@M&M среќен роденден. И ние роденденски расположени. На малата и правиме роденден утре па тортата утре од мене Уште од денеска сме со гости ние, јас главата не знам кај ми е. Од самата помисла за утре се осеќам предвреме уморно. Денеска деца непреспани, еве ги абер немаат уште. Куп садови во кујна ме чека, ноќеска ќе станувам да мијам за утре да има кај да се шлака пак. Добра ноќ мајки.
Добро вечер мами Откако вчера ми се скрати животот за неколку години денес е ко ништо да не се десило синко весел продолжува со неговите бељи, не за џабе го викаме мало бандитче Ден поминат во средување низ дома, стандард за викендите, утре планирам да си го посветам денот на себеси, и потполно ја сфаќам @augustd и јас радо би си зела слободен ден од обврскиве. Сакам кога сум со мм и синко, уствари обожавам тие ми се се, ама искрено ако зборувам преморена сум од секојдневието, имам чувство како цел терет да е на мене, а мм само пропратно ќе помогне и за тоа му се лутам, можеби без потреба ама ете..помага го чува синко, средува низ дома кога има потреба, ама најголемите обврски се на мене, не напразно рекле дека мајките побрзо стареат, ете сега гледам дека е вистинита таа изјава. Одам да успијам дете, па после ако не заспиеме ние пред него да си се погушкаме со мажле
Здраво мамички . Имам многу за читање, но да пишам малку додека не сум заспала.Бебушка расте се поинтересна станува.Ладно-топло овде редовно излегуваме да прошетаме.Додека сум на часови тато максимално го користи времето со бебушка . Кога си идам дома бебушка не се двои од мене како лепенка за мене како да не сме се виделе сто години . Се уште не зборуваме многу, но знае да каже сега и "пате"-за патики ги зема и директно оди на врата и сама ги облекува и вика тао мама . Срце златно е да не ја под речам мислам сега за сега понатаму ќе видиме се уште е рано толку да ја фалам ама мајка де не ми замерувајте ( малку да се нашалам). Инаку за хранење се уште сме на доење дури сме и во состојба од гради да не се одлепиме понекогаш викам аман бебушке одмори малку тргни се ама кога ќе ме погледни со оние плави очиња целата се топам, па си викам будала ли сум сега неа и треба најповеќе топлина и близина со мене и ќе си ја изгушкам, избакнам и ќе си продолжи да си цица , а друго немам фала богу никаков проблем за јадење се сака да проба, многу јаде зеленчук и свеж и малку подварен си јаде се од овошје како некое . Многу сака да и читам и да и раскажувам сказни. Некој ќе рече лоша мајка сум што не пуштам телевизор многу ретко, интернет некоја песничка ќе и пуштам и тоа ретко, но мислам дека сега и е период кога треба да ја запознава околината околу неа, а не да гледа како робот во кутија, затоа редовно зборуваме, пееме, играме одиме во парк, во игротеки, ја носиме на базен значи максимално го користиме секој момент да биде во контакт и со други дечиња сепак мислам овој период е најважен за развојот на секое дете. Кога шетаме се научи дека преку улица не смее да премини додека не и кажеме, па не држи за рака, а мм гледај сега е црвено, сега е зелено, гледај лево -десно, а бре смешки живи е , а таа му вика тата, па ќе и текне папа чиниш се го разбрала прцулка мала. За помош за гледање никогаш сум немала, па ни за малава сега. Моите се таму Мк и никогаш нема овде да дојдат единствено јас кога ќе појдам таму, а и тоа не планирам за брзо. Јас пред да се породам бев Мк и ги молев ајде да ви наместам интернет Скајп да се слушаме да се гледаме не сакаа трошкови биле тоа катастрофа ама тоа е како сакаат така. А од свекрва па идат овде на три месеци и не се луѓе од поверење да им дадеш дете и згора на тоа дојдете вие да си поиграме со неа . Фала не ми треба помош од никој доволни сме си со мм двајцата затоа сме родители затоа сме го направиле и сме го родиле ние да се грижиме за него, а не роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште. Се распишував јас туку да ви честитам возачки, родендени, нови бремености милина мамички сите успеси да ве пратат во животот . Се пишуваме во наредна слободна прилика отидов да го гушнам маженце и после да со бебушка.
Добро утро,најпрво на сите да им честитам за имените денови,вечно да си ги славите. @M&M најсреќен нека е,сите желби реалност. Еве не по дома се успиваме со бебуш,поголемото надвор се вози со моторчето.Со едни пријатели ке одиме до една река во планина тука блиско е малку на воздух,и најважно да си накопам земја за цвеќиња оти оваа тука не ја бива и не растат. Мајки јас искрено не можам да се замислам за десет години,не пак на 35 да раѓам,еве 25 имам 26 терам и две деца да израснам и мислам немам живци веќе,но би сакала и трето ќеркичка да биде е тоа после 5 год,значи накај 30. Ајде јас да спремам оти отиде времето. Убав неделен ден.
Добро утро и од мене Честитки за сите поводи кај која како има Убав,празничен ден. Ме дрмаат носталгии на празнициве.. Фали, секогаш фали мајка,ма колку и голема да бидам Да не ширам негатива.. гушкајте дечиња,вие мамички - земни ангели за тие невини очички
Добро.утро Честитки за сите убави работи Денов тмурен, ама убав празник е па планирам нешто убаво да зготвам, ама посно. Кори со компири и кромид ќе биде, а мм ќе го занимава мали. Недела денес, не е на работа, па нека се дружат. Некој спомна горе и јас ќе кажам, ми треба време зза мене. Да средам коса, да си посветам внимание, ама време нема. Мали е на прво место, после домашни обврски, машини алишта прашини чуда, и кога ќе заспијат сите наместо да остане време за мене јас треба да профатам што се изнатрупало од цел ден и толку, сон ме навјасува. Тоа е жена. Ја сфаќам и мајка ми кога викаше дека е изморена и дека нема време за себе. Ама сега ја сфаќам, тогаш се чудев. Како и да е убав праЗник е, не е за шетање зашто е тмурно, ама искористете го со своите најмили. Убав ден мајки!
