I kaj mene kasla osobrno navecer koga spie nos celo vreme tece TT samo dva Dena Imase mislev od zabi deka I e deka kacuva koga vadi,ama posle praznicive ke uspitam I krvna slika I brisevi,statusive me potsekaat na zimoto
Денес ден година, хаос. Детево цела ноќ синоќа пак ми тестира живци со станувањево, па во 3hсабајле пукнав, ќебето и во дневна, и ја оставив на мм, едвај ја успал во5. Е, денеска нов режим дома, мм спие во дневна до 3 h, потоа јас одам во дневна од 3до сабајле, и така и двајцата спиени по околу 5саати,мир во куќа. Сега јас дежурам  Ве читам за пролетно чистење, но јас немам време. Имам една соба, библиотека и канцеларија, во ретро стил малку со дрвени прозори и дрвен амбиент, па ако земам да чистам треба цел ден таму да поминам. Вака мирна ми душа. Тек сега уклучувам приватен телефон, денес тежок ден и на работа, уште утре ќе стегнам заби. Многу се форсирам за се, резултатот ми е само минус на вага, буквално се исушив луѓе, не личам на себе, ама ако ми е кога не знам за доста. Мирна ноќ.
@НаталиЛили ме изнасмеа. И мојов не е поарен. "Мамо каде е крстот? - На Bодно. "Каде е Bодното? - Таму горе на планината. "Каде е планината на Водното од крстот...? И така до бескрај. Вакви прашања има и за влакното од мустаќот на комшиското куче. Ама јас одговарам до недоглед. Не знам кој е подосаден, тој или јас
Леле јас едвај чекам така да почне да прашува хахахаха Имам внука и кога беше мала ја шеткав и ми текнува еднаш поминавме покрај сала (оние школските нови за фудбал), што е ова? Сала Што има во салата? Клупи Зашто? За да седат децата Заштода седат? Па да одморат или да ги гледаат другите деца како играат А што играат? Фудбал, а зашто? И ова зашто и беше омилено, за се имаше а заштоо? Хахаха
Добро рано утро мајки. Јас како што е редот бебе вечито како аларм па станавме и извапцавме 3 јајца. аирлија велики четврток на сите.
Добро утро лепоти. За многу години Велики четврток. Ајде мала диверзија денес од сликите со првото Велигденско јајце...ве гушкам лавици
Добро утро. За многу години Велики четврток. Станавте ли сабајле за јајца да извапцате ? Еве ги моите 3
За многу години мајки Среќни и весели Оваа година не фарбавме јајца,ке купиме готови Ние од 6 станати,беба сношти порано заспа па и порано стана Тато уште ни се врти по спалната,а јас се борам со мачнините Се мразам ваква,за ништо не сум способна веќе со денови
Добро утро! Јас станав ама за на работа, не за јајца Јајцата ќе почекаат утре и задутре. Не сум јунак да станувам пред зори. Оваа година решив да земам цела табла, до лани фарбав само 10. Имам милион идеи за украсување. Пијам кафе и чекам време да дојде за антибиотик за малото, да се доспремам и шибам.
Добро утро мајки. За многу години денов. @mariz со мало закаснување среќен роденден на Тео. Јас не фарбав денес јајца, здравје, ќе почекаат до сабота. Ќе офарбам неколку само, црвени, а за китење и шарење на истите ќе почекам барем една година кога ќе разбира големава. Уште сега страв ме фаќа колку јајца ќе ни се насоберат од родниниве. Момите ме издигаа од 06.30, па мала пауза пред втората тура со ранење и менување памперс. Прееска големата ја чукна малата со даљинското . Додека ја ранев малата она го грабнала од масата и да ми го даде да уклучам телевизорот, и оти реков не го фрли и за беља баш во првец на сестра и. После ја скарав, па мака ми беше. И на крај малата вриштеше што ја чукна, големава оти нели навредена па ај гушкај ги теши ги. А и мене како само ми фалеше една прегратка. После сум на заболекар. Толку беше од доењето па барем да средам тоа. Да испијам едно кафе и пак се во круг едно исто од сабајле
Добро утро и за многу години денов,јас станав и офарбав само три за адет,другите ќе почекаат.Едвај чекам да помине работното време и да се спремаме па да фатиме на југ кај свеки и кај моите.Ќере е добра веќе,денес отиде и во градинка ,толку беше од вирусот три дена јако кашлање и тт ,сега многу ретко само некој шлајм искашлува. Убав ден на сите
Добро утро мамички Прв пат станувам пред зори за првите јајца. Бидува полека и од мене домакинка Им правев на дечињава црвено, бело, весело. Сега заедно боиме,лепиме. Куќава ќе прооди, ама радосна атмосфера имаме За арно, за убаво до сите
Добар ден мајки,деновиве ми е урнебес со поголемиот нема мир ни секунда,па и многу бељаџија станал,само расипува,фрла,крши,не разбира од збор никако.Ноќеска ич немам спиено,што од умор што од нервози,и прв пат вапцав јајца толку рано пред изгрејсонце,3 за адет,вечер ке ги бањам маливе со едно. Со закаснување им честитам родендените на малите на мариз и жуто,нека бидат среќни и безгрижни. Убаво мн времето може со мајка ми и децата ке излеземе низ град. Бебуш почна толку силно да гука мислиш се кара и прави едни фацички интересни. Колку ми ја одземаат енергијата толку и ми ја надополнуваат,тие се смислата за постоењето. Си изчистив исправ,све си средив,така најмногу си сакам се додека синко пак не направи лом. Убав ден мајки...
