И мојата од трети ден од рагање а зиме беше па до сега се е по фустанчиња кушулки се туфнички па што и мене исто ми викаа исто пари сум фрлала еве сега во шкафче како нови се кога ги гледам не жалим ни најмалце ,иако второто ми е машко и него се си го дотерувам по кошулки ...нема да жалиш зошто брзо растат и кога ке го видиш на слики такво слатко само ке жалиш што неможела таа фаза на растење да потрае подолго.
Јас дојдов еве ви праќам топли поздрави со синко од дворче, денес сме на ручек кај баба и дедо сит се собираме убаво ќе ни биде. Едвај дома седнуваме и немам време да ви пишам инаку редовно ве читам,синко расте сега за сега 2заба за други нема абер,тоа е од ден во ден се поголем бељаџија е само бељи прави, мм вика дека мн е размазен од негова страна и тоа се едно исто ден нема а дома да останеме цела ден секој ден ни е некаде на пат да тргнеме утре планирам да појдеме до Бугарија па ќе видиме денес го земавме пасошот на бебуш и така. Убав ден
Го испратив големиот маж на работа, ќе го заспивам малото маже. Денес сарма на мени, ќе ја виткам додека спие синко за да избегнам инциденти Деновиве само чистам и готвам, криво е времето надвор не ни дава да излеземе на прошетка. Дете веќе од досада не знае што да прави, само некои глупости му идат во глава... Си имам и проблем со мали околу храната, сака само течна храна (манџи, каши). Може и јас сум крива, страв ми беше да не се дави Денес имав неуспешен обид со ќофте од тиквица, морков, младо кромидче... не сакаше ни да го погледне, изеде само една кифла. Како стер дедо е, сака лажица да игра
Добар ден. Преубав ден, малово сонце мое си спие во количка надвор, јас ќе читам малку, ја запоставив мојата најголема пасија. Ноќеска беше будна од полноќ до четири сабајле. Пола саат се обидуваше да го стави капачето на јекодермот и да го заврти, пола саат си играше со чорапчиња, ги врткаше и ставаше на ноџињата и се чудеше од кај тие чорапи кога веќе има облечено. И така, се е интересно кога треба да се спие. Па сабајле шеташе со татко и, јас спиев цели два саати. И купивме нокширче, нема поим за што е нели, па му најде намена, го вози како количка низ соба, смешки е. За оставање ја оставам по еден саат на моите, они не ја хранат, ништо, само ја играат. За повеќе само со мм. Ама и јас не памтам од кога не сум излегла, еднаш само може, зашто само со мене заспива и се буди ако станам. Тоа е, ќе си почекам малку. @♡BuBaLe♡ цела среќа е пуштена за утре.
Еве ме и мене Таман работа да смее да ме нема Тато на работа уште некој саат и ке дојде Кере гледа цртани дур да испијам едно кафе,да не се цртаните ам шо ке правевме И таа бељаџивка,оди во сите соби и сите алишта ги вади надвор Се што можела да достигне се е на подот засега тоа ни е главна занимација Не застанува по цел ден,ни релаксатор ни цртани долго помагаат,тек дубакот,дете трауми има од него Со играчки не игра никако,несака ни да ги погледне Има некоја страшна навика мајки ја мава главата во ѕид,во шкафовите истото и кога ке ја земеме со нашите глави Некогаш мене ке ме здоболи а нејзе ништо Многу се плашам дека прави така,да не се повреди или слично Времето овде претежно облачно со најави за сонце и повремено снег вее Како ли ке биде за роденденот,планираме во двор зш дома немаме место Маже нарача од оние шаторите па можеби ке не заштитат колку толку Недај боже ако почне да паѓа дожд или снег Имајте убав ден женички
Јас денес кавгаџика. Го зедов детето од градинка, изгребано на окото, го изгребало друго дете. Ок, тоа било утрово, можеле да се јават, да кажат, по малку и солзи, можело инфекција да фати, сепак е око. Ни две ни три кај директорката, во воздух ќе дигнам се за мое дете,па да ги видам од утре дали ќе ќутат. Уште ме држи нервозата,.. Кафе пијам во спaлнa, малата со татко и во дневна игра. Барем времево е супер, ама уште да имав енергија да прошеткаме...
