Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.064
    Допаѓања:
    328.414
    Пол:
    Женски
    @kallias сеуште ли немате никакви резултати од аутопсија..?
    Можеби ке ти биде за нијанса полесно кога би знаела што тргнало наопаку.Вака мн се измачуваш со прашања
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Сеуште ништо. Требало некое време додека бидат готови...
     
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    34.101
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишано. Се немам време или ме мрзи. Читам редовни и веќе три дена сум потресена од случката на @kallias . Сочуство мила , Бог да ти даде сила за синчето.Многу е неправедно зошто деца умираат... Има ѓтолку стари што сакат да умрат , ама не умираат деца што почнале да му се радуваат на животот. Животе скоту ...
     
  4. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Ах, ова пусто здравство...за никаде е. Носиш дете на преглед и доктори те гледаат со потсмев демек за глупост го носиш детево или со коментари не сте научени дете да ви плачи или ај ништо не му е. Да се бориш со нив кс да му направат или некое испитување...според нив немало потреба. Борете се луѓе, ако треба на глава качете му се. Последно кога бевме во болница имаше луѓе на кои им беше страв да им се обратат на СЕСТРИТЕ за нешто што им требаше за сопственото дете, оти ќе им се развикале. Нека викаат, нека ви се смеат, ама вашето истерајтеси го...барајте си...ако вие не барате на никој не му е гаље...бидете упорни. Поголем е стравот за здравјето на вашето дете отколку стравот што некој ќе ви се развика. Ако некој ви се развика тоа е прашање на неговата култура...нема зошто вие да се страмите или плашите. А со некултурни..слободно и вие бидете некултурни.
     
    На M&M, Mariangel, Monella и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.897
    Пол:
    Женски
    @kallias Прими мое искрено сочувство , верувај знам колку боли животот . Јас го изгубив првото дете , ја изгубив и мајка ми многу мала , за на крај да завршам во дом со тешка дијагноза која секој ден ме убива. Но никогаш не изгубив желба за нов живот и ги остварив сите желби . Само го молам бога да ми го чува детето ништо друго не сакам. Така и ти мораш да продолжиш понатаму ,имаш друго детенце мораш за него да се бориш и да не губиш време тагувајќи , верувај сите тивко во себе тагуваме од кога сме свесни за животот , ама жив во гроб не се влегува ;(
    Моето ангелче е секогаш многу весело , дружељубиво , мило дете сите го сакаат ..зошто на секого му се смее го гушка и многу е умна.
    Детето не ми е добро од петоко , му дадоа Киндеримун и Линекс џуниор ...ништо од тоа детето изгоре од тт со 41 , со млаз на повраќање , пролив цело се исцеди.
    Сабајле кога отидов да го разбудам , беше будно само лежеше и гледаше нагоре ..не мрдаше во полусвесна состојба.
    Кога го кренав да седне падна како дете од 2м , си реков може не е расонето... Му дадов бисквити и млеко да јаде само устата ја мрдаше. Го разбудив мм да го носиме на доктор , тоа само во една точка гледаше ;( како парализирано :sweat: Почна да повраќа во млаз го кренав и се онесвести на мене . Го однесовме во болница кокошката ништо не му било за 2 дена ќе било како ново ! После 3 саати каснење од раб се појавив ...седев 2 часа плачејки со притисок 180 барав доктор .... Едвај најдов еден асален кој секако мораш да му поддадеш...ама и последното за детето. Му уклучија инфузија , имаме и за утре , крв проверивме паднато железо и хемоглобин... Сега е добра ,посвежа е .
    СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА ДОЛГИОТ ПОСТ.
    Но со никого не зборувам и не кревам моб ...
     
