Мајчински муабети (не е за барање совети)

Discussion in 'Бебе' started by slobodka, Apr 30, 2016.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Joined:
    Aug 21, 2024
    Messages:
    1,790
    Likes Received:
    2,487
    Gender:
    Female
    Можеш да пробаш да го одвикнеш од млеко пред дремка. И ќерка ми беше навикната така обавезно цицаше пред сите дремки и пред да тргне во градинка ја одвикнав така што ја заспивав или во количка ја возев или ја нишкав/клацкав. Нишкањето беше мачно 2-3 дена и после сама си прифати дека нема цицање пред дремки. Во градинка ја научија на почетокот да заспива во релаксатор (па ја префрлаа во креветче) па по неколку дена ја научија да заспива сама во креветче. Дома сама во креветче не заспива се уште иако во градинка така тера од април па навака.

    Се е навика и скоро од се можат да се одвикнат во 3 дена. Мојава пример иако пред дремки прекина да цица, пак цицаше пред спиење ноќе и во текот на ноќта кога и да стане но по неколку месеци имавме пак 3 дена кај што се одвикнувавме од тоа.