Ве читам наназад и се чудам. Што ви е бре жени, мајки... какво ви е тој муабет ,,не можам да го доверам бебето некому на саат или два,, Па нема бре да го дадете на непознат да ви го причува, сигурно ќе биде тоа некоја блиска и доверлива особа, сигурно и ќе дадете инструкции што трба да се прави со бебето, сигурно имате мобилен за да ве побараат ако треба нешто и сигурно некогаш за прв пат ќе треба да го оставите некому детето па затоа не го одлагајте тој прв пат. Веќе имам пишуивано дека еднаш неделно малата преспива кај баба и, па тоа е времето одвоено за мене и мм. Исто така и преку неделата се случува да му ја оставам малата на мм а јас да терам кафе некаде или фризер, козметичар, било што АМА си ги добивам минутките за мене. И НЕ, не мислам дека не сум одговорна, посветена и добра мајка, напротив, сметам дека тоа време кое си го посветувам за себе ми ги полни батериите и потоа сум многу подобра мајка. Дури и сум порасположена да ја играм, да ја забавувам, да ја подучувам нешто... Мој совет, ако имате некој кој ви стои на располагање да ви го причува детето тогаш не ја пропуштајте шансата да си украдете малку слободно време за себе... го заслужувате. За прв пат оставете го пола саат, па тоа време го наголемувајте при секоја наредна прилика. @augustd Не мислам дека работава требало до директор да ја носиш, сепак не е не дај Боже скршеница, крварење и сл. Си можела и со воспитувачките да се разбереш и да напомениш дека сакаш да ти се јават во такви случаи. А верувам дека ја следеле малата како е со однесувањето и расположението и ако имало потреба ќе ти се јавеле. Јас најискрено во таков случај би се потрудила смирено да се испонашам! Инаку ние супер го минавме денот. Малата во градинка била среќна, расположена, весела, јадела, учела песничка... воспитувачката ептен ја испофали! Сега уште делот со спиењето да го решиме и ќе сум многу поспокојна. Туку да ве прашам јуни месец го одат дечките во градинка нормално како сите месеци или сепак ги собираат повеќе групи во една? Имам слушнато дека летните месеци (јули и август), во градинките во една група ги чуват децата, па не знам дали истото важи и за јуни месец. Одам да спијам, добра ноќ!
Ајде повелете, постапалчиња за лесни чекорчиња! Само што ги завршив со украсување имате привилегија први да пробате, сите други ќе ручкаат утре! Леле радости Магде кога ги виде пред спиење, пискаше од среќа кога трчкавме околу неа, па и дадов едно колаче скоро цело си го изеде! Добра ноќ, папсав па малку да дремнам!
Во летните месеци се мн малку деца посебно јули и август и ги собираат во неколку групи на купче. Сигурно најмалите нема да ги измешаат со најголемите ама во секој случај од неколку групи прават една. Нели нормално и воспитувачките одат по одмори и де менуваат. Ништо страшно само како децата ги прифаќаат тие промени. На пр на син ми му беше најмачниот период он мн се врзува за неговите учителки и воспитувачки и мн тешко му паѓаше кога ги мешаа како и секој ден после 3 кога ги собираа на едно место додека ги земат. Тоа е малку деца воспитувачки по одмори ама некако функционираат. Добро утро еве јас во бус се тркалам накај работа и да искористам да исчитам се Убав ден
