Добро утро,ајде кој е за кафе,пијам и се лакирам на биро,оти дома се нема време. @Kitten ептен ми е мило за мт ,со среќа да му е работата
Добро утро.... Кафе пијам, бебе спие и ве читам богами се изначитав многу сте пишувале, најпрво @mariz честитки и со лесно бременоста. Во неделата бев во бугарија и за малата мн алишта купив до после ке сликам и во соодветна тема ке ставам. Инаку секој ден се исто денес планирам да идеме малку надвор со количка колку воздух свеж да ја фати
Те читам и се присетувам дека и јас се чувствував исто како тебе. Ако не грешам тазе породена си, и сето тоа е нормално. Хормони работат и тоа е тоа. Со тек на време ќе се навикнеш на новиот начин на живот. Мене кога ми заврши породилно ми стана подобро, а потоа со проодување на малата, па кога почна да збори ми стана уште полесно. Сега сме како другарки, се си збориме, се договараме (не баш секогаш, она команда јас исполнувам ) Сега имам толку многу обврски што се прашувам како ли сум го трошела времето пред да имам дете. Некогаш посакувам да имам толку слободно време за да цркнам од досада. Да сум без обврски и планови. Како порано кога бев девојка Да се излежавам, да спијам и ден и ноќ, да се туширам 2 часа итн..Но знам дека тоа веќе нема да се случи, или бар не следните 15 години, кога децата ќе си станат самостојни и си имаат свој живот, друштво итн.. Со првото не знаев, но за со второто знам што ќе ме чека. Уште потешко ќе биде и бременост а и после тоа. Со ѕверот покрај мене. Но неможам да ја оставам сама по никоја цена. Почна да вика татко и “сестричке моја“ Се изнапишав Да сумирам, гушкај се со бебуш и уживај во секој можен миг. Затоа што додека трепнеш ќе порасне и ќе имаш мало човечуле до тебе и после ќе ти фали бебе, па ќе почнеш да размислуваш на второ
Izede cela banana malata, a golemiot pola izede po 2-3 biskviti izedoa i tolku. Dobra e vesela pie voda, si ja izede i bananata sama i skoro 5 casa nema povrateno i ete sega zaspa, a batko i ne saka da spie kje gledal crtani. A mene kako mi se spieee auu cela nokj ne sum spiena.
Трета година е ваква секоја пролет, ларингит и затнат нос Ја носев во Козле на алерготестови, досега негативно е све :/
Пред две недели за да почнат во градинка, убави беа. Еве во градинка оди, мада оваа година прв пат, а секоја пролет е иста :/ Ќе направиме
Да тазе породена. Некогаш како денес плачам за сон. Таман ме фати дремка тој почне да кенка. Таман се расонам заспива. Ме фаќа некогаш такво лудило што ми се иде да избегам од дома а некогаш и се е во ред. Тоа е ќе чекаме подобри денови најпрвен за него па за мене .
Има деца што спијат, па може и мама да се наспие. Мојата кога заспиваше легнував и јас со нејзе. И опп одма ококорени очите. Иако не е за верување, ме осекаше. Она ненаспана, кенкава и јас исцрпена. Потоа решив, она кога спие(во спална), јас се си се опуштам со кафе, сокче и фемина во друга соба И успеа. Иако не спиев, барем полнев батерии 2 часа Пробај така и ти. Но одкако ќе наполни 2-3 месеци. И немој да седиш затворена дома. Јас кога наполни малата 2 месеци се вратив на вежбање(пилатес). 3 пати неделно, по 1 час. Ако не си по вежбање тогаш искочи пешачи, сама. Нека ти го почува некој бебето. Искачај и со бебето. Еве пролет иде, буткај количка, седни на кафе, ем бебе прошетано, ем мама прошетана ем од некое килце ке куртулиш Колку и дати изгледа тешко сега, верувај ќе ти помине. Ќе се навикнеш на се и ќе почнеш да уживаш во мајчинството. Јас почнав одкако малата наполни 6 месеци И знај не си сама, има многу мамички како тебе што минуваат низ истото баш сега во исто време
како би едно кафе на сонцево и едно цигарче лоша мама, ако запалам цигарче шо ке цицат после малата, нема цигарче. видите цуцава со забчето, ме насмеа денескаа убав сончев ден.
Ама го сакам времево, едвај чекав вака сонце малку да не огрее Бев со синко 2ч надвор по улици со топка, на љуљашки, па бев до градинка ранецот со алишта и патичиња да го соберам, да не останат неносени тие работи.. зашто расте како квасец синко Дојдовме дома, еден туш му удрив дека се направи лом, многу сака камења да собира, тоа му е хоби периодов.. па и дома ги носи, едвај скришно ги зимам и ги фрлам во двор @vitamina јас првите два месеци бев таква, особено првиот... иако сум со доста луѓе дома, уште втората недела дома сама си го чував, некогаш денот скроз организиран расположена, се под конец (а малку сум перфекционист па сакам се да е се на место), едвај научив дома да ми е растурено.. Зашто трудна дома исто седев и немав друга работа, абе ништо не штрчеше затоа некои денови ми беа хаос, како што ке станев така бев лева цел ден.. спиеш доволно? Нервозата може да е од недоволно сон... дење, ноќе кога спие бебе, одмарај спиј и ти.. немој како мене гледав пак да е се средено и душа немав.. бар сега на почеток одмарај, додека не се оправи организмот, додека хормони не дојдат на место, а после ред ке си фатите со убава организација Синко убаво се измори, сега има да спие 2,3 саати, јас пуштив една машина алишта и ништо друго не правам, ке си одмарам денес.. собиве ми се цели со играчки на земја, по кревети.. ама ич не ми смета да ви кажам Така е со дете, како игротека и градинка ми е дома.. неможе да биде чисто
Здраво друшки! Ве исчитав сите, па да напишам и јас некој ред! Ние денес исто како и вчера, прво доручкувавме дома па одма со велосипедчето во парк заминавме. Цели 2 саати уживавме и јас и дете. Времето милина, сонцето си грее, малата си трчка и се занимава, за среќа ептен послушна и умна па да ти е мерак да и угодуваш кога вака те слуша детево. Се на се, супер си поминавме и се вративме уморни, па веднаш ја легнав да спие, Ете ја уште нанка, а јас најпрвин завршив некои домашни обврски и сега си ги земам моите слободни минутки за кафе и Фемина. @vitamina хормоните го прават она променливо чувство, плус монотонија предизвикува уште полошо да се осеќаш. ДОма во 4 зида, де цицкање, де пелени менување, бањање...и вчера било исто, и утре ќе е исто, денови отсликани еден на друг и баш тоа те тера да се гушиш и да имаш потреба за нешто ново, поразлично, поточно нешто нормално де. И верувај дека така е првите неколку месеци, јас би рекла првите 2-3 месеци, а потоа, топло временце, бебуш во количка и ајде на шетање. И бебушот ќе станува позабавен, и муабетите за бебињата ќе станат поважни (за каши, за ред во спиење, за занимливи играчки, па за први чекорчиња и први зборови) и се така по ред животот ќе си фати некој негов нов ритам, на кој сум сигурна дека ќе се прилагодиш. Инаку веќе други мамици пишале, скоро сите сме ја поминале таа фаза кога фали сон, фали нешто поразлично, фали раат испиено кафе, зборот ми е, минлива е таа фаза, затоа трпение, ќе биде подобро! Секое добро и бацки за малиот!