    На muchacha_a, M&M, ♡BuBaLe♡ и 6 други им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    @Tinushka so lesno se da mine mila:hug: dusava mi se kine koga gi gledam najmalite vo takvi sostojbi:(:hug:gospod site da gi ozdravi i cuva.
    Guskaj deteto :hug:i grizitise dobro.
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Pobrzo da ozdravite.I nie sme 6ti den na infuzija vo bolnica :( Se molam pobrzo da se oporavi,da si odime doma :(
    @kallias silna majcicke,placeme I taguvame za tvojata zaguba.Bidi silna.Te guskam :hug:
     
    На eli25, Mariangel, pepapa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.897
    Пол:
    Женски
    @joy1 те молам кажи ми Рингер зошто уклучуваат . Бидејќи ја прашав сестрата ми рече да ја освежат и толку
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.064
    Допаѓања:
    328.414
    Пол:
    Женски
    Затоа што е најблизу до состав на телесните течности во организамот,ја одржува рамнотежата на електролитите.Да се стабилизира организамот ,да не дехидрира повторно.Бидејки преку повраќањето и дијареата има изгубено доста калиум натриум и калциум.

    Како е сега малата
     
    На M&M, ♡BuBaLe♡, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.897
    Пол:
    Женски
    Еве добра е, седи во хранилка моментално јаде соленки и се смешка со игличе во рака :) Се надевам нема да ни се случи пак исто... 20170502_182119.jpg
     
    На NanaMia, M&M, ♡BuBaLe♡ и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    @Tinushka Мила со помин како читам за секоја од вас ми се стега душата иако не се познаваме лично за секое ме боли како мое да е,не дозволувај да помине со ништо не е ќе помине ако нешто од внатре ти вика дека не е во ред бори се,како мојот доктор со месеци се мачам да го управам хг на малата тој ми вика па кај ти текна сега тоа да испитуваш епа ај дедево анемично нека стане.гушка до малата
     
    На flower30, M&M, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Одкако ја прочитав веста не ми испаѓа @kallias од глава.

    Пиши/бриши сум од прееска.

    Лесна нека е земјата на твојата принцеза, сега ангелче. Наше, кое сите не чува.
     
    На M&M, ♡BuBaLe♡, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Ах,се си велам не ја отворам темава, многу е тажно
    Болно и за нас сите
    Не се познаваме една со друга а жалиме како за најблизок
    Ти си силна жена калиас,мораш за синчето
    И тоа има потреба од тебе
    @snegulkata и нас ни помина роденденот,како да споделам нешто такво
    Оваа тага е поголема од сечија радост ;(
     
    На flower30, Arien, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  14. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.265
    Допаѓања:
    85.050
    Пол:
    Женски
    "kallias немој да чуствуваш вина или да мислиш дека негде си згрешила па зарем има некој родител кој не сака најдобро за своето дете, или не го сака повеќе од себеси не постои таков.Нема зборови за една мајка кои би и биле утеха ,а утеха верувај ми ќе најдеш во своето синче на кое му треба мајка каква што си ти. Мое сочуство за малата кукличка ;( а вам Господ да ви даде сила бидејќи утеха нема....
     
    На ♡BuBaLe♡, simonka93, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Ахх мајки, сите толку различни сме, не се ни познаваме лично а сепак сите не боли. Ја отварам темава и чуствувам болка.....и во текот на денот помислувам и кнедла ми стои во грло.
    @kallias како е синчето?
    Се молам за тебе, Господ да ти даде сила да го пребродиш периодов....те гушкам силно.
     
    На ♡BuBaLe♡, Monella и simonka93 им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.280
    Допаѓања:
    259.151
    Калиас, аутопсијата ќе ви ги даде одговорите, ќе имаш одговор на сите прашања. Сега, знам тешко ти е, ама не барај каде си пропуштила, оти не си.
    Обично сите овие симптоми знаат да укажуваат на лесна настинка, вирус, заби вадење итн. Ретко кога се симптоми за нешто посериозно. Затоа немој, немој да се јадосуваш. Ти направи се како мајка. Знам, дека те јаде, гневна си, немоќна, оти можеби можело да стореш нешто да се открило навреме, ама можеби и не.
    Секоја од нас исто би се однесувала на вакви симптоми.
    Ти се силна жена. Ние овде може само виртуелно да те читаме, да ти даваме подршка за да можеш да продолжеш понатаму. Болката нема да се намали, времето не лече се,не учи само како да живееме со вакви загуби.
    И што и да пишам, јас неможам да те утешам, да ти ја намалам болката, само може да ти кажам дека секоја од нас исто би постапила во ваква ситуација.
     