Добар ден. На кратко да ве поздравам. Јас не фарбав јајца утрово. Како што му е пореметено спиењето на син ми ради градинката, уште за јајца рано да станувам нема шанси. Здравје кога ќе бидене поголеми. Овој пат не успеав ни куќата да ја исчистам пред празникот. Значи ич не сум домаќинка Денес правиме недела како оди во градинка. Со плачење, ама важно оди. Таму кога ќе го викне воспитувачката подава раце и не плаче веќе. Поткашлува суво, и го носев да го види др. Вика нема ништо, ни грлото не му е црвено.од многу плачење му било. Е ај сега, а тој плаче од дома уште, не сака од врата да излезе. @mariz среќен роденден на Тео. Жив, здрав, среќен. Се надевам убаво си поминавте вчера.
Фала на сите убави честитки Вчера супер поминавме со оглед дека не ми дојдоа 8 деца.. нервозна бев на почетокот дека вкупно па и беа 15 деца... ама тоа е, супер беше и со тие неколку Задоволна од игротеката, персоналот, услугата. Синко иначе несака да му пеат хепи брдеј групно сите, кога почнаа да пеат фати да плаче, да вика, да сака да бега... Па после не пеевме, да и се израдува на тортата малку... Не приметив сум земала свеќичка што сама се пали, ти ја дуваш таа се пали... дуваат, се пали, дуваат, се пали и немаше крај Инаку денес се качив на вага и сум минус едно кило Со 71 почнав, отидов до 73, сега сум 72... а еве ме веќе 12та недела, чудна оваа бременост.. односно многу различна од првата Имајте убав ден мајки, јас некако изгубена неделава се си мислам денеска е сабота
Дааа, почнавме за озбично. Морално е, бабата скроз не откачи. Од другата недела и ќе спие во градинка. Само да биде здрав. Ние сме н. лисиче во бубамара.
Добар ден мами. Јас и бебе стандартно си станавме и без аларм. Освежени и одспани рано посабајле пред изгрев на сонце. Извапцав 3 јајца прв пат годинава рано наутро и пак си легнав. Денес посен ден како и утре и други ден. Ќе зачиситиме во сабота ќе се избањаме со кокото а утре ќе ги извапцаме и исшариме сите јајца. Убав ден мами еве ги моите 3 сабајлешни вапцани кока. Убавини и здравје кај сите дечиња и мами.
И јас денес конечно да завршам со обврски. Денес,ден планиран само за фарбање јајца,така и помина. Јас не станав пред зори,но рано рано фарбав 1јајце. Јајцата оваа година мислам дека ми се најкатастрофални,боите сами течеа(зедов некои грчки) по самото јајце,кристалите не ми се лепеа,се нервирав,но битно црвените се убави. Денес го дотеравме и синко,плус го исшишавме,после неколку месечно молење. Повеќе врискање немам слушнато до сега,од инат. Битно сега имаме дечко за мерак . Утре пак обврски,да засредам дома,да направам уште некое слатко,соленко. Напорно за жените деновиве,ама од секаде се чувствува дека е за убаво. Само така да трае кај сите!
@irena.1 да ти се придружам во не домаќинки . Нит генералка нит јајца вапцање. Ионака ми се будат децава само фали уште да станам пред зора и да ги изреметам сите. Ќе офарбам неколку во сабота после мн ми се собираат од овој оној. Мм и синко ќе одат сабајле за охрид па може ќе ги пратам докај тетка ми да земат некое јајце ама ако се вратат во сабота како што мислат и нема да им треба. Знам дека се ептен големи празници не сум некој голем верник ама пак ми е шубе да правам некои работи што викаат дека не чини да се прави на празник. Се мислев утре да зачистам малку преска малово се растрча боса по дома па сфатив колку се извалкала куќава а пред неколку дена усисавав ама не иде утре да се чисти нели? Ај ќе си го користам тоа како оправдание Инаку мм се врати вчера од пат ама покасно па сабајле го виде малово и ептен му се изнарадува ептен. Ама не знам зошто па му плачела после од кај 3:30 додека не стигнав од работа плачела по мене, ептен беше некако потиштен мм вика се пробав да ја развеселам ама џабе. Којзнае зошто жоже и дошло невообичаено дека татко и дома а навикната е кратко откако он ќе се врати од работа да се појавам и јас па изгледа ја фатило паника да не не и се вратам Ја однел денес мм докај матичната да и запише во картон дека има сипаници, прв пат ја вадиме од саботата и отишол до кам со неа вика како ја гледаа сите како чудо. Ептен е исфрлена и мн и се познава плаши луѓе околу неа . Не е за излагање ич а жал ми е окапа дома којзнае уште колку време ќе и треба убаво да се исчисти. Ептен се распишував јас не верувам дека некој ќе се помачи да исчита