А друштво ти треба ли? Убаво е да може човек малку да ужива, покрај вода, со коктел во рака и бранови што те галат нежно... Стани монела, само сон е Времето никако да се подобри, ако продолжи вака пак скарата дома ќе ја јадеме Не знам веќе со што да му свртам внимание на синко, од досада не знае што да измисли. Најново му е сега да се шета по дома со капа и ракавици Јесте да е ладно, ама не до толку. Има и волшебно стапче и се замислува многу јак
Убав ден и од мене,па и продолжен викенд. Чудно некое чувство ми преовладува,неспокој,што од ова што читаме и гледаме што од мисли за иднина. Глава боли два дена,времево изгледа ми влијае врз притсокот. Каде за мај,прашање е сега Ние викендов,т.е недела имаме свадба прилично дслеку,кај нашата мила @joy1,па не знам како ќе се организираме за следниот ден,веројатно ќе бидеме Крани во нашиот камп. Знаете,за мене излет е некаде во ливада со зелени треви,мирис на цвеќиња,на пролет,деца да трчаат. Имаме многу такви места ама мм не сака,зашто носиме 1001 работа од дома,па таму спремање,готвење... Дете и овој пат ќе иде со нас на свадба,пробата беше неуспешна,мм не сака веќе детњ да тагува за нас,вика секаде ќе го носам со мене. Од друга страна,со оглед дека моите беа сведоци кога синко имаше напад на фебрилни конвулзии,сега со страв гледаат во него,некни он плачел,тие му мереле тт. Разбирливо. Затоа,кај ние,таму и дете и сите среќни и задоволни. Се распишав,а времево убаво,отидов да досредам додека синко спие. Ве гушкам!
Си фатив си исчистив, си средив и ај викам да заспијам бебе, тој предрема кај мене у раце и еве го весел, задоволен, игра, лом направи се. Џабе чистев. Битно се избањав, се исфенирав, уствари навиткав коса, интересна ми е сега, па гледам вести. Ќе си сварам кафенце, за ручек појма немам што да правам искрено. Искрено у село не ми се оди пошто не е чисто постојано, треба да исчистам, да средам, а таков одмор налет. Ама па пола ден тоа ќе правам, после ќе одмараме. Само да не е преладно па да дремеме дома. А да пробам фа заспијам бебе? Или да не си ставам склет на душата? Денес е маза мамина, иде да се бациме и си продолжува да си игра.
Здраво мами Кај мене на репертоар второ кафе, на тераса, а синко до мене. Шо ќе седи сам внатре, му го извадив релаксаторот и сите среќни и задоволни. Јас кафето а тој пресреќен, загледан во колите што поминуваат, вика урла по нив За ручек не знам, домаќинкава уште нема почнато па.ќе биде нешто набрзинка, потпечени шпагети ваљда со сирење и кашкавал. 5 полни месеци бебо, не ми се верува како поминува времето, се ближи денот за градинка Ситуацијата во државава не ја коментирам во оваа весела тема. Имајте убаво попладне мами, се читаме.
О па мал е за омилени ликови штом за 1 роденден се спремате. Ептен ако има некое мечњнце нешто што го сака па по тоа. На пр син ми мн го сакаше winnie pooh ама не ос цртани туку си имаше меченце плишано. Малава пак се радуваше на една песничка од baby first со едно цвеќенце па и направивме таква торта. Ете ако не, можеш и во форма на бројката 1 да нарачаш со украси некои. Денес плашејќи се дека којзнае кога ќе стигнам од работа стигнав најбргу од цела недела Се изнаиграа децана до сега надвор па да си легнат малку да земам воздух Инаку јас ќе си работам малку и утре па ќе одмарам 2 дена. Нека се почуваат малку со татко им. Мм има трема никогаш не му заспала малава него па му викам пробај ако сака ок ако не ионака не сум цел ден на раб ќе се приберам околу 1-2 па јас ќе ја легнам. Него не сме стигнале ништо да испазариме гледам фрижидерор малтене празен зеленчук ништо утре по се изгледа ќе нарачуваме ручек . Нема шанси мм со двајцата и да испазари и да напраи ручек не е баш multitasking кога чува деца
Добра вечер мами. Преубав период периодов живееме буквално во полна пареа. Документите за македонија се средени. Договор падна. Македонија кам бек! Убава вечер на сите.