    На kelebeim***, ♡BuBaLe♡, fairy88 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Не постојат зборови кои можат да ја опишат оваа болка. А понајмалку зборови кои можат да ја намалат.
    Не постои поголема темнина од онаа, кога мајка толку рано ќе се збогува од чедото.

    Сите нам не чека истиот крај. Панично се плашам кога навистина ја сфаќам конечноста на нашето секојдневие.
    Во вакви моменти сфаќам колку е голема и неизвесноста во нашето секојдневие.

    Се плашам од тоа колку брзо се се случило. Се плашам од тоа што здравство и јас имам на располагање тука. Колку нервози, колку трчања и никакви испитувања, исто со изговор "зима е, нормално е да се разболува".. "вирус е, нормално да повраќа".
    Пред Велигден и мојата мала беше болна. 3 дена нон стоп повраќаше и не јадеше. И вода да се напиеше повраќаше. Чепчиња давав за повраќање и температура. На болница заминав ако треба инфузија (недела беше). Таму - едвај еден преглед и да сме оделе кај нашиот доктор. Следниот ден кај него - добра е, ќе помине. Ако повраќа уште после 2 дена, да се вратиме на преглед. Дај ми чепчиња за повраќањето му велам, уште едно ми е. Тие што сум ги сакала не биле на листата. Ништо не ми даде. Нит крвна слика направи. Среќа купив од аптека, не бараа рецепт.
    Не знам до кога ќе се штеди на апаратура и глупости, по цена на човечки животи. Направи крвна слика. Направи брис. Потроши го апаратот малку! Еднаш од сто пати да помогнеш - вредело! Ебати човештвото. Гниди.
    ---------

    Драга Калиас,
    Верувам дека не постои мајка тука која не се стави во твоја позиција. Сите на некое најмало ниво си замисливме колку ли е страшно сето тоа. Кога замислата толку не' ужасна, не можеме ни да сфатиме колку боли кога е таа реалност.

    Знам и дека не постои мајка на твое место која нема да го преживува денот и да си мисли дали можела да направи нешто поинаку. Тој проклет пеколен круг, во кој секој ден е истото измачување - што би било кога би било...
    Не знам дали ќе ти значи - но никоја од нас немаше да направи ништо поинаку од тебе.
    Искрено се надевам дека резултатите од аутопсијата ќе ви донесат одговори и помирување.

    Измачувањето со ова ќе е долго, имаш страшно трновита патека пред тебе жено - и да тагуваш, и да тешиш, и друго дете да водиш... биди истрајна!
    Но не заборавај и да тагуваш. Биди силна за другите, но одвој парче од денот за тебе. За твоите солзи. За твојата горчина.

    Едно само можам да кажам - големо благодарам за се што споделуваш! Затоа што мораме сите да сме свесни дека мора да се реагира!
    А ние сме тука за тебе! Сите! Ти и твоето малечко допревте до сите нас! Направивте да сме посвесни за секојдневието, за животот!
    Ни ги отворивте очите - да не земаме ништо здраво за готово!
     
