Нaс нa клиникa кoгa зaвршивме сo 41,3 ТТ секундaрнo сестрите му сoблекoa бoдитo и гo "избaњaa" сo 50-50 етaнoл и вoдa зa 20 мин јa спушти нa 37, 2 ТТ тoгaш синкo имaше 1 гoд . и 6 месеци a му никнувaa петките пa зaтoa и билa тoлку висoкa ТТ , a нa мнoгу мaлo бебе испoд гoдинкa не би дa мaчкaм етaнoл ипaк јaкo е кoлку и дa имa вoдa .
Нaвистинa тaкa ни кaжaa , прoверијa и крвнa сликa и ЦРП немaше никaквa инфекцијa или бaктеријa , ушињaтa му беa чисти , грлцетo супер , гo слушaa сo стетoскoпoт се беше супер сaмo Т имaше и никaкви други знaци зa нештo , не пoврaќaше или дијaреa ништo другo немaше oсвен oтечени жлебинките кaј петките штo требaше дa искoчaт и нaвистинa зa ден-двa пoсле тoј ден исoчијa 4 нaеднaш .
И јас колку што знам 41 температура во никој случај не е од заб. Никнувањето на забот го паѓа имунитетот и отвора простор за многу вируси и бактерии раат да роварат. Ако крвната слика била ок, веројатно бил вирус. Но имајте на ум дека ако се работи за бактерија на црп-то му треба време са рипне. Ако е мирно и после 24 часа, тогаш е ок. Наминувам да видам како сте. Која што прави, децата како се. Со денови сме сите дамлосани, запрепастени и со грутка во градите. Може е чудно, но ситуацијата верувам сите не попари. Ве мислам @kallias секојдневно. И синчето, и вас. Нема лек, нема излез, нема решение. Само времето е некоја привидна утеха. Затоа што како ќе поминува, ќе те навикне на ова секојдневие. И ќе ти даде простор да се насмевнеш повторно. Заради синчето. Затоа што заслужува родители кои ќе се во можност да се израдуваат на неговите успеси и насмевки. Иако секоја насмевка ќе крие и горчина, важно е да ја има. Но не брзај. Проклетата реалност е дека времето тече и вака и така, занемарувајќи ја нашата маленкост. Она што треба да се направи е да се продолжи да се чекори понатаму, и покрај болката, уморот и снеможеноста. Тука сме за тебе... кога и да ти притребаме! Искрено, сакам што побрзо да ги добиете резултатите и да ви донесат одговори и помирување. --- После се што се случи, уште толку се штрекнувам и се нервирам со здравството тука. Лани дека цела година не вакциниравме, годинава турбо. Во јануари ММР и Варичела, после Хекса, после ревакцина ММР со Варичела и менингокока Ц... и сето тоа во 2.5 месеци. Доволно било размак од еден месец меѓу вакцини. Сега уште три пнеумококи демек. Ќе застанам малку. Претераа. Го паднаа имунитетот на детево. Немаше рекации освен еднаш малку температура, ама после последнава вакцина не знам што да мислам. Во петок ја прими, во недела се разболе и почна да повраќа. Рекоа дека не е од вакцината. Ама може е од менингококата..? Веќе недела дена е исфрлана со некој чуден осип. Само позади колената, на нозете под колената, на зглобовите на рацете и над устата. Не ја чеша, не ја боли. Веќе една недела давам аериус против алергија. Нема ништо јадено, нема ништо пиено... ја мачкам со креми.. позади ко да се подсмири, но во четвртокот и на јазикот ко точки и се направија. Пак не отидов на работа и бевме на доктор во петокот. Ништо не било. Да сум ја набљудувала. Јас пак отидов со прашања - да не е шарлах.. сакав брис за стрептокока. Ама нормално - го добив одговорот дека ништо не и е. Изгледа кога одам им делувам на луда.. не знам дали други родители влегуваат со веќе спремни прашања за некоја дијагноза.. или чекаат само да чујат она што ќе го каже докторот.. ? Се јавував и во лаборатории. Лани ми кажаа дека не смееле да земаат примероци од дете 16 месеци. Па си реков решението е - да подпорасне. Ама ете, и тоа не бива - лаборатории тука прават испитувања на примероци но само доктори земаат примероци. Ми останува да го напнам докторот да земе и да ми го наплати приватно. Леле не знам веќе. И сега чаре... Денес поврати малце, ама од што се закашла од шлајмот се испровоцира. Ама сега повеќе паничам. Не за друго, затоа што не знам кај да одам тука. Знам, ќе речете - како можат да функционираат другите луѓе тука... ама проблемот е што јас веќе знам за поинаку и имам искусено поинаку... Ве напнав со муабетов, знам... ама извинете, таква сум си, паника ме фаќа... особено после се....
