@mariz кажувај рецептот за ќерка (Се шалам уште ми е рано до година здравје) Инаку мами само да ве поздравам , главата не знам кај ми е со обврски со едно а каоо се тие со две и повеќе.
Јас го знам, спроведен е успешно Секс во првите 6 дена по завршување на менструација, преку еден ден, мисионерска поза без женски оргазам и лежење после со нозете во вис и гз поткренат ( од нет прочитан и потврдувам,успешен)
Нема рецепт, за тоа мм е заслужен Памтам што би рекла @zuto ова ти е лотарија, што се падне тоа Ни плодни денови нема врска тоа пред и после, ова е направено во последните плодни, а нели тогаш како божем машки се фаќале Битно да се живи и здрави, нека дава господ кај сите живи и здрави дечиња
Еве ја ќерка ми Женските сперматозоиди живееле подолго и да биле тука кога ќе настане овулација било штосот, затоа пред овулација да е сексот Пробај, што би изгубила
Да би имала услови уште сега ќе се фрлиме на работа ама состојбата ни налага да чекаме а и плус нели докторите викаат една година да се чека од пораѓај да се опорави телото .
Ако е царски бар три препорачуваат, а јас уште два наредни имав на две години од претходниот Ќе си осетите кога е време. И изненадување да е и така ќе е убаво
Браво за храброста да ти се здрави и живи. И јас би сакала три... само здравје има време и да не изненади не е лошо , за првото година ипол чекав.. да се створат услови ќе пробаме и второ
Мајки бее, јас некој ден ќе умрам од детево мое колку е бесно. Изеде пола топка со сунѓер, среќа парчињата ги чувала во уста па некако и ги извадовме со мм. Како ќе биде кога ќе прооди не знам. Страв ме фаќа. Денеска и порано ја зедов од градинка, си го закачила тоа држачот за цуцла на прст, а тоа како штипка беше, па ја зедов со модро прсте и од понеделник нема цуцла за неа. Уф, срце ќе ме стегне стварно...
Хелоу мајка, на иста мака сме Моментално се качува секаде каде што може, пример се качува по игрална, од надвор за да влезе внатре, од внатре за да излезе надвор. Јој туго моја. Се пентари по врата кај баба му, женана дерман нема од него, излегубаѓе надвор и за рака сместа иде накај баба му знае каде е и која врата треба да ја отвори. Нема погодувачка. Влезе внатре па сака надвор и се така у круг. Моментално плаче за млеко, ама ќе пивне два пати и трча у круг. Така забавно ни е. Моментално имаме три џумки на чело, две ни поминаа, викендов ќе помимат овие три ќе направи нови, нема челото да му биде чисто долго време. Омилена играчка ни е отварање и затварање фрижидер. Вака отприлика ќе ти изгледа секојдневието.
Многу се радувам за тебе. Мајчинскиот инстинкт никогаш не лаже, тоа да го знаеш секогаш, било да е за добро, било за лошо. Јас секогаш се водев по него и никогаш не ме излажа..... Сакав првото машко и знаев дека ќе биде машко и така би. Сакав второто женско и знаев дека ќе биде, бев цврсто убедена дека ќе биде така како што сакам и така би. За жал и кога бидна лошото, имав пак инстинкт дека нема да биде како што треба, познавајќи си го чедото најдобро во секој поглед. Знаев дека нешто не е во ред и дека нема да преживее......и така би. Тоа е животот, за некои полн и рамен, без предрасуди, без болка, без тага, се розево.... За некои е суров, никаков, одвратен, груб, полн со препреки и неубави изненадувања..... Се извинувам за негативниот пост, прости ми што можеби ти го расипав твоето расположение, но не можам поинаку, има нешто посилно од мене.... Прости ми уште еднаш. Ти посакувам да биде само живо и здраво, ништо друго не е битно, верувај ми....
Богами неможе да се прелаже мајчинскиот инстинкт, секој ден на мм му викав абе јас како девојче да носам, многу различна бременост, знаев дека ова во мешето не е машко, дури првиот пат кога ми кажа дека е може машко, се зачудив и реков ај може е... ама пак само гледав после тоа женски работи... отворав Алиекспрес и гледав женски работи, така ме влечеше нешто. Пред да спијам се си викав замисли бе девојче испадне наредна контрола... Инаку не ми го расипа, не се грижи.. напротив сум среќна што ми пиша, фала ти најмногу Господ знае да биде суров, малата принцеза секогаш ке биде во твоето срце Знам и колку ти било тешко да ми пишеш, мојов лепотан со дадичката ке биде скоро иста возраст како твоите што беа, знам баш си пишувавме. Незнам друго што да ти пишам, пиши бриши правам... Не ме бива за вакви работи да признаам, мозокот ми се блокира. Остани вака силна
О сеце честито.. мн ми е мило немаш појма колку е убаво и синче и керкичка. Јас и за второто сакав машко ама сега гледам дека дев8јчњ си има друга убавина. @Sunshine_1979 јас се нервирам кога читам за свекрва ти не па ти. Самото тоа што ги остава сами на крај уф. Ние сме арни големиов има пак бактерија во нос ќе збеснам. Ми дадоа само цитерал капки овој пат па ќе видиме. Има лоша навика да го чепка носот до раскрварување мислам дека од тоа и закачува бактерии ќе го утепам. Малава е супер мн е златно мило интересно дете. Збори како навиена се повторува како папагалче е. Поздрав до сите и убав викенд
Леле не е за смеење ама ме насмеа со воа весников,а за госпожата шо да ти кажам вака кога читам си викам Арно шо немам свекрва
@kallias јас во мојот живот немам сретнато посилна жена и мајка од тебе.... не те познавам ама што те читам, ти се поклонувам Инаку инстинкти и интуиција никогаш не ми се јака страна... Никакив инстинкт немав ни најмалку не се сомневав кога бев бремена а сум била... Кога дознав за тоа цело време мислев женско носам до 6 месец не се знаеше и после машко испадна
Секој ден барем 2 пати дневно слушам: Ајдее млада си, ќе си родиш друго.........секогаш по дождот иде сонце..... Зар да? Кое црно сонце да ме огрее после овој пеколен дожд? КОЕ? Како можат бе така? Како? Огффф колку е лесно од страна да се коментира значи....... Ама не е исто верувајте, тие што не знаат како ми е, не можат ни малку да ме разберат, не е ИСТО, НЕ Е !!!!!!!!!!!
Моите 10 мин слободно време со шоља чај за доилки и фемина Вчера вечер ја испративме баба, денес сум full time mommy без никаква помош. Искрено одлично се снаоѓам и добро го организирам времето за да постигнам да го задржам редот и да е уредно дома и понатака... Барем додека не потпорасне бебуш Сабајле будење и кратко мазење со милото човече, отвара очи и гладен е веднаш. Доручек за нас, па долга прошетка во парк. Преубав беше денов, само за шетање погоден. Мм слободен ден се погоди да има, па и ручавме надвор. Убав и исполнет ден имавме, ќе да е до убавото време и сонцето! Инаку бебо мој мислам дека е единствен кој кога е гладен спие, а кога ќе се најаде очиња отвора и си се смешка. Уште се бркаме со доењето, никако ред некој да фатиме, ама ќе биде и тоа. Стрплива сум ќе си го почекам да каже како му одговара. Отидов на спиење, да одморам очи малку додека не станал дечкото за late night dinner Добра ноќ на сите!