Значи ке пукнам. Синко не престана да кашла откако дојдов, и ноќеска кашлаше едно пола саат врз престан па се смири заспа. Му направив млеко си препечен шеќер мислам дека повеќе го раскашла. Вика вака не му е ништо не го боли грло ни гради, нема т нема отечени жлезди, обично одма му рипаат тие на вратот кога не е добар. Си беше во школо се најнормално ама попладнево се уби од кашлање. Не знам дали може и нешто го иритира му дадов и аериус сирупче да видам дали ќе се смири дали е алергиски нешто ако не утре на лекар да го носам. Не сака да чуе после инфузијата што ја примаше има уплав од доктори како ќе се убедиме не знам
Зависи која возраст си била. За мр треба да се лежи мирно, да не се мрда а дете да убедиш да не мрда посебно во таква средина малку тешко. И јас знам дека ги успиваат барем помалите
@kallias ако мора носи го... И јас правев мр на глава пред 5 години и траума ми е... Пишувај често,олеснувај се... Иако не те познавам,секој ден те мислам и посакувам малото ангелче да си најде место во рајот
Мене мајка ми прегорениот шеќер со млеко ми го даваше за грло, не знам дали е за кашлањето. Инхалирај го
Тоа е лично од мојата глава што јас сакам да го носам на испитување, никој не ми кажал да го носам....... Оффф ако вака продолжам со вакви мисли, сигурно на психијатар ќе завршам....
@kallias Тешко ти е, претешко. И претешко е мал збор за тебе. Никој нема право да ти паметува и знам дека сега си екстра внимателна кон синчето и во иднина ќе бидеш и на обична настинка ќе се вадиш од памет. Но, редуцирај го стравот, некако било како. И тој е мал, мора внимателно, да не му се направат трауми.Сега немаш доверба во докторите кои ти велат дека не е сериозно затоа што си изгорена, но докторите на повеќето од нас така ни велат. Искрено сум убедена дека се е во ред, немој да си правиш уште стресови од оние што се неизбежни и веќе тука и ќе те тресат цел живот. Со последново не сакам погрешно да ме сфатиш, но знаеш како е во авионот пред полетување, велат во случај на опасност, прво стави ја маската на себе, а после помогнете му на тој до вас. Зборот ми е, не си клавај товар додатен. Сите тагуваат со тебе, сите околу тебе, но твојата болка е незамислива за сите други. Но, знај, ти треба и тебе оддишка. На синчето му требаш само ти, а него ќе му помогнеш со тоа што ќе си помагаш и себе, па и со стручна помош зошто да не. Тоа ти е и повеќе од потребно. Еден саат разговор со стручно лице, кој знае како да те натера да ја отвориш душата за малку да ја залечиш. Кога јас изгубив близок, вака постапив. А храбра си, прехрабра, по години синот ќе се гордее со тебе, тој е твојот принц сега, а ти ќе бидеш негова царица ќе видиш, кога ќе биде голем и ќе сфати што се правиш за него. Тој и само тој ќе ти го насмее лицето, тоа е животот, не е целиот црн, има, секогаш има нешто и розево. Силно те гушкам.
Фала се слушнав на тел со докторката и по нејзин совет дексаметазон вентолин и физиолошки инхалација одма го смири. Еве го спие бајче ми олесна. И др вака де раскашлувал ама сега посебно испаничив бидејки пред неполни 2м беше со пневмонија. @kallias многу ти е тешко милион работи ти се вртат во глава. Нема нипто лошо и во тоа да одиш на разговор психолог психијатар, во вакви ситуации и е пожелно мислам. Синлето можеби не е свесно сосема што се случило но сигурно ја осеќа целата атмосфера така да мислам да го носиш и по такви испитувања да не му направите дополнителни стресови. Оди на психолог, разговарај ти треба тоа. знам пиша дека сте биле еднаш сепак може е добро и да одиш редовно некој период.
Жени, ве читкам често и ве лајкнувам и најчесто тоа значи ве гушкам! Со тешко срце ја отварам темава. Со солзи читам. Не ми дава срце да шкртнам со денови. Такво е мајчинството. Страв, трепет,грижи... Уффф Само да ви кажам, неодамна почнав да работам, малово го чуваат баба дедо засега, знам безбеден и среќен е со нив, згрижен со сите тертипи, но со тешко срце одам на работа .. Што би додала, освен стандардното - гушкајте ги, секој можен момент!!
Како сте мајчички? Гледам доста теми се свртиле. Ние ја заспавме малата, со тешки маки. Пак влеговме во период на неспиење, а таман се имав навикнато да си спие убаво. Сега си симнавме филм со мм, па да погледаме пред спиење.