Добро утро мајки. Јас наспана, денес до 07 спиев . Денес сум пак на заболекар па едни кошмари. Сонував дека имам кариес на многу заби и цел ден ќе ми брмчеле со тоа машинката . Страот ме јаде и во сон . Момиве душа ми извадија во овие два саати. Стандард истовремено се разбудија и првата одлука на денот со кого да започнам. Ај големава некако мрзеливо ми делуваше, па зедов сменив памперс на малово па се осилив и да ја инхалирам. Душиче едвај дишеше, носето фрчи. Таман почнав со инхалација пушти глас големава. Вика, вриши...и се јадело. Ај набрзаница го завршив малово и зедов нејзе и сменив пелена и ја облеков. Од синоќа имав тесто готово, па зедов пишии да пржам. Она обесена вришти, малото гладно и тоа вришти. Наместив пишии, сиренце, јогуртче и тргнав на спремам млекце за малово. Големава на сето викање не укуси јадењето . Кога почнав да го ранам малово тогаш и текна почна да пребарува де сок де вода...па стани седни. Кога помислив дека тргна работата и она почна да јаде, малово да пие зеде ми бјуцна цело млеко врз креветот во дневна. Имаше тетра оздола ама џабе. Лом и она и креветот. А вечер нели свекрва ми, свекор ми и мм идат на гости. После да зимам со фенот да сушам каде што чистев, белким ќе нема лочка. Зедов да средувам дете и кога се вртам големава одврзала каишите од хранилка, станува. Срце ми застана. Ја симнав и со нејзе па зедовмда го пресоблекувам малово. Го облеков, стокмив а во меѓувреме големава почнала да се соблекува. Хит и е да соблече хулахопките и трењерчињата и така да се бркаме низ стан. Ја фатив некако без да се се исприжи на ламинат и отидов кај малото. Ми бјуцнало по втор пат. Не многу ама доволно баш бодито да го навлаќни на ќошот за пак да ја соблекувам. . Момент кога ми се плачеше. Си викам дали е могуче да сум помалку од два часа будна а да сум веќе партал. До мене е кафето што на брзаница го направив из пишијата. Кочан ладно. Да допишам, односно докукам, па да спремам ручек и втора тура ранење/пресоблекување. Да не го заборавам и хоророт кај заболекар кој ме чека после. Од триста дешавки дури ќе заборавам дека мажот ми ќе си го видам вечер. @augustd не знам како би изреагирала јас во таква ситуација. Мислам дека повеќе би се извадила од памет при еден телефонски повик и да ми кажат да отидам да си го зеедам детето поради повреда, одколку сами да согледаат каква е ситуацјата и да сочекаат додека дојдам. Секако доколку персоналот е на место и не станува збор за нешто сериозно. Се надевам малата е добра и дека нема проблеми со окцето. @Sunshine_1979 лесни чекорчиња на Магде. @Mari* да ни пише дали ја стокмија малата лепотица за во градинка . Една мајка одамна ни нема пишано. @N.Kety Поздрав мајче, пиши некој збор кога ќе имаш време како сте со малото маже. Наредно пишување од нашиот Охрид. Убав ден на сите.
Олааа мамаситас... @Sunshine_1979 лесни чекорчиња на Магде,помалку нервози и велком беk. @snegulkata и јас го делам твоето мислење за оставање на малите. Јас во за едница живеам,мали кога се роди имав некоја постпородилна депресија буквално со стап ме бркаа да излезам надвор сама на воздух. Ако беше зима и камен ладно секој ден ќе го нацицам заспијам и 1 саат имав за мене да мерам улици,да ладам мозокот. Оди со свекрва ми в село на викенд,кај моите го имам оставано само заспивањето им оди тешко бидејќи ретко се гледаат. Првиот пат кога го оставив мислев сум нај несовесна мајка,јас шетам тоа бебче дома,па мислев ете плаче,којзне што прави....ама идеш дома и се е во ред и секој нареден пат е полесно. Мали заспива околу 21-22 саат сме имале еден куп свадби а нњми било ни на памет да го макнам да му го пореметувам редот за да иде со мене на свадба,го оставам на свеки или кај моите и ја терам прославата весела и расположена. Кај нас ништо ново,некоја настинка што знам јас поткашлува чат-пат,носот затнат и 3 дена имаше пролив. Деновите максимално ги користиме,еве да се нараниме и одиме во паркот.Се враќаме го заспивам,спремам ручекот,ко че стане да се пресоблечемњ,нараниме и, одам на раб. И секој ден исто. За сега позз мамички имајте убав ден.