Не можам да спијам, како да бидам, никако, нема збор да се објасни..... Да се сневиди и живот и се, толку горчлив, толку тежок, лош, глупав, одвратеен..... Немам зборови за здравството тука, кажав веќе- нула, ма и подоле од нула, разочарана бескрајно.... И јас на приватно отидов за проверка на крв, што сакаш тоа им кажуваш да ти испитаатт, само имај пари во џеб и средена си. Во болница ништо нема потреба да се испита според нив, штом дете е добро зошто да се зема крв, да се малтретира, според нив, нема потреба. Па ти трескај се колку сакаш, џабе ти е се. Одам одма на приватен микробиолог, му кажувам што сакам и ми вика нема проблем, што сакаш тоа ќе правиме. Ми кажува цени тоа толку, тоа толку и готово, полесно здравје. Ахх животе ахх луѓе глупи ли се, стварно ли немаат везе од ништо или не ги интересира ништо или па ги мрзи да помагаат на луѓе, не знам. Се крстам и се чудам во кој век живееме.....срамота. Ама не може едните професори доктори да не знаат ништо, а другиве обични микробиолози да ти го викаат сосем спротивното......хаос.
@Kaetana Не знам колку би ти било од помош. Еднаш кога бев на приватен кожен лекар со мм имав штотуку добиено позитивен тест за бременост. Прашав дали може да ми зедат крв за да се провери и преку крв. Погледнаа во некој ценовник од лабораторијата и ми рекоа ок, ќе ви направиме услуга. Претпоставувам дека си очајна веќе. Прашај, пробај....кога проверка за крв за бременост можеше во кожна ординација, можеби би можела на сличен начин да изведеш нешто. А за здравството е неможноста една крвна слика тука да се направи ич не ми се прави муабет. Ни на приватно не може .
Ах драга @kallias јас лани бев во лабораторија.. ги молев им велев ќе платам приватно, сакам тоа и тоа - ми кажаа дека не смееле на мали деца да им земаат материјали ниту крв без упат од педијатар! Велам - а што ако педијатарот не смета дека треба.. а јас како родител сакам и сметам дека треба?? Смени го педијатарот - така ми кажаа. А сите се исти!!! Немам начин ако ви се верува ништо да направам. Ни приватно.. нит државно... или го немам најдено. Не знам... ама ќе барам чаре. Синчето како е? Твоите се со тебе? Имаш поддршка? Имам пријателка која се соочи со загуба на бебе... и која најде на интернет групи за поддршка.. рече дека многу и помогнале да се соочи со загубата и со реалноста.. @danichap за тебе да.. за возрасни може на приватно.. за деца не смее на барање на родител... или за детето направивте??
За мене беше. На малото немаме до сега крвна слика направено а за големото само Македонија, не даваа Германија . Мислев некако да замолиш...неподготвени може ќе ги најдеш во некоја ординација која е за уво/нос, кожни или сл. Што не е за педијатар туку специјализирана за друго, па да направат услуга .
Ве читам и се чудам искрено, ама да не даваат да се провери крвна слика на инсистирање на родител е претерано. Зошто? Дете е, најчесто не знаат да објаснат што ги боли, па кс е затоа. Јас немам искуство со Германија, имам со друга европска земја, значи веднаш му зедоа крв и брис. И тоа два пати во ист месец. Нема некој начин како да да побарате и да добиете подобар преглед? Па ваљда во земја каде може ги имаат најдбрите доктори и општо болници, вака да ве доведуваат во ситуации да не најдат соодветни дијагнози за децата.
За нас секаде каде е можно си одиме на приватно. Од јавното здравство ми е преку глава... За дете нема приватни педијатри, плус се со квота. Каде што е пополнета квотата не те примаат. Еднаш бевме решени да ја менуваме нашата. Се јавив во 5 ординации, кажав детето е болно со тт ми треба преглед. Се извинија и ми рекоа полна им е квотата, да си барам на друго место. И така 5 ме одбија и пак назад кај тој кој ми е во село мое и ме прими оти мора да ме прими. Единствен е кој ми одговара спрема поштенски број па не смее да ме одбие. Инаку и они би не одбиле ваљда. А крвна слика не даваат. Има специјалисти за најразлични заболувања, да, врвни, ама до нив не иде човек. А кај општиве се е нормално.
А приватното скапо ли е, дали може секој да си го дозволи? Ваљда подобрите педијатри се зафатени. Помислив да не прават вакви работи поради тоа што се странци, ама ете ти се омажена за нивен државјанин. Значи не е до тоа. И на мајка ми е матичната не и е добра, ама барем шо знам за крвна слика и општи испитувања не прават проблем. Исто и сестра ми, со две деца е, еве некни им правеше крвни слики. Кога се посериозно болни исто.
Реално не може секој. Ама светла страна ретко се разболуваме . Нема веза странец не странец. Порано каде што живеев без задоволна од заболекарот на пример. Во првиот град од општиот лекар, еднаш и гинеколог ми се погоди . Ама реално се пребукирани, површни и гледаат да те откачат.Не сите, ама многу, како ќе ти се погоди. За кожно на пример, на државно мислам не недели туку и месеци може да се чека. Кај приватниот одма.
