Добар ден мајки!!! Кај нас дома празнично расположение, јајцата офарбани, кошнички полни, зајци тук и там , по некој сончоглед -права велигденска атмосфера. Малата вчера учевствуваше во фабањето јајца, повеќе беше активна во лепенките Маша и Медо, ама важно до мене беше и ,,помагаше,, Е ок де, скрши само 2 јајца, а на останатите во кошница што се им се радува и засега не ги фаќа, па се надевам ќе дочекаат Велигден! Во моментов гравот е готов, салатата е спремна, мм и ќере нанкат у спална а јас пијам кафе и одмарам. Периодов пред празникот правев гнералка, исчистив се, освен да ги средам плакарите ама тоа остана за по празникот! Склетлива душа сум, криво ми е што не стигнав и нив да ги средам... Изминатава недела малата тргна во градинка, ја оставам по 2-3 саати сама. @fairy88 ве пуштаат со дечките да седите??? Кај нас не иде у предвид тоа, оставаш дете, оставаш ранец - се тоа се случува на врата и по тебе се заклучува а детето останува внатре со децата и учителките. Засега добро минуваме, се расплакала еднаш ама за брзо ја смириле. Сака деца, се игра со нив, учествува во активностите (фарбале јајца, цртале јајце, пееле песничка), амаа одбива да јаде таму. Им велела мама поубаво јадење дома ќе ми даде. Јас се си мислам дека тешко ќе биде кога ќе дојде моментот да спие таму, а учителките се воглавном оптимисти и ме убедуваат дека се ќе биде во ред. Ќе видиме како ќе биде, сеуште сме во процес на адаптација и таму останува сама по 2-3 саати.
@gjoker4e јас користев околу 10дена потоа обични бидејки не крварев многу ке си видеш ти како ке бидеш па така ке тераш.. Денов денес убав ама мене хаос ми е..Бевме на црква а времето за спиење и беше и на двајцата..Ајде керка некако играше бидејки имаше деца ама синко цело време кенкаше..И кога почнавме да ја вртиме црквата леле кога почна синко пискање вриштење сите жени гледаат во нас и слушам (леле жално му се спие сигурно) ајде се тргнав малку па свеки иде по мене она мислела си одам а богами и ми се идеше веке.. Па керка кога виде ние се тргнавме ајде плак по нас абе хаос..Керка золва ми ја помина под масичката ама ете ние неможевме здравје бога догодина..Сега нанат и двајцата а јас ке збирам алиштата и кога ке станат правец кај мајка ми да одморам малку и јас бар неа можам се да и кажам и да ги погледа да одморам и да се избањам ко човек до понеделник ке седиме ако не ни здосади Тоа мајки имајте убав ден
Хелоу женски Денес добро ни помина денот Со маже и кере од сабајле излезени Прво на колач и кафе во градот па кај пријатели бевме поканети на скара Јас и кере се прибравме пред малце а маже остана таму Ми годеше излегувањето само што измрзнавме,многу е ладно овде Во недомаќинки еве уште една Јајца фарбани купивме,искрено кере не спие добро навечер и ние не сме наспани,уште да станам и јајца да фарбам Ни едно нема читаво да се најде За куќа шта да вам причам Плаче за генералка здравје да поминат празнициве ке земам некоја жена и ке се заврши и тоа Не дека неможам и сама,несакам да ризикувам Некако полна сум со енергија,сакам да пешачам,да работам,само мачнините и повраќањето ме зезат Мртва гладна сум,нема шанси да јадам или да се напијам нешто а да не трчам во вц Вистина ми се смачи Толку од мене мами,дури спие кере да се напијам едно чајче
Здраво мајки. Денов што убаво почна, а сега дремам со главоболка во спaлнa, со спуштени ролетни, без телевизија. Преморена сум, и од животот некогаш. Детево здраво право абер нема од спиење навечер, денес па ни денски не сака да спие. Бевме со пријатели на ручек во град, супер беше, се смее цело време, си игра со деца, се гушка со сите, сите викаат ептен мило дете е, дури и воспитачките во градинка ја фалат дека брзо се прилагоди, ама... Ама спиењето проблем.. Викам на мм ќе ја носам на лекар да видиме што е работата, он ми вика не биди смешна ќе ти се смеат. И ајде биди паметен да те видам. А и јајцата ме дриблаа вчера, ми испаднаа циклама боја, а сакав бордо, ми идеше преку прозор да ги фрлам, џабе цела вечер со нив се замарам. Сега лежам во тишина и збирам живци за вечер за ноќното будење, знам дека истото ме чека како и секоја вечер. Тоа е мајки. Поздрав.
