојат со желба да се истакнат пред синот, да напакостат на снаата на секој можен начин итн и многу ми е жал што сеуште постојат такви. Инаку тоа размислување пред се мислам дека доаѓа од моментот што на времето доста жени не работеле па обврската за чување деца паѓала на нив бидејки мажот бил тој што заработувал (иако не се согласувам дека и во ваков случај се треба да падне на жената). Но денес скоро сите жени работат, рамо до рамо со мажите и не може да се очекува грижата за децата да падне целосно на нив. Ама со затуцан менталитет тешко да се разбереш и да му објасниш. Плус некако жениве имаат тенденција место да се подржуваат една со друга да гледаат да си наштетат, не знам зошто.
Сте почнале тема која ми е една од најтешките откако станав мајка. Јас живеам во Скопје со тие "модерните и современите" баби кои се релативно млади. Со маж ми исто како да живееме во странство или како да немаме роднини. Овие 3 години едвај сме добиле помош и тоа директно го баравме од нив, но како проаѓа времето веќе дојдовме до тоа да воопшто не бараме и сме оставени сами на себе за све. Од другарки имавме повеќе помош отколку од било кој од поблиска фамилија. Со мојата свекрва веќе воопшто не комуницирам. Ама ме боли за мајка ми многу. Околу мене знам за баби и дедовци кои се тука за внуците и децата и тоа многу ме лути, постојано осеќам лутина кон неа и сакам да го надминам ова а не знам како.
Мене ми беше кажано " не може ти да бидеш подобра мајка од мене" Ми помага многу ама некогаш некои коментари се стварно непотребни. Јас веќе не се замарам и си терам по мое. Мое дете мои правила. Како ќе ја воспитам така ќе си трпам во иднина. И никогаш нема да разберам жени кои поминале пекол и кои сакаат и другите да поминат низ истото и на кои кога ќе им се пожалиш викаат ааа чекај чекај, тек ќе видиш, ова ми е од другарки иначе. Место да ти даде совет слушај не се нервирај пробај вака кај нас тоа помогна, не бре за инает да плачеш и ти сакаат и затоа веќе си ќутам и не се жалам и онака очигледно сме се мрднале сите и се ситиме на туѓа мака.
Мене од другарки, или жени што поминале низ истово ми е поинтересно коа ќе кажат не бе не знам не беше кај нас така, и некогаш уз муабет ќе се издаде дека сепак било така или бетер. Не знам која е поентата да лажеш или скриеш… Ја од моја свеки не можам да се пожалам, она е од обратните. Мајка ми е досадна со муабети пред 30 години како било. Ама маж ми ги пресече од почеток.
Моиве другарки што имаат деца за среќа се реални повеќето, ама имаме познаници откако им е родено детето (поголемо е од нашето) нив им е најтешко на свет, не јаде, не спие, они се вечно ненаспиени, не можат да излезат на крај со него. И стално ни викаа откако се роди нашето, чекајте сега е лесно кога ќе почне да лази е тешкото, па кога ќе почне да се исправа, па кога ќе почне да јаде, па кога ќе почне да оди, и се така. Стално нив им е најтешко и фазата во којашто е нивното дете е најтешка, а нас цело време ни е лесно. Ама кога нивното беше во таа фаза, тогаш нивното најтешко беше Едноставно престанав да ги слушам луѓето и јас и си терам како ми одговара.
I feel you. Ќе се помириш со фактот дека е таква и тоа е. Во слична ситуација сум и јас и едноставно се помирив дека е таква и дека колку и да пробувам нема да ја сменам. Има баби дедовци како што пишав погоре комплетно се менуваат кога ќе им се роди внуче. Мојава едноставно е таква, мислам и уште пред да се роди бебе ми имаше наговестено да не очекувам помош. Дури некогаш кога ќе дојде јас повеќе обврски осеќав да направам кафе или да ставам нешто на маса или да мислам за јадење што да направам. Еднаш остана неколку дена бидејќи мм беше на пат и сфати колку ми е тешко и од тогаш кога иде (мнооогу ретко) знае да донесе ручек. На почеток многу и се лутев, премногу. Сега научив да живеам со тоа дека сами сме со мм во ова и дека немаме помош и не ни очекувам веќе од никого.