А јас пак кога ве читам како пред секоја вакцина проверувате крв и општо онака за настинки вируси,па чудно ми е колку разлика во здраството,во лекувањето,па и тие во Мк.се деца и овие во странство се исти деца.Ќерка ми е 2год.нема крв проверено..Секој пат кога кога ќе спомнам на педијатарот објаснува како немало потреба,и велам па не јаде можеби е анемична..она познавала здраво дете,познавала болно,а е меѓу најдобрите доктори во околината.И сега летото здравје во Мк.ке и ја проверам.Да не чува Бог од нај лошото зошто ретко се наоѓа доктор што на туѓото дете ќе гледа како на свое.Има и такви ама ретки се.
Јас крв редовно им проверувам.Штом можам користам.Мајками ми е жив доказ каде крвната слика беше прв показател дека има карцином.Страшно висока седиментација,леукоцити а опасно опаднат хемоглобин.Дури и на ртг не и го најдоа туморот тел после крвната слика ја пратиа на испитувања и се докажа За вакцина без крвна слика не ни сакам да помислам.Инфекција или анемично дете плус вакцина може да има фатални резултати.
И јас имам супер матичен Крвна слика,урина кога сакам проверувам ( обожава странци и полнети пиперки ) Додека педијатрите се ужас,барем не ми се погоди Кога прашувам повеќе околу вакцини,крвни слики човекот прави гримаси Изгледа не се навикнати родителите онолку да ги прашуваат За приватно скапичко е многу Кога дојдов прв пат мм ме однесе на итна,имав болки во желудник па ме задржаа 3 дена кога ни дојде фактура добро што инфаркт не добивме Btw утре ни е прв ден во градинка,неможам да заспијам од возбуда а и се мислам како ли ке станам сабајле толку рано @danichap ранчето утре ке стигне,едвај чекам
Крвна слика, што ли беше тоа Моли, коли, никaко, еднаш само му проверија овде. Сега ќе закажувам контрола кај педијатар, се надевам ќе издејствувам. Не разбирам, што треба да се случи за да ти го боцнат детето. Да не го трауматизирале, како па да не Поарно да поплаче пола саат отколку после сите комплет истрауматизирани, не дај Боже Единствена разумна е нутриционистката на малиот. Мислам дека преку неа можам да договорам да му испитаат крвна слика, и тоа со повеќе параметри може да им бара (цинк, железо, се комплет) Се надевам прво со докторката педијатарот ќе завршам работа, ќе ја замолам. Кога го носев на општ лекар со температура, ми тврдеше дека има вирус. Го прашав дали не е подобро да провериме дали стварно е вирус или бактерија (40 имаше), ме погледна остро, немало потреба рече, ако требало да дојдеме пак кај него. Среќа помина до следниот ден, не се повтори
Мaтичнaтa мoјa и нa децaтa е истa (oд мoе рaѓaње сум вo тaa oрдинaцијa кaј неa и зaменaтa нејзинa) немaм дo сегa никaкви зaмерки , и вo лaбoрaтoријa кoгa ги бoцкaaт децaтa скoрo и не oсетувaaт , плaчaт кoгa ќе требa дa се стисне прстетo зa крв пoвеќе дa пoтече , a бoцкaњетo скoрo не гo oсеќaaт... Пред вaкцинa вo Јaне Сaндaнски никaкo не ни стaвиле вaкцинa дo сегa се дoдекa немa крвнa сликa нaпрaвенa тaзе и ЦРП испитaнo , a oдкaкo ќе ги видaт резултaтите тие пaк гo прoверувaaт убaвo oд глaвa дo пети пa пoтoa бoцкaaт .
Стварно чудно за Германија никогаш не би помислила. Ај другово ама да нема па и приватно без упат од педијатар да не можеш да завршиш ништо. Кога ќе имате прилика да сте во мк искористете тука, за на приватно не ви треба никаков упат. Систина, адриалаб, авицена, ремедика... за анализи секаде можете. Во систина на педијатар во било кое време може исто да се оди само бидете спремни скапичко е ама пак сум сигурна дека не е толку како приватно во германија. И без осигурување за надвор од Германија или било каде никако, се што се смета дека било моментално акутно и итно треба да ви ги вратат парите
Krvna slika e osnoven pokazatel za opstata zdravstvena sostojba,i za vozrasni i za deca ,pred sekoja vakcina krvna slika no me zacudi zosto za vakcinata sto ja primivme na 2 meseci doktorkata rece nema pptreba sega za krvna slikakako i da e sega na 30 maj imame dr vakcina togas obavezno ke napravime krvna slika.
Јас не би се пожалила од нашиот матичен единствено кога има гужва многу гледа побрзо да заврши со сите ( зимскиот период ) ама кога и да сум побарала упат за крвна слика секогаш ми дава во Јануари кога се разболе од тогаш секој месец на секоја контрола проверуваме крв дури јас несакав од што се падна во еден месец 3 пати да го боцкаат ама добро е барем затоа не се грижам сега на крај на месецот имаме контрола обавезно пак крвна слика