Како сте мами? Јас само да ве поздравам, за раскажување имам многу, знаете со три деца е ептен весело по дома. Едвај чекаат да се вратам од работа и да збеснат Обожавам кога е сончево времето, повеќе позитивна енергија имам, имам сила за све Убави празнични денови и бидете умни како што сте убави. Бубнете ги вашите ангелчиња од мене
Јас не користев. Кога дојдоа од болница да ме земат одма обична со крилца си ставив. Немав никаков проблем. Добро вечер мајки. Пола јајца ги средив. Дел со салфети исполепени ама ептен убаво ми излегоа. Ќе ставам сликичка во соодветна тема. Малата помагаше со лепење бидејќи ги користев нејзините четкички Цело време грабаше нешто да мачка со белката, ми викаше: мамо, јас бојам! Па маж ми ја спреми и однесе кај свекрва ми на ручек а и на спиење. Конечно еден петок и за нас! Ќе идеме у провод Еден месец не сум ич излезена, ниту на кафе. Имајте убава вечер
Јас успеав пред изгрејсонце да ги исфарбам јајцата ама од генералката ништо па затоа утре ќе незнам од кај да почнам.Денес синко прв пат без мама и тато Али само два саати сеуште ми е страв да го оставам дека е голем плачко а веќе пораснавме.Подготовките за крштевка почнаа бебуш го дотеравме.Сега сме ние на ред ама од што сум исплашена дека ќе се утепа од плачење не сум воопшто возбудена околу целиов настан.
Колку е старо? Од старт така спие? А се буди ноќе и седи будна или само се буди и бара помош да заспие? Оф мачно е знам. Ако ти е за утеха ќе порасне ќе почне убаво да спие. Син му беше ужас спијач и дење и ноќе докај 1.5г оисле само дење ноќе почна да си спие полека полека. На 2.5г веќе се откажав ид успивање дење бидејќи тоа беше хорор со окачки карање налет. Бев упорна бидејќи мн беше нерасположен поради тоа неспиење ама пак со сила не иде.барем рано легнуваше. И уште си има навика рано да легнува. Ова малово многу ми се буди а веќе скоро 20м ќе прави. Знам дека ќе и помине бидејќи веќе сум го поминала тоа ама некако како помалку напорна да ми е. Мн по нервоЗна бев со првото. Ова се буди се атачира на цице и продолжува. Има ноќи кога е неподнослива ама тоа обично ако не е добра нешто. Не дека ми е убаво вакво спиење на рати ама може и полошо знам па затоа и не се нервирам толку. Едноставно некои родители немаат среќа да имаат лесни спијачи деца некои пак не наат што е неспиење. На кого како ќе му се погоди
Добро вечер жени @M&M знам дека пак е подобра ситуацијата тука одколку во Македонија.Ама колку што викаш 30 деца е премногу.Тогаш не се чувани од воспитачките,децата треба сами да се чуваат. Зборот ми беше дека сега пак имаат помош од нас,после се ептен сами.Можеби допринесува и тоа што е целосно нова групата и градинката е новоотворена и уште нема добра организација.Некако ми е се хаотично.Се надевам ќе се подобри ситуацијата во брзо време, секој почеток е тежок @snegulkata да седиме со децата.Колку седат тие толку време сме и ние во градинката.И постепено кога почнат да остануваат сами е од половина час па нагоре.Остатокот од времето сме ние таму со нив.Одприлика периодот за адаптација е еден месец. @augustd и кај мене синчето не спие.Еве година и два месеци е и се буди на секои два саати.Сега пробувам да го одбијам па ќе видам дали ќе се подобри ситуацијата. Преска ги намачкав градите со сенф и малиот кога виде направи една така жална фаца,срце ми се скина.Почна да кенка жално,знае дека повеќе нема да му дадам.Десет минути се гушкаше во мене и бараше утеха. Ама мора,оти ќе почнам на работа и мора да се научи од шише да пие.Се додека е градата одбива други течности.И за градинката ќе е проблем,не сака ништо да пие додека е таму. Тоа е поздрави и имајте убава вечер