Јас немам свекрва ама од мајка ми си добивам коментари. Ние вака, ние така, сега ти ова, сега ти она. Досѓа секогаш кога ќе ја викнам ако имам обврски или ако сакам да шетам некаде ама си има коментари. Многу ме нервира некогаш, се карам ама не можеш да го смениш тој мајндсет она мене не ми мисли лошо10000% сум сигурна и премногу го сака внучето за тоа сум х2 посигурна ама едноставно така се растени, така живееле скоро 60години
Мое мислење на темава е дека не можеш да ги смениш, различни генерации различни сфаќања, едноставно игнорирај и терај по свое а и ова ќе го кажам можеби некои нема да се сложат.... не мислам дека е правилно ако ти си скарана со свекрва / мајка да не му даваш на детето контакт со нејзе, не е фер на детето да му ја скратиш љубовта од баба
Ќе ти се смени мислењето како што ќе расте. Свекрва/мајка од старт со свое мислење кога ќе бидат големи, пример ко моево на 5-6г и кога го пуштат на спиење и немаш контрола се прави се' што си рекол да не се прави. И тогаш кажуваш прајте вака и вака или нема гледање. И тоа правење се' е од инает пошо не ја сакаат снаата или пошто мајкава е со комплекси па си ги лечи врз ќерката, пошто она некад била послушната снаа па како сега младава невеста се' да прај што сака уште одозгора маж и и' помага нели. На крај не знаеш кој е позабеган веќе ние или они Ако сум скарана, а веројатно би било ради детето нема да го гледа фала богу.
Колку време ти требаше да се помириш со ова? Стварно ми е мајка и знам дека ме сака и покрај тоа што нема осет за мене но сакам да имаме добар однос и понатака.
Бебе уште малку година ќе полни ама некое време веќе сум помирена. И скроз океј однос имам со неа, само што со таквото однесување самата си направи да се оддалечиме. Многу ретко одиме на гости а од нејзина страна не гледам некоја посебна желба да побара да го види внучето, не споделувам премногу детали околу детето, се слушаме еднаш дневно повеќе ради формалност и чат пат на видео ќе им го пуштам. Едноставно јас почнав да избегнувам близина ама без кавги и без лично да и го посочам ова. А никој не го спори моментот дека ме сака, и јас го знам тоа. Ама сакањето не се покажува само на збор. Особено не во вакви моменти кога најмногу ни е потребна помош.
И што ако те слушаат и ги гледаат ама и попратно те коментираат лошо тебе на детето? или ги испрашуваат децата за вас дома или за бракот со некои двосмислени прашања да прочепкат кај што не треба?
Лошо да му зборат на детето за мене? Нема гледање на детето. Не ги праќаме за да ни ги трујат децата, туку за да имаат однос убав изграден со нив. Ама ако одбрале да бидат покварени тогаш најдобро сами со комшиките да си оговараат и плачат како се најдобри ама не ги гледаат внуците. Пошто нивните свекрви и мајки смееле се' да им кажат ама ќе пукнат како ние никому не ќутиме и уште па ако не ни одговара брак се разведуваме. Како не ни е срам што не трпиме како нив...
Нема на ниедно патување без деца да идеш? Нема да имаш семинари/настани од работа? Другиве баба и дедо ако не можат? Многу убаво звучи на зборови, ама во пракса не знам дали некој успеал.
Јљс сум на таа мака ,во иста куќа сме ходник не дели. Ќерка ми не можам да ја запрам да оди ама којзнае што и зборува детето некни сред пазарење ми вика јас се чудам кој прв ќе умре ти или тато... такви муабети ние не сме и правеле. Може не колне пред неа кој ќе знае