Здраво девојки како сте. Јас ја успивам малава денес покасно спиеше околу 2.5 саати и сега изводи обично до 9 е заспана. Големиот пак толку беше преморен да освај го намолив да измие заби заспа за 1м. Скоро цел ден е надвор а станат е од 6. Се надевам сабајле ќе поспие малку повеќе. Денес се чуваа со тако им малку, јас на работа, доаѓам мм тажен не сакала да му заспие вика се пробав не можам . Ја земав заспа за 5м преморена ама лесно е со мене цица и куфер. Си помислувам некогаш јас сум крива што само така ми заспива ама пак колку ја учев пред да тргнам на работа и заспиваше со цуцла без проблем, на женава и заспива обично во количка цуцла веќе не сака. Како тргнав на работа кога сум јас дома само со цицање никако поинаку најверојарно од што и фалам не знам што да кажам. А татко и не го доживува изгледа како некој што треба да ја успива @kallias користи со го секој момент со синчето тој ти е единствена и најголема утеха. За муабетите не знам што да кажам чудни луѓе @snegulkata децата многу осеќаат кога е нервозна мајката и они се понемирни некако тогаш. Сум приметила по моиве. Да пуштам машини да каснам нешто ми се јаде многу и си легнувам. Вчера мн касно заспав не можам да издржам ни до 11
Пари и коли се печалат... само здравје Туку на мажите не им се докажува, они се само едни големи деца и како стареат така и играчките се поскапи им стануваат. Мојов по жени не се врти толку како по коли што се врти по улици.
Добро утро од нас! @mac.mac битно живи и здрави вие, лимот се поправа. Само да може човек да не се нервира. @kallias гушки најсилни до тебе и синчето! Убаво да си поминете на саем. Јас што да кажам, во среде ноќ нервози да кркаш... бебе доби пеленски осип вчера ми снема памперс и имав едни други што ми ги донесоа на повојница викам ништо страшно ќе ги користам нив ваљда ништо нема да биде. И ко за беља биде! Што ми требаше таков експеримент... Ноќеска се пресоблекуваме, газето лом. Едвај чекав да се раздени и да барам маркет отворен. Купивме, се пресоблековме и може сега да продолжиме да спиеме. Совети што да мачкаме освен павловичева и бепантен за побрзо да ни помине, секако се добредојдени. Надвор сонце блеснало мислиш лето веќе фати. Самички сме и денес, мм работи, па ќе се шетнеме ние во паркчето до нас, да искористиме убаво време. За ручек мусака е планирана, ако дозволи бебуш да се направи Корпа полна, ќе врти машината за алишта денес и те како, а после и пегла ќе мора да заигра. Тоа е нашиот план за денес, одам сега да искористам уште малку да дремнам. Убав ден женски!
Добро утро Уште не почнат денот, ми ги кренаа сафрите децава. Средниот е ранобудник, големава спанка, малово закачалка за мене. Морав да станам со средниот, му се моча,пие,јаде од 6, па малово рика му се спие а не сака без мене, па ја будат големава, таа се буни Главата ме подболува, пијам кафе, недела како ден од стално го нејќам. Нешто не е во ред со мене чим едвај чекам понеделник и да одам на работа
Добро утро и од мене, после потресувањето ноќеска успеав пак накај 5 да заспијам. Убаво се здрма Скопје ноќеска во 4ч, од сон не извади повеќето... јас мислев сонувам, отворив очи јак таков грд звук и собата цела се љуљаше., кога рипнав кога викнав по мм, а он мртов ладен ај спиј ми вика си сонувала а синчето горе на спрат спиеше кај свекрва ми, со трчање одма до горе сите будни и потресени, ме гледа малиов ококорено во очињата мамоо мамоо уплашен... си го земав секако одма доле на прв спрат ако дрма пак да бегаме надвор побрзо не им спиел иначе до земјотресот, свекрва ми вика абе како да осеќаше нешто.. и еве го од 4ипол е кома. @Mari-Ja на сите го имам препорачано тука зашто доста помага, по прво мачкање огромна разлика.. Београтски мелем, спас за нафрлено газе Денов ке биде изгледа пеколен, топло ептен... денес ке се шета некаде, дали водно, дали парк, дали золошка или да му ја фатиме некаде на друго место надвор од Ск, ке видиме... Убав ден мајки, да немаме земјотрес во текот на денов!
Добро утро. Блазе тебе што си немаш мака...јас мислам ќе се раштрафам, болки во грбот, вртоглавици...откако ќе заспие само ручек ставам и седнувам или легнувам грбот малку да го одморам, за кога стане да трчам и да се занимавам со неа...а да немав мака веројатно се ќе стигав...ионака 2-3 саати ги тера преку ден. Тинушка јас сум таква пред да ми иди...нервоза ме фаќа и на чистење или готвење се фрлам. Околу заспивањево преку ден...мојава ако не сака да спие...ја земам во раце и почнува да плаче неколку секунди(знае дека дошло време да спие) и така ја нишкам и гушкам кратко дури да завене и и велам ајде спијај сега.После ја легнувам гледа и лежи и по некое време почнува со очите да трепка бавно и заспана е...ако ја оставам да не преспија ќе ме побудали..само ќе плаче Зар пак земјотреси?
Мариз фала ти, те прочитав во темата наменета за осип, ама нема по кого да ја нарачам кремата сега за да ми ја донесат, а овде тешко дека ја има... еве чај од камилица варам, и така секогаш газето под чешма го миеме, сега со камилица ќе пробам. Уште повеќе се исфрлал, ноќеска на почеток сум го фатила јас изгледа...