9+сме, а фркава почна од пред 3месеци, порано врзуваше и по 6саати сон со будење за млеко. Сега се буди само за да ја презаспијам во релаксатор веднаш заспива ама па не ми иде цела вечер таму да спие. А неделaвa сме хаааоосс, во градинка спие два часа дома уште два и навечер се буди на пола час. Мачно е стварно, зашто треба да си психофизички способен за работа, но што е тука е, нема како сакаме ние, али ете ми е мака стварно, не за мене, него за неа, зошто така прави, мајки на се мислиме... Вистина така се стареело.
Фази аугист фази. Исто и мојава првите неколку месеци бајче. Врзуваше и повеќе од 6 некогаш и сама презаспиваше. А сега леле мајко. А викаат обратно треба да е, како растат поубаво спијат. Како да не може после 2г
Аууу а јас се жалам што синко не ми спие веќе преку ден ко што знаеше по два, па и поише саати и тоа два пати на ден, а ноќе од 9 до сабајле е кома. Јас сум спанка голема, не знам како би изгледало тоа бебе поише од пола саат да заспивам навечер, преку ноќ де, преку ден и знае да закенка и да не сака да се успие, сега се му е интересно и сака нон стоп тае да оди, ама пак преспива, по саат-саатвреме два пати, а до пред еден месец и три пати. Е сеа дете е, знае и он да праи проблем ама не е често.
И ние мака мачиме со спиењето ете во осум си легна а веќе три пати до сега цицаше.А каде е утрото???Само се тешам со мајкиве што имаат иста мака се надевам ќе се среди и тоа
Ние цела ноќ не сме врзале. Веќе 7 месеци сум и на работа па и навикнав да не спијам. Имаше еден период кога стануваше наспана у 3 за да си игра. Среќа нема така. Сега у 8 заспива у 7 е будна ама ноќта... зависи колку бил бурен денот. Ако сме шетале многу цела ноќ прета. Еве ја сега таоооо мафта и спие оти денеска ао децата си играше и тао им викаше 100 пати. Ако се преврти мора да ја погалам и продолжува. Цица еднаш ноќе. Најчесто се буди да се гушнеме. Сакав да ја учам сама да спие у креветче и тамам почнавме... една вечер заспа до мене и поврати од вирус. 2 пати кога качила темперарура се е ноќе. И ја сеќавам одма. Па аи се наплашив дека аоо некогаш качи тњмпература а не спие со мене нема да сетам и ќе качи 40. Ужас. Не е детето криво јас сум. И пак спиеме заедно. Некогаш одвај се будам. Некогаш си станувам у 6 наспана. Среќа и порано спиев малку ама сега и уморот си го прави своето. Една година неспиење, работење стресна работа со рокови и грижа за бебе- резултат ужасна кожа коса почочњаци слаб инунитет слабеење општо не змам веќе ни колку кила сум. Панталоните од пред 6м ми паѓаат. Пудра не крие волку умор. Имам и старачки пеги веќе. Дланките ми се ко на баба. Плус модрици од количката по нозете и морам у панталони на работа. Ама викаат дека до 3 год е вака... Дотогаш ќе живуркам така што @augustd стегни заби. Иначе со покривање мака имаме... детево не сака ќебе и се поти ако ја покријам. И јас покриена она откриена спие и ми е жал...
