Се сеќавам прв пат комунициравме кога ми кажуваше за името на куклето, јас ја обожувам грчката митологија и колку само се восхитував на нејзиното преубаво име, има значење, значи божество... Нека почива во мир убавото кукле, Бог да и дари спокој на душата меѓу ангелите, таа не е сама, таа е таму сега со сите мали ангелчиња кои прерано го напуштиле овој свет. Мила моја биди храбра, биди силна, за нејзиниот брат, за другата твоја среќа а ќе даде Бог и за уште една среќичка во твојот дом кој ќе ти ги обои деновите и ќе ти даде малку светлина, а местото на Артемис ќе остане засекогаш полно, не празно, оти кога децата си одат од овој свет не ја зимаат својата присутност со себе, само нивното тело оди, а нивната душа, нивната присутност во вашите животи ќе остане, да ве потсети дека 18м ви била светлинана денот. Ти си храбра мајка, верувам дека никогаш нема да ги заборавиш нејзините зборови, нејзиното мама, ама храбро ќе чекориш низ животот со ангелчето стуткано под срцето. Само погледни кон морето, кон небото, некаде ќе ја најдеш, таму ќе биде и твојот мир. Те гушкам неизмерно!
Биди силна @kallias! Не можам да поверувам во тоа што го читам. Биди храбра за баткото, многу ми е жал. Не знам ни што да кажам. Премногу си приземна и свесна, продолжи така. Животот не е фер!
Ne mi se veruva sto procitav sabajlevo.Solzi sami tecat,cela snaga mi me trese ,mozokot mi mi zakoci Mila ne postojat zborovi koi CE ti ja namalat bolkata,bidi silna za sinceto
@kallias ... Читам, се чудам што читам. Врсници се со син ми, се бркавме јас и ти во недели. Ги памтам сите смеења и паники, памтам се' Не можам и не сакам да си поверувам на очите што читам, како ли е можно?! Сакам да речам Бог знае зошто, Бог има план за сите нас. Сакам да кажам дека Бог не ни дава поголемо бреме од тоа што можеме да го лечиме. Но не можам. Штотуку расцуте, свена. Млада пупка, фиданка. Знам дека си јака, знам дека ќе издржиш. Имаш и зошто, на синчето му треба столб, му треба потпора. Можам само да замислам како те боли, па побогу и мене ме боли до солзи и грутка мајчинска тага во грло за детенце и мајкичка што не ги познавам. Биди јака мила. Тука сум за се' што треба. Се', поготово за истурање на бесот и тагата. Премногу ми е жал, нека почива мирно во Рајските градини...
Ќерка ми дехидрираше и се онесвести сабајле... Сега сме на Линекс џуниор , инфузија и ни препишаа за имунитет КИНДЕРИМУН што мислите за него ? Дали го имате давано до сега на вашите деца и дали да почнам да и давам од него ?
Имаш теми за совети, оваа е за муабети. Инаку секој преперат за имунитет различно делува кај секое детенце, што и да почнеш да даваш треба минимум 3 месеци да пие едно исто за да проделува, не е туку така... како што сум читала океј е киндеримуно. Инаку давај течности повеќе, од што дехидрираше, повраќа, пролив, температура? И би ти препорачала да даваш наместо линекс, пробиотик провен.. подобар е, незнам колкаво ти е девојчето имаш и за под година и за над година со дополнителни витамини, исто така и пробиотикот треба да се дава подолго време, нема штета од него и Електролити обавезно при вакви случаеви на дехидрирање, прашак или сок хип ОРС. Побрзо да оздравите
Дехидрираше од обилно повраќање и пролиф. Ја оставив со кумата 2 часа и се затру !! Изела некое цвеќе кај нив во двор . Инаку е 15 м
Оф леле Денес на лесна храна ориз, компир, јаболче, банана, двопек, соленки, бистра супа... ајде до утре ке е како нова, ама давај и сепак пробиотик подолго, земи си провен пробиотик (прашак во стаклено шише е и доста трае), од 12+ се дава, еве ваков.. плус е со мултивитамини. Убаво се има покажано кај нас, брзо му враќа апетит, регулира убаво брзо цревна флора...
На темава пожално никогаш не било. Сме кукале и жалеле за вируси, настинки, спонтани и сл. ама ваков оган не беше не изгорел. Веќе неколку денови овде е полно со болка и тажни емоции, жалење за малото на kallias , утешни зорови... Смртта на малата Артемис не погоди сите, очиглено никој не може да остане рамнодушен и да не се стави на местото на несреќната мајка. Останува на нас да се подржуваме и тешиме, и да се молиме да не се повтори... Неколку денови наназад сакам да се пофалам за роденденот на ќерка ми, ама срце не ми дава јас да славам а друг да плаче. Атмосферата во темава беше солзи и плачење, немаше место за торта и дување свекички. Затоа останав воздржана, оставив простор да тагуваме за малата Артемис, која не ја познававме ама не заболе како за свое чедо. Ќе се вратиме пак на старите муабети, ќе споделуваме совети и искутва, убави и тажни моменти...ама случајот кој @kallias го сподели со нас ќе се памети и ќе боли... И дај Боже да не се повтори, затоа што е неправедно, затоа што ниту една мајка не заслужува да остане без најмилото...