@snegulkata, и јас не сум до толку цепидлака, но да оставиш бебе од 10месеци со црвено окце, згора на се па и солзеше и се чепка со раче, а раче во градинка се знае прљаво дека е, не е баш едноставно. Да беа повеќе родители како мене мислам ќе имаше малку повеќе ред, оти на воспитувачките од едно уше им влегува, од друго излегува. @danichap Фала што не мислиш, денес ја оставив дома, ни препишаа капки, чисто за да не се иритира повеќе. Инаку мајки ние цела недела спиеме цела ноќ без будење, а и имаме две нови запчиња. Кафето нека биде од мене. Убав ден.
Здраво мајки. Сакам да прашам дали некаде низ Скопје има детски табуретки со спајдермен во форма на триаголник, малку поевтини или ги има само во EJSI https://www.facebook.com/EJSI.desig...188720607991/1542440852716110/?type=3&theater
Здраво и од мене Стандард шема тераме со синко, таман и времето се разубави деновиве што ни остави простор и за шетање. Бебо овие две недели ноќе.сака да се гуши, имаше и нервозни моменти, и на крај излезе дека е можно да се запчиња и тоа горе. Грепка по малку ама уште не е излезено за да кажам дефинитивно дека имаме запче. Како и да е, ќешки да е тоа и на овој начин да ги вадиме сите заби. Имајте убав ден мами
Не е за чудење што не сакам да го оставам кога немам доверба без разлика дали блисок или не. И како да го оставам кога не ги следи моите инструкции, сака нејзини правила да наметнув во хранење и воспитување на син ми.(за свеки зборам) Како прво тука покажува непочитување кон мене , а јас пробав се да објаснам на убав начин, несака да слуша, одма приказни како она израснала деца итн, итн.. јас го бањам навечер, не она ги бањала наутро, јас ќе му ставам да јаде нешто она без мое знаење отушла во кујна го сменила оти не било вкусно, и многу други работи. Затоа она никогаш нема да го чува, како прво за добро на моето дете. Мајками не ми е во близина кога е тука и го оставам, она пак претерано многу се плаши да не згреши нешто, од збор до збор што ќе кажам прави и многи се измачува така жената и бебе ќе го нахрани и куќата ќе свети ама тоа е не ми е во близина.
Се спремаме @danichap Немам земено уште ништо од потребните работи ама денес ке седниме со маже и нешто ке нарачаме а нешто ке одиме да купиме Другата недела ја имаме контролата шо е на годинка па ке мора да ни даде педијатарот док дека се е во ред,без тоа неможе да почне во градинка Така да имаме уште една недела до градинката Во хаос сме деновиве,пазариме за роденденот и утре со Господ напред ке стигне мама со сестра ми Јас по малце средувам,несакам да затекне таков неред па маже сабајле треба да оди по нив на аеродром Обврски колку да сакаш
Ај добар ден мајки! Денов и не ми е баш добар ама ама тоа е. Синко со мене во купатило си ги сече двата прста во сифонот. Па кога видов крв хорор. Зедов ханзапласт му ги свиткав и прекина. Сега ми е страв да не закачи некоја инфекција. Се изедов чувствувам вина и само на тоа мислам. Се јавив кај матичната ми вика нема ништо, ама не ми делуваше убедливо. Кажете ми дали да го носам на доктор или нешто да направам. Сега спие јас ручек му правам и се освестувам со кафе. Уф тежок ден..
Добар ден и од мене Бебчо спие и цица па јас да ве читнам малку. За оставање јас го оставам кога сум во Скопје на саат-два за да можам да се средам, да завршам некоја обврска. Би го оставала и повеќе ама не заспива без цицање не знам како ќе се одбиеме. Иначе ни помина роденденот, се беше супер, сите среќни и весели. Имајте убав ден мајки, ве гушкам
Камо да имав на кој да го оставам сега синко, одма ќе киднев некаде да си го прочистам издувниот вентил Мислам дека ние мајките што живееме сами, без помош, имаме повеќе страв да ги оставаме децата кај друг. Не дека тој друг нема да ги чува ама ете кога не си пробал не знаеш. Кога имаш свекрва или мајка на располагање, го оставаш од старт и си тераш така И јас овде освен мм во дриг немам многу поверение, ама затоа кога одам Мк го оставам на бабите. Релакс мајки