Секој ден ми минува ко секунда. Тешко е,ама исполнето се чувствувам. Стани,раскрени по дома,напрај доручек за нас и за бебе,нахрани бебе и пресоблечи го. Па си играме.Се бркаме по станот да не случајно малиот палавко направи некоја беља.Па дошло време за неговиот ручек,ајде пак во кујна.Хранење,пресоблакање,успивање. Додека спие ме чека бомбардиран стан од шарени играчки и куп садеви за миење,алишта за перење... Тоа завршено,а за мене сум успеала само кафе да сварам. Маж си иде дома и пак исто ко рака да не чепнала дома со месеци. И тоа пак одново до вечер. Па за нас ручек,па за бебе вечера.. Па да се искапе и успие,без драми ако е можно И капната без време за себе ниту да се избањам,легнувам и среќна сум... Не ми треба повеќе,знаев како е тоа и го сакав. Леќа ноќ мамички
И кај нас бурно се спремаме за крштевка во недела правиме па мама се утепа од перење пеглање правење торти чистење.Едвај чекам да помине ние сакавме да го крстиме дури е ептен мал ама кумот неможел,па сега е веќе голем разбира и знам колку многу плачки ќе има.Во принцип плаче и кога одиме на редовен преглед кај докторот а не да помине ова без плачки.Ооо. Мајки нејзнам дали јас сум преемотивна ама стварно срцето ми се кине кога плаче и му гледам солзи
Толку беше од мојата радост, срцето ми е скршено на милион парчиња, пишувам со огромна болка во градите која никогаш нема да се изгуби..... Вчера ја погребавме мојата кукла мојата принцеза златна душа, моето ангелче ме остави пре рано и замина кај ангелите.....сеуште сум во шок, не можам да верувам што пишувам и се си мислам дека е сон и ќе слушнам во секој момент да ми рече: мамаа...... Ах ах ах тежок суров живот, многу е тешко да изгубиш дел од себе, да го изгубиш најмилото.....не знам што да кажам што да чинам....толку бргу не напушти, за миг, тоа беше шок во кој сеуште живеам... Тешко е и ќе ми биде засекогаш тешко....но морам да бидам силна за синчето на кое сум му сега нај многу потребна. Сама се тешам, сама се.....ахх животе суров ахх.... Најтешкото нешто за една мајка.....
Да можеше лајк да значи "те гушкам", "те држам за рака" , " плачам со тебе", "ми се крши срцето", "сочувствувам со тебе", "имаш пријател", "биди силна", "нема збор доволно силен", "никогаш не си сама, со тебе сме во мислите", "твоето ангелче ќе те чува од горе до вашата наредна средба", "кратко беше на овој свет, но ја имаше најпрекрасната ситница што истиот може да ја понуди - тебе за мајка".... И да знаеш, значи, сето ова и уште многу повеќе еден мал "лајк" драга наша @kallias !!!! Гушни го синчето
@kallias, прими го моето сочувство што и да речам друго премалку е. Само биди силна за синчето. Господ нека ве чува
@kallias Солзи сами ми течат додека пишувам.Немам зборови,не постојат зборови да те утешам. Нека почива во мир,прими сочуство инека Бог ти даде сила за другиот ангел.
@kallias прими сочуство. Утеха нема,соземи се,биди храбра имаш и уште еден ангел кој е на земјата кому си му потребна.
@kallias неможам да си ги сопрам солзите прими сочуство неможам ни да замислам како ти е,те гушкам силно малата кукла ја памтев и ќе ја памтам по едната ден разлика со мојата,сега е кај Бог и ангелите
Господ нека ти даде сила, гушкај го баткото нејзин и секогаш мисли си на неа, се скршив уште првиот пат кога прочитав и се шокирав, неможам да замислам само како е, Тео го изгњавав тој ден и се утепав од плачење. Ние секогаш сме тука за поддршка да знаеш Нека почива во мир малата принцеза
@kallias душо нема зборови што можат да те утешат. Прими сочуство биди силна бидо храбра за другото душиче. Многу жално многу
@kallias немам зборови..ниту може да се најде соодветна утеха. Прими го моето/нашето соучество, твојата загуба е НАША заедничка загуба. Најди сила да останеш на нога ради најблиските.