И како почна ноќта така и заврши со будење со плачки милион пати цицање.Тато работи две работи па си дојде дома во седум и го причува бебуш до осум ипол да поспијам.Инаку станавме во пет ипол.Па за да биде уште полошо два пати му готвев од сабајле не го сакаше ни просото ни палентата да ги јаде.Му се спие збеснува ама инатот е голем.И дури пишувам ми заспа во раце па ќе се држиме само за мир во куќа.Машината за перење врти од сабајле страв ми е да не сфати колку ќе работи денес па да фати нозе и да ми избега.Имајте убав ден мајки
Го знаете моментот кога се жалите и се случувa спротивното? Е така драги мои, јас вчера кукав, плачев дека детето не ми спие, кога она вчера вечер ја успав во 10:30,стана утрово во 8:30, без ниедно будење,а јас цела ноќ дежурам. Значи можело да се спие, но денски кратко спиеше околу пола саат. Ќе пробам дење да ја будам, па ќе видам. Битно пресреќна сум! Најубав ден на сите.
бесценето е чувството да се разбудиш во твојата соба и во твојот кревет од детството, а до тебе да е и твоето малечко. Кај мама.и тато сме со бебо и многу ни е убаво. Тоа имав да кажам, т.е. да се пофалам
Здраво и од мене, да чкртнам нешто . Кај свеки сме на гости, вчера бевме на црква, па низ град шетавме, сабајле рано станавме, бевме на причест тука во еден манастир, ја причестив и ќере па во еден кафиќ со љуљашки на раат си пиевме кафе со мм, она се изнаигра па заспа сега, ама комшиите тука нешто градат и чукат на велико па којзнае како ќе спиее. Убав празник на сите
Добар ден мајки. Денот е прекрасен па шетнавме со големата до блиското паркче. Радости детето, цело време трчаше по гугутките. А ќе летнеа, одма рацете на глава и главата доле, се плашеше. Ама само на кратко. Пет секунди покасно пак по нив. Во паркот и други дечиња па си играа и се пулеа. @fairy88 што побрза адаптација на синко и со лесно на работата. @augustd големава моја е неспијач. Како мало ниту дење ниту ниќе спиеше подолго од час. Како зомби бев по цела ноќ поради нејзините будења. И ден денес, 22 месеци, станува 06 сабајле и може да не спие цел божји ден до 21.00. Ако преспие пола саат добра е. Неколку пати и се згреши и спиеше 1.5 час после беше хорор за успивање. Сега гледам акомореспува да е кај 12-13 и да не е многу долго. Туку мајка не е добра. Грутка имам во градиве. Се јавив во систина ми рекоа од вторник ехо, снимање.. и останато. Сега може само општ преглед и разговор. Колку лошо човек од кај неарен па и на вакви денови. И мене грло ме дере. Ова дали од трчање по големата во парк, па после и тежи газот и ви раце што ја носам. Па еднаш уште еднаш запоти се и толку треба. Ај само децава да се добри. Уште малку да одам рибчето да го зедам. Тоа ни е денес на мени. Убав ден на сите
@augustd работата била да се пожалиш тука и оп, малата се така нека си спие па и вие раат да сте. За среќа тој проблем сме го немале, синко ја преспива ноќта од неполни 4ри месеци. Може зашто сум спанка така ми се погоди Јајцата офарбани, помагаше и мали, ја наредивме масата. Засега само ги гледа без да фаќа, се надевам така и ќе продолжи. Чекаме да си дојде тато од работа да одиме да пазариме нешто... Убав помин за празниците! Уживајте со вашите најмили. Тешко е кога си далеку од сите...многу тешко... Ах, туѓино!!!