Јас мајки вежбам, од неодамна, добро веќе две недели, навечер ќе си извежбам, туш и после ве читам. Еве си завршив, сега ќе се пружам да читам. Малку ми е тешко пошто сум во овулација и баш сум со болки во стомакот, ама ми олеснува. Препорачливо јога обавезно бпред спиење и малку пилатес. Денес имав два товара, од едниот се отарасив, другиот ме мачи. Пред два месеца аплицирав за кредит за самовработување, ви кажував, денес ми потврдија кредитот ама некако ме исплашија со договорот и сега сум на три ума. Ќе видиме. Башка и каква е ситуацијата не верувам да ме исплатат за брзо време, ќе треба да плаќам фирмарина, давачки, сва и свашта а од парите ни трага ни глас. Утре ќе дознаеме што е и како е точно. Бебо е упишан во градинка, добро де на листа е запишан, место нема, ама ќе мораме да бараме врски, она што најмалце го сакам, мислам имам кажано. Ќе се обидам да бидам фер мајка и да не го носам доколку немам навистина потреба, доколку е болен или доколку има кој да го чува, ама уште најмалце 2 години нема да има, мајк ми тек тогаш ќе земе пензија. Биче весеље додека да опркне, осеќам. Најтешко на свет е да си мајка, нема потешка работа.
Прв пат правевме магнет на глава на 6 години па уште еднаш на 7 и 8 години Уште од дома го спремав дека ек е ладно и бучно и тесно како креветче ,дека не треба да мрда и дека јас ке му зборувам цело време да знае дека сум таму а он да не зборува и да не мрда за да не го боцкаат со анестезија Прелесно поминавме не плачеше не паничеше за десет минути беше готово снимањето Муабетот ми е за @kallias ако и е мисла нека си го снима детето ке виде дека е се ок и ке и олесне Многу е тешко да носиш товар на душа со мислата што ако му е нешто на детето а јас незнам вака камен од душа ке и се ослободе кога ке знае дека е право здраво детенцето
Баш ми е мило што си се вработила знам дека си вешта со слатките ама и да не го работиш тоа нема веза и не секогаш го работиме тоа што го сакаме,да ни беше по блиску сигурно ти ќе ни ги правеше роденденските торти
Добро утро и од мене мајки. Кафето испиено, едно дете испратив на училиште, само што замина,стана бебето и се така во круг. Многу ми е напорно со училишниве обврски, многу домашни, многу материјали, па среди му алишта за нареден ден, па испрати пречекај, па не јадело, јадело на школо.А плус бебе си бара свое. Едвај го чекам распустот. Плус се сама. Дури од што сум навикната сама веќе ми пречат други околу мене. Убав ден!
Педијатрите викаат штом детето е во фаза на проодување, знам дека твоето е, да се очекува неспиење и намален апетит. Ама, претпоставувам дека и ти го знаеш ова, пишав чисто и како инфо за другите мајки. Здраво и од мене. Пред мене изгледа е долг и досаден работен ден, мразам прекршоци, а посебно кога цел ден на суд минувам за тоа. Пијам кафе, да се наоружам со живци и да чекам да заврши денот. Моево дете не сака веќе јас да го успивам, сака да ја оставам на спaлнa и да се врти и да си заспие. Искрено, вчера ми падна малку криво. Викам па кога порасна да е толку независна, а има само 10месеци... Поздрав мајки.
Оди моево веќе месец дена И баш кога заоди убаво почна да спие ноќе, се уморуваше ваљда. Кај нас неспиењето е норма... тоа другото е период, хаха. Па на цела мака, и се искака среде ноќ. Па ајде менувај пелена, па се дорасонила, станува спремна за акција. Јас на три и пол се правам, не ја дружам, не и реагирам. Абе комедии
Мојата пријателка низ исто помина со синот како што кажува @augustd детето не и спиеше ноќе во таа фаза. Ама не и спиеше ни порано ни покасно. Вели ќе дремне 3 4часа на ден и толку. Женава на тешки мали беше. Добро утро на сите имајте убав ден, јас сакам да прошетам со бебево и да искористиме убав и топол сончев ден. Лека полека се спремаме за македонија. Па купи па докупи па пакување. Ден по ден си минува време.. додека трепнеш тие растат..
Мојов е голем спанко, а не спиеше баш кога вадеше заби.. си стануваше како новороденче дури сега и 5ки горни кога извади на 2год он така си правеше, ред никаков... да не се забчиња и кај вас?