Се скочанувам, се скаменувам само што прочитам повраќање, онесвестување..... Те молам пиши ми што направи го однесе ли детето во болница? Бидејќи се затруло, треба да се направат дополнителни испитувања кои докторите ќе ти ги кажат. Многу е малечко и ТЕ МОЛАМ реагирај на време, значи ТЕ МОЛАМ не оставај на случајност, немој да чекаш ни минута и да се чувствува подобро, сепак оди и направи и испитувања...... Офф сега препрочитав дека сте и на инфузија и веројатно сте во болница веќе. Штом сте таму, барај да ви испитаат се што постои, ехо на меше да и направат, копро култура, има уште некои испитувања преку крв за цревцата, за дигестивниот систем кои јас не ги знам точно бидејќи не сум стручно лице, а бидејќи нели изела цвеќе, се затрула, барај обавезно да се испитаат сите тие работи кои ти ги спомнав.
Ти се дивам на способноста да не советуваш и да пишуваш. Јас не сакам ни да помислам што би правела, ама сигурно не би била присебна. Те молам дај си оддишка, плачи, викај, кукај, ако треба и крши, но немој да ја потиснуваш тагата.
Во овој исти момент, после загубата на мојата мила мала душа, јас сум спремна да идам на местото на лекарите, кои видов дека не им е ни најмалку гајле дека ќе загубат невино животче, да им помогнам на сите идни дечиња кои доаѓатт и за жал ќе доаѓаат болни за прегледи, научена веќе од нешто плус што не можевме ние ништо да сториме, а ова треба да им е грешка на сите тие лекари, а нели на грешките се учиме, ама како што видов, сите се телиња кои те гледаат како да си спаднал од друга планета....немам зборови за здравството тука е минус, не нула, нула е веќе бројка, да се нема поим од ништо, џабе и се тие дипломи за професори доктори......не не и не немам зборови, се што ќе кажам е сувишно. Мене да ми се укаже шанса би отишла уште одма и би помогнала на сите невини души со сето мое познавање, барање и претражување. И плачам и викам и кршам ама ништо од тоа нема да ми ја врати мојата принцеза, мојата богиња, мојата убавина заштитничка на дивината..... Едноставно не можам да се поттиснувам повеќе, пишувам, читам, сакам да ви давам совети од дното на душата, на време да се реагира кога веќе се може......
Така е мила, нажалост дипломите не им вредат ништо после ваква загуба. Мајките кои светот го преорале за да помогнат на дечињата се многу пообразовани од нив. Сестра ми сама си помогна и дојде до дијагнозата на внука ми откако овде тим од 7 доктори креваа раменици. Те гушкам!
Мила, ти се восхитувам стварно...На силата,на храброста И извини што прашувам,но во МК се случи тоа? Бидејќи знам Гр дека живееш Те гушкам силно
Сакам да кажам уште нешто што ете отпосле ми доаѓа при свест. Додека чекав на интензивна, таму имаше многу луѓе кои доаѓаа чекаа за посета за нивните дечиња, кои за жал сите тие беа во кома или спиеја, зборот спие им дава утеха и надеж дека во секој момент ќе се разбуди нивното детенце. Во разговор со една жена, кога ја прашав кого има внатре, ми рече има ќерка која е 13 год.оперирана од тумур на мозокот. Како дознале за тумурот? Девојчето било претходно здраво право, весело, одело на школо, ги имало примено сите вакцини за тие 13 год.немала никаков здравствен проблем. Еден ден јадела јагоди и после 2 часа почнала да повраќа обилно и нормално сумјале дека добила тровање од јагодите. Отишле на болница, направиле испитувања за тровање и тие работи не и нашле ништо. После 2 дена девојчето се опоравило и се вратиле дома. 2 дена била добра и после пак почнала да повраќа и истовремено да ја боли и глава. На пат кон болница девојчето се онесвестило. И направиле одма магнетна на глава и се видело дека девојчето има тумур. Одма ја направиле операција која велат успешно завршила, но паднала во кома и ете сеуште 8 дена не може да се разбуди. Значи, од едно повраќање за кое никој ни на крај памет не би помислил дека може да е поврзано со главата, јас се стаписав и си ги враќам филмовите сега дека и мојата принцеза последниов период на 3-4 пати ми имаше повраќано така ис чиста мира и се тоа ноќеска се случуваше, ќе си заспие навечер, се убаво и ноќта ќе се разбуди како да има болки во мешето и почнува да повраќа и се така цела ноќ. Наредниот ден е ок и како да не било ништо. Тоа и се случуваше едно 4 пати сигурно во размак од 1-2 месеца.....секакви мисли ми идат сега и само да би можела да го вратам времето назад би направила невозжожното возможно....но...... Бог да биде со вас, гушни ја најсилно што можеш и не се одделувај ни секунда од неа и ТЕ МОЛАМ направи се што е можно
Пишувај мила, колку можеш повеќе, ем ќе ти олесни ем ќе помогнеш некому. Вака како што пишуваш ти и мене пријателка ме освести па сега копам под дрво и под камен за да видам дали син ми го има тој мутиран ген за да знам како да се однесувам во иднина, да знам што да правам, што да не правам, да знам дали и како можам да му помогнам. Затоа реков, ние мајките сме некогаш помоќни и од докторите, иако не сакаат да си признаат. Подобро да прашам и да проверам отколку да лутам.
Во Грција сум. Во најголемата болница бевме. Сите викаа во најдобри раце сме, но за мене ништо од тоа не важеше......
Ednas majka, zasekogas majka. Gore dolu sekoja ovde imala nekoja maka so deca, ako nekoja nemala nikogas da nema. Koja I da bese clenkata sto go slikala raceto so kanila, pobrza da I zazdravi deteto, no me potseti na mojata herojka, na koja ne uspeavme prvenstveno da I se izraduvame. Samosto si dojdovme od bolnica se vrativme nazad, pa pak si dojdovme, pa pak se vrativme, no pominasamo da e I da se zdravi I zivi.