Добар ден и од мене. Да пишам за прв пат на темава. А ве читам секој ден. Одмараме денеска. Цела ноќ не спиевме со бебе. Две недели направивме денес и уште се мачиме со жолтица и повраќање. Цела ноќ го пазам од страв, дека два пати низ нос поврати. А заб ме боли, дупка огромна имам, дури и увово почна да ме приболува. Ајде доста беше жалење, ама каде ако не на фемина. П. С. Среќен роденден на сите што славите.
Здраво од мене мамици! Си сварив турско, горко и јако па конечно седнав малку да здивнам. Генералка правам дома, ама крајот уште не и се гледа, ќе останат многу работи недовршени па наредните денови продолжувам со чистење. Денес веќе не можам, сакам да одморам малку, а кај и да е и малата ќе ја донесат. Синоќа спиеше кај баба и, денес ја шеткаат на село па можам да замислам колку им се радува на животните, колку трчка по дворот, и колку извалкана ќе си дојде дома. Наредните денови сигурно ќе ми раскажува за случките од село, и сигурно ќе им досадува на баба и деде пак да ја носат. Последен пат кога беше таму едвај дома ја вратија, сакала таму да остане! Убав ден од мене!!! @zuto Нека е среќен роденденот, убаво да си поминете!!!
Јас со мојата генералка завршив во петок.Перење,редење плакари,се. Во наредните две недели сум на одмор ке се трудам да уживам со девојчињата.
Ме боли главата денес многу, па и се изнервирав уште повеќе од еден муабет. И од глупави луѓе. Со малата само со одење се занимаваме, сака да се пушта само, јас да ја фатам. И се плаши и е возбудена пред да се пушти, сите емоции и се на лиценцето. Убавица моја. Заборавив роденден на @M&M да честитам и на @zuto душичката. Среќни нека се. Неспиење.
@joy1 блазе тебе како успеа во 1 ден да средиш се. Мене редење плакари ми е најмачно нешто на свет. Башка имам проблем со простор за префрлање зимски летни и кревање мали алишта од децава. Мм ме изнервира многу. Од кога трубам да ми ослободи еден шкаф каде што има некои јамболии од неговите што никогаш нема да ги искористиме а има кај да ѓи однесат, во четврток си зема ден да заврши нешто по банки шалтери и му викам однеси ги тогаш и јамболиине тамам наредниот викенд ионака нема со малава никаде да одам, да средам и ми се пушти како имал многу обврски и немал време за тоа. Му се изнзборев дека ќе му седат сите блузи стуткани од гужвана во шифоњер и баш ми е гајле. Ама џабе викам пак фатив да му испеглам кошули утре оди на пат. Инаку малово невидено многу се исфрли од сипанициве. Цело торзо и е крш и на вратчето и главчето околу ушите душиче. Не ми делува нервозна не се чеша само главата малку. Ја мачкам со poxclin мислам дека доста помага. Денес не мрднавме од дома и да ви кажам право убаво ми дојде. Успеав и да усисам малку и се изнаиграв со децава, пишувавме домашно со големиов и летна денот.
Добра вечер Се распишав јас по темиве Ние конечно домче Цел ден го поминавме надвор,сончево и топло време и не е за да седиш внатре Беба конечно заспа Вчера дури во 2 по полноќ заспа,нема мир,само се врти и одма се буди Овие неколку дена не полуде сите Си мислев да не е некој скок во развој Не спие,помалку јаде Одвреме навреме кашла,некоја кашлица како сува и на моменти ми се слуша како преправање а не е Незнам што да мислам Потребен ми е сон,мислам дека ке се онесвестам од неспиење До душа маже станува навечер ама сакаш нејкиш ко да слушнам станувам и јас Си мислам лоша сум мајка ако се правам наудрена и спијам Многу ми е жал и за маже ама мора да издржиме Толку од мене мами,одам да спијам Добра ноќ
Си помина уште еден викенд....не дека мене ми огра функција, на породилно сум и секој ден ми е ист. Ама бар маже е дома и затоа си ги сакам уште.викендите. Пак не се дочисти дома, ништо не стигнав и денес. Не било лесно со бебе, сакам и со него да сум да му ги задоволам потребите, и да исчистам и да напраам јадење и благо, и да одморам и да се уфирцам...А пукната сум и некој филм да гледам. Ама....ништо од тоа, добро ќе е ако стигнам да се истуширам вечерва
Синко спие ама стандард дури не се успие убаво станува на пола саат за цицање.Од кога е роден си се тешам ајде уште малце и ќе почне да врзува цела ноќ сон ама изгледа не сум јас таа среќа него има ли и други мајки што се толку уплашени како мене од земјотресиве од август па до ден денес цело време ги мислам а ете ги и зачестија понекогаш помислувам дали работава е за до психијатар или ќе помине сам од себе тој страв
Да ви се придружам на плашливките од земјотрес.Планиран беше филм за вечерва од страв се баталив.Лежам по тренерки.Му викам на мм ако стресе пак јас одам или кај твоите или кај моите(приземје се)
Сите ми викаат немој и малиот го паничиш осеќа ама неможам посилно од мене е ете и ние сме со распоред хаха ако здрма кој да го земе малиот и на кај да бегаме ете до толку мислите ми забегуваат ајде дај боже да имаме мирни ноќи па и денови