    На Trxmx, bittersweet, flower30 и 54 други им се допаѓа ова.
  18. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Откако прочитав за веста не можам по цела ноќ да спијам,разни глупости ми идат во глава.Се молам на господ и милата Богородица да ни ги чува децата само здравјето е најважно.
    Еве со бебуш уште сме во болница,но си одиме и доаѓаме,рачињата и главичката му се лом,модри црвени од толку мн боцкања,прснување вени,плачење,нема потешко од тоа да си го гледаш детето такво.Нашето здравство е минус,катастрофа невидена,нема збор да се опише,јас од здрава станав болна.По 20 мин го налегаат за 10 мин иглата е веќе изместена.Бебуш ми спие со отворени очи,тамн заспие почнѕва да плаче и цел се штрека.
    Има шлајмови кога кашла му доаѓаат во уста или ги голта или нешто повраќа.Кажете ми како да му помогнам да ги осфрли? Му прават ихалации,дренажа го тапкаат и после тоа се раскашлува.
    Од 23 април неам спиено,се на се по 3-4 часа во ден,мм не е тука,на пат е човекот,секогаш кога заминува после 2 дена мора нешто лошо да се случи некое од децата да се разболи.
    Поголемкото беше кај мајка ми 5 дена,го видував на саат два но детето ме тепа бутка и бега,вика само баба,се сака со неа,како некој странец да сум.Претешко ми е мајки,животот ми се скрати за 10 години немам веќе сила за ништо.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Добро утро мајки...
    со грутка во грлото сме сите.

    Постојано влегувам во темава во исчекување на некој пост од @kallias. Свесни сме за хаосот во кој се наоѓаш а само можеме да замислиме за тоа како се чуствуваш.
    Знаеш дека сме тука доколку ти треба воздишка, муабет, утеха....
    Пиши кога ќе стасаат резултатите од аутопсијата, пиши ни како си ти, пиши ни како е синчето...пиши било што, макар и за времето.:hug:
    @Tinushka @muchacha_a се надевам на поскоро закрепнување на вашите малечки.
    Мучача немам искуство со шлајмови. @Annath , @joy1 , @Kaetana ...можеби имаат некој совет.

    Што и да пишам е сувишно :(.
    Само нашите мали да се добри.
     
    На kuc, vitamina, kelebeim*** и 8 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здраво од мене!
    Пијам кафе, горко, турско, па кој сака нека повели! :coffee::coffee::coffee::coffee:
    По потресната случка тешко е да се вратиме на старите муабети, и јас често ја отварам темата за да прочитам некоја новина од kallias ... Да можевме нешто да промениме, да можевме... ;(
    Никој не се израдува на сончевото и топло време, а толку често пишавме дека ни фали сонце.

    Малата е во градинка, вчера за прв пат остана и на спиење таму, ама не заспала (facepalm). Учителката ми кажува дека си лежела и разгледувала околу неа, ама да заспие -јок. Денес ја разбудив порано, со нажде дека порано ќе и се приспие па така уморна и ненаспиена ќе заспие без проблем во градинка. Таков е мојот план, а каков е на малата планот не знам. Она си знае |(! Има начин, метод, штос кој вас ви помогнал за да ги научите малите во градинка да спијат??? Или се филмам дека со нешто ќе ја натерам да спие таму? Она си е научена дома со мамичка заедно да си легнат и да си пие млекце па да заспие. А голема е веќе за такво заспивање,знам си! Инаку нема плачки за одење во градинка, брзо се адаптира и среќна си ја носам дома, уф...уште ова со спиењето да го решевме ќе беше идеално! Ете веќе и со јадењето не прави проблем, јадела и таму, е сега не баш се ама гладна не останува да седи.

    @muchacha_a Брзо да оздравите, верувам дека ти е претешко, и тебе и на малото! Сигурно со инхалациите ќе се среди брзо состојбата, биди трпелива! Нам досата ни помага и сируп од бел слез и чај од бел слез кој го растварам во друго чајче за да не го сети. Тој е за искашлување, така преку измет ги исфрла шлајмовите.
    Со помин да е, ве гушкам! :hug:
     
    На kuc, vitamina, Mari* и 7 други им се допаѓа ова.