Добар ден! Денов рано го почнавме, а и синоќа не спиев добро, сто пати се разбудив и сега сум страшно поспана. Да беше слободен мм сигурно ќе одевме некаде, ама не е. Затоа јас и малата ќе одиме во парк, таму ми е среќно детево, а мене неделно не ми се оди баш затоа што има многу галама, деца плачаат, мајки викаат, колички, трицикли... гужва! Но за кејф на детето секако дека ќе одиме, а и моите другарки се расположени заедно да ги носиме малите па ми изгледа како добро организирано денче. Имајте убаво неделно денче! Ве гушкам!!!
Ние кај мајка на гости..Се знае недела сме обавезно овде...Керка заспа мајка го гледа мали а јас си седам на фемина и кафе пијам нозе у вис..Искрено кога сум овде се чуствувам ко да немам деца Синко завчера го носебме на лекар луге ни го преслуша ни грло му провери и ми даде сируп ибупрофен капки едни за очи не му ни ставам и спреј за нос од него му ставам..Се чудам и се мислам уште колку матични треба да смена има ли асален доктор..Незнам што да кажам навистина..Имајте пријатно попладне мами
Среќен ден на мајката! Да ни се здрави и живи малите, да не радуваат секогаш. Денес денот го започнавме убаво. Мажите беа сами во паркот да играат фудбал за мама да ужива малку, да осети нешто од празникот Жена како жена може ли да седи слободна, срце не ми дава да седам така, цел стан го превртев Туку да се пожалам и јас од синко, ден со ден станува се понервозен. Тантруми ли се, карактер ли е не знам. Плаче вез врска, се тепа ако нешто не му дозволам до кога вака не знам... Искрено страв ме фаќа да помислам за второ дете. Читајки ја саншајн дефинитивно ми ја потврди идејата за поголема разлика меѓу децата, ако не за помош барем ќе си биде самостојно големото Денес ќе се шета, да се искористи убавото време
Убав ден мајкички како е? What a busy day а недела е. Ајде на пица денес се нафатив да направам.Бебуш со тетките му цел ден се гледаат.Ги обожава Толку за денес ајде чао од мене
Здраво на ненаспаните ради земјотресот (и јас сум меѓу нив) и наспаните и весели мајки )) неколку дена сакам да ве прашам за летна вреќичка за бебе, до 1год. Каде да барам и дали ако некоја мајка има , да ми каже од што матријал е, да ми ја сликне евентуално?
Мајки има ли на форумот медицинско лице шти би можела нешто да прашам, многу сум исплашена (( Вчера мислев лошиот ден заврши ама не беше така, бебчето ми заспива касно и пред спиење му давам чајче , и глесам чаешавот собран така му местев креверот јас подигам раката во тој момент тоа со главата во мојот прст ,го потфатив со ноктот ама сааглам , незнам во тој миг во што му брцнав мислев носето ама тоа кога зема да плаче луге од окцето солзичка со крв ... се изедов во окцето сум му брцнала Плачеше едно десетина минути се смири, ми гледам окцето нема ништо црвено само капакот црвен Се јавив во болница вика сестрата подобро донеси го може не се гледа дернаното може ќе треба антибиотик Го однесовме чекавме таму цели 2 часа. Дојде една докторка вика сега ќе му ставам една течност не вика штетна тоа е вика солена вода со боја (пишуваше на неа нешто флуорент 0,5) и му гледаше окото со ултравиолетова светилка во темно Вика нема ништо, веројатно капакот е бил гребнат Дали не е штерни мајки окцето на мало бебе 10 месеци со таква ултра виолетова ламба да му свети?? Многу се грижам (
Јас не сум медицинско лице ама ќе ти одговорам од искуство со иста случка. Не се грижи воопшто за тоа,мојот син помина полошо.Сам со ноктот остар си го гребна окото и имаше гребнатинка внатрешно на слојот на окото солзавиот незнам како се вика. Го гледаа со иста таква ламба и само така видоа дека има оштетување.Ни ставија крем за да зарасне тоа и два дена носеше завој на окото,нервози чешање што да ти кажам. Речи си амин,лесно сте поминале не се секирај за ламбата. Тогаш мојот имаше само 6 месеци
Се изедив од мака оти од мене беше... можда требаше да почекам до понеделник на очен да го однесам оваа синоќе општа докторка колку разбира не знам помалку од минутка го гледаше со ламбата. Ти на очен ли го носеше?
Да на очен лекар бев јас. Не си бери гајле не било намерно се случува... Ако не си сигурна во општата носи го уште еднаш на очен ништо не е од ламбата не се секирај.
@mac.mac ако има гребнатина ,раничка измивај го окото со стерилна газа и физиолошки или чиста провриена вода.На око не ставај камилица никако.За другото не се грижи.Ве прегледала докторката нема ништо така да опушти се.
Здраво мајки. Денов можеше хаотично да ми заврши, па да не се жалам. Кога си сам, некогаш немаш памет за се. Така и јас, си излегов до продавница со детето, ручекот нејзин на рингла, не сум го исклучила, имаше што да видам кога дојдов, дека прилично се задржавме, па и недела пред зграда деца па муабети со мајките... Среќа не дошло до пожар, кујната црнила се, станов мириса на запалено. Ми идеше се да исфрлам преку прозор. Исклучив се, тенџерето во канта, оставив прозори отворени, детето во кола и си седнав на ручек во град,за детево готова храна и решен проблем. Заспа во количка, ја прошетав да не ја будам додека ја префрлам во седиштето од кола и дури пред малку дојдовме, малку од малку се излуфтира. Неа ја избањав, и пуштив цртани, се избањав и јас, машини вртат, среќа не пеглам, машината за сушење не ми ги гужва,.. Па да вечера цуцка да ја легнам да спие, имам еден случај да поработам, којзнае кога ќе стигнам да одморам.. Се изнапишав... Чао од мене, доста е негатива.. Поздрав мајки.